Кучиња (грижа, општи дискусии)

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Има некој од форумов што чува Аргентинска дога? Сакам да го прашам каде е осетот за околината додека се шета тоа куче и каде и како го шетате?
Го шеташе по Партизанска, кај Палма. Вриеше од деца и луѓе. Немаше маска и ланецот на кој го шеташе беше претенок дури и за една пудлица. Од спротивната страна идеше Лабрадор, релативно млад и ова збесна. Ама во буквална смисла збесна и настана тотален хаос, газдата изгуби целосна контрола над кучето, до душа тоа не е куче туку магаре ( мислам дека поголема дога во животот немам видено) и колку и да немам против ниедно животно, едноставно не е природно да се шета во таква средина. И едвај чекам да се спроведува законот и да ги изгорат од казни зошто беше језива и хорор глетка.
Зошто да не е природно да се шета такво куче?
Ако кучето е доволно социјализирано,добро дресирани,правилно водено на поводник(ако е потребно и со маска)не е никакво проблем...
Во конкретниот случај не било така,за ова одговорност треба да си сноси газдата,апсолутно се сложувам со тебе....но....
Проблемот настанува кај луѓе кои сакаат да чуваат егзотични раси а не се способни да се справат со нив,ниту физички,а ниту ментално се спремни да сфатат колкава е одговорноста кон средина доколку работите забегаат од контрола(како во слуачјоТ)...
А додека некој чека да се спроведе законот за миленици можат да настанат мал милион несакани случки...
Ако гледаш така на работите,шо прајме со луѓето кои ги провоцираат кучињата,шо фрлаат со камења по кучињата скитници итн....зарам само кучињата се опасноста?
Се е во менталитетот на народот....
Ако има култура кај двете странки(и кај сопствениците и кај случајните минувачи)нема да се случуваат вакви работи....
Ај државата бара некои одговорности од сопствениците на кучиња,ама кога веќе бараат нешто,треба и да обезбедат услови и за тие кучиња(посебно во помалите градови)...,да обезбедат прифатни центри за кучињата скитници,а не откако ќе искасаат некој дури потоа некој се сеќава дека тие постојат.....
Широка тема е оваа,праено е муабет многу,проблемите се горе долу истите,ама за жал државата не се замара воопшто....
Кога веќе ми бараат маски,микрочипови,табли за дворовите итн..треба да обезбедат и услови за домашните миленици....и тие имаат свои права....
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.725
Поени од реакции
18.473
Проблемот е што кучето било агресивно, и во секој момент може да речеме да рипне и да гризне некого.....ланецот не е 10 сантима долг, а во гужва т.е. разминувањето со луѓе е некогаш на прилично кратка дистанца.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Јас не сакам да навлегувам во друг тек на оваа дискусија ( баајги е широка ), никогаш не сум имала проблем со шетање на кучиња и од поголеми и агресивни раси, додека тоа е по прописи. За малтретирање на животни сум од секогаш против ама тоа нема никаква врска со она што јас го прашував и коментирав.
Во спротивната зграда со години млад пар чуваат ротвајлерка и јас ја обожавам само што ја гледам од тарасата, дресирана е и не мрда од нивната нога. Ја шетаат строго доцна навечер ( и тоа покрај Вардар ) и со ланец како што доликува на такво куче.
Зборував конкретно за оваа раса, дали некој од форумот чува, ме интересира како го шета он своето куче, зошто да бидам искрена најмалку во живо имам видено аргентинска дога да се шета по места како што е Партизанска или било која улица. А ова ниту беше дресирано, ниту социјализирано, а ниту пак газдата имаше поима што прави, тој беше поисплашен и од газдите на лабрадорот.
 
L

Lu

Гостин
Зборував конкретно за оваа раса, дали некој од форумот чува, ме интересира како го шета он своето куче, зошто да бидам искрена најмалку во живо имам видено аргентинска дога да се шета по места како што е Партизанска или било која улица. А ова ниту беше дресирано, ниту социјализирано, а ниту пак газдата имаше поима што прави, тој беше поисплашен и од газдите на лабрадорот.
Дого Аргентино ми е една од омилените раси ;)

Не сум прочитала досега некој од форумов да чува Дого Аргентино, али јас лично познавам 2 женки Дого Аргентино и многу често ги шетаме заедно кучињата.

Проблемот воопшто не е во расата, туку проблемот е во луѓето кои што незнаат како да се постават спрема кучето и незнаат како да го контролираат, што ете се покажало и во пракса со случката што си ја видела, што може да се случи кога човек незнае да си го контролира кучето, а поготово моќна раса како Дого Аргентино.
Факт е дека не е секој способен да чува моќни раси, од неискуство и незнаење може да се случат катастрофални последици.

Да се откачело од поводник Дого Аргентиното, ќе направеше мелено месо од Лабрадорот :)

На 3:55 без проблем ја соборува дивата свиња :)

 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.725
Поени од реакции
18.473
Грешка, не се зборува за аргентинска дога него за Арлекин, повеќето од луѓето ги мешаат како и CafeDelMar.
 
L

Lu

Гостин
Грешка, не се зборува за аргентинска дога него за Арлекин, повеќето од луѓето ги мешаат како и CafeDelMar.
Епа ако била Арлекин, тогаш тоа е Германска Дога.



Дого Аргентино е бела боја.



А од кај знаеш дека CafeDelMar ги смешала расите?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.725
Поени од реакции
18.473
Да де, но аргентинската е доста помала.
 
L

Lu

Гостин
Да де, но аргентинската е доста помала.
Помала е од Германската Дога, но сепак е голема раса, имам видено огромен мажјак - 65 килограми и над 70 цм висок :)

Инаку кога сме веќе кај Дого Аргентиното ... еве што може да се случи при мало невнимание, од 0:25 се протна низ нозете на сопственикот и сопствеников бум трес на земја :)

 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Псај и јас се зачудив колку беше голема т.е огромна :) ама беше Аргентинска дога.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Дали во Македонија постои некое легло на Алано Еспањол?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
За жал не, не само што нема легло, туку нема нитуеден примерок од Алано Еспањол кај нас.
A колку би се движеле цените на пример ако го има во Србија?
 
L

Lu

Гостин
A колку би се движеле цените на пример ако го има во Србија?
Па со оглед на тоа што е навистина ретка раса, поготово на балканов, цената е прилично висока, од 500 - 600 евра па нагоре.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Па со оглед на тоа што е навистина ретка раса, поготово на балканов, цената е прилично висока, од 500 - 600 евра па нагоре.
Па не е лошо мислев да не затера над 1000, за некое време планирам да земам куче, до скоро имав германски боксер и многу бев задоволен од таа раса, али веќе некое време (по напишани карактеристики) многу ме бендисува Алано.... ќе видиме....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom