Под мрсно спаѓа паштета, кренвишли, салами и слично. Сличен проблем имав јас пред некој месец. Се касаше над опашот и се рани да речам. Го однесов кај братучедот и колку што памтам од муабетот ми кажа дека кучината немале панкреас и дека сите овие мрснотии од храната им се таложеле во жлездите. Затоа вика се каса, сака да си ги стегни оти му смета. Го фатив црврсто песот, главата му ја ставив меѓу нозе за да не мрда оти боли тоа стегањето, да не покажи агресија, и овој брзо потезно ги стегна двете. Во меѓувреме за прв пат во животов пушти кучево болен крик, дури на крај едвај го додржав. Потоа му шибна некои инекции, дали за инфекција, дали за воспаленија не знам. И така, раничката заздрави и нема мака повеќе песот.
Исто и на минатото куче, неколку пати му имаше стегано жлезди. Најдобро е ветеринар да го погледне, одма ќе ти кажи.