Кучиња скитници

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    606
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Gledam,nekoj pogore rekol deka kucinjata se glupavi.Ne se tie glupavi,toj,vie,jas,nie lugeto sme glupavi.Koj vi(ni) dava za pravo da resavame ili da odzemame necii zivoti?Luge,toa se zivi sustestva,so cuvstva,znaat da sakaat,da bidat tazni,da se raduvaat.Site vie sto ste ZA ubistvo,treba da vi e sram!!Da pocneme togas da gi ubivame i lugeto bezdomnici!Kategoricno,i iljada pati NE za ubivanjeto.Sterilizacija e resenieto!!!
Тука те чекав! : )

Кога зборев јас дека логиката на женските кучељубци е иста и детално ја опишав, Пума не ме сфати и ме цитираше со некој факт дека претседателот на здружението е маж.
Еве ви сеа, на! : )
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Треба да се успиваат само оние кои шинтерите ке утврдат дека се однесуваат агресивно према другите кучиња и луѓето, а инаку мирните кучиња скитници, воопшто не ми сметаат, и тие се живи суштества како и останатите животни.
 
Член од
23 април 2012
Мислења
16
Поени од реакции
21
Тука те чекав! : )

Кога зборев јас дека логиката на женските кучељубци е иста и детално ја опишав, Пума не ме сфати и ме цитираше со некој факт дека претседателот на здружението е маж.
Еве ви сеа, на! : )
Значи според твојата логика жанските кучељубци се разликуваат од машките кучељубци???
Без навреда ама да ти кажам целото мое семејство(кое се сочинува од женски и машки членови) слатко се изнасмеа на твојата логика.
И да точно е дека и животните имаат чувства, знаат да сакаат и да тагуваат. Само затоа што едно животинче неможе да каже на твојот(нашиот) јазик дека нешто го боли незначи дека и не го боли(дали се работи за стомак, рака, нога и сл.)
Тебе(нас) кога не боли нешто се жалиме и бараме помош од другите, а тоа на кој начин да каже дека има некаква мака???
И да...јас лично сум вегетаријанец меѓутоа што се однесува до она што го кажа за убивањето на кози, свињи, крави и др. животни незнам дали си знаел ама тоа се вика закон на природата и постои од пред нашата ера...односно човекот ги убива за да се прехрани, а не од задоволство или од (неоправдана) омраза кон нив.
 
Човекот не мора баш од сите животни да се храни, рајт?

Ама пак, по оваа логика, кучињата треба да се тргнат заради потенцијални инциденти. Тагуваат, се радуваат, но знаат и да чуствуваат опасност и потреба за напад без премногу резонирање (јебига, ПОГЛУПИ се од луѓето, прифати ти или не).

Според законот на природата нас ни е даден мозок, треба да го користиме и да процениме колкава може да биде потенцијалната штета од кучиња на улица. Мислиш само тебе те нападнале на светов?
 
Член од
23 април 2012
Мислења
16
Поени од реакции
21
Не, не мислам дека само мене ме нападнале, знам дека не сум единствена... и уште нешто ми текна исто така ме имаат и збркано кучиња возејќи велосипед... зошто јас сепак сеуште не се плашам од кучињата, зошто јас сепак ги пречекувам со насмевка и љубов??? Затоа што знам дека нема од што да се плашам, знам како да реагирам кога ќе ми се стрчаат кучиња ;)

Туку знаеш што- имам предлог; бидејќи по твојата логика IQ-то на кучињата е понизок од IQ-то на повеќето луѓе ај да ги успиеме и луѓето со понизок IQ... затоа што низ светов (а богами кај нас во нашава држава изгледа најмногу) има луѓе со подпросечна интелигенција односно IQ под 40.
Па и тие не размислуваат и не резонираат нели?

И имам препорака за тебе и тие кои го делат твоето мислење- сигурна сум дека сите имате кабловска,BOOM TV, MAX TV и сл. ај некогаш погледајте ја емисијата Dog whisperer со Цезар Милан на National geographic, многу работи ќе ви станат појасни.
 
Еве, сега со болдираниве си 2/2!

Како прво, смешна е споредбата на луѓе и кучиња. Да ги споредуваш со свињите кои се убиваат секој ден, да ги споредуваш со кокошките кои се колат, со телињата кои се распаруваат на дневна база - ти дозволувам.
Сепак, сите овие животни за тебе НЕ се еднакви со кучињата - се прашувам зашто е тоа така?

Имам и теорија, па хеј, ти не можеш да земеш свиња дома и да ја чуваш, да ја галиш и да ја видиш нивната "добрина". Затоа, кој ги ебе нив.
Но сега, настапува проблемот "како да го оправдам колењето на свињи, но не и успивањето на кучиња?"

Лесно, ќе речам дека тоа е Circle of life, така било порано, така треба да биде значи. Newsflash за тебе, ако идеме по таа логика, ти како женско сега нема да имаш право на глас, а црнците нема да смеат да се возат напред во автобусите во Америка. Можеме да најдеме алтернативни јадења, ако сите се потрудиме, но исто така можеме и да ги колеме и да ги јадеме.

Ти зборам експлицитно со причина, бидејќи чуствувам како замижуваш со очите преку сите нешта кои не ти одговараат.

Е сега, како второ, Dog Whisperer, емисијата која ве направи сите експерти. Цезар има дарба, знае како да се справи и од тоа прави ОГРОМНИ пари. Чим прави пари, значи е баран, значи нема многу луѓе како него.
Талент е тоа, исто како што Меси е талентиран во фудбал и си лапа пари. Не се учи тоа, колку и твоето срце да го посакува тоа.
Но, дури и на таков талент како Цезар, во емисијата му се случуваат напади на зовриени пит-були и слични инциденти.

Твоето тврдење е дека чим ти им се смееш на кучињата, треба сите да им се смеат и да научат како треба. Кој е гризнат - негова вина. Заеби јас што ти зборам 10 поста за РЕАЛНИ примери за НАПАДИ каде што човекот не е ДИРЕКТНО крив.

Јас одамна си расчистив дека нема апсолутно никаква шанса вас да ве убедам да ги гледате двете страни на приказната, ама пуста желба, ме тера да видам до каде иде вашата наивност и ставови. Аиде сега, кажи ми како ти, внука ти или брат ти секогаш сте фини со уличните и никогаш не ве нападнале. :)
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Во Берово отровени 72 кучиња скитници(не се сите скитници таму луѓето си ги чуваат кучињата слободно во двор и ако е надвор на улица веднаш го отровуваат) тоа е од страна на општината,значи сабаљето со трактор со приколица ги собрале на секаде од градот заедно со уште 2 вреќи мачки што собрале и ги закопале на отпад во некоја јама....
Следно тровење за 5 дена е најавено и предупредуваат луѓето кои си имаат кучиња да ги врзуваат д ане ги пуштаат оти не одговараат за последиците ако им бидат и они отровени...
Ова го пишувам затоа што еден другар ми кажа дека кучето кое заедно со него го избравме од Вардариште(мало териерче мешавинка со пекинезјер) имало и ремче и приврзок што било јасно дека е куќно милениче ама го отровиле само поради тоа што излегло на улицата ...
им фрлаат месо внатре со апчиња некакви ...
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Незнам дали се апчиња, туку користат креозан и незнам како го набавуваат, за супстанца од тој вид треба фактура.
Креозанот е органска супстанца, која иако се раствора во вода останува долго време на местото на кое е расфрлана, оваа супстанца има мутагено и канцерогено дејство, во светот скоро насекаде се контролира издавањето и користењето на овој пестицид, само во Македонија го увезуваат и користат на тони, меѓу другото и за труење на кучиња.
Плус не се свесни што прават со креозанот, самата манипулација со креозанот e потенцијално опасна за човекот ОСОБЕНО за мали деца и животната средина. Толку се плашат за нивните деца да не бидат нападнати од кучиња што потенцијално ги изложуваат на предканцерогено и мутагено дејство.
Така ќе биде се додека зборуваме за екологија, а не почне државата на мава дебели казни за користење на овој и слични пестициди.
 
?

..........

Гостин
Поздрав до модератотот на темава, слободно може да избришеш делови од мојот пост па и да додадеш нешто по твоја желба......;)
 
Член од
11 јуни 2011
Мислења
249
Поени од реакции
166
абе нека зема нека ги мафна од улица то песојте а ако му е на некој многу жал нека си ги врзи дома
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Toj што труе кучиња истото да го снајде!:гомце::mad:
 
L

Lu

Гостин
Поздрав до модератотот на темава, слободно може да избришеш делови од мојот пост па и да додадеш нешто по твоја желба......;)
Невкусни содржини од типот на (го цитирам избришаниот дел од твојот пост) „Да се мелат кучињата и да се пратат во Кина како шарски плескавици“ ќе бидат избришани.

Модераторите го задржуваат правото да избришат или променат некој дел од постот кој што е несоодветен за темата :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom