Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Ова ти е пример за кучешка расна дискриминација :pos:. Единствен проблем би бил да не закачи некоја сексуално пренослива болест, друго нешто не верувам. А тој лингурот е најверојатно и поздраво и поимуно од твоето куче така да немај гајле
Za pozdravo nemat shansi :) a za poumno mozi[DOUBLEPOST=1430316661][/DOUBLEPOST]
Лошо е затоа што е сеуште мала за да може да чува кутриња. Потполна зрелост ќе достигне по 2 години. Како и да е, не е сигурно дека е бремена. Следи ја, гледај дали има заоблен стомак.
Kucinata od koga ke se rodat ke vidam dali mozam da gi dadam na nekoj ako ne gi zema nikoj najverojatno ke zavrsat na ulica,zalno da ama nemam drugo resenie. Ne sum spremen da cuvam 10 kucina, da bea cistokrvi da, ke gi prodavav ama vaka ne biva edno so pedigre drugoto langurce nema ni koj da gi kupi, a se nadevam deka ke izlezli nekoj da gi zemi.
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.793
Поени од реакции
5.577
Здраво , не знам дали го поставувам на право место прашањево, ако не извинетеме и префрлејтего таму..
- Вака имам женско стафорд 9,10 месеци, ги има примено сите вакви, прочистено е од глисти, хрането е со кучешка храна ни во момент не е запоставено, е сега пред 5,6 дена му дојде период на парење и се спаре со лангурче (уличар), го чувам во двор кој е од секаде е со камена ограда заграден и ни сам не знам како се најде друго куче во дворот. Пред 2 дена станувам за на факултет и гледам друго куче во двор , таква нерва ми се направи шо ми идеше да го убијам наместо. Да моја грешка е шо бокс не направив, ама не направив од едина причина шо мислев дека е доволно заштитено во двор бидејки од секаде е затворено и вратата е со резбе за заклучувајне и не можи лесно да се отвори , ставрно не знам од кај се појави тоа лајно.. Ама наредно парење обавезно бокс. Е сега сакам да прашам дали после од ко ке ги роди можи да има нешто болести во кучката ,бидејки другото куче беше уличар?и дали може да има некакви проблеми во наредното парење со некое раса куче во случајов машки стафорд?
Имаш и опција да идеш на ветеринар да и направат тест и ако е бремена(или како и да се вика) да ја исчистат, е да треба да платиш малку поише ама секое невнимание се плаќа.
Друго ништо не би требало да биде, има постручни лица нека ти одговорат.
Ама ако се случи да ги роди почувај ги малку и давање на вдомување биди бар хуман а не да ги пуштиш на улица или да ги фрлиш уште додека се малечки.

ПС остај ти тоа супер ми е заграден дворот, незнам какво резе си ставил на вратата и слично, у сеф од најобезбедената банка на свет да ја ставиш и да не ја надгледуваш они ќе најдат начин. И бокс да и направиш пожелно е во период на циклус да ја чуваш дома а не во двор, за 2 недели нема ништо да ви биде ќе издржите.
 
Член од
24 март 2015
Мислења
11
Поени од реакции
2
Дечки најдов малечко кученце, едни мали деца го ''бањале'' во нечиста вода, имаше папучи кеси... Неможеше добро да гледа немаше запчиња после неколку недели му пораснаа и почна мене јако да ме гризе и ржи гласно и папучи кине а малечко е и ептен агресивно иначе незнам кој му е татко ни мајка ... седело пред некоја зграда една недела никој нејкел да го земе па ја го земав нејќам да го оставам во вардалиште , иначе многу е агресивно незнам што да правам ми рекоа родителите ако до јуни не се поправи ке го оставиме во вардалиште а мислам дека условите се заникаде таму. Помагајте :/
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619

од каде си ? колкав си ? кај го чуваш? дај слика да го видиме..

инаку тоа не е агресивност,туку си игра и го чешаат забите,дај му некои стари алишта или купи му играчки,или стари папучи да ги гризе,покажи му љубов...и колкаво е кутрето веројатно не знаеш,така да постави слика.Но ваљда е 2-3 месеци,тогаш обично им паѓаат забчињата.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Дечки најдов малечко кученце, едни мали деца го ''бањале'' во нечиста вода, имаше папучи кеси... Неможеше добро да гледа немаше запчиња после неколку недели му пораснаа и почна мене јако да ме гризе и ржи гласно и папучи кине а малечко е и ептен агресивно иначе незнам кој му е татко ни мајка ... седело пред некоја зграда една недела никој нејкел да го земе па ја го земав нејќам да го оставам во вардалиште , иначе многу е агресивно незнам што да правам ми рекоа родителите ако до јуни не се поправи ке го оставиме во вардалиште а мислам дека условите се заникаде таму. Помагајте :/
Пази ќе те изеде. :eek: Агресија од 2-3 месеца (сумљам) не се појавува. Агресијата се појавува тек на 5-6 месеци и тоа ако кучето доживеало траума и се плаши од луѓе. Сега најди му нешто кое што ќе му биде играчка или купи му играчка и секогаш кога ќе го видиш да глода нешто или секогаш кога ќе те каса тебе, дај му ја играчката, неа да ја гризе.

И ќе ти кажам еден начин за одвикнување на касање раце. Кутрињата кога ја касаат мајка им, мајката прво заквичува. Тоа кај тебе да биде гласно изненадно "Ау". Ако продолжат да касаат мајката заржува и ги каснува (се разбира, не до степен да ги повреди). Ти на место тоа, чукни го по муцка и кажи му "не", а потоа не играј со него одредено време.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.643
Поени од реакции
31.865
Едно прашање дали има некој слично искуство. Го шеткав песов денеска на кај 17 часот, запурно време, онака жешко. Истиов ептен трга кога го носам врзан, до степен да се гуши јако влечи. Е сега пуштен е мирен, ама муцкаа едни тетки за пуштените кучиња па не можев да го пуштам да си трчни раат. И додека одев на кај чешмата после 20-тина минути влечење тргање, малку како да ми зашантра онака, и најпрвин седна, па потоа легна и се почна да се трија со главата во земјата онака ко низ игра. Потоа стана и се си беше ок. Фокусов на прашањето е во ова шантрањево, кое ми изгледаше како некоја доза нестабилност и губење контрола во одот. Причини околу истата, дали многу жешкото време може да предизвика такво нешто, мачнината и силното влечење па реши да одмори онака. Инаку весел е, си игра се позитивен, па дури го пишувам постов се разлајува надвор го слушам :)
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Во пет шоповите има. Сопственик на една Бордошка Дога во мое маало има купено во најблискиот пет шоп и задоволен е. Како и да е, јас преферирам ампула.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.793
Поени од реакции
5.577
Треба да има по пет-шоп продавнициве, ама јас сум голем скептик за купување било што. Ако веќе си решен да одиш на огрлица или земај од оние на Bayern или Scalibor. Се доста поскапи ама вредат за парите поготово Scalibor.

Во пет шоповите има. Сопственик на една Бордошка Дога во мое маало има купено во најблискиот пет шоп и задоволен е. Како и да е, јас преферирам ампула.
Едно е што преферираме ние како сопственици друго е што одговара на миленикот. Јас на моите која амплула и да им ја ставев немаше ефект одкако пробав со огрлициве сум презадоволен далеку подобри резултати имаат. Она што ветеринариве ми го рекоа е дека можеби едноставно не им одговара тупот на кожата за ампулите, демек како што имало кај нас сува кожа, мрсна бла бла бла имало и кај миленициве па не подложеле сите на ист третман. Ако ти има ефект ампулата супер ама ако нема сакала или не ќе смениш на каишка.

ПС каишка е поефтина па дури и Scalibor споредено со ампулите. Ампула за средна раса на кучиња е 450 денари мислам (збориме за квалитетните) и трае 45 дена, а Scalibor ти е 1500 денари и трае минимум 6 месеци.
 
Кога викам преферириам, викам дека на моето куче тоа му одговара, инаку се разбира дека ќе сменам ако не и' одговара. Јас и' купувам ампули Fyprist беа ако не грешам, 400 денари се и штитат месец и пол. Единствено нешто за надворешни паразити што сум и' ставала е ампула и не сум имала лошо искуство.
 
L

Lu

Гостин
Едно прашање дали има некој слично искуство. Го шеткав песов денеска на кај 17 часот, запурно време, онака жешко. Истиов ептен трга кога го носам врзан, до степен да се гуши јако влечи. Е сега пуштен е мирен, ама муцкаа едни тетки за пуштените кучиња па не можев да го пуштам да си трчни раат. И додека одев на кај чешмата после 20-тина минути влечење тргање, малку како да ми зашантра онака, и најпрвин седна, па потоа легна и се почна да се трија со главата во земјата онака ко низ игра. Потоа стана и се си беше ок. Фокусов на прашањето е во ова шантрањево, кое ми изгледаше како некоја доза нестабилност и губење контрола во одот. Причини околу истата, дали многу жешкото време може да предизвика такво нешто, мачнината и силното влечење па реши да одмори онака. Инаку весел е, си игра се позитивен, па дури го пишувам постов се разлајува надвор го слушам :)
Тоа што бил премногу задишан и зашантрал уз одење, а потоа легнал и почнал да ја трие главата од земја... тоа се симптоми за топлотен удар.

Сега откако се покачија температурите (а и тек допрва уште ќе се покачуваат) кучињата никако несмеат да се шетаат подолг период на сончево и жешко време, бидејќи големи се шансите да добијат топлотен удар.

Од 10 / 11 часот ... па се до кај 18 / 19 часот, во летниот период кога сонцето е најјако и кога температурите во текот на денот се највисоки, тој период треба да се избегнува да се шетаат кучињата.

Во случај да добијат топлотен удар ... симптомите се:

Многу брзо дишење, забрзано брефтање со јазикот, самото куче ќе бара сенка, млитавост, шантрање уз одење, седнување и легнување за да се одмори и сл.

Во случај да ги приметите гореспоменатите симптоми кај кучето, веднаш треба да го однесете дома, и да го ставите во ладна/свежа затемнета соба, за да се стабилизира кучето, и пожелно е да го покриете со мокар пешкир, за да кучето побрзо се стабилизира и си дојде при себе.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.565
Поени од реакции
11.579
Луѓе препорачајте ми убава и вкусна кучешка храна за вучјакот бидејќи во последно време е пребирлива околу храната,а и бремена е (виновникот е белгиски овчар од полиција),па од кога не ја јаде храната што и ја купувавме пред тоа во последно време ја хранам со палента и малку храна,леб со пилешки коски,лушпи од јајца,ориз и такви работи,но не сакам само една иста храна да јаде.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
Уфф... тешко тебе кога ќе прочитаат дека пилешки коски и даваш. Иначе за другото, зборуваа некаде наназад за домашно приготвена храна, имаше и телефони од фарми што продаваат месо за кучешка исхрана во поголеми количини и со попусти. Ама ќе мораш сам да пребараш, не можам во моментов да ја најдам страната.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.643
Поени од реакции
31.865
Луѓе препорачајте ми убава и вкусна кучешка храна за вучјакот бидејќи во последно време е пребирлива околу храната,а и бремена е (виновникот е белгиски овчар од полиција),па од кога не ја јаде храната што и ја купувавме пред тоа во последно време ја хранам со палента и малку храна,леб со пилешки коски,лушпи од јајца,ориз и такви работи,но не сакам само една иста храна да јаде.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
Oва избегнувај. Многу лесно можи да доведе до импликации и заскување на црева и други делови. Многу се оштри и ризични за кучиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom