Прво самиот Варуфакис е свесен дека неможе да мени ништо (не се сеќавам точно во која дебата беше ама самиот го потврди ова) поради тоа што има поголеми фактори што се надвор од неговиот дофат како европскиот естаблишмент , америка , кина , свеста на гласачкото тело во ЕУ и во Грција(за DiEM25 конкретно) , секако дека Варуфакис неможе да мени ништо кога ја нема моќта да допре до медиумите и масовно да им го пери мозоков на народов за да гласаат за DiEM ни пак е во можност да ја смени иљачката структура на Европската Унија.Во совршено невозможно сценарио Варуфакис би менил се во ЕУ , ако ги смениш местата на DiEM25 и EPP и додадеш таков политички тренд во сите држави ќе има промени , ама ради многу фактори ова не е возможно(барем не сега) со тек на време се надевам дека со тек на генерации и менувањето на шаблонот на размислување на луѓево(повеќе едукација), го имаш и денеска овај тренд , види во Америка социјализам е тренд што пред 20-30 години било невозможно дури да замислиш , битно е да се разбие тој капиталистички реализам што го вика Марк Фишер за да можеме да размислуваме што понатаму. Е баш во разбивањето на тој капиталистички реализам е битен Варуфакис , Жижек , и слични личности.Види во какво време живееме , пандемии , економски кризи , голема дупка меѓу богат и сиромашни , климатски промени и еден ред други глобални проблеми кои што можат да доведат до глобална катастрофа и ние се уште се расправаме дали може да се мени нешто.Кога и ја и ти и Рајко и Петко ќе веруваме дека може да има промени е тогаш ќе има промени.
Ако продолжиме ќе одиме оф топик, би ти предложил да се префрлиме на друга тема но се плашам дека ќе биде бесполезно. Жижек е циркузант и секое негово ставање во иста реченица со економија, политика и капитализам во сериозна конотација е знак дека тука треба да ја завршувам дискусијата. По пишувањето претпоставувам дека си социјалист или комунист, по Imagine John Lennon наративот како копи-пејст од калап што сите они го имаат како трејдмарк, дека треба да поминат генерации, да се сменел менталитетот кај луѓето, види ја онаа комунана во Шпанија или сепаратистите во Чиапас ,од сегашна перспектива не, ама некој убав сончев ден кога на баба ќе и порасне кур и ќе стане дедо итн... итн... сето ова ми е премногу дежаву и исходот на дискусијата го знам однапред. А го знам однапред затоа што во својата и форумска и нефорумска младост сум пишувал од оние моине тупаџиски километарски постови пробувајќи да се објаснам со оние од другата страна. Секогаш залудно. Можам и сега на долго и нашироко да објаснувам, ама емпиризмот и статистиката ми викаат немој. Наместо тоа, само на кратко ќе се послужам со еден цитат од некој порелевантен и од мене и од Жижек за оваа тематика
Јас ти ја разбрав комплетно целта на постот и се сложувам со тебе до некаде , мене цел муабет ми беше сакав да ти доловам дека споредбата со Варуфакис како политичар(особа) и Апасиев не ти е добра , од многу причини како што наведив погоре.
Не, не си ме разбрал. Не ги споредував Варуфакис и Апасиев, туку го зедов Варуфакис како репер. Или упростено, некој тука полага надеж дека Трпе од маало(Апасиев) може да истрча 100 метри за испод 9.7. Јас им викам ако Карл Луис не успеал во тоа, што може еден Трпе да постигне. Ова не е споредба меѓу Карл Луис и Трпе, баш спротивното, ова е референта точка дека некој далеку поспособен не може да го постигне нештото што они си го замислуваат.
Види не е поентата дека Јани се курчел и ги лапнал вгаз , поентата е дека после сите овие години излагаат личности како Јани што се курчаат и што им покажуваат среден прст на Европските "технократи" , ако во историјава луѓево размислуваа вака конформистички(читај: Неможеме ништо да мениме) сега уште ќе живеевме под робовладателско општество , да Јани е обсолит кажав и самиот но колку и да е небитен , битно е што имал храброст да им покаже среден прст на европските "технократи" , да точно дека не постигнал ништо против нив како што кажа и самиот со метафората со Мандинго , но е битно тоа што го постигнал Јани , Јани постигнал да му укаже на народот дека Европа не е многу различна од Кина , следи ја политикава во цела Европска Унија ќе видиш каков е трендот , евроскептици и слично.
Нити е нешто ново, нити некаков подвиг. Пред него, и Британија и Вишегрдаската групација и многу други имале храброст да пружат отпор по разноразни основи. It's not like се побунил за системот во Северна Кореа, Туркменистан или Саудиска Арабија, а да живее таму. Raif Badawi, Avijit Roy, Theo van Gogh за мене имаат многу поголема тежина. Овој, свиткал џам.
Претпоставувам дека си испод 30, немаш студирано економија, имаш идеалистички побуди кои раѓаат оптимизам за промени и револуции дури и кога се шансите се минимални, не дека не си свесен како стојат работите, но надежта за похрабриот нов свет е мисла што не треба да се испушти затоа што може да доведе во нихилизам, апатија и прашања на што е поентата на утрешниот ден, на нашите деца, на иднината. Најверојатно од оваа точка понатаму расправијата ќе стане пожолчна, во тебе ќе се активира егото, огнот да се докажеш и да ги одбраниш Жижек, и Варуфакис, односно твоите обедувања кои се нападнати и се ова да го сфатиш лично. Ова ти го пишувам затоа што историскиот патерн така се одвивал во моите дискусии со леваците. Со скоро сите. Затоа ај да го рипнеме тој дел од старт. Да не го одиме тој пат. Нема да има никаков плод ни за мене ни за тебе, ти само ќе се иритираш повеќе, а јас нема да постигнам никаква поента. Ај за електронска музика да правиме муабет. Фин аватар, ветува солиден почеток на таа дискусија

.