Кучиња скитници

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    606

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Се извинувам вака што ќе улетам на темава, ама секој кој вели дека кучињата-скитници „не напаѓаат без провокација“ според мене е морон. Друга причина не гледам за ваквото наивно-како-паднат-од-Марс размислување.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Види друже, технички не си во право.

Кучињата како такви, освен ако не се побеснети, нема да нападнат без "провокација". Е сега, проблемот е што провокација за нив е кога возиш точак, кога одиш некаде блиску до нивната храна (а не се ни гледа тоа), кога им улетуваш навечер додека јадат или одиш блиску до кучка со мали кученца.

Мора да разграничиме овде, кучињата во никој случај сами по себе не се криви, што да прават, кучиња се. Да очекуваш од нив да имаат интелигенција еднаква на човекот е нереално. Имаат добра душа, да, ама и малите деца имаат добра душа па не им даваш да си играат со пиштоли бидејќи толку им сече.

Местото не им е во град како скитници, а сите што тврдат спротивно се во тоа паднат-од-Марс размислување...
 
Фала богу дека за кучињата поимот „провокација“ има друга дефиниција. Еве, најголемата провокација поради која јас сум напаѓан е што поминувам покрај романска амбасада навечер. Значи, чекорам. Сакам да кажам, едно е она кое кучињата го подразбираат како провокација (чекорење, возење тротинет), а друго е она кое луѓето го подразбираат како провокација. А оние кои мене ми велат да не провоцирам се луѓето. Значи, или се прават наудрени, или ми наговестуваат да лебдам наместо да чекорам. Трето нема.

Не дека јас ги мразам кучињата скитници. Напротив, ги жалам. Не се тие виновни што наместо во двор живеат на улица, што јадат од ѓубре наместо да јадат Pedigree. Ама факт е дека преставуваат опасност која треба да се елиминира, one way or the other.

П.С. Мислев дека се' имам прочитано од Пумата, се' додека не влегов на темава.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Нормално, кога скитници нападнале човечки суштества - нема коментари на темава.

Кога коњ бил убиен за филмски потреби - 10 страни преку ноќ.
Не дај боже некое куче скитник од кола да било згазено, ќе се отвореше темава за "гнасната човечка раса".

Ајде луѓе, коментирајте, кај се тие што тврдеа дека нема напади од кучињава?

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9D5C82E233862648BD69F335F6317493
 
M

Moon Child

Гостин
http://www.facebook.com/media/set/?set=a.3292014583958.2131117.1375577083&type=1

Apel do gradonacalnikot i sovetnicite vo Sobranieto na Veles. Gospoda cas poskoro treba da rascistite so glutnicata na kucinjata skitnici koj gi ima najveke od kasarnata pa se do centar. Deneska bev svedok kako od cista mira glutnicata od kucinja mu se pustija na eden decko koj si odese po trotoarot vo neposredna blizina na niovatacrkva, covekot vo panika begajki bukvalno se frli pod trkalata na edna kola .... Gospoda pratenici i geadonacalnice utre tova moze da bide vaseto dete. Lesno vie da gi kaznuvate sopstvenicite na kucinja oti nemale korpi, gopoda ovie kucinja nemaat nitu sopstvenici nitu korpi. A graganite plakaat danok veruvajte pobezbedno se osekam na Begovo ple megu 60 sarplaninci nego vo ovoj grad...

Еве што се случило денеска во Велес.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Страшна работа, страшна.

"Bojance .... Bojance ... me iznenaduvas ... bev tamu , i se se sluci na 2 m od mene ... steta sto so kamera ne e snimeno ona sto denes se sluci ... Pateticna situacija , nekoj nastrada od kucinja skitnici , od negriza na nasata opstina , denes edno dete , utre nekoj drug nedaj boze ... Vanco se najde na pravo i vistinsko mesto so aparatot ... Se nadevam deka nekoj od nadleznite na Opstina Veles ke gi vidi slikive , procita site komentari , i konecno prevzeme nesto ..."

И после ова, зарем некој ќе го обвини семејството на дечково ако сакале да ги отрујат кучињата и да ги превземат работите во свои раце?

Ова е индиректна последица на кучињата што лаат "само" нели, некогаш и тоа е доволно.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Вчера се враќам од негде со точак и од нигде никаде ми се пуштија група од 10 кучиња.Едното ме фати малку за ногавицата,ама ајде избегав некако.
Е попосле истиот ден намерно им поминав таму,али овој пат со една шипка.Кога им викнав со шипката,нема да им текне друг човек да нападнат сега.
Поентата ми беше,дека ќе те нападне куче ако не го провоцираш,ама ако гледаш со "човечки" провокации,додека "кучешките" се далеку подруги од човечките.
Да не испадне муабетот дека јас мразам кучиња.Не сосема обратно сакам кучиња,имам и јас едно,ама се дур се добри со мене,и јас сум добар со нив.
Ама,кога ќе ме нападнат,не ги ебам три посто,одма им враќам.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Кучињата што ќе се фатат дел се заловуваат, дел што се болни им се прави еутаназија, а дел и се вдомуваат. Од претпријатието сметаат дека проектот на Градот од 2007 година со кој треба да се реши статусот на бездомните кучиња се покажал како ефикасен досега бидејќи бројките покажале дека се прават помалку асистенции. Според податоците од претпријатието, во 2010 година се заловени 3560 кучиња, а лани пак 2679.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Не треба да се успиваат!
Прво, треба оние кои ги пуштиле затоа што „Роки порасна и многу јаде и многу лае„ или затоа што „Ми досади не сакам повеке да го чувам„ да се казнат и тоа дебело да се казнат по џепот, за да другиот пат добро размислат дали можат и имаат услови да се грижат за животното.
Второ, треба да се обезбеди место каде што напуштените кучиња ке можат да се приберат и ке бидат евентуално посвоени, мегутоа местото да не биде од типот на „Вардариште„ каде добар оброк и кров над главата се мисловни именки.
Еутаназија би прифатила само за стари кучиња, во поодминатите години, кои имаат многу мали шанси да бидат посвоени или па боледуваат од болест од која повеке се измачуваат него што живеат. Исто така би прифатила и за оние единки кај кои агресијата е премногу изразена и неможе да биде корегирана...НО...ние сме далеку од Америка нели, и се ова е само една убава бајка, за жал...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.852
Луди бездомници немаат право на мислење.
Само ти мислиш дека е лудо на куче да зборуваш :)
Всушност, кучето е како бебе - врска нема што зборуваш, ама реагира на расположението на твојот глас.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Само ти мислиш дека е лудо на куче да зборуваш :)
Всушност, кучето е како бебе - врска нема што зборуваш, ама реагира на расположението на твојот глас.
Да де, затоа тие што зборат секакви глупости и не ги сака никој си наоѓаат утеха во кучињата.

Каква врска има ова со уличните кучиња?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.852
Да де, затоа тие што зборат секакви глупости и не ги сака никој си наоѓаат утеха во кучињата.

Каква врска има ова со уличните кучиња?
Ајде вака:

Шарлиз Терон - посвоено 8 кучиња до сега, еден од најзначајните активисти на ПЕТА, огромен борец против продажбата на кучиња.

Орландо Блум - посвоено куче од Африка.

Џорџ Клуни - посвоено куче од шинтерница.

Камила Паркер Боул (жена му на Принц Чарлс) посвоено куче, активист во организација за права на животните.

Рајан Рејнолдс, Сандра Булок, Џенифер Анистон, Дру Баримор, Елен ДиЏенерс, Алиша Кис, Кејт Винслет, Бриџит Бардо, Пинк, Робин Вилијамс, Викторија Бекам, Анџелина Џоли, Памела Андерсон, Бред Пит, Ким Бесинџер, Моби, Рене Русо.... се само дел од влијателните луѓе за кои ти сметаш дека зборуваат глупости и никој не сака да ги слуша. Башка, ептен се поврзани со уличните кучиња.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Ајде вака:

Шарлиз Терон - посвоено 8 кучиња до сега, еден од најзначајните активисти на ПЕТА, огромен борец против продажбата на кучиња.

Орландо Блум - посвоено куче од Африка.

Џорџ Клуни - посвоено куче од шинтерница.

Камила Паркер Боул (жена му на Принц Чарлс) посвоено куче, активист во организација за права на животните.

Рајан Рејнолдс, Сандра Булок, Џенифер Анистон, Дру Баримор, Елен ДиЏенерс, Алиша Кис, Кејт Винслет, Бриџит Бардо, Пинк, Робин Вилијамс, Викторија Бекам, Анџелина Џоли, Памела Андерсон, Бред Пит, Ким Бесинџер, Моби, Рене Русо.... се само дел од влијателните луѓе за кои ти сметаш дека зборуваат глупости и никој не сака да ги слуша. Башка, ептен се поврзани со уличните кучиња.
Познати личности се, тоа им е работа покрај другото т.е. маркетинг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom