Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
13 јули 2006
Мислења
9.134
Поени од реакции
9.041
Поголема грешка од тоа тешко можат да направат, да излезат со свои кандидати за градоначалници, што нема шанса да победат и да ја разочараат масата што ќе ги гласа. Единствено да пуштат листи за советници, мада и тоа е голем ризик, подобро е да чекаат парламентарни.
Добро тоа ќе значи дека сакаат да бидат вечна опозиција. Туку ај да не му ја кроиме капата на нероден Петко, туку да му ја мислиме за моменталнава ситуација.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
2.363
Поени од реакции
5.621
Како искусно си го дупи Форина. Апасиев вриска, писка, удара по маси, се караат, форина му ги потроши 3те минути на ништо. На крај коа му завршија минутите си седна, без ништо да каже :pos:
Ептен го заеба Таљат, 14.000 лајкови и 330.000 прегледи нешто незамисливо за Македонски политичар. Ваква бесплатна реклама што доби скапо се плаќа :love:
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
6.896
Поени од реакции
10.336
Добро тоа ќе значи дека сакаат да бидат вечна опозиција. Туку ај да не му ја кроиме капата на нероден Петко, туку да му ја мислиме за моменталнава ситуација.
Не знам што сакаат да бидат, ама за да станат фактор им треба прогрес на следни избори, а не регрес. Со локални избори ќе го добијат второво, а за така мала партија толку треба, полош резултат и кавга до распад.

Моменталнава ситуација не може да е променета, тој што си има власт може да прави што сака, народ го гласал.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
15.441
Еден од наративите на партиските ботови како пиратик и дистанс ранер е дека сме го гласале спасителот и тој не' изневерил. Демек еве видете Апасиев не е спасител, ист хоштаплер е како нас. Перфидно и моронски, но пали кај рајата.
И да напоменам преголеми очекувања да се нема за никого. Народот и бандите на шпоновите и на сдс/вмро се тие. Колачот го имаат и ќе го имаат уште долго. Поентата со Апасиев е да се чуе и гласот на отепаниот граѓанин или пак независниот човек. Кратко и јасно. А не да биде некаков си спасител. Ниту е, ниту може да биде владетел, туку коректив.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
2.363
Поени од реакции
5.621
Поголема грешка од тоа тешко можат да направат, да излезат со свои кандидати за градоначалници, што нема шанса да победат и да ја разочараат масата што ќе ги гласа. Единствено да пуштат листи за советници, мада и тоа е голем ризик, подобро е да чекаат парламентарни.
За градоначалник тешко во моментов, освен да подржат некој натпартиски докажани луѓе од средината каде што доаѓаат а сакаат да се кандидираат преку нив

За советници мора да одат, буквално во секоја поголема општина ако ништо друго може да се освои по 1-3 советници што на крајот ќе бидат уствари и одлучувачки во донесувањето на одлуките (контрола) на општината освен дпмне/сдсм ако не си прават трансфери на советници за да ја заобиколат Левица
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
9.134
Поени од реакции
9.041
Море луѓе сега не туку солете памет, во крајна линија Левица е многу мала партија, па можете сите да го мрдните газот од пред монитор и да влезите во партијата за да промените нешто.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
2.244
Поени од реакции
4.637
Левица на минатите локални добија 1 советник во Карпош а 1 во Скопје (iirc) кога беа анонимуси, на наредни не се сомневам дека ќе добијат доста повеќе. Е сега градоначалник потешко, можеби во некои поголеми општини каде што апла не се популарни СДС и ДПМНЕ како Битола, таму има и една независна партија која регуларно ја гласаат може со нив нешто да се подржат.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
251
Поени од реакции
976
Не знам што сакаат да бидат, ама за да станат фактор им треба прогрес на следни избори, а не регрес. Со локални избори ќе го добијат второво, а за така мала партија толку треба, полош резултат и кавга до распад.

Моменталнава ситуација не може да е променета, тој што си има власт може да прави што сака, народ го гласал.
Да се разбереме така мала партија може да се каже за партијата на Павле Трајанов или на Лиле и такви некој привезок партии кои постојат поради за мене неразбирливи причини. Али партија во Македонија која успеала да си избори пратеници самостојно, а не е фракција на веќе постоечка партија не може повеќе да се нарекува мала партија.Они можеби имаат мал број на пратеници или мала партија не се, туку се само партија.

Друга работа ако освојат советнички места на следните локални ( а ќе освојат доста места сигурно, и тоа баш на местата каде што највеќе боли како Скопје), тоа што градоначалничките кандидати им изгубиле во ниеден случај не значи регрес. Тоа е само една добра шанса за да се промовираат одредени луѓе и да покажат на народот кој се за во следни прилики и што планираат. Да не ни почнувам околу тоа дека колку повеќе гласа си добил повеќе пари и од државата ќе земеш.

Во краен случај Левица ако исфрли градоначалнички кандидати каде што знаат дека имаат подршка тие 5-10% од гласовите може да ги бутнат сите избори во втор круг. А тогаш ќе можат и да се направат договори за подршка и да се изнудат некои проекти на Левица да влезат во програма на општината. А во најдобар случај и ако се пробие некаде на Левица кандидатот на второ место ќе можат и да трампаат подршка во различни општини.

Не можеш во животот да дадеш гол ако си ја земал топката и си седнал на нејзе, зошто ете ако пробаш да шутнеш може ќе промашиш.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
7.087
Поени од реакции
21.018
Поголема грешка од тоа тешко можат да направат, да излезат со свои кандидати за градоначалници, што нема шанса да победат и да ја разочараат масата што ќе ги гласа. Единствено да пуштат листи за советници, мада и тоа е голем ризик, подобро е да чекаат парламентарни.
Зашто да не би пуштиле градоначалници? Па како ќе измерат колку тежат на политичкиот пазар ако немаат градоначалник за Скопје да речеме, или па воопшто да не излезат на избори?

Плус ако стварно им е висок рејтингот по урбаните места сегде ќе има втор круг и негде може тој од Левица ќе влезе во вториот круг па ќе видиме како ќе гласаат граѓаните тогаш.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
9.134
Поени од реакции
9.041
Да се разбереме така мала партија може да се каже за партијата на Павле Трајанов или на Лиле и такви некој привезок партии кои постојат поради за мене неразбирливи причини. Али партија во Македонија која успеала да си избори пратеници самостојно, а не е фракција на веќе постоечка партија не може повеќе да се нарекува мала партија.Они можеби имаат мал број на пратеници или мала партија не се, туку се само партија.

Друга работа ако освојат советнички места на следните локални ( а ќе освојат доста места сигурно, и тоа баш на местата каде што највеќе боли како Скопје), тоа што градоначалничките кандидати им изгубиле во ниеден случај не значи регрес. Тоа е само една добра шанса за да се промовираат одредени луѓе и да покажат на народот кој се за во следни прилики и што планираат. Да не ни почнувам околу тоа дека колку повеќе гласа си добил повеќе пари и од државата ќе земеш.

Во краен случај Левица ако исфрли градоначалнички кандидати каде што знаат дека имаат подршка тие 5-10% од гласовите може да ги бутнат сите избори во втор круг. А тогаш ќе можат и да се направат договори за подршка и да се изнудат некои проекти на Левица да влезат во програма на општината. А во најдобар случај и ако се пробие некаде на Левица кандидатот на второ место ќе можат и да трампаат подршка во различни општини.

Не можеш во животот да дадеш гол ако си ја земал топката и си седнал на нејзе, зошто ете ако пробаш да шутнеш може ќе промашиш.
Една корекција, Левица е мала партија во поглед на членство. Инаку во се друго се согласувам.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.172
Поени од реакции
763
Борат,ќе бидате коректив на власта или ќе рушите се што е антимакедонско во власта,а има баш пооодоста?
Да не сте сигурносен вентил на власта,при вентеуален кушлус да избие баш кај што треба?
Да не сте патриоти таман колку што е Бачев русофил?
 

pLc

Член од
5 ноември 2020
Мислења
88
Поени од реакции
173
Добро те сфаќам што сакаш да кажеш, но и Никола беше најдобрата опција кога го рушеа Бранко, и Заев беше најдобрата опција кога го рушеа Никола, и сега Апасиев изгледа за најдобрата опција кога сакаме да го срушиме Заев. И сите овие испаднаа за нестабилни фаци, забегани, па поучен од минатото не би се залетувал толку за Димче, особено што е следбеник на една нестабилна идеологија.

Можда грешам, не викам не, можда пребрзо го осудив, не викам не, но кога ќе се изгориш на млекото, ќе дуваш и на маштеницата.
Е за кого да гласаме бе брат ко така? Дома да седиме и да чекаме копитата од дпмне и сдс да се смилуваат на народот? Во моментов, а и во блиска иднина подобра опција од Апасиев нема и нема ни да има. Само тешко да се убеди народот напатен да му го даде гласот на Левица пошо ко шо сам кажа горен прегорен е...ама пак 300 000 и кусур народ пред 5 месеци гласаше за сдс и гордо ставаа на фејсбук рамки од партијата на профилни, заедно можеме. И во овој период кај шо власта го дава газо под кирија секаде кај шо стаса и се сери и моча на се она шо за нас значи држава, сеуште голем дел од народо пак ги поддржува и се бори за партијата. Па нема фамилија во земјава чии што предци не виделе зорд од администраторите бугарски и се тоа се гази и погазува и заборава. Ни се мочаат на корените под изговор дека за ЕУ се работи, а чим се работи за ЕУ нели се е дозволено. Да му ебам се нивно предавничко.
 

Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
3.501
Поени од реакции
6.269
На Левица (барем засега) не ѝ треба градоначалник. Да претпоставиме дека ќе добие некој (мене лично не ми се верува), ама тој ќе има врзани раце. Ниту ќе има поддршка од централната власт, ниту од советниците. Само ќе го руши угледот на партијата - не направил ништо, ете каква е Левица. А за советници не е лошо да добие барем 10-20%. Колку да нема монопол некоја од другите партии.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
928
Поени од реакции
1.198
ама пак 300 000 и кусур народ пред 5 месеци гласаше за сдс и гордо ставаа на фејсбук рамки од партијата на профилни, заедно можеме.
Македонија е мала и бедна држава во која цела администрација/државни работи места, го вадат лебот од таа партија за која гласале. Кај нас и држави слични на нас (Србија пример...) функционираат на ист принцип. Ако ме гласаш ќе имаш работа. И затоа неможеме да имаме прогрес. Би ги нарекол проста маса, ама што да прават кога во таква ситуација се, немаат друга опција. Годините исто така си го прават своето, а и не се доволно „искусни“ да пробаат нешто ново.

И јбг, тоа е на крајниот резултат. 300К фиксни за 2те најголеми пратии.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
15.441
Колкав дночај се вмро и сдс им се гледа по наративот од партиските ботови. Значи тие не викаат дека подобри се од Апасиев, туку дека све исто гомно било, сите лажеле и краделе, многу ветувале ама пак исто си било итн. Најопасна теза според мене е оваа за Левица, каде што многу луѓе заради општата апатија не веруваат во промени. Тука губат многу гласови и мора да го наелектризира дополнително електоратот Апасиев за да ја добие оваа маса гласачи. Онакви настапи како вчера палат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom