Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
M

Macedon1um

Гостин
И сеа као се бори против злото што он го донесе на власт :tvg:
Добра ти е логикава, не треба да се борите против едно зло оти може? ќе дојде уште поголемо

За Левица нема поголемо политичко харикири од тоа да одат во коалиција со Мицко и ДПМНЕ. Знаеме како завршуваа сите партии од третиот блок кои на почетокот собираа солиден број гласови за после да потонат откако влезат во коалиција со некој од поголемите. ДА на Циле е најдобар пример ама и НСДП и Народна може да се спомнат тука.
Пред избори сигурно нема да коалицира, после избори се е можно. Навистина не знам како ја разбирате вие политиката, дека Левица ќе се седи во опозиција се додека Македонскиов народ не се освести и и даде подршка да биде прва партија со најголем број мандати ? Јас гласам за Левица и би подржал пост изборна коалиција со Дпмне доколку истата биде базирана на платформа со принципи - пример независен експерт или јавен обвинител од Левица, една изборна единица, намалување на бројот на вработени во државна администрација, апсење/затвор на политичарите кои со пазари предходно бегаа од правдата итн

Тие мали партии пропаднаа оти беа чисто клиентелистички за лични интереси влегоа во влада, Левица ќе ги услови со промени во корист на сите граѓани
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Тоа коалицирањето има тотално лошо сфаќање кај луѓето кај нас. Ако коалицираш не си ни пајтон партија, ни соработник ни вазал, се разбира ако не го дозволиш тоа. ДУИ е пример за тоа. ДУИ е партија за респект и е мнооогу пред двеве наши срања во сите категории. Дипломатија, лидерство, кичма. Во тој поглед мислам дека и Левица се огледува кон ДУИ.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.518
Тоа коалицирањето има тотално лошо сфаќање кај луѓето кај нас. Ако коалицираш не си ни пајтон партија, ни соработник ни вазал, се разбира ако не го дозволиш тоа. ДУИ е пример за тоа. ДУИ е партија за респект и е мнооогу пред двеве наши срања во сите категории. Дипломатија, лидерство, кичма. Во тој поглед мислам дека и Левица се огледува кон ДУИ.
Не ги брани веќе бе, сигурен сум дека не сакаат вака :pos:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Сега за сега не би. Знам дека е непопуларно мислењето на форумов ама мене Апасиев уште со ништо не ме убеди дека би бил идеално решение. Ама еве ако Левица сама се пробива како и до сега, ако понудат добри кадровски решенија и ако настапат со поприземјени ставови за многу прашања, кој знае, можеби ќе сменам мислење.

За ДПМНЕ никогаш нема да го сменам. Никогаш и под никакви околности нема да гласам за таа партија. Ако Левица ја напушти својата наводна идеологија и отиде во коалиција со квази патриотска десничарска партија како нив за мене скроз ќе го загубат легитимитетот и ќе бидат само уште една мала сателит партија.
Ако ти е целта да го оставиш Заев на власт, тогаш ок ти се овие политички гледања. За жал системот е таков, гласот на сите е ист и ете Левица пак ќе има помалку гласови. За да се случат некакви промени мора да се обедини опозицијата, затоа што уште еден мандат на Заев ќе е погубен колективно за сите. Натаму останува да видиме што ќе случи, добро е да има некој како Апсиев како вицепремир да му дише во врат на идниот премиер, да се бори за се тоа што го зборува, но овој пат од внатре.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Мене ми е интересно како вака се бараат запирки во изјавите на Апасиев и со тоа се тешат луѓево дека ете не чинеле Левица, кога од друга страна имаш 2 мафијашки организации и нивни приврзоци кои се докажани клептомани.
Мислиш наспрема Левица ги имаш партиите предводени од Де Гол и Рузвелт, па сега еве не чинат дечкиве слаби се и неискусни, немаат што да понудат. Тие што бркаат работна позиција или тендер океј, но би им препорачал на оние кои немаат апсолутно никаква корист од ВМРО и СДС да си ја чукнат малку главата и да размислат која од понудените опции е најдобра. А за апстинирање не ни полемизирам, тоа е поглупо отколку да си гласал за ВМРО или СДС. Барем ако си гласал за една од тие мафијашки опции си ги сметал за помало зло, додека вака ни тоа не го избираш, туку директно си придонел за најлошата(според тебе како гласач) опција да оствари подобар резултат.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.792
Поени од реакции
3.865
Добра ти е логикава, не треба да се борите против едно зло оти може? ќе дојде уште поголемо
Супер ти е логикава, борете се против злото да го смениме со 10 пати поголемо зло
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Еј. Апасиев е сега крив што го донесе Заев на власт. Не беа криви 10 години срањата на дпне и уште 4 години сервилност и вазалство на Жмицко. Цело дпне во сдс замина. 7 пратеници на тацна им поклонија за да сменат устав и сега Апасиев крив.

Нај мизерни се вмровциве што мислат дека дпне не е дел од сево ова што се случува последниве 4 години. Плус мислат дека со бркањето од партија на тие 7 пратеници тие се чисти, не се криви. МРШ БЕ!



Дали е харикири за ДУИ што коалицира? Тие партии од трет блок завршуваат порати тоа што се шиткаат ко проститути во Чешка. А ко ќе преговараш како ДУИ машки и со мадиња ќе си диктираш политика и држава. Ај ако не цел живот нека остани Левица во опозиција. Харикири било. Оф мори мајко...
Јас мислев на предизборна коалиција. ДУИ коалицира постизборно. Ако Левица се задоволи со 5-6 пратеника од заедничката листа со ДПМНЕ а после со едно министерско или вицепремиерско место толку ќе биде од нив. Ќе се претворат во сателит и пак ДУИ ќе биде главен коалиционен партнер на Мицко (или друга албанска партија). Па на наредни избори на кои ќе одат сами нема да освојат ниеден мандат. Веќе позната приказна.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.957
Апасиев: Првиот услов за коалиција со Левица ќе биде поништување на Преспанскиот договор.

Ова му беше ставот, според мене нема да си стои на зборот и ќе коалицира кога ќе има шанса.

 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
Тие мали партии пропаднаа оти беа чисто клиентелистички за лични интереси влегоа во влада, Левица ќе ги услови со промени во корист на сите граѓани
Третите опции немаат успех поради тоа што ние сме еден чуден народ, незадоволни од едните и од другите, а притоа не ги подржуваме третите кои дефакто немале партиципирано во власта. Така мораа Вмро и Сдс да измилсуваат некакви трети опции (фиктивни ликови, марионети да еднократна употреба, директорчиња) кои успешно осовојуваа мал процент неопределени гласачи, а ова фино им се најде во некои тесни битки како и во мисијата да големите партии го менаџираат и замајуваат народот дека има избор, дека сите се ист, и така да не го мотивираат да излезе со единствен мотив да не гласа за вмро,сдс. Тоа им е реален страв.
Не крај, не се криви политичарите, криви сме ние што не даваме доверба на некои нови.
Автоматски споено мислење:

Апасиев: Првиот услов за коалиција со Левица ќе биде поништување на Преспанскиот договор.

Ова му беше ставот, според мене нема да си стои на зборот и ќе коалицира кога ќе има шанса.
нема да коалицира се додека нема фина бројка, >10 пратеници. Нема да биде фактор, а ќе ја подели одговорноста и неуспехот. Дури и да коалицира, ќе излезе од коалицијата веднаш штом нема да бидат исполнети тие барања, со што ќе добие уште повеќе рејтин.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Третите опции немаат успех поради тоа што ние сме еден чуден народ, незадоволни од едните и од другите, а притоа не ги подржуваме третите кои дефакто немале партиципирано во власта. Така мораа Вмро и Сдс да измилсуваат некакви трети опции (фиктивни ликови, марионети да еднократна употреба, директорчиња) кои успешно осовојуваа мал процент неопределени гласачи, а ова фино им се најде во некои тесни битки како и во мисијата да големите партии го менаџираат и замајуваат народот дека има избор, дека сите се ист, и така да не го мотивираат да излезе со единствен мотив да не гласа за вмро,сдс. Тоа им е реален страв.
Не крај, не се криви политичарите, криви сме ние што не даваме доверба на некои нови.
Автоматски споено мислење:


нема да коалицира се додека нема фина бројка, >10 пратеници. Нема да биде фактор, а ќе ја подели одговорноста и неуспехот. Дури и да коалицира, ќе излезе од коалицијата веднаш штом нема да бидат исполнети тие барања, со што ќе добие уште повеќе рејтин.
Не. Криви се узурпаторите на системот и политичарите од третите опции кои во овие 30 години профилираа(претежно се наменски, но имаше и навистина независни но неспособњаци). Ние како народ или гласачи сме муштерии. Политичарите се тие кои треба да не' привлечат. Е сега, тука има една цака што е узурпиран системот и е сиромашен народот па подоста и се продаваат, но без разлика ако не за власт има одамна доволно расположени гласачи за трета опција која ќе има барем 100К гласачи на свое конто и ќе биде ,,Македонската ДУИ,,.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Јас гарантирам дека дпне со дуи и тачи имаа склопено договор за коалиција и дека Апасиев ги извиси поради фактот што ако го направеа тоа ќе ги снемаше на следните парламентарни.

Апасиев оди на долги стази. Ако сакаше да се шитни ќе се шитнеше пред 4 години.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
18.255
Што е ова поинаку, имаат 15 гласа освоено?
3000 гласа / 2 советнички места
Други резултати непознати
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291
3000 гласа / 2 советнички места
Други резултати непознати
Ете, нивни 3000, уште 3000 на Левица (2000 имаа пред некој месец) вкупно 6к. Нема доволно за втор круг. Нема доволно за мнозинство во совет. А ќе одлучуваат кој ќе победи во втор круг. И кој да формира мнозинство во совет. И ќе мора да изберат ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Две недели порано или подоцна, изборот ќе мора да го направат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom