Во делот за Кипар, Гоце баш погоди, тука за првпат Апасиев остана без текст, кога секогаш спремниот со одговори Апасиев ти одговара со „комплициран случај“ и „ај да не зборуваме за тоа“ значи погодено е прашањето. Инаку Гоце можеше да биде многу поагресивен и понападен во разглобувањето на програмата ама немаше време,
јас би сакал да го видам Апасиев кај Ефтов, ама немонтирано и во живо.
Затоа викам, еве и тебе како член и подржувач ти викам, држете се на домашните прашања каде се добиваат гласови, тоа што Левица препишала од други левичарски партии за Баскија и Палестина, тоа е тотално непотребно во програмата. Ако тргнеме од геополитички и историски конотации прашање е дали воопшто палестинците се нација или арапски народ што живее на територијата на историска Палестина, па по аналогијата на Апасиев, тие веќе си имаат национални држави за остварување на своето право на самоопределување.
Освен тоа, ако веќе се залага за самоопределување, тоа ептен се коси со неговата определба за партнерство со Кина, имајќи ги предвид правата на самоопределување на Ујгури, Тибетанци, Монголи и други. Не го знаеме неговиот став за други слични прашања, србите во Босна, Унгарци во Романија, Крим, русите во источна украина.
Левица има шанси да стане озбилен фактор со 30-40 пратеници само во една комбинација, на еден од СДСМ или ВМРО да им се случи ПАСОК, па така без централна команда и структура, Левица да ги приграби тие гласачи и партиска база. Но тогаш, таквата Левица, како што кажав претходно, во многу ќе се разликува од сегашнава олицетворена единствено во ликот на Апасиев, како што и оригиналната Сириза е нешто сосем различно од онаа Сириза со која Заев го потпиша Преспанскиот.
И дај нека го викне некој на интервју и вториот пратеник, ваљда има човекот свој став за нешто, не е Апасиев алфа и омега, колку и да му е омилена С.Кореа