Кучиња (грижа, општи дискусии)

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Немало... :cautious: битно е да се изеде нешто што не треба..али ајде :cool:
ако се извини јас ќе му дадам уште еден линк, колешката не го ставила :)
 
Член од
12 август 2007
Мислења
21
Поени од реакции
1
Играјќи качено на кутија нешто пониска од пола метар кучето падна директно на глава и неколку секунди стоеше со искривен укочен врат со затворени очи, после неколку секунди се врати во нормала и си продолжи со играње и се беше ок. Сеа сакам да прашам дали е можно некоја последица да има од тоа и за што станува збор. Иначе кучето е старо 3 месеци.
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
654
Поени од реакции
329
Играјќи качено на кутија нешто пониска од пола метар кучето падна директно на глава и неколку секунди стоеше со искривен укочен врат со затворени очи, после неколку секунди се врати во нормала и си продолжи со играње и се беше ок. Сеа сакам да прашам дали е можно некоја последица да има од тоа и за што станува збор. Иначе кучето е старо 3 месеци.
питбулот мој на отприлика таа возраст исто од оприлка пола метар висина падна на паркетот дирекно со вилицата додека скокаше, како што падна му се измести целата долна вилица и за момент се стаписав од гледката, две секуди ја мрдаше главата и вратот во една страна како да му е укочен и пред нешто да превземам сама му се врати вилицата на место и си продолжи како ништо да не му се случило... еве после година дена мислам дека нема никакви последици, барем сигурно во силата и изджливоста на загризокот негов :)

ова е мое лично искуство, може треба ти на ветеринар да го однесеш, јас само споделувам слична случка...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Кучето скоро секој ден повраќа/ше. Некоја причина што би можело да биде? Знам дека понекогаш може да им се згади од изметот и мочките што ги душкаат или од прејаденост но доста се зачести тоа и повраќа само нешто како пена. Од кога ќе си поврати си продолжува како ништо да не е полна си е енергија... Коски скоро и не поднесува па не и даваме тоа, гледаме да си остане на нејзината храна и понекогаш знаеме да и надробиме леб со некоја манџа.. Иначе да не ја урочам али веќе 4-5 дена нема повратено.
Што би можело да биде??
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Кучето скоро секој ден повраќа/ше. Некоја причина што би можело да биде? Знам дека понекогаш може да им се згади од изметот и мочките што ги душкаат или од прејаденост но доста се зачести тоа и повраќа само нешто како пена. Од кога ќе си поврати си продолжува како ништо да не е полна си е енергија... Коски скоро и не поднесува па не и даваме тоа, гледаме да си остане на нејзината храна и понекогаш знаеме да и надробиме леб со некоја манџа.. Иначе да не ја урочам али веќе 4-5 дена нема повратено.
Што би можело да биде??
Повратено со пена можно е да станува збор за труење, чим некое време е добро пази за во иднина. Најверојатно мала била концентрацијата/дозата и го исфрлило од организам.
Пази кога го шеташ и не го пуштај само да растрчава исто и во двор ако е пази некој да не му фрли нешто.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Кучето скоро секој ден повраќа/ше. Некоја причина што би можело да биде? Знам дека понекогаш може да им се згади од изметот и мочките што ги душкаат или од прејаденост но доста се зачести тоа и повраќа само нешто како пена. Од кога ќе си поврати си продолжува како ништо да не е полна си е енергија... Коски скоро и не поднесува па не и даваме тоа, гледаме да си остане на нејзината храна и понекогаш знаеме да и надробиме леб со некоја манџа.. Иначе да не ја урочам али веќе 4-5 дена нема повратено.
Што би можело да биде??
Вирус е (многу веројатно):cautious: ...како епидемија е,премногу случаи има.....
И јас го имав истиот случај со моето куче...
Еден ден цел ден повраќаше,и имаше пролив...
Не јадеше цел ден...
Одма отидов во ветеринарна амбуланта,ми дадоа апчиња(заборавив како се викаа,по 30 денари едно апче)+ ми рекоа да земам Активен јаглен,го има во сите аптеки,на неколку пати во денот се дозираат по 5 таблети од активниот јаглен.(ова било како еден филтер за стомакот,ги чисти сите токсини во организмот на кучето)...и навистина многу помогна......
За помалку од еден ден се врати кучето во нормала,како ништо да не било....
Ако немаш земено,земи си апчиња,мора да се исчисти кучето внатрешно....
Само со одредена храна нема да се надмини проблемот...
 
Член од
12 февруари 2013
Мислења
6
Поени од реакции
1
Јас бев доволно љубезна, ама ти ми рече да одебам,така? А дека нема информации на нет, тоа многу грешиш :)
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 21:51 ---

на 3 или 4 месеци.
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 22:09 ---
Nikola230395, ако бидеш љубезен да се извиниш и да подадеш рака, ќе ти дадам линк кој не е на англиски, и има многу повеќе напишано од тоа што ти си го нашол :)
би бил љубезен и би ти се извинил ама нејќам
зашто?
затоа што најдов се што ми беше потребно за нив ;)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
На другар ми кучето,ротвајлерот,Барон се вика,денес раскасал некаква си раса куче од оние кафеавиве,високите,слабите со долка кадрава длака мислам дека од Шкотска потекнуваат.Отишол в парк денес со женска му,таа со нејзиното бишон фризе и овој го пуштил песот да се растрча малце.Арно ама се оддалечил многу,овие романси воделе на клупа и овој се вратил крвав целиот околу уста.Тој му ставил веднаш маска и веднаш надома.После накај 4 ми се јави ми кажа за случајот целиот се тресеше,мислеше дека може да е дете некое.Отидовме накај паркот со кучево и тоа тргна баш натаму коа го видовме овоа распарчано лежи на земја крв од сите страни.
Така да,ако некој го бара ова куче,и го види овој пост,нека знае што се случило,не е ниту украдено ниту ништо.Ако некој случајно отвори постира тема за изгубено куче и наликува на тоа шо го опишав,ако не сум онлајн моментално че ве замолам тоа да му се пренесе.
Во името на другар ми се извинувам за инцидентот,и би сакал некој искусен да каже,дали би постоела можност да го гони некој закон ? мислам ако имало сведоци на ова,што не верувам,стопанинот сигурно би си го зел мртвото куче да го видел,кучето блескаше и имаше многу убава огрлица и имаше маска на лицето,значи неможело да се брани.Само се чудам,овоа изгледаше многу атлетско,а ротвајлерот дебел ...како не успеало да избега
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Закон не,ама газдата сигурно ке го гони...знам дека јас би го гонела! Нема оправдување за таквата неодговорност, поготово ако се работи за некоја поголема раса, која не е секогаш пријателски расположена кон останатите кучиња.
 
K

kalimer0

Гостин
Ме чуди ротвајлерот, другото куче не пружило отпор (разбирам да ржи на него) ама која е логиката да го убие?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Оф леле...:facepalm:
Добро бе,зарем е можно да постои ваква НЕОДГОВОРНОСТ?(го оставил кучето да се ИСТРЧА :tapp:додека се мувал со женската на раат):tapp:
Добро бе нормален е овај или не?:confused:
Па уште и прашува дечкото дали има закон кој би го гонел?:tapp:кое лицемерие значи...:facepalm:
Ќе ти одговорам....
Досега судската пракса познава случаи кога судот досудувал оштета на луѓе кои биле каснати од кучиња...
Пред некоја година имаше случај кога ротвајлер искаса деца кои си играле пред зграда...
Не му гинеше затворска казна на сопственикот,но некако ја наредиле работата,па поминал со условна казна....и нормално со спогодба со оштетените за плаќање парична оштета..
Околу случајот,на сопственикот на убиеното куче му останува да жали за кучето,и нормално доколку сака да бара оштета од тн сопственик....:eek:(во случајот на дечково тој треба да е среќен да помини само со ова,некои луѓе се премногу сентиментални околу своите миленици,па се спремни на се)...
И со право,зошто некој вложил пари,труд,љубов да го одгледа своето милениче,и ќе се појави некој индијанец кој го остава своето АГРЕСИВНО КУЧЕ(на кое местото никако не му е во урбана средина,во парк,со други луѓе,кучиња)да се ИСТРЧА ,а тој нема контрола врз кучето...(во случајот имал предигра со женската)..и се случува трагедија....
Па за ова во нормални земји,каде шо има висока правна заштита на домашните миленици некој би одел зад решетки...
И никако да се научиме.денес било "само"некое несреќно куќе,кое се нашло на погрешно место во погрешно време..:(
Утре ќе биди(не дај боже)некое дете,некоја мајка со дете,и после шо прајме?на шо ќе се вади дечкото?или пак ќе избега и ќе се надева дека нема да го фатат...:tapp:
Е баш поради ваквите луѓе ротвајлерите се на негативен глас помеѓу народот...и страдаат недолжните сопственици на кучиња....(јадат казни за неносење на маски...е баш поради ваквите случаи никој не го почитува законот за носење маски,зошто во слуајот убиеното куче било како јагне нападнато од волк)....
Зошто некои неодоговорни луѓе земаат вакви раси,си лечат некои комплекси преку кучињата,се однесуваат во урбана средина аматерски(ги оставаат кучињата да прават шо сакаат)и после се случуваат вакви трагедии....
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
И после BSL ни е крив.Сопствениците си се самите криви за несоцијализацијата на кучето.Мислам дека нема што многу газдата да направи,освен да отиде да го истепа другарот твој убаво,полицијата не верувам да го гони за тоа затоа што нема човечки жртви(за среќа).
Ех мојата убава македонија...
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Абе не рекле старите за џабе:Од глаата си патиме!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom