Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
со критикување и со кажување, а бе шо ќе ги гласам овие малите тоа е изгубен глас, знаејки каква машинерија се големите може и точно е, ама и не е, треба да се излезе да се осети моментот, не дека премногу иаме за кого да гласаме, ама некој не извалкан ќе се најди. После овој ни е крив ониј ни е крив, било која од помалите со пратеник два три или пет може многу да направи, може едно движење да стане, доста е трн во око да им биде на крадците, јас ќе испаднам и ќе гласам. Слаби се шансите ама ако останам дома се уште послаби, ќе давам отпор каков таков, сега оружје ми е пенкалото за гласање. На крај пак викам до народот е не е до партиите
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.551
Поени од реакции
2.727
Искрено, без иронија, (ви) посакувам Апасиев не само да влезе во парламент, не само да освои мнозинство, туку да освои 2/3 мнозинство односно "неограничено одврзани раце". Чисто за да сфатите дека нема да се случи апсолутно ништо поразлично. Од поништување Преспански договор, најмногу што ќе стигне е до самата локација на потпишувањето. Да ја посети, туристички. Од затворање на олигарси најмногу што може да направи е да ги види позади решетки. Оние од ковано железо што им стојат на оградата пред палатите. Мене лично, а ни објективно реално ништо нема ми смени реално, така да нека биде и он. Бидејќи тоа нема да се деси и нема начин да го видиме и тоа чудо да победат па да "сменат" нешто само ќе ви дадам еден близок еквивалентен пример на шта би било кад би било со нешто што реално се има случено.

Сириза во Грција. Демек моќна левица, за народот, те ќе излегуваа од ЕУ, те Јанис Варуфакис им покажуваше кур со прст на Германија, те месијански ќе го спасуваа народот од корупција, беда, економска нееднаквост, те ќе ја видевме новата, поразлична Грција од онаа на ПАСОК и Неа Демократија, те кур се тресе. Звучи познато?
Победија ли? Победија. Продолжете со дискусијата.

Благодарам, довидување.

П.С. *Бонус видеа

Варуфакис како Стјепан Филипович пред фашистичка Германија. Ви делува ли ова хард кор јуначиште познато од некои наши дебатни емисии?


Германската реакција

Секако дека тоа е тренд со оглед на тоа што Сириза па и Подемос капитулираа пред Европскиот естаблишмент , е сега дур сме кај Варуфакис , тој не беше тој што капитулира , поднесе оставка и како што знам Евклид(министерот после него) ги потпиша договорите.Незнам колку го имаш следено ( или читано ) Варуфакис , човекот имал идеја и план како да излезат од кризата , е сега моќта на Меркел и капитулацијата на Ципрас не е негова вина , затоа човекот поштено си ја напушти партијата.Движењето DiEM25 на Варуфакис е подржано од многу интелектуалци(Чомски , Жижек , Негри и Гелбрејт).Разликата меѓу Варуфакис и Левица е тоа што после се Варуфакис е академик и интелектуалец кој што има решенија за денешниве проблеми.Варуфакис не избрка членови од неговата партија ни пак го поквари некој , колку и да е обсолит на денешнава политика Варуфакис до ден денеска е политички активен MeRA25 во Грција и Progressive International , Варуфакис не го изеде револуцијата , за разлика од нашиот Сталиниев што уште пред да дојде на моќ почна да изиграва внатрепартиски како шериф и да си ги побива самиот неговите ставови.Кога сме кај Левица освем популизам нема ништо.Сириза беше изгазена од ЕУ , Левица сама ќе стане обсолит и ќе се корумпира со тек на време.
 
Последно уредено:

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Јас би го ставил Апасиев за претседател на Македонија, не дека ќе смени нешто, ама за да биде поинтересно, таман за три години ќе го исполни старосниот услов.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Кувар сум,тоа е сеа,јеби га.Работничка класа.Али мора да има и кувари во овој свет,неможе сите да бидеме академски граѓани ко него.
Шала на страна,не се срамам пд тоа што го работам,напротив.Туку сум запрепастен,од тоа колку луѓето те обезвреднуваат како личност,дознавајќи ја твојата професија.
Да кувар сум,да со три години средно,али се што имам заработено е чесно со сецкање салата.
Некој луѓе нема да го заработат тоа би за 10 животи!
Баш тие што ќе те навредуваат зошто си кувар, се палат на Џејми Оливер и Гордон Ремзи.
Така да ич не ни треба некогаш да се фалиш, супер професија си имаш и има луѓе што ја ценат.
Кај нас и шуто и рогато стана академска заедница, што баш таа академска заедница „а“ не кажа (освен Апасиев еднаш и Сиљановска 2 пати, мада Сиљановска ме има крајно разочарано) за тоа што претседатели на политички партии си се договорија да се прогласи вонредна состојба во траење од 8 дена, зошто они ете се решиле на 15ти да бидат изборите, а претседателот идеше по „речено, сторено“ иако Уставот не дозволува вонредна состојба за избори.
Академската заедница беше многу позаинтересирана за изборите за Ректор на УКИМ.

Така да ја у моментов би го сфатил како навреда баш ако некој ми рече дека сум дел од академска заедница :D
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
По кој основ излегување на референдумот би значел ГЛАС ЗА? Јас лично бев за излегување на референдумот и гласање ПРОТИВ! Тоа и го направив.
Димитров рекол дека они си ги имале гласовите ЗА, само и фалеле гласовите ПРОТИВ за да биде успешен референдумот, после оваа мислам ти е јасно зошто најдобра опција беше бојкот.
Јас би го ставил Апасиев за претседател на Македонија, не дека ќе смени нешто, ама за да биде поинтересно, таман за три години ќе го исполни старосниот услов.
И јас сум за тоа да биде претседател, колку толку нема да ќуте како Хорке и Стево.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.325
Поени од реакции
13.244
Јас би го ставил Апасиев за претседател на Македонија, не дека ќе смени нешто, ама за да биде поинтересно, таман за три години ќе го исполни старосниот услов.
Ја Апасиев,го гледам како јавен обвинител.
Автоматски споено мислење:

Баш тие што ќе те навредуваат зошто си кувар, се палат на Џејми Оливер и Гордон Ремзи.
Така да ич не ни треба некогаш да се фалиш, супер професија си имаш и има луѓе што ја ценат.
Кај нас и шуто и рогато стана академска заедница, што баш таа академска заедница „а“ не кажа (освен Апасиев еднаш и Сиљановска 2 пати, мада Сиљановска ме има крајно разочарано) за тоа што претседатели на политички партии си се договорија да се прогласи вонредна состојба во траење од 8 дена, зошто они ете се решиле на 15ти да бидат изборите, а претседателот идеше по „речено, сторено“ иако Уставот не дозволува вонредна состојба за избори.
Академската заедница беше многу позаинтересирана за изборите за Ректор на УКИМ.

Така да ја у моментов би го сфатил како навреда баш ако некој ми рече дека сум дел од академска заедница :D
Јас сум задоволен со ова што го работам.Мојот занает ми овозможува повеќе од пристоен живот.Ја на 33 години можам да кажам дека сум си ги испунил плановите.Финансиски,станбено,и професионално сум се реализирал.
Ама болката е друга кај мене и како поминува време е се поголема.
А тоа е неможноста да се реализирам дома.
Па мене практично на 17 години,ме избркаа од Македонија!
Цело време се,вртиме у круг,заложноци на една партија Сдсм-Дпмне.
Ко народот да треба да им служи нив,не они на народот.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Муабетиве на темава се сведени на ,,што ќе беше бабата ако имаше к*р".
Чекајте малку другари, работава не умри магаре до зелена трева.
Нека влези прво Апасиев во собрание, па после ќе го прајме цар.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
И јас сум за тоа да биде претседател, колку толку нема да ќуте како Хорке и Стево.
И него ќе го стават во шише. Ќе ќути, уста не смее да отвори. Лесно е да се настапува како опозиција (може да се критикува сè и сешто), ама од позиција поинаку изгледа.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.169
Поени од реакции
25.899
Секако дека тоа е тренд со оглед на тоа што Сириза па и Подемос капитулираа пред Европскиот естаблишмент , е сега дур сме кај Варуфакис , тој не беше тој што капитулира , поднесе оставка и како што знам Евклид(министерот после него) ги потпиша договорите.Незнам колку го имаш следено ( или читано ) Варуфакис , човекот имал идеја и план како да излезат од кризата , е сега моќта на Меркел и капитулацијата на Ципрас не е негова вина , затоа човекот поштено си ја напушти партијата.Движењето DiEM25 на Варуфакис е подржано од многу интелектуалци(Чомски , Жижек , Негри и Гелбрејт).Разликата меѓу Варуфакис и Левица е тоа што после се Варуфакис е академик и интелектуалец кој што има решенија за денешниве проблеми.Варуфакис не избрка членови од неговата партија ни пак го поквари некој , колку и да е обсолит на денешнава политика Варуфакис до ден денеска е политички активен MeRA25 во Грција и Progressive International , Варуфакис не го изеде револуцијата , за разлика од нашиот Сталиниев што уште пред да дојде на моќ почна да изиграва внатрепартиски како шериф и да си ги побива самиот неговите ставови.Кога сме кај Левица освем популизам нема ништо.Сириза беше изгазена од ЕУ , Левица сама ќе стане обсолит и ќе се корумпира со тек на време.
Дали мислиш дека ако Варуфакис победи на избори во Грција нешто ќе се смени?

Не, не ми беше целта, да ги споредувам грциве со нашиве со капацитет или слично, баш спротивното сакав, од аспект before and after избори. Сириза ќе излегуваше од ЕУ. Апасиев е НЕ за "терористичката" организација НАТО. Сириза ќе брка олигарси и економска нееднаквост, кур се тресе, Апасиев ќе брка олигарси, нееднаквост кур се тресе. Сириза беше оној трет пат на Дајнерис Таргериан кој ќе го скрши дуалниот политички систем на Мурто и Курто, Апасиев "е" онаа трета опција искра во мракот од режимите на Мурто и Курто. Варуфакис се курчеше, Апасиев се курчи. Кога една Грција која е членка на ЕУ/НАТО, со неспоредлива политичка култура, капацитет, развиеност и моќ споредено со другите балкански земји а не па со Македонија не може да си игра курот како сака, што може нашиов дефенсор плебеи да направи у државава? Не со 60 со 100 пратеници. Ова ми беше поентата.
Арно ама, Јани напуштил терен, нормално кога се курчиш, а противникот ти е Мандинго и ќе ти го извади курот, или шупакот ќе ти стане јапонско знаме, или си ги собираш парталите.
Е сега моќта на Меркел не била негова вина. Ако он унапред согледал со што (ќе) си има работа, не знам колку не е негова вина, или пак од друга страна ако не согледал дали и колку е он "интелектуалец". Што очекувал? Јавни го моторот, мафтај со курот, биди гласен, арогантен и ќе успееш? Поштено го изораа германиците во таа песната.

Пак да се навратиме на првото прашање. Доколку Варуфакис победи на избори, дали мислиш дека нешто драстично ќе се смени?
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.551
Поени од реакции
2.727
Дали мислиш дека ако Варуфакис победи на избори во Грција нешто ќе се смени?
Прво самиот Варуфакис е свесен дека неможе да мени ништо (не се сеќавам точно во која дебата беше ама самиот го потврди ова) поради тоа што има поголеми фактори што се надвор од неговиот дофат како европскиот естаблишмент , америка , кина , свеста на гласачкото тело во ЕУ и во Грција(за DiEM25 конкретно) , секако дека Варуфакис неможе да мени ништо кога ја нема моќта да допре до медиумите и масовно да им го пери мозоков на народов за да гласаат за DiEM ни пак е во можност да ја смени иљачката структура на Европската Унија.Во совршено невозможно сценарио Варуфакис би менил се во ЕУ , ако ги смениш местата на DiEM25 и EPP и додадеш таков политички тренд во сите држави ќе има промени , ама ради многу фактори ова не е возможно(барем не сега) со тек на време се надевам дека со тек на генерации и менувањето на шаблонот на размислување на луѓево(повеќе едукација), го имаш и денеска овај тренд , види во Америка социјализам е тренд што пред 20-30 години било невозможно дури да замислиш , битно е да се разбие тој капиталистички реализам што го вика Марк Фишер за да можеме да размислуваме што понатаму. Е баш во разбивањето на тој капиталистички реализам е битен Варуфакис , Жижек , и слични личности.Види во какво време живееме , пандемии , економски кризи , голема дупка меѓу богат и сиромашни , климатски промени и еден ред други глобални проблеми кои што можат да доведат до глобална катастрофа и ние се уште се расправаме дали може да се мени нешто.Кога и ја и ти и Рајко и Петко ќе веруваме дека може да има промени е тогаш ќе има промени.
Не, не ми беше целта, да ги споредувам грциве со нашиве со капацитет или слично, баш спротивното сакав, од аспект before and after избори. Сириза ќе излегуваше од ЕУ. Апасиев е НЕ за "терористичката" организација НАТО. Сириза ќе брка олигарси и економска нееднаквост, кур се тресе, Апасиев ќе брка олигарси, нееднаквост кур се тресе. Сириза беше оној трет пат на Дајнерис Таргериан кој ќе го скрши дуалниот политички систем на Мурто и Курто, Апасиев "е" онаа трета опција искра во мракот од режимите на Мурто и Курто. Варуфакис се курчеше, Апасиев се курчи. Кога една Грција која е членка на ЕУ/НАТО, со неспоредлива политичка култура, капацитет, развиеност и моќ споредено со другите балкански земји а не па со Македонија не може да си игра курот како сака, што може нашиов дефенсор плебеи да направи у државава? Не со 60 со 100 пратеници. Ова ми беше поентата.
Јас ти ја разбрав комплетно целта на постот и се сложувам со тебе до некаде , мене цел муабет ми беше сакав да ти доловам дека споредбата со Варуфакис како политичар(особа) и Апасиев не ти е добра , од многу причини како што наведив погоре.
Арно ама, Јани напуштил терен, нормално кога се курчиш, а противникот ти е Мандинго и ќе ти го извади курот, или шупакот ќе ти стане јапонско знаме, или си ги собираш парталите.
Види не е поентата дека Јани се курчел и ги лапнал вгаз , поентата е дека после сите овие години излагаат личности како Јани што се курчаат и што им покажуваат среден прст на Европските "технократи" , ако во историјава луѓево размислуваа вака конформистички(читај: Неможеме ништо да мениме) сега уште ќе живеевме под робовладателско општество , да Јани е обсолит кажав и самиот но колку и да е небитен , битно е што имал храброст да им покаже среден прст на европските "технократи" , да точно дека не постигнал ништо против нив како што кажа и самиот со метафората со Мандинго , но е битно тоа што го постигнал Јани , Јани постигнал да му укаже на народот дека Европа не е многу различна од Кина , следи ја политикава во цела Европска Унија ќе видиш каков е трендот , евроскептици и слично.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Абе никој не кажа дека ќе цути со Левица. Ама еве нека влезат 4-5 пратеници. На народов, на Македонија и на политичкиов систем му треба малце свежина. Млади се децата, можеби неискусни во политиката но образовани, начитани и полни со мотив и енергија за работа. Зошто? Зошто почуствувале на своја кожа како е да си обичен граѓанин на Мјаукедонија. 4-5 пратеници се доволно за почеток!
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.169
Поени од реакции
25.899
Прво самиот Варуфакис е свесен дека неможе да мени ништо (не се сеќавам точно во која дебата беше ама самиот го потврди ова) поради тоа што има поголеми фактори што се надвор од неговиот дофат како европскиот естаблишмент , америка , кина , свеста на гласачкото тело во ЕУ и во Грција(за DiEM25 конкретно) , секако дека Варуфакис неможе да мени ништо кога ја нема моќта да допре до медиумите и масовно да им го пери мозоков на народов за да гласаат за DiEM ни пак е во можност да ја смени иљачката структура на Европската Унија.Во совршено невозможно сценарио Варуфакис би менил се во ЕУ , ако ги смениш местата на DiEM25 и EPP и додадеш таков политички тренд во сите држави ќе има промени , ама ради многу фактори ова не е возможно(барем не сега) со тек на време се надевам дека со тек на генерации и менувањето на шаблонот на размислување на луѓево(повеќе едукација), го имаш и денеска овај тренд , види во Америка социјализам е тренд што пред 20-30 години било невозможно дури да замислиш , битно е да се разбие тој капиталистички реализам што го вика Марк Фишер за да можеме да размислуваме што понатаму. Е баш во разбивањето на тој капиталистички реализам е битен Варуфакис , Жижек , и слични личности.Види во какво време живееме , пандемии , економски кризи , голема дупка меѓу богат и сиромашни , климатски промени и еден ред други глобални проблеми кои што можат да доведат до глобална катастрофа и ние се уште се расправаме дали може да се мени нешто.Кога и ја и ти и Рајко и Петко ќе веруваме дека може да има промени е тогаш ќе има промени.
Ако продолжиме ќе одиме оф топик, би ти предложил да се префрлиме на друга тема но се плашам дека ќе биде бесполезно. Жижек е циркузант и секое негово ставање во иста реченица со економија, политика и капитализам во сериозна конотација е знак дека тука треба да ја завршувам дискусијата. По пишувањето претпоставувам дека си социјалист или комунист, по Imagine John Lennon наративот како копи-пејст од калап што сите они го имаат како трејдмарк, дека треба да поминат генерации, да се сменел менталитетот кај луѓето, види ја онаа комунана во Шпанија или сепаратистите во Чиапас ,од сегашна перспектива не, ама некој убав сончев ден кога на баба ќе и порасне кур и ќе стане дедо итн... итн... сето ова ми е премногу дежаву и исходот на дискусијата го знам однапред. А го знам однапред затоа што во својата и форумска и нефорумска младост сум пишувал од оние моине тупаџиски километарски постови пробувајќи да се објаснам со оние од другата страна. Секогаш залудно. Можам и сега на долго и нашироко да објаснувам, ама емпиризмот и статистиката ми викаат немој. Наместо тоа, само на кратко ќе се послужам со еден цитат од некој порелевантен и од мене и од Жижек за оваа тематика



Јас ти ја разбрав комплетно целта на постот и се сложувам со тебе до некаде , мене цел муабет ми беше сакав да ти доловам дека споредбата со Варуфакис како политичар(особа) и Апасиев не ти е добра , од многу причини како што наведив погоре.
Не, не си ме разбрал. Не ги споредував Варуфакис и Апасиев, туку го зедов Варуфакис како репер. Или упростено, некој тука полага надеж дека Трпе од маало(Апасиев) може да истрча 100 метри за испод 9.7. Јас им викам ако Карл Луис не успеал во тоа, што може еден Трпе да постигне. Ова не е споредба меѓу Карл Луис и Трпе, баш спротивното, ова е референта точка дека некој далеку поспособен не може да го постигне нештото што они си го замислуваат.

Види не е поентата дека Јани се курчел и ги лапнал вгаз , поентата е дека после сите овие години излагаат личности како Јани што се курчаат и што им покажуваат среден прст на Европските "технократи" , ако во историјава луѓево размислуваа вака конформистички(читај: Неможеме ништо да мениме) сега уште ќе живеевме под робовладателско општество , да Јани е обсолит кажав и самиот но колку и да е небитен , битно е што имал храброст да им покаже среден прст на европските "технократи" , да точно дека не постигнал ништо против нив како што кажа и самиот со метафората со Мандинго , но е битно тоа што го постигнал Јани , Јани постигнал да му укаже на народот дека Европа не е многу различна од Кина , следи ја политикава во цела Европска Унија ќе видиш каков е трендот , евроскептици и слично.
Нити е нешто ново, нити некаков подвиг. Пред него, и Британија и Вишегрдаската групација и многу други имале храброст да пружат отпор по разноразни основи. It's not like се побунил за системот во Северна Кореа, Туркменистан или Саудиска Арабија, а да живее таму. Raif Badawi, Avijit Roy, Theo van Gogh за мене имаат многу поголема тежина. Овој, свиткал џам.

Претпоставувам дека си испод 30, немаш студирано економија, имаш идеалистички побуди кои раѓаат оптимизам за промени и револуции дури и кога се шансите се минимални, не дека не си свесен како стојат работите, но надежта за похрабриот нов свет е мисла што не треба да се испушти затоа што може да доведе во нихилизам, апатија и прашања на што е поентата на утрешниот ден, на нашите деца, на иднината. Најверојатно од оваа точка понатаму расправијата ќе стане пожолчна, во тебе ќе се активира егото, огнот да се докажеш и да ги одбраниш Жижек, и Варуфакис, односно твоите обедувања кои се нападнати и се ова да го сфатиш лично. Ова ти го пишувам затоа што историскиот патерн така се одвивал во моите дискусии со леваците. Со скоро сите. Затоа ај да го рипнеме тој дел од старт. Да не го одиме тој пат. Нема да има никаков плод ни за мене ни за тебе, ти само ќе се иритираш повеќе, а јас нема да постигнам никаква поента. Ај за електронска музика да правиме муабет. Фин аватар, ветува солиден почеток на таа дискусија :smirce:.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.551
Поени од реакции
2.727
Ако продолжиме ќе одиме оф топик, би ти предложил да се префрлиме на друга тема но се плашам дека ќе биде бесполезно. Жижек е циркузант и секое негово ставање во иста реченица со економија, политика и капитализам во сериозна конотација е знак дека тука треба да ја завршувам дискусијата. По пишувањето претпоставувам дека си социјалист или комунист, по Imagine John Lennon наративот како копи-пејст од калап што сите они го имаат како трејдмарк, дека треба да поминат генерации, да се сменел менталитетот кај луѓето, види ја онаа комунана во Шпанија или сепаратистите во Чиапас ,од сегашна перспектива не, ама некој убав сончев ден кога на баба ќе и порасне кур и ќе стане дедо итн... итн... сето ова ми е премногу дежаву и исходот на дискусијата го знам однапред. А го знам однапред затоа што во својата и форумска и нефорумска младост сум пишувал од оние моине тупаџиски километарски постови пробувајќи да се објаснам со оние од другата страна. Секогаш залудно. Можам и сега на долго и нашироко да објаснувам, ама емпиризмот и статистиката ми викаат немој. Наместо тоа, само на кратко ќе се послужам со еден цитат од некој порелевантен и од мене и од Жижек за оваа тематика
Жижек го зедов како пример , на местото од Жижек можеа да бидат Пикети , Келтон , Штиглиц , Кејнс?Земав исто и јас претпоставки и направив апроуч каде што би можел да ме сфати човек што следи популарна култура(политика) исто како што си ги зел ти дека сум социјалист/комунист и дека нема потреба да се дискутира со оглед на тоа што моите погледи се поразлични од твоите.Дур сме кај Хајек , до 70ти нормата и вистината беа Бретон Вудс и Кејнс , после 70ти го гледаме Фридман и монетаристите како норма , види дури и економијата не е таа универзална вистина во која што многу луѓе веруваат после се економијата е општествена наука џабе ти е и статистика , калкулус и теорија на игрите , кога правиме муабет за луѓе(општество) кои што некогаш се рационални агенти некогаш и не баш , денеска е едно , утре е друго.Хајек го критикувал Кејнс , денеска други го критикуваат Хајек , лесно е да ставам цитат од Штиглиц или Пикети(намерно ги зедов Штиглиц и Пикети како кејнзијанци да не бидам лабелиран како забеган идеолог што верува во Ленинизам) како критика за економијата на Хајек/Фридман но како што рече самиот ќе си се вртиме во круг и џабе ни е се , затоа ќе посочам дека не дискутираме овде за математика каде што извод од x^2 e секогаш 2x , немаш емпиризам ни пак статистика тука ,ни јас сум во право ни ти си во право бидејќи дискутираме за опшествени науки кои што се прилично субјективни и колку и да сакаме да ги изобјективизираме ,неможеме.
Најверојатно од оваа точка понатаму расправијата ќе стане пожолчна, во тебе ќе се активира егото, огнот да се докажеш и да ги одбраниш Жижек, и Варуфакис, односно твоите обедувања кои се нападнати и се ова да го сфатиш лично. Ова ти го пишувам затоа што историскиот патерн така се одвивал во моите дискусии со леваците. Со скоро сите.Затоа ај да го рипнеме тој дел од старт. Да не го одиме тој пат. Нема да има никаков плод ни за мене ни за тебе, ти само ќе се иритираш повеќе, а јас нема да постигнам никаква поента. Ај за електронска музика да правиме муабет. Фин аватар, ветува солиден почеток на таа дискусија :smirce:.
Види гледам дека си прагматичен , што е прилично добра човечка особина да расудуваш од тоа што си го гледал и искусил , јас не го сфаќам ова лично напротив баш ми е мило што најдов некој со спротивно мислење за дискусија што мислам дека е прилично ретко да најдеш некој кој има спротивно мислење и што е доволно поткован за ваква дискусија поради тоа што исто и јас сум имал лоши искуства од поконзервативни личности кои што имале одреден шаблон на одбранбен механизам , но нигде не те делегемитизирав поради моите претходни искуства и дискусии со луѓе од другиот крај од политичкиот спектрум.
И онака бајѓи отидовме офф-топик , ако си за истава дискусија ќе најдеме друга тема , ако не можеме да се префрлиме и на електронска музика не е проблем :)
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.482
Поени од реакции
23.439
Вечер на Канал 5 "Само Вистина", Димитар Апасиев vs Стојанче Ангелов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom