Купување преку интернет (генерална дискусија)

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Со Виза Електрон од Тутунска може да се порачува од амазон? И дали треба да се стават долари, или нема везе?
И прв пат ке ставам пари на картичка, како иде процедура? Само им ја давам картичката на шалтер и пари или?
Може, всушност таа и се препорачува, си ставаш денари, најобично. Иначе на шалтер ти ставаат пари на трансакциската сметка, на која ти е поврзана картицата, значи да, ќе им ја даеш картицата плус парите и толку.
 
Член од
4 ноември 2008
Мислења
1.330
Поени од реакции
80
Да не знае некој страна некоја од кај што се нарачуваат маички? Нешто слично на shirtoid.com има одлични маици ама нема за Македонија
 
Член од
12 септември 2010
Мислења
18
Поени од реакции
1
Нарачав јакна преку e-bay за која се потребни 5-7 работни дена да стигне до Македонија . Ја порачав на 13 ти Декември и ни трага ни глас од неа . Пратена е преку ДХЛ ( Деутче Пост ) , контактирав со ДХЛ МК ми рекоа дека пратката е обичен пакет , а не експрес , и кога би стигнала во Македонија ќе се пренесе преку Македонски Пошти ,а не преку самите ДХЛ . Според тракинг бројот на 21 Декември ја напуштила Германија а од тогаш нема никаков апдејт . Има ли шанси да е земена на царина а да немам никакво известување за тоа ?
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Јас порачав патики од Амазон,беа негде околу 75долари и за 4дена стигнаа од Тенеси.Доста брзо стигнаа.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.217

Сега пошто беа празници ништо чудно да закасни или да исчезни во гужвата. Се случува и поштарите се живи луѓе.
Најдобро контактирај го продавачот и кажи му дека се уште ја немаш добиено пратаката и ако може да провери по тракингот до каде е. Нормално ке го контактираш преку ибеј во контакт селер за да биде официјално.
 
Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Јас порачав патики од Амазон,беа негде околу 75долари и за 4дена стигнаа од Тенеси.Доста брзо стигнаа.
И колку плати царина? Сакам да порачам патики исто од Амазон што коштаат околу 22 евра дали ќе ми наплатат царина и ако може некој да ми даде листа на производи од колку се наплаќа царина?
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
И колку плати царина? Сакам да порачам патики исто од Амазон што коштаат околу 22 евра дали ќе ми наплатат царина и ако може некој да ми даде листа на производи од колку се наплаќа царина?
Јас ништо не платив.Стигнаа со Федекс.Платив само за shipping.
 
DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.911
Поени од реакции
165
Порачав од ДХ (поточно другар ми порача за мене) и пратката стигна без проблем за некои 20 дена, ама го порачав на 18 дек, и со оглед на католички божиќ, па нова година и наш божиќ, стигна навреме:), а и плус заборавил да доплати за тракинг број и мислевме дека нема да стигне но немаше проблем.

Се на се задоволен сум од страната, сигурноста и брзината.
--- надополнето: 13 јануари 2013 во 18:07 ---
Порачав од ДХ (поточно другар ми порача за мене) и пратката стигна без проблем за некои 20 дена, ама го порачав на 18 дек, и со оглед на католички божиќ, па нова година и наш божиќ, стигна навреме:), а и плус заборавил да доплати за тракинг број и мислевме дека нема да стигне но немаше проблем.

Се на се задоволен сум од страната, сигурноста и брзината.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
314
Поени од реакции
30
Јас порачав од tomtop ми рекоја дека за 20 дена пратката ќе стигне а ни трага ни глас порачав на 20ти ноември па после нова му реков да ми ги вратат назад парите, парите викаат дека биле испратени немам уште проверено бидеќи земав преку друг, е сеа ми пишаја дека ако во случај пратката стаса јас да му преплатам па се думам тука што да правам :)
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
Што би ме советувале за DealExtreme, сакам да нарачам две работи па незнам дали заедно да ги ставам или во две посебни нарачки...Што мислите?
 
Член од
10 март 2007
Мислења
404
Поени од реакции
17
Што би ме советувале за DealExtreme, сакам да нарачам две работи па незнам дали заедно да ги ставам или во две посебни нарачки...Што мислите?
ако се заедно можно е да ти мавнат царина ,сепак зависи од цената
 
-Rubik-

>>{- _ -}<<
Член од
31 октомври 2009
Мислења
315
Поени од реакции
101
Што би ме советувале за DealExtreme, сакам да нарачам две работи па незнам дали заедно да ги ставам или во две посебни нарачки...Што мислите?
Царина би требало да нема, затоа што и да е поскап производот, тие ставаат цена од 15 долари на пример, за да не платиш. Мислам дека нема разлика, сакаш заедно или посебно, исто ти се фаќа.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
Па 1500 отприлика е сумата заедно, не би требало царина да има. Посебни порачки, треба да чекам две работи а може да стигне едната, двете или ниту една :) Од искуства што читав, поголеми се шансите некој поштар да ти ја украде пратката отколку таа воопшто да не стигне до МК...Незнам, најверојатно ќе ги ставам посебно.:cautious:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom