Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
пред некој ден дознав дека имало и трета МАКЕДОНСКА раса на куче покрај шарпланинецот и караманот .... тоа е КАРАБАШ .... дали знаете нешто повеќе за оваа раса ?! и до каде е состојбата за регистрирање на караманот како официјална МАКЕДОНСКА раса ?! исто и со Шарпланинецот ?! знам дека веќе дека тој дел на Србија е сега, Косово .... дали ќе искористиме предност да го регистрираме како чисто македонска раса ?! многу ме нервира што досега единствената официјална раса не е сеуште чиста официјална раса .... ТУКУ ја делиме со Србија ... позз ... не сакам да звучам како националист .. но мора да се погрижиме за нашите работи искрено .... знам дека ќе биде овој прашање оффтопик ?! Има некоја македонска раса на МАЧКА ?! :)
 
Имам куче старо е година и некој месец, на главата по рбетот му приметив едно како топче, ми наликува на хематом, дали се има удрено негде или што е незнам, да не се има некој сретнато со слична ситуација, планирам утре да го носам на ветеринар..
 
Да не приман некаква инекција последно време? Ако примал од тоа му е, пошо не му го измасирале местото после. Ако не примал, ондак не знам.
 
Продавам фурминатор за кучиња (20 до 40 кг) и големина на влакно не поголемо од 5цм. Фурминаторот е оргинал, порачан онлајн али јас порачав за мачка а они за куче ми пратиле :eek: па затоа го продавам.
Заинтересирани контакт во инбокс.

Прегледај го приврзокот 68239

Прегледај го приврзокот 68240

Бумп! 1800 денари
 
Да не приман некаква инекција последно време? Ако примал од тоа му е, пошо не му го измасирале местото после. Ако не примал, ондак не знам.

да да, пред 1 недела го вакциниравме..
 
да да, пред 1 недела го вакциниравме..
Е па ете... ќе му пројде, нема гајле. Ќе му биде такво као топче некое време, не му смета не се секирај, и ќе пројде:)
 
Да не има некој женка лабрадор за парење?
 
Дечки здраво. Ми треба совет. Премногу сакам да чувам куче ама имам еден проблем. Кучето шо би го чувал, би морало да останува само дома сигурно по 5, 6 часа дневно. Ова е единствената пречка.

Што е вашиот совет? Истотака мора да споменам дека кучето би го чувал во стан и преферирам да биде раса т.н. салонско куче.
 
Моето куче останува дома само по 8 саати па супер му е, се додека има доволно вода и е во контролирана средина, каде што не може да изеде нешто што може да му наштети. Иначе и јас го чувам во стан, 45 квадрати, и е ротвајлер:). Што значи, секое куче може да се чува во стан, се додека е доволно прошетано за да не биде деструктивно кога е само по дома. Една препорака за раса од мене ти е мешанец, мал по раст или да провериш дали некое мало куче, расно се подарува (веруј ги има премногу кои бараат домче). Али ако си запнал да дадеш пари за куче, што јас не преферирам, би ти препорачала мопс, цареви се, прави газди. Доволно тивки ако имаш комплицирани комшии. Не им треба преголема активност, што значи и не бараат премногу време за прошетка. Мораш да разгледаш позитивни и негативни страни за било која раса да се одлучиш, што од активност, што од здравствени проблеми и одржување на кучето. А за мопсот-
 
Тотално небитно ми е дали ќе купам куче или ќе го земам од улица. Сите досега што сум ги чувал биле од улица. Проблемот е што не сум ги чувал во стан. Затоа и побарав совет. :) Ако имате некој кој подарува куче, пуштете ми пп. Инаку, една другарка има мопс и прилично често го гњавам. Одлична раса, само што 500 еу не би дал за куче, не дека го третирам ко објект, но забегуваат со цените.
 
Има некој од форумов што чува Аргентинска дога? Сакам да го прашам каде е осетот за околината додека се шета тоа куче и каде и како го шетате?
Го шеташе по Партизанска, кај Палма. Вриеше од деца и луѓе. Немаше маска и ланецот на кој го шеташе беше претенок дури и за една пудлица. Од спротивната страна идеше Лабрадор, релативно млад и ова збесна. Ама во буквална смисла збесна и настана тотален хаос, газдата изгуби целосна контрола над кучето, до душа тоа не е куче туку магаре ( мислам дека поголема дога во животот немам видено) и колку и да немам против ниедно животно, едноставно не е природно да се шета во таква средина. И едвај чекам да се спроведува законот и да ги изгорат од казни зошто беше језива и хорор глетка.
 
Јас сум голем љубител на животни, ама шетање на куче без ланец, или пак мешање на агресивно куче на прометни места иако е врзано, е за идење во затвор не за казна.

Ако е агресивно обавезно маска, ланец, и пред се шетање на места на кои нема голема раздвиженост.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom