Кучиња (грижа, општи дискусии)

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Со градната каишка имам план зимово малце да го помачам на осогово.. да го влече брат ми на санка.. али од тоа што му се појавува некако се предомислувам ?
:facepalm: Со брат ти да не гледате многу филмови, па да се внесувате во нив, поготово во овој:



Куче е, не е коњ па само да ве влече. :tapp:
 
Член од
28 април 2009
Мислења
747
Поени од реакции
505
Дечки земав мала хаска (скоро 2 месеци стара), па сакам да ве прашам каква храна да му давам, што не треба да му давам?
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Дечки земав мала хаска (скоро 2 месеци стара), па сакам да ве прашам каква храна да му давам, што не треба да му давам?
Другар, да те прашам, дали пролиста барем 5 страни од оваа тема? Имаш три теми само за храна напишани, од кои едната е општа, земи врати се барем 10тина страни, ќе најдеш ама баш се што те интересира. И со среќа новиот миленик.
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.650
Поени од реакции
702
Другари,

Значи сакам да купам малтезерче, е сега работата е од каде да земам, дали да одам на варијнта да ми донесат на невидено од Србија, ако го донесат од таму нели, или пак да си купам од тука?
За тука знам има некоја одгледувачница во Волково, ама муабетот е дали од таму?
Другава варијанта па на невидено преку некој од порталиве, исто ми е дискутабилна.

Не се разбирам за да отидам до странство и сам да го одберам правилното куче, па затоа и да одам лично, нема да погодам баш.

Што предлагате вие, ве молам некои од поискусните членови да потпомогнат околу макава.

Иначе во Волково ми бараат 350еу за куче, а преку еден од порталите (кои носат од Србија) ми бараат 450еу.

Чекам предлози, тука или на пп.

Фала
 
L

Lu

Гостин
Другари,

Значи сакам да купам малтезерче, е сега работата е од каде да земам, дали да одам на варијнта да ми донесат на невидено од Србија, ако го донесат од таму нели, или пак да си купам од тука?
За тука знам има некоја одгледувачница во Волково, ама муабетот е дали од таму?
Другава варијанта па на невидено преку некој од порталиве, исто ми е дискутабилна.

Не се разбирам за да отидам до странство и сам да го одберам правилното куче, па затоа и да одам лично, нема да погодам баш.

Што предлагате вие, ве молам некои од поискусните членови да потпомогнат околу макава.

Иначе во Волково ми бараат 350еу за куче, а преку еден од порталите (кои носат од Србија) ми бараат 450еу.

Чекам предлози, тука или на пп.

Фала
Тој од Волково е Оливер, а порталот е Купи Миленик ;)

Најдобро е од странство од квалитетна одгледувачница да си земеш кутре, но и цената ќе биде поголема.
Што поквалитетно куче - толку повисока цена.

Е сега, зависи дали планираш да го носиш на изложби и да го париш, или само ќе ти биде милениче.

Ако ти е само милениче, можеш и од Македонија да земеш, само види дали кученцето има добро потекло, и обавезно да има педигре, бидејќи во спротивно доколку нема педигре, не си должен да платиш ниту 1 денар :)

Работата е што во Србија има премногу фарми за кучиња, а разликата помеѓу фарма за кучиња и одгледувачница за кучиња е огромна.

Јас никогаш не би нарачала куче преку портал или преку некој увезувач, бидејќи секогаш сакам јас да бидам онаа која што ќе си одлучам кое куче да го земам од леглото.
Јас бидејќи одлично ја познавам кучешката психологија, веднаш можам да забележам кое кутре во леглото е Алфа, кое е темпераментно, кое е плашливо и повлечено, и слични карактеристики, тоа лесно можам да го препознаам по однесувањето и говорот на телото на кученцата.
Затоа секогаш преферирам јас самата да одам и да го видам леглото, и да си одберам кученце, а притоа ќе видам и во какви услови се чуваат кученцата.

Еве рецимо јас никогаш не би земала кученце што било чувано во штала или кокошарник ;)
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Од што можи кученцето да фати краста ?
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.650
Поени од реакции
702
@Lu

Ајде вака тогаш, што е најпаметно човек што во моментов нема некое големо познавање за одредена раса, да направи за да го добие најквалитетниот примерок т.е. да не направи грешка при купувањето на миленик?

Ти ми кажа дека ти нема да згрешиш, мене тоа не ми помага, пошо ЈАС сакам да купам куче.
Ми кажа само да не нарачувам, и да не зимам од Волково, ако добро сфатив т.е. да земам ама ако ми е само за чување.

Јас сакам да имам квалитетен примерок, бидејќи сакам да си тера се со ред, парење и остали ствари. За изложби отом потом, може ќе одиме, може не... :) Сакам постојано да биде шишано, не ми се допаѓа како изгледаат кога ќе порасне влакното премногу.

Можеш ли барем да ми пратиш линкови од квалитетни одгледувачници (не фарми нели) во околинава (соседни земји) кои би можел да ги контактирам и сл.

Дали можам да верувам на некој одгледувач, или?

Знам едно време Митке набавуваше кучиња, дали да одам на таква варијанта?

И што значи цената? 450еу преку купимиленик или 350еу од Оливер... или колку би било за поквалитетен примерок?

Сепак не се работи за мали суми.

Фала ти
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Најпаметно е да разговараш сам директно со одгледувач. На секој познат одгледувач му одговара добро кутре да иде во дом каде што ќе биде изложувано. Тоа е реклама за него. Митке е кинолог, судија кој има многу години искуство. Ако го бараш него, ќе му кажеш за што ти треба кучето, колку можеш да платиш за тоа што го бараш, такво куче и ќе добиеш.

Пред да купиш, јас би те советувала да си го завршиш домашното, почнувајќи од проучување на самиот стандард, да знаеш што ти всушност купуваш. Откако ќе го направиш тоа, пролистај сам одгледувачници, читај мислења, разговарај со одгледувачи.

Најдобро место да почнеш е овде и верувај дека ќе најдеш се што ти е потребно. Во секој случај квалитет нема да најдеш испод 400 евра. Зборувам за сосем нормален примерок. Во врска со парењето, и тука имаш многу домашни, не очекувај да ти пари кучето во Македонија, нема многу примероци. Но, ако зборуваме за парења надвор, ќе се подиспотиш малку и ќе заборавиш на шишањето, затоа што на изложби колку што знам јас не дозволуваат.
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.650
Поени од реакции
702
Фала ти за одговорот.

Е сега муабетот ми е што јас во секој случај сум спремен да дадам 400-500еу т.е. дека не би штедел кога би знаел дека со сигурност добивам квалитет.

Целта ми е мене да ми биде убаво и весело кученцето, а не да го претворам во роб за награди/изложби и остали тракатанци... Можеби би го однел чисто за оценка да добие и кога би го парел понатаму да немам проблем да им најдам крај на кученцава т.е. да бидам сигурен дека барем се на исто ниво со овие што се продаваат во моментов кај нас.

Поентата ми е дека 350еу од фармава кај нас, или 600 за кученце од квалитетно потекло, не ми менува нешто многу во моментов, а гаранцијата да не си ја трескам главата утре ден ми значи повеќе.

Линкот што ми е пратен е за Ши-цу, но факт е дека треба да почнам да читам за расата. :)

Дали некој од вас (SaltNPepa, Lu) имате некакво искуство со квалитетни одгледувачници на оваа раса (контакти со сопствениците) и дали можете да ми препорачате нешто, од каде да почнам?
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Вака, уште од почеток морам да ти кажам, а сигурно и сам си свесен е дека парите никогаш ништо не кажуваат, се работи за жива материја и секогаш се е мачка во вреќа. Не можеш да добиеш сто процентна гаранција, затоа мораш да читаш и да проучуваш, да пратиш одгледувачи и изложби. Можеби ти звучи досадно, малтретирање, но тоа е вистинскиот пат да го добиеш она што го сакаш, бидејќи гледам дека не ти е проблем да одвоиш пари.

Во врска со изложбите, немој да ги сфакаш како мачење за кучето, напротив, јас тоа го гледам како место за дружење и место каде што може да се покаже поврзаноста на кучето со хендлерот(ти на пример) во што има многу убавина, барем за мене.

Немој да мислиш дека ако твоето куче има оценка за парење тоа ти го решава проблемот со вдомување на младите, морам да те разочарам, од многу причини, а тоа е друга тема, за која може на друго место да дискутираме.

Одгледувачи не знам, но на БК форумот имаш дел овде па пролистај низ темите. Понатаму, уште еден одличен сајт, можеш да пребаруваш одгледувачници. Мој топол совет, почни најпрво да читаш и да листаш одгледувачниците, потоа одбери некоја што ти се допаѓаат кучињата, прати легла, парења итд. НЕМОЈ ДА БРЗАШ! Јас учев(сеуште учам) и читав многу, пратев многу пред да го добијам она што го сакав, а тоа го имам на аватаров. Можам да кажам дека Пепа ми е спој на едни од моите најомилени кучиња, и никогаш не се покајав затоа што ја добив. Ако ти треба уште помош, прашај.

Со среќа потрагата! :)

п.с. оваа е таа повезаност за која ти зборувам :)

 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.650
Поени од реакции
702
Се фрлам на читање во следните денови, па ќе побарам некој совет накнадно...
Фала најмногу
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Пепа, Лу, најдобар калциум за кутрак од 2 и пол кила? :vozbud:
 
L

Lu

Гостин
Пепа, Лу, најдобар калциум за кутрак од 2 и пол кила? :vozbud:


Јас единствен калциум кој што го користев додека Астра растеше, беше Калциум Мултивит, и сум презадоволна и од составот на самиот калциум, и од резултатите што ги постигнав ... така да тоа е мојата препорака :)

Има калциуми и од други производители, како што е на пример калциумот од фирмата Sanal ... но составот на овој калциум е доста послаб во споредба со Калциум Малутивит.
Разликата е во тоа што во составот на Калциум Мултивит освен што има голема количина на калциум и фосфор, исто така има и Холекалциферол (односно витамин Д3) кој што служи за сврзување на калциумот и фосфорот, а тоа е многу важен елемент за правилен раст и развој на коските кај кучињата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom