Многу буквално ја сфаќате политиката и работите што политичарите ги говорат, а многу често и селективно и пристрасно. Апасиев е политичар, ако не научивте што значи тоа сите овие години, тогаш не е ни за чудење што сме на вакво ниво на политичка неписменост. Има некои работи каде што здравата логика сама по себе треба да е доволна за да се разберат колку се возможни или не. Работа на политичарот е да ветува брда и долини, остатокот е на народот и неговата моќ на расудување да одбере што од тоа е реално остварливо а што во домен на sci-fi.
Ако некој го гласа Апасиев исклучиво оти мисли дека тој е оној што ќе го врати името и ќе го ревидира рамковниот, ондак лошата вест е што многу веројатно ќе заврши разочаран.
За тоа нема толку да му биде виновен Апасиев, колку што ќе си биде самиот крив поради горенаведените причини. Слично како што добар дел од народот беше цврсто убеден дека името е причината бр.1 за нашата мизерија.