Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
10 јули 2019
Мислења
90
Поени од реакции
67
Па тоа ми е поентата на постот. Јас ја разбирам позицијата на Апасиев и не му замерувам многу-многу оти користи таква реторика, по што треба да е апла глуп ( а не изгледа така ) да не искористи позиција да поентира на вакви жешки национални прашања, особено кога онаа партија која што вистински треба да ги актуелизира ваквите теми бега од нив ко ѓаол од темјан.
Дури мислам дека неосновано му се лепи таква етикета и во доста наврати изјавите му се вадат од контекст за дневнополитички цели. Особено ако се земе предвид дека отспротива имаме раководство со сериозна патологија и лик кој што а зина излажа, се колнеше дури во децата и фамилијата, при такви ликови дури е несериозно да му се замерува на Апасиев и толку агресивно да се напаѓа со обвиненија дека е лажго, посебно не од ликови кои што еве веќе два изборни циклуси му даваат легитимност на лагите на Заев.
Тоа јачање со тоа дека ќе го врател името и јас мислам дека му беше тешка глупост и непотребна работа, но па од друга страна некој да бекне за името не беше лошо. ДПМНЕ ги викна амбасадорката на САД и од дента збор не кажаа по таа тема. Нејсе, јасно е дека тоа е невозможно во оваа констелација. Е сега повторно доаѓаме на истиот муабет. Апасиев се јачал по оваа тема. Океј нека е така(иако е здраво за историјата бар некој да бекнал нешто, ама ај демек популист бил нека се прифати тоа), ама кој е подобриот избор? Две банди кои ја покрадоа државата и народот? Тие кои ги направија Орце, Мијалков, Вице и останата мафија богови? Или нивните партии-приврзоци кои ги користат за приказ дека има демократија и повеќепартиски систем?
Така што повторно тоа што демек ќе го прекршел ветувањето за враќање на името е мачкина кашлица или 0.00000000000000000000000000000000000000000000001% од тоа што излажале другите две опции(приврзоците не ги рачунам за партии), а тоа дека ги испокрадоа и ги уништија институциите и го осиромашија Македонецот им е башка. Така што ептен ептен смешно е некој тука да доаѓа да полемизира дека Апасиев лажел дека ќе го врател името. Тоа е исто како некој ти влегол дома све ти испокрадил, жена ти силувал, деца ти убил, куќа ти запалил и ти место за него да се фатиш за некој, кој не ти застанал на пешачки дур си преминувал улица.
Не сте ми ја сфатиле поентата на постот.
Целта ми беше дека на народот му е доста од лажење, и ако веќе некој (читај Апасиев) игра на таа карта против лажговците, сметам дека не се коректни оправдувања од тип "Заев цел живот лаже па што има страшно ако Апасиев излаже по нешто". Нели он ќе беше поштениот??
И самите имате наведено, а и на повеќето луѓе им е јасно како ден дека Дпмне не се залага за враќање на името. Сигурен сум дека и од Левица го знаат тоа. Што значи дека единствен начин да го вратат е доколку Левица освои мнозинство на избори и е во можност сама да состави влада. А знаеме дека такво нешто е невозможно во блиска иднина. Такви ветувања ќе му донесат многу лесно гласови за следни избори, а и исто толку лесно ќе ги изгуби тие гласови кога ќе рајата ќе сфати дека ветувањата уствари се однесувале за следните неколку децении.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
дека можеби тоа ќе остане товар за некои идни генерации, дека е долгорочен процес и.т.н.
Да, ова на интервју го кажа чинам после изборите непосредно беше, или пред. Само за ова му се фаќаат дека не ќе го исполнел кога тие 500К на Арачиново помош му даваат, а другиве 8 пратеника дадоа за името.
Автоматски споено мислење:

Не сте ми ја сфатиле поентата на постот.
Целта ми беше дека на народот му е доста од лажење, и ако веќе некој (читај Апасиев) игра на таа карта против лажговците, сметам дека не се коректни оправдувања од тип "Заев цел живот лаже па што има страшно ако Апасиев излаже по нешто". Нели он ќе беше поштениот??
И самите имате наведено, а и на повеќето луѓе им е јасно како ден дека Дпмне не се залага за враќање на името. Сигурен сум дека и од Левица го знаат тоа. Што значи дека единствен начин да го вратат е доколку Левица освои мнозинство на избори и е во можност сама да состави влада. А знаеме дека такво нешто е невозможно во блиска иднина. Такви ветувања ќе му донесат многу лесно гласови за следни избори, а и исто толку лесно ќе ги изгуби тие гласови кога ќе рајата ќе сфати дека ветувањата уствари се однесувале за следните неколку децении.
Јас кажав дека ја сметам за глупа тезата. Иако не паметам точно што изјавувал мора да признаам, а и не верувам дека некој го гласал заради тоа што ќе го врател името.
Но нема човек што не кажал нешто невистинито, во никоја работа. Не знам што очекувате вие. Свети Петар или мајка Тереза меѓу политичарите? Да излаже во политика(за наши услови) значи да се колне во децата и да ја шитне цела држава или пак да братучедот негов со службеничка плата изгради хотел на плоштад. Мислам смешно ми е мене ова да го вртите веќе година време, како и дека возел алфа ромео од 2000 евра. Секој со своето мислење, но моето е дека ве манипулираат удбашите со наративот дека сите се исти и лажат, кога е очевидно дека е тоа милијарди километри далеку од вистината. Ама јасно е, последна мамка на СДС и ВМРО против Левица им е наративот дека сите се исти и сите лажат. Ќе го експлоатираат ова докрај и очигледно некои ќе се фатат за оваа груба манипулација.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Не сте ми ја сфатиле поентата на постот.
Целта ми беше дека на народот му е доста од лажење, и ако веќе некој (читај Апасиев) игра на таа карта против лажговците, сметам дека не се коректни оправдувања од тип "Заев цел живот лаже па што има страшно ако Апасиев излаже по нешто". Нели он ќе беше поштениот??
И самите имате наведено, а и на повеќето луѓе им е јасно како ден дека Дпмне не се залага за враќање на името. Сигурен сум дека и од Левица го знаат тоа. Што значи дека единствен начин да го вратат е доколку Левица освои мнозинство на избори и е во можност сама да состави влада. А знаеме дека такво нешто е невозможно во блиска иднина. Такви ветувања ќе му донесат многу лесно гласови за следни избори, а и исто толку лесно ќе ги изгуби тие гласови кога ќе рајата ќе сфати дека ветувањата уствари се однесувале за следните неколку децении.
Во моментов мислам дека и не може да му го сврти вниманието на народот на друг начин, освен со ваква агресивна реторика промешана со ноти на популизам, доза на сентимент со отварање на осетливи прашања, моменти на дрскост, остар јазик и шоу.
Не можеш да играш поштено во игра за која што знаеш дека е однапред наместена. Посебно не, кога отспротива имаш криминални картели кои што поседуваат свои политички партии, вршат поткуп и рекет на гласачи.

За крај, најмногу што можеме да изгубиме, (кога веќе знаеме дека не можат да тепаат на избори) е доколку се покажат како клиентелисти и коалицираат постизборно чисто од себични, опортунистички побуди.
Не би се фокусирал исклучиво на името и останатите национални прашања. Оваа држава има тон други проблеми, посуштински за решавање. Од право, здравство, образование... да иницираат дел реформи во овие сектори, јас барем, би бил задоволен, а верувам и народот.
 
Член од
10 јули 2019
Мислења
90
Поени од реакции
67
Јас кажав дека ја сметам за глупа тезата. Иако не паметам точно што изјавувал мора да признаам, а и не верувам дека некој го гласал заради тоа што ќе го врател името.
За крај, најмногу што можеме да изгубиме, (кога веќе знаеме дека не можат да тепаат на избори) е доколку се покажат како клиентелисти и коалицираат постизборно чисто од себични, опортунистички побуди.
Не би се фокусирал исклучиво на името и останатите национални прашања. Оваа држава има тон други проблеми, посуштински за решавање. Од право, здравство, образование... да иницираат дел реформи во овие сектори, јас барем, би бил задоволен, а верувам и народот.
Ок, тоа е ваше мислење. Верувајте или не ја уште повеќе од вас сакам Левица да креира влада (иако не се согласувам со нивните ставови) со некој на следни избори. Па тек тогаш ќе видиме колку е способен самиот да смени нешто, не само вака од говорница да глуми јак.

Мое предвидување а дека ќе доживее тешко разочарување кај граѓаните, и како и сите други партии до сега ќе криви други поради тоа што нема да може да го испорача тоа што го ветил, судот му е крив, обвинителството е криво, империјализмот е крив, америка му е крива, нато му е крив бранко му е крив дрн дрн.. Прочитана приказна е тоа
 
Ќе те разочара ако имаш вакви нереални очекувања. А овие нереални очекувања се резултат на наративот кои го создаваат меинстрим медиумите. Ако си реален и приземен знаеш дека никој никогаш све не исполнил, што не значи дека све е исти курац. Си има нијанси. Моментално сме пример на дното, коленичиме пред татарите, додека Владата дава неповратна помош од 500.000 евра на општина која е дувло на криминалци и годинава платила данок од 957 денари. Па види ти сега кој е изборот. Не живееме ние во Германија па да се караме дека немало корпа на секои 30 метри. Егзистенција и национално чувство ни се загрозени, а со овие гледаме дека не бива. Крадат за поручек, ручек и вечера. Така што полош не мислам дека ќе биде од мафијашкава багра и затоа ќе го гласам. А илузии дека под итно ќе биде све милион пати подобро немам. Тоа нереално пумпање на очекувањата е само една вешта заебанција за одвраќање на гласачите.
 
Просто ти го кажувам мојот впечаток за тоа какви очекувања имаат новиве поддржувачи на Левица (станати поддржувачи после изборите), јас немам никакви очекувања.

Чисто информативно, јас лично би бил задоволен и би го гласал доколку успеат само една од работите што ги ветува (здравство, работници, образование, двојачиност и слично..) да заврши целосно без да заебе 3 други сегменти, но чисто сумљам.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.796
Поени од реакции
8.531
Точно, треба да бидеме спремни да ги сносиме последиците. А знаеш кои се последиците за прекршување меѓународен договор депониран во ООН?
Какви?

Мислам се надевам дека нема да бидат катаклизмични како последиците кога Грција ја прекрши времената спогодба и не блокираше за влез во НАТО и ЕУ. Ако се последиците такви тогаш во право си, дај да не се чачкаме.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Ок, тоа е ваше мислење. Верувајте или не ја уште повеќе од вас сакам Левица да креира влада (иако не се согласувам со нивните ставови) со некој на следни избори. Па тек тогаш ќе видиме колку е способен самиот да смени нешто, не само вака од говорница да глуми јак.

Мое предвидување а дека ќе доживее тешко разочарување кај граѓаните, и како и сите други партии до сега ќе криви други поради тоа што нема да може да го испорача тоа што го ветил, судот му е крив, обвинителството е криво, империјализмот е крив, америка му е крива, нато му е крив бранко му е крив дрн дрн.. Прочитана приказна е тоа
Тешко дека ќе креира влада. Од овој момент до наредни избори има многу непознати, посебно ако се земе предвид турбулентниот период кој што очигледно ќе ни следува веќе наредна година, се може да се случи.

Дали ќе биде разочарување зависи од многу варијабли. Како што кажа погоре @blanco ако очекувањата на народот се дека Апасиев ќе биде новиот месија, спасителот кој што ќе го исчисти овој гнилеж кој што се таложел три децении, тогаш да, ќе биде разочарување. Но доколку народот ги адаптира очекувањата со реалноста, тогаш се може да се случи.
Ние сме навикнати на бипартизам, па затоа ова ни е чудно. Во поздрави политички општества Апасиевци се норма.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Мора да ветува ама не значи дека ќе биде во позиција све да исполни, нормално е тоа секаде прашање е што е спремен да даде за да добие во таков случај. Иначе укинување на Преспански договор и враќање на името во РСМ е прашање на политичка воља него на право. Како што го шитнаа шверцерски така може и да се врати, ако се сака и ако се спремни да ги трпат последиците.
За да се укине преспанскиот договор на политички начин потребни се 80 гласа + бадинтерово мнозинство. Значи навозможна мисија во блиска, а ниту во далечна иднина.
За укинување со право треба уставниот суд да одлучи. Бидејќи тој е приврзок на власта тоа нема да се случи никогаш.
Заклучок: Џабе Апасиев се расфрла со такви ветувања, тие што му веруваат и го очекуваат тоа треба да сфатат дека ова се празни зборови.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Треба да сте поглупави од Заев за да го сватите Апасиев како тоа одма ќе го враќал името. Не ви смета тоа што додека го држеше паметот името ќе е Македонија, па сега и вие како глупавите новинари па прашањето што и како со преспанскиот договор. За паметот преќутивте изгледа се помиривте со тоа дека го нема па сеа ви остана Апасиев.

За да може да го пипне преспански како што кажа и самиот Апасиев треба да преговара првин за промена на избирачките единици во една.
После тоа со освојување на повеќе пратеници од ДУИ и со паметно после изборно коалицирање за формирање на влада можат да условуваат колку што сакаат.
Иначе штетата околу Преспанскиот е огромна и многу потешко е истиот потпишан одколку што е тешко да се поништи. Само за тоа да се случи потребна е политичка спремност и посветеност од сите пратеници што би го гласале поништувањето.
Побитна работа што треба да ја заврши Апасиев и тој сигурно е свесен е средување на државава внатре, и конечно од кога постои Македонија, па после и Северна да имаме некакво судство и надворешна дипломатија поради тоа што сега немаме.

Мора да сме јаки и обединети од внатре за да поништуваме било какви договори поради тоа што нема да имаме никаква подршка од западот за тоа. Така да без брзање околу тоа прашање, штетата е сторена и е огромна, сега доволно е само наредна влада по малце да почне да го непочитува истиот договор и да го успори неговото имплементирање наместо тоа да бруси шахти, и можеби некоја по идна влада ќе го поништи.

Ја пратам темава, мило ми е што е олку активна, уште по мило ми е тоа што има такви кои удираат со тоа дека Апасиев е лошиот без ништо направено, а од друга страна знаеме кого го подржуавте. Тука се гледа стравот и крајот.

Не сум левичар, но го гласав и предвидував освоени 3 пратеници додека сите ми говореа дека нема да има ни еден, ќе го гласам повторно и предвидувам 8-10 пратеници во истиов избирачки систем на основ на тоа дека сите оние што не веруваа во него сеа коментиаат дека погрешиле и дека на наредни избори остана уште тоа него да му дадат глас. Нека дадат половина од нив, мислам дека ќе е доволно.

И за крај настрана партии, леви десни средни, на ливче имате да заокружите неколку опции и бидете реални:
1. Заев (цреп што ја продаде државата)
2. Мицко (цреп над цреповите без никаква моќ за водење политики)
3. ДУИ (едина политичка партија после првиве две која има осет за водење политики и цел за федерализација на Македонија )
4. Апасиев (интелектуалец кој зборува со достоинство за напатениот Македонски народ)
За кого би гласале?

Едно е јасно, на наредни избори за сдс и дпмне ќе гласат приврзаниците и цицачите, за дуи ќе гласаат Албанците (кој што не ги кривам), а за Апасиев ќе гласаат сите останати на кои му е преку глава и ќе видите дека тие бројат многу.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Реално, премногу време изгубивме околу името и желбата за влез во ЕУ и НАТО наместо да се насочиме кон проблемите што не мачат во сопствениот двор како Економија, здравство, образование, судство итн.

Не викам дека проблемот со името и неговото враќање треба да се заборави, но дефинитивно треба да се стави во заден план пошто тоа е долг процес.
Левица треба да се насочи кон подобрување на гореспоменатите сегменти, работнички права, криминал, сиромаштија итн.

Не можиш ти како држава да му даваш "поддршкa" на Арачиново од пола милион евра, да плаќаш 1500 души шиптарана кои седат дома, да имаш партиски вработувања на местени конкурси, судии кои сами си гласаат зголемување на плата, да има даваш на стотици илјади тутунари 100 денари за кило тутун и 2 денари за 1 кг јаболка, да имаш руинирани болници од четрсдруга, да немаш возила за брза помош, противпожарни возила и уште милион вакви работи кои не се третирани за цена на усрано НАТО и ЕУ од кои немаме никаква корист освен што ќе ни се отворат границите за дерман да си фатиме.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.796
Поени од реакции
8.531
Немаш име, значи немаш сувереност, ако немаш сувереност немаш ништо, а посебно не социјална правда.

Секакви тези како националните прашања треба да бидат ставени на страна за народот да се обезбеди за леб се истата погубна национална политика која СДС и ДПНЕ ја тераат веќе 30 години. Националните проблеми не се во никој случај поврзани со социјалните и приказните како секоја влада може да се концентрира само на едното или на другото е на крајот само и тоа приказна за мали деца. Затоа имаш и министерство за надворешни работи и министерство за економија и минситерство за социјална и министерство за здравство и министерсво за транспорт и министерство за внатрешни работи. Ако едно од нив си ја работи работата на ниту еден начин тоа не ги спречува другите да си ја работат исто така.

Секаков обид да се направат паметни и да ги избегнат жешките костени и да се пренасочат во "социјална" партија, тоа е тоа од нив. Ако не си останат верни на зборот дека ќе се борат за националните прашања, не знам кој планираат дека ќе ги гласа. Првин ќе се покажат како ништо подобри од СДС и ДПНЕ, а од друга страна нема шанси да создадат клиентелистичка армија на гласачи која ќе може да им конкурира на ДПНЕ и СДС.

Јас не излегов јавно и изјавив дека името е предуслов за се, и на база на тоа да барам гласови. Притисоците и заканите сигурно ќе бидат огромни али на крајот на денот затоа водачите се памтат а гласачите не.
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
Не. Криви се узурпаторите на системот и политичарите од третите опции кои во овие 30 години профилираа(претежно се наменски, но имаше и навистина независни но неспособњаци). Ние како народ или гласачи сме муштерии. Политичарите се тие кои треба да не' привлечат. Е сега, тука има една цака што е узурпиран системот и е сиромашен народот па подоста и се продаваат, но без разлика ако не за власт има одамна доволно расположени гласачи за трета опција која ќе има барем 100К гласачи на свое конто и ќе биде ,,Македонската ДУИ,,.
еве локалните во Штип, имаше избор, трети партии, црнци белци, пак испаднаа минимум гласачи, не повеќе од 35%-40% и тоа главно партиски определени. И пак победи сдс чија што надворешна политика имаше фијаско и дефакто имаше намален рејтинг. Со ова однесување на гласачите, неизлегување и недоверба кон некој нов, трет или што и да е, засекогаш двете партии ќе се вртат на власт. Ние сме сами криви.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
А за кого да гласаат жити све? Овие не можат од црнецот повеќе гласа да соберат, не па градоначалници ќе станеле.
Повторно тука е грешката на партиите, т.е. на ДПМНЕ и на Левица. Го пуштаат низ вода Штип и после ќе плачат. Посебно Левица имаа пенал тука, без ДПМНЕ на избориве ќе собереа еден значаен процент на гласови што ќе им влијаеше поволно на рејтингот, но тие се изглупираа на велико и испаднаа несериозна партија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom