Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
14.829
Поени од реакции
23.714
Сам со себе си избриша патос мајсторе, пепел се потури. Прати ми порака, сериозно, не се фурам ко мало дете као тебе. Не го поти у темава.
А бе нели на работа ќе одеше??
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.247
Поени од реакции
7.356
Договорени деталите од Законот за државјанство, но сѐ уште не се соопштуваат

Чекам став на Левица околу ова, затоа шо се единствени моментално на кои не им тече низ панталони и некако не им е до пазар со необалистите, може и засебна тема да се отвори, ако го имаат истиот пристап како кон пописот каде на јавноста ќе им се посочат место замаглат фактите, ќе извојуваат уште една победа.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
9.648
Поени од реакции
11.958
Договорени деталите од Законот за државјанство, но сѐ уште не се соопштуваат

Чекам став на Левица околу ова, затоа шо се единствени моментално на кои не им тече низ панталони и некако не им е до пазар со необалистите, може и засебна тема да се отвори, ако го имаат истиот пристап како кон пописот каде на јавноста ќе им се посочат место замаглат фактите, ќе извојуваат уште една победа.
Многу ме занима дали ќе има државјанства за тие што завршиле образование у државава. Ако е така рачунајте пола Косово ќе добие на основа на дипломите од Тетовски.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.247
Поени од реакции
7.356
Многу ме занима дали ќе има државјанства за тие што завршиле образование у државава. Ако е така рачунајте пола Косово ќе добие на основа на дипломите од Тетовски.
Мислам дека од авион се гледа дека начинот на кој е скроен пописот и како сега се крои законот за државјанства, се надополнуваат едно со друго и одат во заедничка насока, тука ако се додадат и 100к проблематични изводи кои сега испливаа... дефинитивно демографски инженеринг е во прашање, вештачки да се промени демографската слика во Македонија.

Се надевам дека и овој закон ќе биде убаво разбистрен пред јавноста исто како оној за пописот.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
764
Поени од реакции
895
Пак ги пуштија БОТОВИТЕ од СДС на најјако кај Димета.

ПС.
Нудам изработка на програм со 2.000 македонски лажни профили (со убава профилна слика, име и презиме), заменува дури 1.992 административци и заштедува приближно 1 милион евра, само со 1 клик генерира пораки до 10.000 коментари до 450 збора (опција за позитивни и негативни коментари) - Едноставен и лесен интерфејс. Цена за месечна лиценца 5 илјади евра можност за предплата на 3 месеци, 6 и 12 месеци.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
1.489
Поени од реакции
1.681

Не се прај Рашко, не нуди многу софтвери да не свириш клавир
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
6.776
Поени од реакции
11.501
ПРОТЕСТОТ ЗА 27-МИ АПРИЛ ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ, ТУКУ ДА СЕ БАРА ЦЕЛОСНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРАВДАТА

Упадот во Собранието на толпата народ, кои на 27 aприл 2017 година протестираа против коцкањето со националните и државни интерси, беше испровоциран токму од власта, која тогаш, со газење на Уставот и законите и нелегалниот избор на собранискиот спикер, ги најави политиките, чие етапно спроведување подоцна драстично го загрози суверенитетот и унитарниот карактер на Републиката.

Од денешен аспект, после толку прекршувања на Уставот, безбројните погазувања на утврдените процедури на Собранието и целокупната партизираност на државните институции, како дело токму на гарнитурата која ја узурпира целокупната власт во државата, сосема јасна е нејзината улога на ГЛАВЕН ДИРИГЕНТ во политичкиот прогон, кој се случи врз осудените, како учесници во тој немил настан. Имено, во оваа насока беа и неправедно квалификуваните и конструирани обвиненијата за учесниците од 27-ми Април, кои беа осудени како „терористи“, за потоа, дел од обвинетите да бидат селективно процесуирани и искористени за политичкиот пазар, кој СДСМ го направи за спроведување на анти-државните политики кои следеа и сѐ уште траат.

Левица го поддржува протестот, организиран од македонската дијаспора, како револт за неправедно осудените од тој случај. Оттука, оставаме нашите членови и симпатизери, на овој сенароден протест да се вклучат по своја волја, притоа апелираме, тој да не се искористува за партиски цели и прибирање на политички поени, туку со чиста совест, без партиски симболи, да се бара целосно и доследно спроведување на правдата.

Потенцираме дека, уставобранителите, како осудени за учество на настаните од 27-ми Април, се гонети како извршители, додека вистинските виновници, нарачателите, не само што се на слобода, туку некои од нив се дури и наградени со милионски тендери и разно-разни бенефиции. Оттука, тие (осудените) се само жртви на погрешните и непромислени политики на претходната власт, предводена од дуото Груевски-Мијалков.

За крај, укажуваме на тоа дека властодржците во Македонија имаат совршено развиени методи за контаминирање на протестите и нивно искористување, при што тие стануваат цел сама за себе. Затоа, револтот на народот не треба да биде истрошен по улиците, туку тој треба да биде политички канализиран кон артикулација на една заедничка опозициска платформа со единствена цел - пад и одговорност на оваа ненародна власт!

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.246
Поени од реакции
52.002
 
Solaire of Astora

A Hoonter must hoont
Член од
30 јули 2014
Мислења
3.992
Поени од реакции
11.179
Mi se sviga toa sto Apasiev mu kazal deka odnesuvanjeto na Bujar ne go odrazuva mnozinskoto raspolozenie kaj narodot. Veruvam deka eden ruski ambasador znae i treba da znae takva rabota, ama sepak dobro e da mu kaze nekoj deka ne se site vo drzavava za Shqiprije etnik politika.
 
Последно уредено:

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
568
Поени од реакции
829
1619112942115.png

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛЕВИЦА СЕ СРЕТНА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА

Денес, 22 април 2021 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во репрезентативната „Струшка соба“ на Собранието на РМ - пратеникот проф. д-р Димитар Апасиев од Левица оствари средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин.

На оваа прва официјална средба беше разговарано за предизвиците со кои се соочува земјата во време на пандемијата со Ковид-19, како и за ефикасноста на процесот на вакцинација на населението со руската вакцина „Спутник V“, која им беше понудена на македонските здравствени власти уште во месец август 2020 год. Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените антируски изјави на шефот на дипломатијата – г. Бујар Османи, кои беа оценети како непотребни и провокаторски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи. Пратеникот Апасиев се огради од последниот контроверзен твит на министерот за надворешни работи и потсети дека ваквиот министерски личен став воопшто не ја изразува волјата на мнозинството наши сограѓани.

Отворени беа и други прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји, со особено значење на стипендиите за македонските студенти кои ги дава Руската амбасада на годишно ниво, а беа опфатени и теми од современата геополитика.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
679
Поени од реакции
2.340
Mi se sviga toa sto Apasiev mu kazal deka odnesuvanjeto na Bujar ne go odrazuva mnozinskoto raspolozenie kaj narodot. Veruvam deka eden ruski ambasador znae i treba da znae takva rabota, ama sepak dobro e da mu kaze nekoj deka ne se site vo drzavava za Shqiprije etnik politika.
Русите се тие кои го пуштија балканот по вода, така да Димче и до утре да се среќава со нив ништо посебно нема да постигне.
Се знае за тука, Французи, Англчичани и нивната продолжена рака чичко Сем.

Русинот има влијание во Бугарија, Србија и донекаде организира и поддржувал глупости и во МКД со цел да не се прошири влијанието на НАТО во овој дел од ЕУ но напразно.
Србија си го доби независно Косово, Бугарија е дупка без дно, ние сме трето сметало на Балканите. Дури и една Црна Гора со еден куп руски капитал во неа дојде да биде со Нато знаменце.

Така да, нема некое фајде од русите, побрзо ќе те преебат одошто да ти се од корист.
Ако воопшто и сакаа да бидат од корист, при бомбадирањето на Србија од страна на Нато требаше да има дадат во тоа време S-200 системи па да видевме чија мајка црна вуна преди. Имаше да ги потепаа тоа авионите како муви.

Како и со сите така и со русинот можеби треба да одржува некои контакти, но никако не смее да сврти грб на америте и особено французите пошто никогаш нема да се факторизира на политичката сцена во МКД.
 
Делумно само се согласувам во делот со Русите. Нема што ние да вртиме грб на некој кога ние сме колонија и територија. За промена е потребно менување на самите себеси како народ за да ги менуваат политиките и тие кои ги кројат плановите на овие простори. Се додека ние не се смениме нема иднина за нас.
 
Ramlösa

тешка будала
Член од
23 мај 2013
Мислења
1.307
Поени од реакции
1.999
Делумно само се согласувам во делот со Русите. Нема што ние да вртиме грб на некој кога ние сме колонија и територија. За промена е потребно менување на самите себеси како народ за да ги менуваат политиките и тие кои ги кројат плановите на овие простори. Се додека ние не се смениме нема иднина за нас.
Teшко тоа друже...тешко.
По природа сум оптимист, но кога станува за народов ги губам последните надежи.
Толку работи досега се имаат случено кои требале барем малку да го поместат Македонецот од таа проклета траекторија што ја следи, а од тоа...ништо.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
6.776
Поени од реакции
11.501
Teшко тоа друже...тешко.
По природа сум оптимист, но кога станува за народов ги губам последните надежи.
Толку работи досега се имаат случено кои требале барем малку да го поместат Македонецот од таа проклета траекторија што ја следи, а од тоа...ништо.
Па колку и да звучи сурово, се надевам дека се повеќе ќе почнеме да имаме такви случки како она во Кочани, за да се сконцетрираме и да почнеме да ја согледуваме реалноста. Како што слушнав деновиве една мисла од еден Хрват, потребен ни е на овие народи некој сегашен Турчин што ќе набива на кол, за да се свестиме до каде сме стигнати како народи. И малку ако размислиш, пак ќе кажам колку и да е сурово, само опасноста може да го натера човек да мисли и да се активира, е сеа времињата се различни и колку е тоа верно, тоа е веќе друго.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom