Леле што глупости се изнапишаа.
Малце истражување нема да е на одмет луѓе.
Прво, за да коментирате, мора да го истражите контекстот на нештата и да прочепкате и малку подлабоко да добиете генерална идеја, наместо про-форма површни опсервации и коментирање.
Имено, Македонскава партија Левица, е на иста идеолошка линија со останатите “екстремно левичарски” партии во, пред се, Европа.
Нашава Левица е да речам последна од низата нео-левичарски партии во Европа, кои се парламентарни играчи во скоро сите држави, можеби една декада наназад. Како такви, тие веројатно добиваат поддршка од Die Linke(Германија) и Podemos (Шпанија). Има уште многу вакви партии, но овие ми паѓаат на памет во моментов. Сите тие партии, јавно повикуваат на бојкот против еве Израелски производи. Во Ј.Кореа мислам дека е забрането формирање на ваков тип на партија токму заради оваа причина. Die Linke беа поистоветувани со фашизам кога Меркел го посети израел, и во континуитет повикуваст на бојкот против Израелски продукти.
Арно ама, нашиве кутри политички експерти поим немаат да соберат 2+2, и со тоа го изразуваат сето свое незнаење, поистоветувајќи ја Левица и на овој начин со некаков фашизам. Да разјаснам, нема ова никаква врска против евреите како народ. Проблемот со овие три држави е фактот што Европската екстремна левица е масивно против војните за територии од “стратешки интерес” за УСА како што се триве наведени. Исто така, екстремната левица масовно се залага (барем така се декларираат) за ДЕМИЛИТАРИЗАЦИЈА и спречување на американскиот империјализам, hence анти-НАТО ставовите на Левица од МКД.
Може ова да ви се допаѓа или не, може ви е нелогично... ама тоа се ставовите на европската радикална левица во последниве 10+ години, и по таа основа, Мкд Левица е на иста идеолошка линија со своите Европски партнери, да ги наречам.
Ова и мене ми беше парадокс уште во 2016та кога се мислев да ги гласам ама не искочив воопшто. “Кои сме ние да наредуваме/одлучуваме за држави кои се 100000 пати помоќни од нас и можат да не збришат за 1 секунда”. Но, ова е само идеолошка линија контра Американскиот глобален експанзионизам и империјализам, макар про-форма. Затоа они (левичарите) немаат ништо против, да речеме Баскија или Каталонија (кои се пстем стожер на Шпанскиот комунизам), бидејќи тоа се стреми на стриктни намери на населението за отцепување, наместо (историски а и сегашен) Американски гео-стратешки интерес во даден регион.
Исто, секоја партија за да достигне раст (среднорочен, краткорочен или долгорочен) мора да има популизам. Така функционираат нештата во 2020.
Јас лично, немам проблем со ова, бидејќи се доследни на Европската радикално левичарска кауза (иако со ова покажуваат дека се copy-paste во поглед на идеологијата и програмата и губат на автентичност). Но, би имал и те како против ако почнат како партија да јаваат на секоја “популистичка” тема како еве на пример - 5г, вакцини, мигранти (по теркот на Пернар/Жив Ѕид) со што тотално ќе го изгубат својот идентитет.
Имаше едно видео од Германскиот бундестаг кое стигна до Балканот и беше споделувано доста од симпатизери/поддржувачи на десни опции во МК, кадешто припадничка на Die Linke повикуваше на престанок на “орангутанството” поддржано од Америка од страна на Албанците на Балканот... и сега имаме обратно сценарио, кадешто Левица е етикетирана како основа за нестабилност на регионот и слични полувистини.
Моќни се соросписките ботови, се гледа од километар дека сакаат да ја оцрнат оваа партија и да ја изедначат со Интегра во поглед на баналности кои се извадени од контекст. Кога сме веќе на таа тема, fun fact, Бугарија има лансирано “комуникациски” сателит, кој коштал некаде околу 250-300 милиони евра.
Не дека Интегра не се смешници, ама тука се разголија сороските твитерџии колку само се тешки ботови.
Остајте ги нека твитаат на раст, за некоја година само таквите “woke“ ликови ќе си останат на таа социјална мрежа, како што почнало... Ќе си се согласуваат едни со други и ќе си мислат дека само они се во право и дека се мнозинство. Ете, качија левел и почнаа со bullying, очито по нарачка.
Ако сакаме/сакате да ја помогнете каузата и, мора малце подлабоко да прочепкате/прочепкаме и со вистината и објективноста на наша страна, заеднички да се изборите/избориме против вакви полу-обиди за оцрнување.