Овој пост ќе содржи:
Мои лични негативни доживувања со кучиња.
Една приказна.
И малку саркастични споредби.
Гледам дека многу модератори и администратори се вртат на темава па нека знаат однапред што е напишано, можеби ќе им се види долго за читање а треба нели да го оценат дали е на тема или вон тема. :smir:
Значи вака.
Ме имаат нападнато кучиња. (лелее ѕверови ај сите да ги истребиме :uvo

Прв случај.
Како дете во село (кај баба и дедо) ми се пушти едно селско куче, ми скокна со нозете на гради и ми лаеше во фаца. Беше колку мене и бевме фејс ту фејс.

Тоа лае јас му викам „аман бе смири се што ти згрешив, мирен ова она“ и за “ЧУДО“ кучево ме разбра и ми се симна од гради. Не оти се исплаши од мене туку виде дека не сум закана по него и по имотот на стопанот му негов.
Втор случај.
Идејќи накај еден другар, поминував преку една ширинка. Таа ширинка (ливада) не е државна туку си имаше газда ама тој не ја обработуваше бидејќи не живее тука. Е јас да скратам пат си поминивав низ еден отвор од оградата и си идев кај другарчето. Еден ден од другиот крај ми се пушти кучето на газдаваа,(си дошол човекот

) голем волчјак . Тогаш најверојато срушив државен рекорд на 100 м. а на крајот и прескокнав (на право) и ограда висока повеќе од метро ипол. Ништо не мотивира повеќе од страв.

Трет случај.
Поминувајќи пешки покрај старата кланица (Годел) кај семафорите на раскрсницата бев, кога од кај влезот на кланицата ми се стрчаа пет огромни разбеснети кучишта. Тогаш си помислив дека толку од мене, немав ни каде да бегам ни со што да се одбранам. Ама во последен момент (кучињата ми дојдоа на неколку чекори) искочи чуварот од колипката и ги викна кучињата да се вратат.
Тие и понатака си лаеа ама не трча накај мене па јас полека си продолжив по патот обидувајќи се да не ги испровоцирам.
Објаснување:
Во првиот случај ненамерно од невнимание “повредив“ територија на куче чувар и за тоа си добив сериозно предупредување.
Во вториот случај кучето намерно беше пратено на мене од газдата за да ме исплаши. Во западно-европска држава од газдава ќе можев да наплатам дебела оштета од која лесно ќе ја покриев и казната за незаконско поминување преку туѓ имот.

Е а во третиот случај имате класична ЗЛОУПОТРЕБА на кучињата скитници кои што чуварите од кланица ги хранат со крвишта и месо и ги тренираат да напаѓаат за да тие си спијат на работа.
Проценете кој е виновникот во сите гореопишани случаи.
Сега една приказна. (Од баба и на сопругата е приказнава)
Во Струга пред војната како и во сите градови во македонија луѓето си чувале кучиња а имало и по некое улично нели.
За време на војната во Струга дошле Италијаните, тоа се едни многу љубезни и со манири западноевропски господа. Тие поради нивната љубезност од мештаните биле добро прифатени и си воспоставиле така да кажам нормален однос, без некое големо непријателсво, омраза или незнам што.
Но, по некое време Стружани приметиле дека нагло се намалил бројот на кучиња во градот, како на скитниците така и на домашните. Секојдневно на некој му изчеснувало кучето. За само 2-3 месеци откако дошле Италијаните во градот не останало ниту едно куче. Све су то брача талијани појели.

Меѓу другите настрадало и кучето на баба Наде.

(заборавив како се викало)
Ова е еден саркастичен предлог за да се “реши“ проблемов со кучињата скитници.
Го наведов чисто онака колку да се разјасни зошто не шетаат ОВЦИ низ градот, кои што ги нудите како контра аргументи.:jaj:
Да јас не сум вегетаријанец. Јадам месо купено од месара, И !!! Сеуште се згрозувам ако видам како се коле некое животно, се згрозувам кога ќе ги видам цели јагниња обесени во месара и пака на крај ќе кажам дека сепак човекот е најголем ЅВЕР. Сме се искачиле највисоко на синџирот на исхрана тоа е факт но тоа не ни ги оправдува и нашите хирови на непотребно одземање туѓи животи и уништување на се пред себе што во моментот не ни е по воља.
Сликата колку е нешто страшно и ѕверско не е реалната (вистинската што е) туку е такава кава што самите луѓе ќе ја “исцртаат“ и претстават.
Еве клипче како слаткото јагне (од предходните постови) може да биде и СТРАШИЛО ако му се стави маска.
Не успеав да го најдам клипот каде што една разбеснета овца го нападна човекот, ја искши оградата го бркаше до кола и после му ја излупа и колата. Абе невидено “чудовиште“ од овца. :pos2:
Во еден мој предходен пост бев оспорен дека птиците не се опасни. А „ПТИЦИ“ од Хичкок сте го гледале. :nesvest: :pos2:
Муабетот ми е дека се е опасно и страшно онолку колку што сами ќе си искреираме во главата.
Немојте да бидете себични како што сме по дефиниција ние луѓето. (ми сметаат, ми прљаат ова она. :nenene

Пробајте да ја согледате и другата страна. Кога ќе ви кажат за некој “напад“ од куче, пробајте да ја дознаете целата приказна да ја видите целата слика не по дифолт да барате успивање.
Ај да прекинам со време да не станам предолг во пишувањево.:kesa: