- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 1.291
- Поени од реакции
- 1.285
Мојот став е дека вашиот став е грешен, детски, емоционално незрел и во тешкотија да најдам подобар збор, едноставно, розев е.
Си дебатирате тука додека во Берово убиваат кучиња, покажете се на дело бе. Ама не, мојата забелешка била глупа, тоа е битното, а не умрените кучиња во Берово.
Реалноста е дека ситуацијата ќе пукне како таа во Украина, кога заклаа 60.000 кучиња без трошка совест. Се ќе биде решено на најлошиот начин, а тогаш вие ќе излезете во јавност и ќе го осудувате тоа.
Затоа, ако не ти е јасно за што праам муабет јас, еве ќе ти потенцирам уште еднаш:
Јас сум против заспивањето, но во недостиг на друго ЕФЕКТИВНО решение, тоа би бил крајниот чекор. Ако вие како хуманитарци веќе ете 3 години не сте постигнале резултати, тогаш тоа е ваш неуспех и место да се пувате на форум околу тоа какви човечки суштества сте, прифатете ја реалноста дека ништо не сте смениле.
Кога кучињата ќе ги успијат (а многу малце фали да се случи еден инцидент и поздрав ќе добијат сите од градот), тогаш тоа ќе иде на ваша совест.
Јас да ги рамнев кучињата со луѓе, ќе направев нешто досега, ама искрено не ми се приоритет во животот иако ЛИЧНО, не ми сметаат мене. Топката е на ваш терен во моментов, исто како што беше и во Берово откако пиша членот.
Непознат број на кучиња сега се мртви во Берово бидејќи ВИЕ како активисти не направивте ништо, иако имавте знаење за тоа.
Ама сигурен сум дека чат-пат сте фрлиле по некое месо деновиве на маалските кучиња, па се чуствувате добро за себе. Беровските кучиња, пардон на израз, кој ги ебе.
Ете, драга Ивана Ротвајлер, тоа е реалноста на македонската кучешко-активистка сајбер сцена.
Имавте шанса за спасување на овие кучиња во Берово и се покажавте на дело.
Те молам сега продолжи и кажувај ми како тоа вие сте против успивањето на кучиња...
Ова ти е тотално ист пост, како и постот во кој ги обвинуваш љубителите на кучиња за смртта на кучето на другарти. Просто не ја наоѓам логиката али ајде.
Живееш во Мак. да те потсетам. Ако локалната власт решила да направи нешто, ќе направи. И направи. Но, тоа не можеш да им го препишеш на тие што се борат против истото, на ваков или таков начин.
Препиши им го на тие што го направиле, и на тие кои што претходно влијаеле за да дојде до такво нешто.
Сигурна сум дека до година, во Берово ќе има комплетно иста ваква чистка. Али, тогаш ќе збориме за тоа. Па можеби и тогаш ќе сфатиш кај лежи зајакот. Дали во љубителите или во бескичмењаците што ги испуштаат на улица некастрирани и нестерилизирани (а воедно и дома ги чуваат такви, па после малите ги фрлаат на улица, исто ти е).
Комлетно те разбирам што сакаш да м кажеш. Ти го разбирам ставот во однос на темава, но тоа не значи дека тоа е така.
Камо ли стварно да беше трајно решение. Али не е. И ја би преќутела, ако навистина е тоа за нивно добро а и добро на колективната заедница во урбана средина, и би ја издржала таа слика-еднаш. Но знам дека нема да биде еднаш. Туку ќе биде повторно исто наредната година, кога повторно ќе се појават моронштини кои не го почитуваат законот за благосостојба, а воедно и немаат совест и ги оставаат на улици.
Сега ти повторно можеш да го наречеш мојот став -розев.
Убивањето е само моментална слика. (ТОЧКА)