Кучиња (грижа, општи дискусии)

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Дечки ај вака израснав со кучиња цел живот али повеќе ловџиски загари, шарпланинци сум имал 2 али бев многу мал кога ги чуваа моите само памтам дека си играв доста со нив особено со Муса :), сега сакам да купам куче од овие 4 раси некоја (доберман, пит бул, ротвајлер, лабрадор) али од овие 4 раси досега немам чувано па ако може да ми одговорите на некои прашања.
1. како да препознаам дека е стварно од чиста раса
2. колку пари отприлика одат да знам колку да платам (мали до кај 5 месеци барам)
3. за добермани, ротвајлери имам слушано дека знаеле да се мрднат малку и да нападнат на сопственикот, дали има вистина во тоа?
нешто специфично за овие раси ако имате да ми дополните особено околу храната дали се многу специфични и колку се скапи за чување овие раси?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285

А да си земеш еден аквариум со рипки? И пази, има и од нив некои што напаѓаат...
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.456
Дечки ај вака израснав со кучиња цел живот али повеќе ловџиски загари, шарпланинци сум имал 2 али бев многу мал кога ги чуваа моите само памтам дека си играв доста со нив особено со Муса :), сега сакам да купам куче од овие 4 раси некоја (доберман, пит бул, ротвајлер, лабрадор) али од овие 4 раси досега немам чувано па ако може да ми одговорите на некои прашања.
1. како да препознаам дека е стварно од чиста раса
2. колку пари отприлика одат да знам колку да платам (мали до кај 5 месеци барам)
3. за добермани, ротвајлери имам слушано дека знаеле да се мрднат малку и да нападнат на сопственикот, дали има вистина во тоа?
нешто специфично за овие раси ако имате да ми дополните особено околу храната дали се многу специфични и колку се скапи за чување овие раси?
Чисто за ротвајлер ќе ти дадам совет....
Значи како прво,не се за почетници(јас кога ја зедов мојата женка лани бев почетник,иако како мал сум чувал на кратко кучиња,имав големи проблеми:eek: )...
Потребна е цврста рака,воспоставување на алфа статус уште од млади денови,зошто после ќе настанат проблеми....
Доста темпераменти се,не се плашат од ништо,сакаат да доминираат со други кучиња(посебно мажјаците),а знаат и да се агресивни ако не се доволно социјализирани...
Затоа уште од мало треба социјализација,со луѓе,нон стоп да го галат,да игра со други кучиња но најмногу од се бараат тренинг,бараат многу работа,малку се тврдоглави,но се многу интелегентни и брзо учат(службена раса се сепак)...ако е правилно воспитан ротвајлерот мислам дека е идеално куче за дома...
Прекрасни чувари се,тоа им е вродено,не прават многу галама,не лаат без причина,многу се смирени,премногу се приврзани кон фамилијата и кон околина која ја чуваат....
Околу условите доколку имаш двор пожелно е да имаш бокс,заграден....зошто навистина се силни,имаат многу висок скок и одраз и лесно прескокнуваат и повисоки огради....
Имаат дупло крзно,значи немаат некое гајле од студ,лесно се прилагодуваат на секаква околина,дали ги чуваш во стан,куќа,двор,тераса не е толку важно,нема да кукаат и да цивкаат.....
Околу моето искуство со ротвајлерот...
За храна не пребираат многу иако треба да се внимава шо им се дава зошто се склони на дебелеење,а со самото тоа има голем ризик да заболат од искривување на колковите која за жал е една од најопасните болести на која се подлежни...
Јас избегавам да давам леб,џигер(им прави штета на жлезда)и имаат проблеми со исфрлање на измет....потоа зачинета храна,остатоци од манџа,се шо давам од готвена храна е ислучиво варено...
Од домашна храна,ориз,качамак,варено пилешко месо,можи и мисиркино,риба,морков за да добие пигмент на палежот, комбинирано со готова храна(дехидрат) која ја мешам со готвената..
За храна немам гајле,некаде околу 2000 денари ме фаќа месец,зошто давам комбинирано,ако даваш само сува храна ќе те фаќа повеќе....
За дресурата затаив малку,едноставно пробував,ама не ми се успеваше да ја научам како треба,освен одење на поводник,и некои основни команди,сепак мојата се погоди доста хиперактивна,па не прифаќаше лесно команда,не успав да го наметнам алфа статусот,па нејќев кучето да има застој,па го пуштив на професионален дресер....додека има време....мислам дека ќе биди се во ред...
А тој шо ти кажал дека знаат ДА СЕ МРДНАТ стварно појма нема....
Ниеден ротвајлер нема да нападни без причина,најмалку сопственикот,освен ако не тепан без причина,или мачен(имаше и такви случаи како тој во Прилеп)...
Навистина благородна раса,приврзана до максимум за семејството,пред се кон децата,идеални чувари...во правилни раце се идеални миленици....
П.С.
Цената варира,зависи шо сакаш..машките се секогаш поскапи....
Солиден примерок оди од 200 евра нагоре...
Во моментот ако си за земање би ти препорачал едно топ легло,мислам дека моментално нема подобро легло во Македонија....
За квалитетот на кучињата јас ти гарантирам....;)
Еве ти линк од огласот,само побрзај зошто навистина брзо ќе ги разграбаат малите...
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=881147
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Чисто за ротвајлер ќе ти дадам совет....
цврста рака....
Имам цврста рака? :love: Шала на страна, све што си пиша си е на место, освен моментот дека скокаат... не се баш џампери ако не ги вежбаш за тоа, и пак мислам дека ќе бидат тапа. Не ти треба цврста рака, која очигледно ја ја немам, ти треба карактер, ти треба разбирање и познавање на расата и нејзината природа. И во иднина, не се труди да им кажуваш убави работи на почетници за ротвајлер, особено на оние кои мислат дека кучето ќе ги изеде пошо побудалува :tapp:Такви луѓе никогаш нема да ја ценат убавината на ротот, ради такви луѓе, овие кучиња се прогласени за агресивна раса :notworthy:. На такви луѓе им кажуваш да не чуваат куче. Не може да се реши за 4 комплетно различни раси, од кои 3 спаѓаат во групата на тн. агресивни. Значи, моментот е да се курчиме, а не да имаме куче на кое ќе му посветиме љубов и внимание.4 различни карактери, 4 различни раси, типот не се познава доволно себеси, битно му е да има куче, не му е битно дал ќе му одговара на карактер, на животни навики и етц.

П.С. Кај кого ја пушти на тренинг?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Вистина е дека на ротот не му треба богзнае колку простор,и може да му биде добро и во помал двор?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Вистина е дека на ротот не му треба богзнае колку простор,и може да му биде добро и во помал двор?
И онака спие цело време. Можеш да го сместиш кај сакаш, мојава на пр. спие во метар квадратен, може и помалку, и колку и да сакам да ја тргнам од фотељата- не сака :ROFLMAO: . Се разбира дека им е потребно доста шетање, и мислам навистина МНОГУ шетање, после- гајле немаат.

Највеќе мразам кога ќе видам ротвајлер врзан надвор или оставен во бокс, сам цело време. Ротвајлер е куче кое што сака цело време да биде со тебе, кога правиш нешто по дома, цело време е поред тебе, од соба во соба, се го интересира. Ако не те следи цело време физички, ондак те следи со поглед. Нешто што непознавачите на оваа раса не го знаат и ќе го бапне во двор, али битно има куче. Не е куче кое можеш да го оставиш само во бокс или врзано. Една од големите причини за појава на агресија е баш таквото чување. Ротвајлерот ти е too social type of dog со сопствениците, и воедно недоверливо кон непознати.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.456
Имам цврста рака? :love: Шала на страна, све што си пиша си е на место, освен моментот дека скокаат... не се баш џампери ако не ги вежбаш за тоа, и пак мислам дека ќе бидат тапа. Не ти треба цврста рака, која очигледно ја ја немам, ти треба карактер, ти треба разбирање и познавање на расата и нејзината природа. И во иднина, не се труди да им кажуваш убави работи на почетници за ротвајлер, особено на оние кои мислат дека кучето ќе ги изеде пошо побудалува :tapp:Такви луѓе никогаш нема да ја ценат убавината на ротот, ради такви луѓе, овие кучиња се прогласени за агресивна раса :notworthy:. На такви луѓе им кажуваш да не чуваат куче. Не може да се реши за 4 комплетно различни раси, од кои 3 спаѓаат во групата на тн. агресивни. Значи, моментот е да се курчиме, а не да имаме куче на кое ќе му посветиме љубов и внимание.4 различни карактери, 4 различни раси, типот не се познава доволно себеси, битно му е да има куче, не му е битно дал ќе му одговара на карактер, на животни навики и етц.

П.С. Кај кого ја пушти на тренинг?
Не знам за тоа дали се некои џампери,оваа мојата е ептен џампер,како скокач со стап е...(иам зидана ограда од речиси 2 метра во двор,и на неа растат некои малечки треви,и госпожата успева да ги достигни и да си проба од тревите:eek:,веруваш не веруваш ги фаќа иако се на високо место, над 2 метри)... :нинџ:
Па затоа и пишав,дека ако се чува на места со ниски огради се бива,да не напрајме после бркотница со комшииите или со поштарот или друг инкасатор...:pos:
Иначе за постот се сложувам,треба некоја основна информираност пред се земи ротвајлер..
Доста веќе со стереотипите и табуата на Македончето од типот РОТВАЈЛЕРОТ ПРЕД ДА УМРИ СИ ГО УБИВА ГАЗДАТА...:D
Не си свесна колку вакви муабети имам слушано низ годините....:tapp:
Идиме до муабетот од некои други теми,ЕДНОСТАВНО САКАЛЕ ДА ПРИЗНАЕМЕ ИЛИ НЕ,НЕУДИЦИРАНА КИНОЛОШКА НАЦИЈА СМЕ....крај на муабет.....
Тоа е.....таква нација сме,затоа и ќе се плаќаат по 500 евра за било какви кучиња,или како велеа порано некои кои сакаа да бидат ИН со кучињата , АБЕ КУЧЕТО ОД КАЈ МЕЛИТА Е,ТАА ГАРАНТИРА...:pos:
П.С.
Ја дадов госпожата во Битола на дресура(Кире се вика дресерот,не знам презиме)...ама навистина спремен...
Досега од сите шо ги прашав за мислење за него,луѓе шо соработувале со него сите дадоа врвни препораки,е сеа малце скапчија е ,ама сепак за дресура од 45 дена мислам дека вреди за парите....
Ми кажаа луѓе шо ја виделе низ град со него,викаат не е истото куче...навистина е хиперактивна...:D
Мислам дека ќе биди се во ред....
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
И онака спие цело време. Можеш да го сместиш кај сакаш, мојава на пр. спие во метар квадратен, може и помалку, и колку и да сакам да ја тргнам од фотељата- не сака :ROFLMAO: . Се разбира дека им е потребно доста шетање, и мислам навистина МНОГУ шетање, после- гајле немаат.

Највеќе мразам кога ќе видам ротвајлер врзан надвор или оставен во бокс, сам цело време. Ротвајлер е куче кое што сака цело време да биде со тебе, кога правиш нешто по дома, цело време е поред тебе, од соба во соба, се го интересира. Ако не те следи цело време физички, ондак те следи со поглед. Нешто што непознавачите на оваа раса не го знаат и ќе го бапне во двор, али битно има куче. Не е куче кое можеш да го оставиш само во бокс или врзано. Една од големите причини за појава на агресија е баш таквото чување. Ротвајлерот ти е too social type of dog со сопствениците, и воедно недоверливо кон непознати.
Тоа секако,само заборавив да го пишам :)
На ум сум да набавам од некаде отвајлер понатаму малку,па да се распрашам :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ја дадов госпожата во Битола на дресура(Кире се вика дресерот,не знам презиме)...ама навистина спремен...
Досега од сите шо ги прашав за мислење за него,луѓе шо соработувале со него сите дадоа врвни препораки,е сеа малце скапчија е ,ама сепак за дресура од 45 дена мислам дека вреди за парите....
Ми кажаа луѓе шо ја виделе низ град со него,викаат не е истото куче...навистина е хиперактивна...:D
Мислам дека ќе биди се во ред....
Не мислеше дека ќе можеш сам да излезеш на крај со неа? Ја некако сум скептик за нашиве нелиценцирани, само прогласени тренери на кучиња. Имаат премногу застарени методи, особено тоа дека не треба да бидеш со кучето додека ти го тренираат. :cautious: Тоа за мене значи дресура со употреба на физичка сила. Иако сметав дека не се способни за да ти го млатат кучето, видов со свои очи што им прават. Никад не би пуштила куче со само прогласен тренер на само. Али, твое право нели, ти си знаеш најдобро. На почеток сметав дека нема да можам да искочам на крај, зашо голема беше мојава кога ја најдов, веќе оформен карактер (да не речам гомно карактер). Цело време ми се инаетеше, нешо она е газда муабети, али најде со кого да се заебава:) ја и мојава цврста рака:нинџ:, сега као маче е, целосен тренинг со комплетна послушност за основни команди, а воедно и еден тон команди ради заебанција, као стои на задни нозе, држење на храна на нос... и све тоа преку игра, што е најинтересно. Сега, ми одзеде доста време, тоа да, али трпеливост е преоритет, особено со олку моќна раса.

П.С. Колку му плати на типот?
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Имам цврста рака? :love: Шала на страна, све што си пиша си е на место, освен моментот дека скокаат... не се баш џампери ако не ги вежбаш за тоа, и пак мислам дека ќе бидат тапа. Не ти треба цврста рака, која очигледно ја ја немам, ти треба карактер, ти треба разбирање и познавање на расата и нејзината природа. И во иднина, не се труди да им кажуваш убави работи на почетници за ротвајлер, особено на оние кои мислат дека кучето ќе ги изеде пошо побудалува :tapp:Такви луѓе никогаш нема да ја ценат убавината на ротот, ради такви луѓе, овие кучиња се прогласени за агресивна раса :notworthy:. На такви луѓе им кажуваш да не чуваат куче. Не може да се реши за 4 комплетно различни раси, од кои 3 спаѓаат во групата на тн. агресивни. Значи, моментот е да се курчиме, а не да имаме куче на кое ќе му посветиме љубов и внимание.4 различни карактери, 4 различни раси, типот не се познава доволно себеси, битно му е да има куче, не му е битно дал ќе му одговара на карактер, на животни навики и етц.

П.С. Кај кого ја пушти на тренинг?
Брзате луѓе и давате мислење за луѓе што не ги познавате.
Можеби не ги познавам овие раси али како што ти кажав израснав со кучиња, за загари комотно можам да ти кажам дека сме ги имале врвните во Прилеп бидејќи татко ми беше еден од најзаразените ловџии во градов и со огромен број трофеи од диви свињи. Чисто колку за информација последниот загар го продадовме 900 евра на еден дечко од албанска националност, бидејќи кучето едноставно неможев да го чувам повеќе, тој загар побеснуваше ако не се однесе на лов и едноставно беше спремен на се, па и ден денес сум во контакт со човекот и нема кажано лош збор за кучето.
проблемот за изборот не е до тоа да имам куче, туку не се прашувам само јас. Јас обожавам доберман и пит бул. Лабрадор и ротвајлер и е по кеф на сестра ми, а кога веќе земам не се прашувам само јас. Воглавно сум заинтересиран за доберман и затоа прашувам за овие раси. За тренинг ќе го научам ако е интелигентно, бидејќи загарите кои ги имам чувано слушале подобро од војнички кучиња и сум ги спремал дури и на дива свиња да и се спротивставуваат а камоли на неканет гостин, слушаат команди строго од газдата и никого друг.
За чување имам голем бокс, покриен е од горе така да нема каде да избега, исто и дворот ми е ограден со доста висока ограда.
Tomasino благодарам на советите, до нареден месец сум слаб со пари, а и време да барам куче така да од нареден ќе се одлучувам дефинитивно за што.
 
Ок, супер, не сакаш ти ротвајлер, ми олесна. Само да знаеш дека ни питот ни доберманот, немаат ни грам сличности во однесување, темперамент и карактер со Балканец, Алпинец, Босански Барак....ги знаеш ако си ги чувал и не морам да ги набројувам. Работа за ловџиско куче е да биде аберџија на врата, а воедно да го доведе дивечот на пушка кај чекачите ловџии (луѓе со мали курови би рекла јас), храбри но воедно и глупави кучиња. Е сега, питот ти е друга ствар, питот не те брка за да те избрка, питот те брка за да те убие (зборам за лошо социјализирани кучиња, да се разбереме) и ќе те убие (воедно питовите се едни од најлошите чувари, односно не ги бива за чувари (добро социјализирано куче)). Истото важи и за доберманот, иако последиците би биле помали во однос на питот, со една разлика, што доберманот е природен чувар и територијалец. Кажи и на сестра ти да не се заебава, земете си лабрадор или ретривер, лезет да му видите на кучето, нит да ви вриштат по улици, нит да се пазите кај го шетате, а воедно и девојчиња обожаваат слатки кучиња, особено ретриверот;)
 
не сум ги чувал погорните раси али погрешно ги имаш сватено загарите. Не се глупави туку далеку од тоа, имаме оставано загари на нова територија за него по 50 км од дома и се враќале пак дома, одлични чувари се ако се паметно дресирани и не ги потценувај за убивање бидејќи пред 3 години имав балканец кој верувај дека не чуваше за да те брка туку беше буквално убиец, а попаметен беше и од човек. Многу е битно до расата и колку е природно интелигентно, али ако го воспиташ добро многу карактеристики се менуваат.
Ахаха не сум лично јас ловџија и не ме влечи баш тоа али не би ги нарекол така никогаш, тоа ти е спорт за богатите по мое мислење и за некоја година ќе се покаже во голема мера во пракса бидејќи поголемиот дел од ловиштата се приватизираат и што и да убиеш ќе си го платиш од кг.
многу работи разбираш можеби за кучињата али многу работи и ги имаш погрешно разбрано особено за кучиња кои не ги имаш чувано.
 
Не можеш убивање да наречеш спорт. А воедно, растев со загари, и тоа глутници од загари. ;)
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.456
Не мислеше дека ќе можеш сам да излезеш на крај со неа? Ја некако сум скептик за нашиве нелиценцирани, само прогласени тренери на кучиња. Имаат премногу застарени методи, особено тоа дека не треба да бидеш со кучето додека ти го тренираат. :cautious: Тоа за мене значи дресура со употреба на физичка сила. Иако сметав дека не се способни за да ти го млатат кучето, видов со свои очи што им прават. Никад не би пуштила куче со само прогласен тренер на само. Али, твое право нели, ти си знаеш најдобро. На почеток сметав дека нема да можам да искочам на крај, зашо голема беше мојава кога ја најдов, веќе оформен карактер (да не речам гомно карактер). Цело време ми се инаетеше, нешо она е газда муабети, али најде со кого да се заебава:) ја и мојава цврста рака:нинџ:, сега као маче е, целосен тренинг со комплетна послушност за основни команди, а воедно и еден тон команди ради заебанција, као стои на задни нозе, држење на храна на нос... и све тоа преку игра, што е најинтересно. Сега, ми одзеде доста време, тоа да, али трпеливост е преоритет, особено со олку моќна раса.

П.С. Колку му плати на типот?
Уф,камо да можев јас ко тебе...:(
Ама едноставно видов дека не одат работите,колку и да пробував.....едноставно не ме бива/ше,се надевам дека ќе се подобрам на ова поле,кривицата е целосно моја(едноставно немав никаква помош околу кучето,некој ментор кој знае со ротвајлери):( нејќев да го запустам кучето зошто ако не превземев нешто натаму одеше работата...
Околу дресерот,и јас од прво мислев дека користи физичка сила,долго време се мислев,едно време се откажав од идејата,си мислев дека можам сам да се справам,не ми одеше планот... пред да ја дадам кога веќе одлучив за дресурата многу време се распрашував кај други луѓе,пред се за карактерот на дресерот(а излезе дека сум го знаел од порано,сме учеле во исто школо)+неколку пати се видов со него,видов како работи со кучето и бев многу задоволен..
Не можам да тврдам дали навистина користи ќотек при дресурата,ама мое мислење е дека овај дресер не користи физичка сила....:cautious:(сепак не можам да тврдам кога нормално не сум присутен при тренинзите)....
Знам дека е ризик,ама морав да се решам на ваков чекор....
250 евра за 45 дена дресура е цената.....па ќе видиме шо сработил.....
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Не мислеше дека ќе можеш сам да излезеш на крај со неа? Ја некако сум скептик за нашиве нелиценцирани, само прогласени тренери на кучиња. Имаат премногу застарени методи, особено тоа дека не треба да бидеш со кучето додека ти го тренираат. :cautious: Тоа за мене значи дресура со употреба на физичка сила. Иако сметав дека не се способни за да ти го млатат кучето, видов со свои очи што им прават. Никад не би пуштила куче со само прогласен тренер на само. Али, твое право нели, ти си знаеш најдобро. На почеток сметав дека нема да можам да искочам на крај, зашо голема беше мојава кога ја најдов, веќе оформен карактер (да не речам гомно карактер). Цело време ми се инаетеше, нешо она е газда муабети, али најде со кого да се заебава:) ја и мојава цврста рака:нинџ:, сега као маче е, целосен тренинг со комплетна послушност за основни команди, а воедно и еден тон команди ради заебанција, као стои на задни нозе, држење на храна на нос... и све тоа преку игра, што е најинтересно. Сега, ми одзеде доста време, тоа да, али трпеливост е преоритет, особено со олку моќна раса.

П.С. Колку му плати на типот?
Ако јас некогаш пуштам куче кај дресер,би го одбрал само Сале.Кај него нема утка,а и знам дека не работи со ќотек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom