Среќа дојде некој што знае што збори и има некоја поента на темава. Ти пак ми збориш неповрзани работи, па дискусијата со тебе завршува овде.
Иначе
Наташа Радио Милева Мара, се сложувам дека треба некој да работи на средување на ситуацијава со кучињата бездомници, јас тоа го зборам уште од почетокот на темава. Не дај боже, веќе имаше настрадани во последната година, мене лично ме бркала кучка зашто несакајќи се приближив до местото каде што и беа родените кученца...ќе има пак инциденти.
Ако веќе не се решава на правилниот начин, тогаш сум да се дозволи успивање на истите. Си има организации за кучињава, нека мрднат со малиот прст и нека понудат тие конкретно решение. Ви кажувам дека по првиот поголем инцидент, кучињава ќе бидат запалени како пред Олимпијадата, едноставно таков народ сме. Мора да се мисли на реалноста во која живееме, ако веќе политичарите не се занимаваат со ништо, нека ги тргне некој друг од улица на правилен начин.
Ако нема таков, тогаш нека се иде на успивање пред да се предизвикаат несакани инциденти.