Кучиња (грижа, општи дискусии)

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Денеска забележав дека едното уше не му е во ред нешто.
Како да тече нешто жолто од него, иначе има големи уши, покриени:icon_mrgr:
Не изгледа како да му смета, све си е нормално само што го чеша одвреме на време.
Шо да му дам за да му помини ?
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Денеска забележав дека едното уше не му е во ред нешто.
Како да тече нешто жолто од него, иначе има големи уши, покриени:icon_mrgr:
Не изгледа како да му смета, све си е нормално само што го чеша одвреме на време.
Шо да му дам за да му помини ?
Da go odneses na vet da mu go iscistat. Kucinjata so klapnati usi se skloni na infekcii da ne ti se iskomplicira,glava nema da dignes potoa. I prasaj da ti dadat nesto za povremena higiena i da ti pokazat kako da apliciras.nisto strasno.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Која цена е последната вакцина што се става,на 3-4 месечна возраст,и ампулата против крлежи,и сечење на нокти ? од прилика барем,знам дека кај секој различно..
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.793
Поени од реакции
5.577
Која цена е последната вакцина што се става,на 3-4 месечна возраст,и ампулата против крлежи,и сечење на нокти ? од прилика барем,знам дека кај секој различно..
Сите вакцини се иста цена 600 денари. Ампулата е во зависност од килажата и брндот што ќе го одбереш. Сечење нокти не би требало да ти земат повеќе од 100 денари
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
А ова чистење на уши од прилика колку се движит цената ?
 
L

Lu

Гостин
Колку само е потребна и најмала секунда на невнимание за да се направи беља ...

Еве што ми се деси во саботата (16 мај) на изложбата за кучиња на која што учествував.
Бевме собрани друштво, стара гарда кучкари :) и меѓу друштвото беше и мојот другар со неговиот Доберман, со кој што сме секој ден во парк и редовно си играат заедно нашите Добермани.

Многу специфична особина кај Доберманите е тоа што имаат екстремно висок ген за чување, и се премногу заштитнички настроени кон фамилијата и блиските луѓе ... и исто така доколку се поврзат со некое куче, можат да бидат заштитнички настроени и кон кучето.
А мојата Доберманка Астра, е премногу поврзана со Доберманот на мојот другар, бидејќи секој ден се шетаме заедно, си играат, трчаат ... едноставно од малечки кога беа, пораснаа заедно буквално, и иста возраст се.

И си седиме сите лабаво на изложбата, јас завршив со учеството, ги собрав сите титули ... и чекавме да влезам за во групите.
И така си седиме, нешто се зафркаваме, и кога наеднаш една Германска Боксерка се заар'жа и сакаше да се здави со Доберманот на другар ми, и нормално и Доберманот изреагира, и врати у иста мера ... али не се закачија бидејќи беа врзани на поводник, и нормално сопствениците ја исконтролираа ситуацијата.

И сеа се дешава циркузот :D

Целата таа ситуација се деси буквално на 1 метро од кај што седев јас со Доберманката, а притоа Астра будно ја следеше целата ситуација.
И обично кога реагира Астра, веднаш реагира у самиот момент, а притоа и целата се накострешува ... но овојпат додека траеше таа ситуација, она седеше мирна поред мене и воопшто не се накостреши.

И јас бидејќи не забележав никаква реакција кај Астра, лабаво си седев ... и абе луѓе, не пројдоа ни 10 секунди, Германската Боксерка се сврте со грб, и у истата секунда Астра срипуење со сета сила накај Боксеркава, за да го брани Доберманот на другарми.

Буквално ме преврте од столчето на кое што си седев (долу лево на сликата) :ROFLMAO: и цела се испружив на земја, и ме влечеше цело метро по тревата ... неможев да ја задржам, буквално збесната беше и влечеше со сета сила, мене ко пердувче ме влечеше ... и едвај ја задржав, на 15 цм. и се доближи до Боксерката, ептем малце фалеше за да се фатат и да се напраат партали.

И тоа така ме влечеше што е женка со 38 - 39 кила, и едвај успеав да ја задржам.
А замислете што ќе се десеше да имав мажјак Доберман од 50 и кусур кила, тек тогаш ќе немав никакви шанси да го запрам.

Затоа поука од мојава случка.
Секогаш бидете внимателни, и никогаш не ја потценувајте силата на големите раси на кучиња.

My gentle beast :)

Ај пошто е лепотица,опростено и е :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
14 јули 2012
Мислења
71
Поени од реакции
15
Дечки, кој може да ми каже нешто за расата Lagotto Romagnolo. Дали има некој некакво искуство со оваа раса околу агресија, темперамент, дали е со добар со деца, како се однесува со други кучиња и сл. Ги прочитав главните карактеристики за нив, ама друго е да се чуе мислење од лично искуство. Ви благодарам однапред.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795

Нема агресивна раса, како прво. Лагото ромањоло се кучиња создадени за барање тартуфи (подземни печурки кои исто така се наоѓаат со свињи). Хипоалергични се, минимално се митарат поради витканото влакно, но треба многу посветеност и нега на крзното. Мене ми се многу слатки кучињава, интересна раса се, а името би им го изговарала 100 пати на ден. Според стандардите кучево треба да биде со мила природа, а инаку карактерот на било кое куче многу зависи од дресурата.
 
Член од
14 јули 2012
Мислења
71
Поени од реакции
15
Фала на брз одговор, Papillon.Papi, а кажи ми дали знаеш како се подложни на дресура?
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Фала на брз одговор, Papillon.Papi, а кажи ми дали знаеш како се подложни на дресура?
Ако почнеш рано, ќе добиеш супер издресирано куче. Исто така ќе треба повеќе да му го развиваш осетот за мирис, пример да земеш гранула од дехидрат и да го поклопиш со чашка и да ја измешаш чашката меѓу уште 2. Јас на мојата Ерделка така и' правам. И погаѓа.
 
Член од
24 мај 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Моето куче јадеше коска и од утрово само лежи и не станува, му кркори меот, се јавив на ветеринарна ми рекоа да го однесам ако прави и утре така, можно е да му се свари коската а може и не, па затоа да прашам и тука. Dali e mozno nesto da mu se sluci?. А истотака незнам што раса е кога го земав ми рекоа шкотски териер ама не личи така, има 2ипол месеци кучето :) ?
 
Каква коска му даде ? не се препорачува пилешки,бидејќи се оштри кога ќе се скршат и може да му ги искине цревата...а и ми се чини малечко е за коски...
 
пилешка беше мислам, копани

едит: ох фала му на бога еве го сега стана му дадов да јаде и скока од радост, изгледа му се има сварено
 
Последно уредено:
L

Lu

Гостин
^ Па ти дали си нормален на 2,5 месечно бебе кученце да му даваш пилешки коски од копан?

Ееее свашта, што не ќе прочита чоек на форумов.

Ќе си го убиеш сопственото куче, во буквална смисла.

Како прво, пилешки коски воопшто несмее да се даваат на кучињата, бидејќи кога кучето ќе ги искрши на поситни парчиња, тие се остри како жилет и можат лом да направат во организмот.
Знам многу кучиња што умреле од пилешки коски.

А како второ, твоето кученце има само 2,5 месеци ... со кој памет си му дал пилешки коски јас незнам ... искрено неможам да си поверувам што прочитав.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom