- Член од
- 5 септември 2009
- Мислења
- 3.528
- Поени од реакции
- 619
Одлична раса на кучиња, јас планирам да си набавам еден
Може,јас го сретнав како мутацијаОва е мешање на различни раси.
^ Еве еден пост од темава на претходната страница, типичен пример за гореспоменатото.Да да, точно е дека е до гените, значи еве јас имам лабрадор, не е ретривер, исто така е црн.
Да, апсолутно се согласувам, секоја раса колку и да е мирољубива, знае да изреагира заштитнички кон својот сопственик.Lu да ти кажам дека и лабрадорот знае да реагира кога има потреба! Тоа го имам видено сама од мојава, еднаш има заштитнички изреагирано што секако многу ме израдува.
Инаку, како што ти кажа секоја раса си има своја намена, па така оваа раса местото го нашла во помагањето на луѓето на еден начин.
Леле јас одма ќе им најдам маана,ако ги имам ставено и јас сликите,ако те интересирата и тебе ке напишам. Инаку поим за лабрадор за мене еДа, апсолутно се согласувам, секоја раса колку и да е мирољубива, знае да изреагира заштитнички кон својот сопственик.
Но јас зборам за генералните карактеристики на расата.
Воглавном Лабрадор Ретриверите се карактеристични по мирољубивиот карактер, воопшто несмеат да покажуваат агресивност и острина во карактерот, и многу се доверливи кон непознати луѓе, тоест одат кај секој што ќе ги викне и секогаш се расположени за игра и за галење со непознати луѓе.
Ваквиот карактер на мене баш и не ми се допаѓа, едноставно не ги исполнува моите критериуми што ги барам од едно куче.
Спомнав во претходниот пост дека јас сакам остри раси (Доберман, Ротвајлер и сл.), но како што кажав секој си бира раса според своите желби и потреби.
Лабрадор Ретриверот е одлично фамилијарно куче, и јас секогаш го препорачувам на луѓе кои што се почетници и кои што немаат искуство со кучиња, токму поради нивниот мирољубив карактер.
Се на се, одлично фамилијарно куче, и одлична раса за почетници.
Еве 2 слики како треба да изгледа квалитетен примерок од оваа раса:
Според моето(скоро никакво ) познавање на лабрадори можам да увидам грешки на овој лабрадор:Леле јас одма ќе им најдам маана,ако ги имам ставено и јас сликите,ако те интересирата и тебе ке напишам. Инаку поим за лабрадор за мене е
познатиот Dickendal Arnold кучето неколкупату било прогласувано за top producer во Америка и оставило многу голема трага во историјата на лабрадорите.
и мојот омилен лабрадор
Kai Dens Power Surge-Asher
Точно така, тоа се вика фанон,само што во овај случај од овој агол не се најдобро гледа колку е развлечен.. Ништо од тоа не се смета за грешка,едноставно тоа е вкус,мегутоа јас би сакала посува муцка,значи да не се растеглува кожата ко на шар пеи. Погледни му ја самата муцка, гледаш како усните му висат? Тоа се жвалите и мене лично не ми се допагаат.Според моето(скоро никакво ) познавање на лабрадори можам да увидам грешки на овој лабрадор:
Многу висната муцка(на питбул личи ),спуштени очни капаци,и ако не се лажам,не смее да има толку набори на грлото?
Колку е старо?Кај мене е нај, нај, нај во цело село, ама проблемот е што е агресивен со машки кучиња, башка што е немирко.
Го пуштив на дресура за да се намали агресивноста, ама нема некој резултат. Досега нема каснато куче, но зар'жува и лае кога ќе се најде во близина на воздрасен мажјак.
Другар,ова го слушам се повеќе и повеќе и од други луѓе, исто така сопственици на лабрадори, тоа не би требало да се случува, бидејки расата не е склона код агресија, иако се работи за мажјак.Кај мене е нај, нај, нај во цело село, ама проблемот е што е агресивен со машки кучиња, башка што е немирко.
Го пуштив на дресура за да се намали агресивноста, ама нема некој резултат. Досега нема каснато куче, но зар'жува и лае кога ќе се најде во близина на воздрасен мажјак.