Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
https://infomax.mk/wp/кype-марксистичко/

Не било само од провладините, еве го и мицковото платениче, кое беше у кома од 15 јули кога објавуваше фејк вести каде ДПМНЕ водело со 2:1, бедник, ама чисто да видат некои кои го мислеа новинарска жртва и борец за демократија, у суштина е само уште еден Саше Политико.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.225
Поени од реакции
661
Се гради база околу Апасиев за да може да го напаѓаат. Во моментов имаат само ФЕЈК ЊУЗ.
Долга е борбата другари. Левица е тука и никаде не брза.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.194
Поени од реакции
20.834
Види немој да ме сфатиш погрешно се сложувам целосно со тебе и со него , шпекулацијата е од тоа што во Левица имаше(незнам сега како е) такви личности и факции , затоа спомнав дека има некоја веројатност но мислам дека најверојатно надворешнава политика не е пишувана од него пошто го сметам за прилично паметен човек , туку од неговите сопартијци пошто е многу несериозна.
Генерално, сите крајни политички опции кои се базираат на идеологија, без разлика дали леви или десни, имаат по некои вакви "егзотични" цели во програмата, кои, кога ќе дојдат во допир со политичката прагма и realpolitik, го губат своето значење.

И да е од него пишувано нештото, како што кажав во претходниот пост, веројатно пишувано е колку да се запазат идеолошките принципи, а не дека нештото го гледал како остварливо во пракса или нешто на кое вреди да се посвети време и кое ќе биде тема на муабет во Собрание.

А не дека нема (или немало претходно) такви фанатици, не ме чуди воопшто тоа. Мене лично овој не ми изгледа на таков фанатик, мислам дека би бил поприземен и попрагматичен кон тие работи.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.556
Поени од реакции
934
Левица и Апасиев ни се единствениот спас.

Го гледав интервјуто, и капа доле му симнувам. Се што кажа човекот е во право.

Особено последниот дел со травата, како тоа Зајко си има оранжерии во Струмичко, и може да извезува, а ако фатат деца у парк со 2 џоинта алфите одма шљакаат, и приведување.

Јас единствено светло гледам во него.
И да не победи сега, барем како што кажа, навлезени во системот, и од внатре разорување.
Барем у собрание ќе им држи лекција.

А баш би ми било мило во иднина да се деси, да освојат они повеќе пратеници, да го соборат овој систем, и Апасиев да стане премиер и да не истера до каде што треба. И секако целосно бркање и замрзнување на сметките на сите Соросоидци, на истиот начин што путин направи, и после враќање на уставното име, и еден голем среден прст на сите држави што само се замараат со нас од корист, особено Америка.

Ќе дојде и тој ден, еее нема ни Заев ни Мицко да се живи и да бидат на власт по 50 години, ќе си изгинат сегашните политичари, младата генерација кога ќе дојде ќе почне да средува работа, ама пак и како што вика самиот Апасиев, може и црно сценарио да се деси, па и да не снема што е многу лошо.

Треба ние сите заедно со Апасиев да се обединиме, и да им покажеме кој сме и што сме, да го урнеме овој систем еднаш за секогаш.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.225
Поени од реакции
661
Генерално, сите крајни политички опции кои се базираат на идеологија, без разлика дали леви или десни, имаат по некои вакви "егзотични" цели во програмата, кои, кога ќе дојдат во допир со политичката прагма и realpolitik, го губат своето значење.

И да е од него пишувано нештото, како што кажав во претходниот пост, веројатно пишувано е колку да се запазат идеолошките принципи, а не дека нештото го гледал како остварливо во пракса или нешто на кое вреди да се посвети време и кое ќе биде тема на муабет во Собрание.

А не дека нема (или немало претходно) такви фанатици, не ме чуди воопшто тоа. Мене лично овој не ми изгледа на таков фанатик, мислам дека би бил поприземен и попрагматичен кон тие работи.
Тоа шо го разглабате нее ништо ново кај Левичарите. Но е одлично за прибирање нови левичари. Лично како левак таа политика ми се допаѓа.
Штета што дпне и сдс немаат ништо освен еу и нато и нема ни што да контраат на таа тема. Нив пари дај им па другите нека мријат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.892
Поени од реакции
35.727
https://infomax.mk/wp/кype-марксистичко/

Не било само од провладините, еве го и мицковото платениче, кое беше у кома од 15 јули кога објавуваше фејк вести каде ДПМНЕ водело со 2:1, бедник, ама чисто да видат некои кои го мислеа новинарска жртва и борец за демократија, у суштина е само уште еден Саше Политико.
Му гори на газдата негов, на следни избори особено ако успее да прогура една изборна единица ќе им тргне сигурно уште толку гласови и барем 3 пати повеќе пратеници.
Автоматски споено мислење:

Во делот за Кипар, Гоце баш погоди, тука за првпат Апасиев остана без текст, кога секогаш спремниот со одговори Апасиев ти одговара со „комплициран случај“ и „ај да не зборуваме за тоа“ значи погодено е прашањето. Инаку Гоце можеше да биде многу поагресивен и понападен во разглобувањето на програмата ама немаше време, јас би сакал да го видам Апасиев кај Ефтов, ама немонтирано и во живо.

Затоа викам, еве и тебе како член и подржувач ти викам, држете се на домашните прашања каде се добиваат гласови, тоа што Левица препишала од други левичарски партии за Баскија и Палестина, тоа е тотално непотребно во програмата. Ако тргнеме од геополитички и историски конотации прашање е дали воопшто палестинците се нација или арапски народ што живее на територијата на историска Палестина, па по аналогијата на Апасиев, тие веќе си имаат национални држави за остварување на своето право на самоопределување.
Освен тоа, ако веќе се залага за самоопределување, тоа ептен се коси со неговата определба за партнерство со Кина, имајќи ги предвид правата на самоопределување на Ујгури, Тибетанци, Монголи и други. Не го знаеме неговиот став за други слични прашања, србите во Босна, Унгарци во Романија, Крим, русите во источна украина.

Левица има шанси да стане озбилен фактор со 30-40 пратеници само во една комбинација, на еден од СДСМ или ВМРО да им се случи ПАСОК, па така без централна команда и структура, Левица да ги приграби тие гласачи и партиска база. Но тогаш, таквата Левица, како што кажав претходно, во многу ќе се разликува од сегашнава олицетворена единствено во ликот на Апасиев, како што и оригиналната Сириза е нешто сосем различно од онаа Сириза со која Заев го потпиша Преспанскиот.

И дај нека го викне некој на интервју и вториот пратеник, ваљда има човекот свој став за нешто, не е Апасиев алфа и омега, колку и да му е омилена С.Кореа :)
И да не е монтирано и да е во живо нема да му дава збор и само ќе се препињаат, а голема е веројатноста да му згазне на нерв и да стане од интервју.
Му треба уште многу смиреност и трпение на Апасиев, плус и да внимава да не избувнува и да си кажува планови унапред, одлична филозофија си има, дури и со прогресивниот данок рачунај да имаше подобра покриеност од медиумите пред изборите ќе имаше сигурно уште барем + 2-3 000 гласови од млади луѓе. Али си има време, бесплатен маркетинг ќе му биде говорницата, а ако е бистар да направи активна кампања во следните 2 години преку онлајн медиуми, па макар и отворање на негов портал на следните избори ти гарантирам дека ќе им тргне далеку повеќе гласови.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.655
Во делот за Кипар, Гоце баш погоди, тука за првпат Апасиев остана без текст, кога секогаш спремниот со одговори Апасиев ти одговара со „комплициран случај“ и „ај да не зборуваме за тоа“ значи погодено е прашањето.
Пропушти еден важен дел да спомнеш, дека си призна Апасиев дека не се разбирал многу во таа ситуација.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Апасиев најави дека во собрание ќе се бори против апанажата или поточно лапанажа шо ја земаат пратениците после завршувањето на нивниот мандат.Исто така патните трошкови да се намалат на ниво на автобуска карта.А не Мира Дизел и таквите како неа да купуваат станови само од патни трошкови на годишно ниво.Исто така ги спомна и 1500 те паразити шо се закачени на државна цицка пошто нели биле борци за човекови права.Е сеа да си работник шо ринта во моментов за минималец и да не гласаш за Левица,а да ги подржуваш Курто и Мурто стварно треба да си невиден пациент!
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.008
Поени од реакции
84.668
Многу butthurt се двете страни послем синоќешното интервју... а само до пред месец дена во дуели му ги праќаа Петар Богоевски и Стојанче кои се 0 фактор на политичката сцена, за да сега мораат со цела нивна пропагандна машинерија да удираат по Апасиев.

Апасиев го кажуваше она што го мисли секој Македонец, и за владеењето овие 30 години, за големиот апетит на Албанците, за криминалот и неспособноста на институциите, штетните договори за добрососедство. Чим сега кубат коси на едно интервју од саат време, замислете што ќе биде кога првпат ќе излезе пред собраниска говорница :pos: .
 
M

Macedon1um

Гостин
https://infomax.mk/wp/кype-марксистичко/

Не било само од провладините, еве го и мицковото платениче, кое беше у кома од 15 јули кога објавуваше фејк вести каде ДПМНЕ водело со 2:1, бедник, ама чисто да видат некои кои го мислеа новинарска жртва и борец за демократија, у суштина е само уште еден Саше Политико.
Чим почнаа синхронизирано да го хејтаат пајташите од Дпмне-Сдс па и Дуи многу јасно кажува тоа дека партијава е баш на прав пат

Ај со Сдсм знаеме одма што е работава, ама јакото е што и Дпмне се осеќаат веќе загрозени :D голем дел од членството во Апасиев гледаат поголем лидер и заштитник на националните интереси отколку во било кој друг лик од сегашното раководство на Дпмне, допрва ќе ги фаќа нервоза и ќе станува интересно

Апасиев најави дека во собрание ќе се бори против апанажата или поточно лапанажа шо ја земаат пратениците после завршувањето на нивниот мандат.Исто така патните трошкови да се намалат на ниво на автобуска карта.А не Мира Дизел и таквите како неа да купуваат станови само од патни трошкови на годишно ниво.Исто така ги спомна и 1500 те паразити шо се закачени на државна цицка пошто нели биле борци за човекови права.Е сеа да си работник шо ринта во моментов за минималец и да не гласаш за Левица,а да ги подржуваш Курто и Мурто стварно треба да си невиден пациент!
Барем од мојава околина што гледам баш работниците со минималец или блиску до тоа се најмалку што гласаат за Левица, многу повеќе гласови доби од пообразовани и ситуирани граѓани кои им се скурчено од тоа што водечкиве партии направија од државата. Затоа и мислам Апасиев вчера експлицитно им кажа на оние обични граѓани, дека со гласаањето (шиткањето) кај дпмне и сдс се соучесници а не жртви на системот кој 30 години ги цеди до максимум по секој основ

500 години ропство очигледно оставило траен белег врз менталитетот на Македонецот..
 
Последно уредено:

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.156
Поени од реакции
5.126
Одамна не су гледал слично интервју на некој кој веќе влегол во Собрание а не само пред избори што збори.
Она што го збори го мисли секој обичен граѓанин што не зависи од ниедна партија,само ми е страв да не го "скинат".
Има многу време ќе видиме како ќе се покажат, засега делуваат како да можат да бидат трета опција и ако продужат у овој правец и не се продадат го имаат мојот глас на наредни избори.
Е сега би сакал малку да го слушнеме и другиот пратеник.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Јас онака бегло ама го следам политичкото миље и кој што истрескал во јавност, од 80 па наваму! Не одамна, туку до сега немало вакво интервју, воопшто!
Можат да го скинат само од внатре, преку партијата, оти пара врти кај бургија не може!
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Е сеа да си работник шо ринта во моментов за минималец и да не гласаш за Левица,а да ги подржуваш Курто и Мурто стварно треба да си невиден пациент!
Копитата непотковани Курто/Мурто со рамковната Антич(ка) гнида во координација со самопрогласениот корпоративно-капиталистички реален во суштина феудален сектор, огромен дел од сите вработени вработени од тие неквалификуваните и нискокфалификуваните со минималец до висококвалификуваните со некој сарма-просек на еден зелка друг месо, ги донесоа до раб на издржливост.

Мој впечаток од мојата околина е дека на овие избори за Левица гласаа пообразовани кои можеби не се на финансиски минималец, ама севкупно се доведени до состојба на нечовечки животен стандард, како луѓе кои повеќе следат и читаат за општествената состојба од тие што ринтаат за минималец. Се надевам дека овој резултат ќе ги охрабри и тие на минималец да гласаат на следните избори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom