Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Мене ме интересира зошто да се повлече признавањето за Косово, а истовремено да се признаат Баскија и Каталонија? :D
Истото сакав да го речам, комедии од програма за меѓународна политика, или ги подржуваш сите сепаратистички движења или не подржуваш н ниедно.

Тоа со Изрел ваљда е оти Левица се залагаат за независна Палестина, за Ј.Кореа оти сакаат поблиски врски со Кина и ја сметаат С.Кореа за единствената легитимна Кореа.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Мене ме интересира зошто да се повлече признавањето за Косово, а истовремено да се признаат Баскија и Каталонија? :D
Затоа шо Косово за нас е извор на нестабилност,меѓу другото.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Затоа шо Косово за нас е извор на нестабилност,меѓу другото.
Ок, која е оправданоста за признавање на Баскија и Каталонија, ако го повлечеш признавањето на Косово?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
За џабе се повторуваме пак.
Пишано е за ова наназад на темава.
Сега за неколку дена пак ќе се логира некој од штаб и ќе го постави истото прашање споредувајќи го со вселенската станица на Интегра.
Можеби сум прескокнал, ама не гледам логично објаснување за непризнавање на Ј. Кореја и Израел.
Не гледам логично објаснување ниту за поднесените фалш приговори.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.984
Дoбрo штo се интересирaте зa нaдвoрешнaтa пoлитикa штo ке јa вoди држaвaвa вo иднинa.Сегa кoгa ги решивме сите прoблеми внaтре кaј нaс,време е фoкусoт дa се нaсoчи кoн нaдвoрешнaтa пoлитикa сo Изрaел и Јужнa Кoреa
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Ок, која е оправданоста за признавање на Баскија и Каталонија, ако го повлечеш признавањето на Косово?
Е па ќе заостриме односите со Шпанија која ќе ни стави 5 вековен бан од ЕУ.:(Како шо кажав и предходно надворешнава политика дефинитивно треба да си ја преиспитаат.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Е па ќе заостриме односите со Шпанија која ќе ни стави 5 вековен бан од ЕУ.:(Како шо кажав и предходно надворешнава политика дефинитивно треба да си ја преиспитаат.
Дефинитивно. А надворешната политика е исклучително важна, настрана што луѓе мислат дека прво треба проблемите да се решаваат внатре во државата. Неретко тоа се заемноповрзани работи, затоа што да бидеме реални, „реал политик“ е реалност.

Кога сме кај политиките кои ги застапува Левица, пример мене ми се допаѓа државата да биде во една изборна единица, што се надевам ќе доведе до вистински партиски плурализам.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Значит прво смири се, земи воздух, напи се вода и изброј до 5.
Јас имам попаметни работи одколку да читам sci-fi програми од македонски партии.
Едино само тој дел од програмата ми се виде интересен и по трет пат прашвам шо му е на Димче маката со Ј.Кореја и Израел??
Дали има објаснето некаде за ова или онака е бапнато?? Дали некој од вас фановите на Димче може да го објасни ова?
Јужна Кореа заради тие шо го носеа короната во Скопје, мрш корона го ту Кина, ама после испадна дека биле Корејци, иначе барањето ќе беше да се повлече признавањето на Чајна :kafence:

А и тоа ќе се случи, ако му се расипи на Димче правосмукалката :нинџ:
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Што се замарате со надворешна политика? Може да пише дека кога ќе дојде на власт ќе и објави војна на Марс и Јупитер, никој нема да се потресе. Ние не сме никаков фактор ни во нашата внатрешна политика, вие се засекиравте за надворешната. Цртан филм е сето тоа, тие што мислеле да не банираат за во ЕУ, решени се и никакви наши шкрабаници од партиски програми нема да сменат ништо.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Стварно, зашто за овие земји да се отповика признавањето? Што згрешиле до толку.

Ај да изиграваме као да сме некој фактор во светот за признавање држави.
Затоа што сите три се вештачка творба.Израел е создаден на Палестинска земја,Косово на Србска,а Корејскиот полуостров е резделен,со договор на СССР и Америка.
Автоматски споено мислење:

Што е ако не е дилетант? Типот сака да не вовлече во срања со тие негови глупости со повлекување на признавање на Јужна Кореја и Израел, плус да признаеме Баскија и Каталонија?

И што со тоа ќе бидеме црна овца не само на Балканот, туку во цела Европа би биле црна овца, уште да сме станеле дел од некое срање од Кинески проект на свилата......
Аман,прочитајте малце,типот е против иммеријализам и сепаратизам!
Автоматски споено мислење:

Ок, која е оправданоста за признавање на Баскија и Каталонија, ако го повлечеш признавањето на Косово?
Прочитај историја,макар и Википедија,имќе сфатиш,зашто
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.929
А бе каков Израел, на кого во оваа држава му е дојдено до Израел, на карта не можат да го најдат каде е.

*Половина од членовите на темава викаат, да кликнам на спојлеров па ќе отворам Google Maps, срамота е

Нека не трескаат работи што никогаш нема да можат да ги направат, затоа што еден ден кога ќе дојдат на власт ќе им се удри врз глава. Ќе бидат како еден што викаше дека додека го дишел овој Македонски воздух...

Ајде, оправдано му е, го понесе еуфоријата. Нека дрмне некое апче и нека се смири малце, аман :LOL:
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Ок, која е оправданоста за признавање на Баскија и Каталонија, ако го повлечеш признавањето на Косово?
Дали ако Македонците од Егејот и Пиринот,утре станат за независност,би било не оправдано?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Дали ако Македонците од Егејот и Пиринот,утре станат за независност,би било не оправдано?
Пошто на прашање со прашање одиш, еве и јас со прашање - ако Македонците од Егејот и Пиринот прогласат независност, дали тоа значи дека и прогласувањето независност на Косово е оправдано? Затоа што принципите на меѓународното право треба да се еднакви за сите, нели?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Да земеше 50+ пратеници па да дискутиравме за ова, сега не ве разбирам, паѓате на финтите што им ги ваѓаат штабарите за да ги оцрнат.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Да земеше 50+ пратеници па да дискутиравме за ова, сега не ве разбирам, паѓате на финтите што им ги ваѓаат штабарите за да ги оцрнат.
Јас им ја разлистав програмата уште пред избори, за разлика од програмите на други партии кои немам ни намера да ги отворам, и ми падна ова во очи како контрадикторно.

Како и да е, очекувам Левица да остане опозиција и жестоко да напаѓа од собраниската говорница и така постепено да го билда својот рејтинг. Се' поинаку мислам ќе биде негативно за нивните идни намери за освојување поголем број на пратеници. Прво нешто што ќе го направат е, бар моја претпоставка, ќе предложат измени на Изборниот законик и една наместо шест изборни единици во Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom