Левица - Политичка партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack NolanProf.19
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
А бе никој никогаш не кажал дека Левица не треба со никого да коалицира и да дреме во опозиција дури да добие 61 пратеник. Тоа што го дискутираме со инглориус е за тоа дали е добро за нив да формираат предизборна коалиција со ДПМНЕ. А за после избори нормално дека треба да се отворени(и Апасиев тоа милион пати го рекол) за коалиција/формирање Влада со било која партија.
Моја грешка тогаш, не сум обратил добро внимание на цела дискусија од почеток, помислив дека се збори општо за било какво коалицирање со други партии, бидејќи има и такви луѓе, кои бараат влакно во јајце што се вели и се надеваат на победа на Левица, нешто кое никогаш нема да се случи, освен ако и Левица не стане клиентелистичка сендвич партија како СДСМ и ДПМНЕ.
 
Дај бе изгуби се од темава, напорен си.
Кај го рекол тоа ај кажи ми? Самиот кажа би прифатил коалиција со Дпмне и Алијанса ама да се заснова на затворање на криминалциве.
Дее бее и вие ама сте, исти ко лидерот - мекуши, не трпите критика, ви смета ако некој каже нешто лошо за него или Левица. Вмро и сдс колку критики трпеле и трпат, ова за апасиев и левица не е ни 0.00003%.
Не, сериозно, поставувам легитмни политички прашања и давам конкретни тези. Форум е ебате, се дур се држам до правила имам право да коментирам кај сакам. Јбг не можеме сите да му се восхитуваме на апасиев

Околу другово, Апасиев кажа дека услов за коалиција му е поништување на преспански договор. Сите албански партии го поддржуваат преспанскиот договор и ниедна не сака да се поништи.
По таа логика он не може да иде во коалиција со нив, освен ако не се промениле принципите во меѓувреме:icon_lol:
 
Последно уредено:
ека услов за коалиција му е поништување на преспански договор. Сите албански партии го поддржуваат преспанскиот договор и ниедна не сака да се поништи.
По таа логика он не може да иде во коалиција со нив, освен ако не се промениле принципите во меѓувреме
Такви и се приврзаниците на Левица, не трпат многу критики, а ако ги искритикуваш биди спремен за навреди :)
Иначе ко што глеам ја не им се многу цврсти ставовите. Лабилни се на тоа поле, еднаш Апасиев викаше дека задолжителен услов за коалиција им е поништување на преспанскиот договор, а на интервјуто со инфомакс пред некој ден кажа дека единствен услов за коалиција им е правење на Македонија во една изборна единица. Ама има време до изборите, може и тој услов ќе се промени.
 
Многу буквално ја сфаќате политиката и работите што политичарите ги говорат, а многу често и селективно и пристрасно. Апасиев е политичар, ако не научивте што значи тоа сите овие години, тогаш не е ни за чудење што сме на вакво ниво на политичка неписменост. Има некои работи каде што здравата логика сама по себе треба да е доволна за да се разберат колку се возможни или не. Работа на политичарот е да ветува брда и долини, остатокот е на народот и неговата моќ на расудување да одбере што од тоа е реално остварливо а што во домен на sci-fi.
Ако некој го гласа Апасиев исклучиво оти мисли дека тој е оној што ќе го врати името и ќе го ревидира рамковниот, ондак лошата вест е што многу веројатно ќе заврши разочаран.
За тоа нема толку да му биде виновен Апасиев, колку што ќе си биде самиот крив поради горенаведените причини. Слично како што добар дел од народот беше цврсто убеден дека името е причината бр.1 за нашата мизерија.
 
Мора да ветува ама не значи дека ќе биде во позиција све да исполни, нормално е тоа секаде прашање е што е спремен да даде за да добие во таков случај. Иначе укинување на Преспански договор и враќање на името во РСМ е прашање на политичка воља него на право. Како што го шитнаа шверцерски така може и да се врати, ако се сака и ако се спремни да ги трпат последиците.
 
Јас сум резервиран кога станува збор за Левица, но истовремено живо ме интересира што би се случило доколку успее да се наметне како преговарачки фактор во некоја идна влада. Баш тоа што велиш, што е спремен да жртвува во замена за позиција каде што ќе може да условува со барања.
За враќање на името, такви ревизионизми, јас барем не полагам такви надежи, ниту пак би му замерил на Апасиев и Левица. Имаше на времето кој да превенира кога овие сонуваа за влез во собрание.
 
Ако некој го гласа Апасиев исклучиво оти мисли дека тој е оној што ќе го врати името и ќе го ревидира рамковниот, ондак лошата вест е што многу веројатно ќе заврши разочаран.
Токму тоа е проблемот, од една страна Апасиев оди против големите политички партии дека го лажат народот и не исполнуваат она што ќе го ветат. А од друга страна он го прави истото тоа со изнесување на полу вистини на кои што паѓаат многу луѓе.
Еве еден прост примет, на постови на фб и слично се фали како димитров и компанија ќе лежат и он ќе биде тој што ќе го врати името и ќе го ревидира рамковниот. Самото ова сум сигурен дека влече многу гласови и поддршка на социјалните мрежи.
А на интервју кога ќе го прашаат како би го остварил тоа, он саркастично одговара "Дајте ми ко на Вучич што му дадоа 80 пратеници и ќе видите". (а знаеме дека таква поддршка сигурно нема да добие бар во следни 20 години).

Исто ти е ова ко да ветам просечна плата 1.000 евра, и кога ќе ме изгласаат после 3 години од мандатот да ме прашаат кога ќе ја стигнеме таа просечна плата да им кажам, давајте ми го мандатот за премиер уште 20-30 години и ќе стигнеме до 1.000 евра плата.
 
Точно, треба да бидеме спремни да ги сносиме последиците. А знаеш кои се последиците за прекршување меѓународен договор депониран во ООН?
Не, дај помогни.
 
Токму тоа е проблемот, од една страна Апасиев оди против големите политички партии дека го лажат народот и не исполнуваат она што ќе го ветат. А од друга страна он го прави истото тоа со изнесување на полу вистини на кои што паѓаат многу луѓе.
Еве еден прост примет, на постови на фб и слично се фали како димитров и компанија ќе лежат и он ќе биде тој што ќе го врати името и ќе го ревидира рамковниот. Самото ова сум сигурен дека влече многу гласови и поддршка на социјалните мрежи.
А на интервју кога ќе го прашаат како би го остварил тоа, он саркастично одговара "Дајте ми ко на Вучич што му дадоа 80 пратеници и ќе видите". (а знаеме дека таква поддршка сигурно нема да добие бар во следни 20 години).

Исто ти е ова ко да ветам просечна плата 1.000 евра, и кога ќе ме изгласаат после 3 години од мандатот да ме прашаат кога ќе ја стигнеме таа просечна плата да им кажам, давајте ми го мандатот за премиер уште 20-30 години и ќе стигнеме до 1.000 евра плата.
Ааааа сеа си го наебал :pos:
Не, дај помогни.
Ништо, само ќе ти ги истегнат ушите
 
Па тоа ми е поентата на постот. Јас ја разбирам позицијата на Апасиев и не му замерувам многу-многу оти користи таква реторика, по што треба да е апла глуп ( а не изгледа така ) да не искористи позиција да поентира на вакви жешки национални прашања, особено кога онаа партија која што вистински треба да ги актуелизира ваквите теми бега од нив ко ѓаол од темјан.
Дури мислам дека неосновано му се лепи таква етикета и во доста наврати изјавите му се вадат од контекст за дневнополитички цели. Особено ако се земе предвид дека отспротива имаме раководство со сериозна патологија и лик кој што а зина излажа, се колнеше дури во децата и фамилијата, при такви ликови дури е несериозно да му се замерува на Апасиев и толку агресивно да се напаѓа со обвиненија дека е лажго, посебно не од ликови кои што еве веќе два изборни циклуси му даваат легитимност на лагите на Заев.
 
Тоа јачање со тоа дека ќе го врател името и јас мислам дека му беше тешка глупост и непотребна работа, но па од друга страна некој да бекне за името не беше лошо. ДПМНЕ ги викна амбасадорката на САД и од дента збор не кажаа по таа тема. Нејсе, јасно е дека тоа е невозможно во оваа констелација. Е сега повторно доаѓаме на истиот муабет. Апасиев се јачал по оваа тема. Океј нека е така(иако е здраво за историјата бар некој да бекнал нешто, ама ај демек популист бил нека се прифати тоа), ама кој е подобриот избор? Две банди кои ја покрадоа државата и народот? Тие кои ги направија Орце, Мијалков, Вице и останата мафија богови? Или нивните партии-приврзоци кои ги користат за приказ дека има демократија и повеќепартиски систем?
Така што повторно тоа што демек ќе го прекршел ветувањето за враќање на името е мачкина кашлица или 0.00000000000000000000000000000000000000000000001% од тоа што излажале другите две опции(приврзоците не ги рачунам за партии), а тоа дека ги испокрадоа и ги уништија институциите и го осиромашија Македонецот им е башка. Така што ептен ептен смешно е некој тука да доаѓа да полемизира дека Апасиев лажел дека ќе го врател името. Тоа е исто како некој ти влегол дома све ти испокрадил, жена ти силувал, деца ти убил, куќа ти запалил и ти место за него да се фатиш за некој, кој не ти застанал на пешачки дур си преминувал улица.
 
Тоа јачање со тоа дека ќе го врател името и јас мислам дека му беше тешка глупост и непотребна работа, но па од друга страна некој да бекне за името не беше лошо.
Не само што бекна, туку многу значајна работа е што во многу наврати правно го елаборира преспанскиот со вокабулар јасен за рајата, така што и ден денес тоа прашање го одржува во живот. Оти кога се потпишуваше, во медиумскиот наратив кружеа однапред припремени флоскули кои што имаа за цел ублажување на катастрофата и вртење на вниманието на јавноста од содржината кон наводните перспективи - НАТО, ЕУ. Мислам дека ви текнува на ретадираната кампања пред референдумот и глупите слогани кои што кружеа тогаш, после, релативизациите со косите црти и ѕвездички.
Јас на пример од овој аспект имам почит за Апасиев, оти беше еден од ретките кои што во тие моменти говореа за овие работи.
Од страна на ревизија на договорот, нека ме корегира некој ако не сум во право, ама во еден наврат самиот имаше изјавено дека тоа нема да биде нешто што би се случило сега, дека можеби тоа ќе остане товар за некои идни генерации, дека е долгорочен процес и.т.н.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom