ццц
Кога го отворив форумов, си реков ќе биде еден од оние досадни форум каде што всушност и не постои разлика во размислувањата, сите, со исклучок на неколку стандардни `контраши`, имаат заеднички став и се согласуваат во своите ставови. Очекував дека сите ќе пишуваат како `не е хумано да се убиваат здрави кучиња` и `треба да се најде подобро решение`. Ни на крај памет не ми падна дека постојат такви СТВОРОВИ, најверојатно нереализирани во секој поглед од своето суштествување, кои само поради тоа што се родени во човеколика форма се привилегирани да го носат називот Човек, кои сметаат дека треба само да се донесе КОНЕЧНОТО РЕШЕНИЕ, а тие да си ја свртат главата настрана, бидејќи нив не ги тангира тоа. Со тоа нека се занимаваат оние `кучкарите`. Тоа се истите оние луѓе што кога ќе видат куче на улица, на своите несреќни деца, (несреќни што се родиле од семето на таков `дрк..ија), им се обраќаат со зборовите `шутни го кучето`, перејќи им го детски мозок и одредувајќи им го патот да станат верни нивни копии, мизантропи. Што да ви кажам луѓе, ако неможеме да сакаме такви суштества што по природа не се агресивни кон нас, како би можеле да се почитуваме меѓусебе. Се знае дека има проблем со бројноста на кучињата на улиците, ама луѓе тоа е процес што трае и кој бара финансии и на кој мора да се работи, а за резултати треба да се почекаме неколку години.... Доколку сите нови кучиња констатно се кастрираат, а животен век на улично куче на нашиве улици не поминува над 5-6 години, јасно е дека за не толку долг период целиот проблем ќе биде ставен под контрола. Кастрирајте ги кучињата од стационарот и пуштете ги на улица... А ако нема пари, изградбата на неколку споменици и статуи нека почека барем година две, па ете финансии.