Купување таблет компјутер

Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
По странски тек сајтови читав дека по купување треба да се наполни до крај пред да почне да се користи.. дека веројатно/во некои случаеви игра улога во долговечноста на батеријата( тоа читав одкако постирав овде ).. исто така продавачите у Анхоч препорачале да се наполни веднаш до макс па да се почне со употреба.. а чудно ми беше затоа прашав.. неврмајнд..
 
Член од
30 март 2008
Мислења
146
Поени од реакции
121
луѓенца, и јас спаѓам во групата купувачи што немаат абер од таблети. :eek:
Па дојдов на темава да барам помош и совет за изборот. Ја прочитав скроз цела тема и со оглед на тоа што појма немав во однос на гаџетчиња, сеа па уште повеќе се изгубив. Комплетно сум незапознаена со технологијава па се надевам некој од вас ќе се сожали и ќе ме насочи кон кои предиспозиции да се усмерам кога бирам :D.
Значи ми треба за да го носам на патувања како покомпактен и од аспект на тоа би сакала да го користам за скајп, значи не би било лошо да има и предна камера (не мора некој си wow-квалитет ама да може да се видам со овдешните), кога веќе земам би сакала да чита и офис-документи (зашо како да прочитав низ странициве тука дека сите не читале :confused:). Да има немизерна меморија за да не ми кочи ако ставам неколку апликации. Андроид систем сакам да има. Гаранцииче исто не би било на одмет (освен ако немаат сите). На која фирма да и ја дадам довербата? Во врска со тоа инчите, не се ограничувам. Нека биде околу 7.000 / 8.000, отстапка би направила и едно/две илјадарче ако навистина ме советувате дека вреди, али не би више :) Ама со оглед на тоа што не верувам дека ќе го исцицам од користење може подобро е да ми ги запазите пониските цени. Не сум сигурна дали ми се даваат 10 бона :D
Па, пуцајте предлози :cool:
Фала.
 
Член од
30 март 2008
Мислења
146
Поени од реакции
121
Верувал или не и мене тој ми фати око. Како најголем аматер се водев од тоа дека кога не знаеш да одредиш квалитет, гледај според цена.:D
Другите се драстично поскапи, така да ваљда ќе го купам овој деновиве. А поевтините ми се од unknown фирми и делуваат како боранија-роба. o_O
Не знам дали коментарот ти беше за мене наменет или онака си сподели информација за сите заинтересирани, ама ми помогна во секој случај. Фала ;)

И уште ова да ве прашам: Овие футроливе со тастатура одговараат на сите таблети во соодветната големина, така?
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Па, пуцајте предлози :cool:
Фала.
Ова според мене е подобро во однос на оној од погоре
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=1005&pid=34742

А ова, е подобро од претходните и со одлична цена
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=1005&pid=13451

И еве ти го истото, практично ново
http://forum.it.com.mk/threads/asus-google-nexus-7-v2-2013-32gb.42359/

Јас гласам за последново. Одлична цена, лудница уред (го имам истиот во 32GB верзија), скоро некористен, проверен момак.

Поздрав
 

Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Верувал или не и мене тој ми фати око. Како најголем аматер се водев од тоа дека кога не знаеш да одредиш квалитет, гледај според цена.:D
Другите се драстично поскапи, така да ваљда ќе го купам овој деновиве. А поевтините ми се од unknown фирми и делуваат како боранија-роба. o_O
Не знам дали коментарот ти беше за мене наменет или онака си сподели информација за сите заинтересирани, ама ми помогна во секој случај. Фала ;)

И уште ова да ве прашам: Овие футроливе со тастатура одговараат на сите таблети во соодветната големина, така?
Предлогот беше за тебе. Таблетот е одличен за тие пари, а тоа што е 10.1 инчи го прави уште поодличен. Футрола треба да е соодветна за да одговара на отворите за камера, звучник и слично.
 
Член од
30 март 2008
Мислења
146
Поени од реакции
121
Ова според мене е подобро во однос на оној од погоре
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=1005&pid=34742

А ова, е подобро од претходните и со одлична цена
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=1005&pid=13451

И еве ти го истото, практично ново
http://forum.it.com.mk/threads/asus-google-nexus-7-v2-2013-32gb.42359/

Јас гласам за последново. Одлична цена, лудница уред (го имам истиот во 32GB верзија), скоро некористен, проверен момак.

Поздрав
Да, читав дека нексусот е бомбона, ама кога ги видов во продавница некако многу мали ми изгледаа 7" па се решив дека сепак би 10" . Фала во секој случај, да се решев за 7 ќе го земав нексусот без мислење, нема кој не го пофалил :D Засега го имам предвид предлогот на Лајче, ќе полутам уште малку и ако не тој ќе го земам, сепак не сакам потполна замена за лап топ туку баш онака некое си андроидче попрегледно од телефон, да врши некоја основна работа, ништо ау бау, ама па да не биде ни канта...барам средна класа што би се рекло :cool:
Фала во многу момци на одвоеното време. Должам пиво ;)
Ако има уште некој расположен да даде памет, бујрум :)
 
Последно уредено:
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
Сакам да купам таблет. Јас сум обожавател на Самсунг а знам дека хејтерите на него и верните обожаватели на Ајпад ќе ме искритикуваат. Сакам да знам дали некој ги има користено двата таблети, значи и од едниот произведител и од другиот и да кажи свое мислење? и исто сакам да прашам дали може да се инсталира офис на таблет пошто сакам да купам и сакам да гокористам чат пат за пишување? и последно прашање дали мемориската која ја имам за самсунг од 16 гб може да се искористи на таблетот доколку изборот е самсунг?
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
Каде у Скопјево најефтини нови iPad-и?
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Некој да каже листа на таблети кој се произведуваат во европска унија?
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
ајде мислење.дали е добар за 5,500ден.


(повеќе ми треба за GPS-от ,мада и така ќе го користам)
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
ајде мислење.дали е добар за 5,500ден.


(повеќе ми треба за GPS-от ,мада и така ќе го користам)
За парите е океј, ама за тие пари се зема срање таблет само. :)
Поарно дај уште толку, и земи си некој оооодличен таблет.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
За парите е океј, ама за тие пари се зема срање таблет само. :)
Поарно дај уште толку, и земи си некој оооодличен таблет.
финтата е што повеќето ми треба за во кола,за патување,а кога сум дома обично сум на лаптоп(кој е повеќе од одличен) ,така да не ми се фрлаат многу пари за друг..мислам дека ќе биде добар овај.. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom