Очигледно на тебе некои работи овде не ти се јасни (или само така ти одговара). НАСЛОВОТ НА ОВАА ТЕМА Е
Дали се согласувате да се „успиваат“ кучињата скитници ?
односно да ти појаснам се однесува на кучиња!!!
Да беше темата за мачки, кози, крави, свињи итн. ќе зборевме(пишувавме) за нив.
И немој ти на мене да ми кажуваш дека јас само тука "трубам" за спасување на животните кога ниту ме знаеш ниту ме познаваш. Ти врска немаш јас што правам во моето слободно време, колку јас и мои блиски пријателки сме спасиле улични животинки од "луѓето", сме двоеле пари од свој џеб за нив, и сме им наоѓале топол дом. Има многу луѓе кои сакаат маче или куче ама немаат да одвојат толку пари колку што се продаваат (од 50Е и нагоре). А кога ќе ги добијат овие мачиња или кучиња избањати, прочистени па дури и стерилизирани се пресреќни!!!
А вие наместо да купувате отров и да ги труете уличните животни можете тие пари да ги донирате за стационарот (да се прошири или да се направи нов) па на тој начин сите улични животни ќе бидат згрижени, ќе има кој да се грижи за нив, а вие ќе бидете спасени од уличните животни. Па така секој оној кој сака да има кутре или маче ќе може слободно да си одбере и притоа да не плаќа.( Бидејќи има шанса тука погрешно да ме сфатиш ќе ти потенцирам- Јас не ви кажувам што вие да правите со вашите пари туку само изнесувам свое мислење.)
А дека ние одиме во надлежните институции и се разговара на оваа тема- одиме, но како се останато во нашата држава така за овој проблем работите бавно се движат.
P.S. Гледам дека не си имал што да одговориш на тоа дека има и луѓе кои убиваат, силуваат, напаѓаат... па не ги убивме сите нивни поколенија, нели? Или ние сме супериорна раса па имаме право на тоа да убиваме... И дека има закон за заштита на животните во другите напредни и развиени земји. Тоа не ви одговара нели?
А кога ти ќе видиш улична коза, крава, свиња... или кога ќе видиш дека некој ја труе козата, кравата, свињата и сл. слободно кажи ми јас ќе дојдам да ја спасам од улица или од трујачот...