Ситуацијава е следна: Од пред 3-4 месеци кучево (сега година и пол старо) почна повремено да мочка светла крв. Најчесто на крајот на мочкањето кога веќе нема мочка (кога бешиката е испразнета) и кога има појака физичка активност (јако трчање). Значи не е тоа мочање крв во млаз туку мали капки и тоа не секој ден туку повремено.
Првата реакција на ветеринарот беше инфекција (што е најчеста појава кај кучињата) и му шибаа 20-тина дена ИЊЕКЦИИ на секои 2-3 дена. Но мочкањето крв си остана.
Понатаму на ехо го гледаа. Апаратот раскантан од пред 50 години, го гледаа неколку ветеринари во ординацијата никој не е сигурен дали има талог и седимент во бешиката или не. Еден вели ДА, друг НЕ.
Ајде на рентген на ветеринарен факултет го носиме, таму го снимија еднаш, типот не е сигурен што гледа ми вели ајде уште еднаш да го сликаме. Му велам не може. Гледа во тоа снимката, пишува НЕМА камчиња.
Се враќам кај ветеринаров, терај вели сега со РОВАТИНЕКС да се стопат ако има камчиња или песок во бешика. Тоа се всушност апчиња за луѓе. Теравме со тоа 40-тина дена. Мочкањето крв не се реши.
Се враќаме пак на ветеринар сега вели терај со ЦИТЕРАЛ 10 дена. Тераме 10 дена, мочкањето крв не се реши.
Понатаму, вели донеси мочка да ја видам на микроскоп. Му носам мочка, ја испитува (спец. тежина, киселост, кристали, протенини, итн.) не е сигурен што да каже. Вели најверојатно бубрезите се, не е ова од долни мочни канали. Ама некако збореше пола саат, неубеден ни самиот себеси, онака како некое нагаѓање (базна е мочката наместо кисела и има протеини внатре). Вели, земи ветеринарна храна RENAL (од ројал канин за бубрези) и суплементи УРОВИТАЛ нека тера 40 дена и во тој период носи мокрача на секои 10-тина дена да видиме што ќе биде.
Сето ова се случува во период од 3-4 месеци. Инаку кучево е во ТОП состојба и нема никакви знаци на болест. Нема нерасположение, нема летаргија, нема зголемена или намалена жед, има апетит, нема апсолутно никакви други симптоми. Освен што можеби не можам да го здебелам колку и да му давам храна? Мене субјективно ми изгледа слабо, ама на ветеринар ми велат супер е.
Додека сме кај храни, растено е на Orijen Puppy, па после ги има јадено Orijen Original и Orijen Six Fish. Потоа ACANA Grass-Fed Lamb, a сега е на ACANA Grasslands. Од сите тие храни (кои се практично високопротеински human-grade храни) мислам дека најдобро му беше на ACANA Grass-Fed Lamb (субјективно мислење кое можеби и не е точно) бидејќи таа храна е практично single-source protein.
Прашањево ми е дали да терам со тоа RENAL храната и суплементите 40 дена или да барам друг ветеринар да даде точна дијагноза?
Оттука, кој е најопремен ветеринар во Скопје во смисла на ЗНАЕЊЕ, добар ЕХО апарат, добар РЕНТГЕН и општо дијагностика?