Вака, уште од почеток морам да ти кажам, а сигурно и сам си свесен е дека парите никогаш ништо не кажуваат, се работи за жива материја и секогаш се е мачка во вреќа. Не можеш да добиеш сто процентна гаранција, затоа мораш да читаш и да проучуваш, да пратиш одгледувачи и изложби. Можеби ти звучи досадно, малтретирање, но тоа е вистинскиот пат да го добиеш она што го сакаш, бидејќи гледам дека не ти е проблем да одвоиш пари.
Во врска со изложбите, немој да ги сфакаш како мачење за кучето, напротив, јас тоа го гледам како место за дружење и место каде што може да се покаже поврзаноста на кучето со хендлерот(ти на пример) во што има многу убавина, барем за мене.
Немој да мислиш дека ако твоето куче има оценка за парење тоа ти го решава проблемот со вдомување на младите, морам да те разочарам, од многу причини, а тоа е друга тема, за која може на друго место да дискутираме.
Одгледувачи не знам, но на БК форумот имаш дел
овде па пролистај низ темите. Понатаму, уште еден одличен сајт, можеш да пребаруваш
одгледувачници. Мој топол совет, почни најпрво да читаш и да листаш одгледувачниците, потоа одбери некоја што ти се допаѓаат кучињата, прати легла, парења итд. НЕМОЈ ДА БРЗАШ! Јас учев(сеуште учам) и читав многу, пратев многу пред да го добијам она што го сакав, а тоа го имам на аватаров. Можам да кажам дека Пепа ми е спој на едни од моите најомилени кучиња, и никогаш не се покајав затоа што ја добив. Ако ти треба уште помош, прашај.
Со среќа потрагата!
п.с. оваа е таа повезаност за која ти зборувам