Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
па преку што да ја нарачам нели обично се тие федекс дхл упс ???
Преку националните пошти, зависи од кај сакаш да порачаш, УСПС во Америка, УК Ројал Мејл во Британија, Хонгконгшка, Кинеска или Сингапуршка пошта за порачки од Кина, и сл. Таквите пратки тука ќе ти ги достави Македонски Пошти, процедурата трае релативно долго, до кај еден месец, ама ако ти е битно да пројдеш поефтино, тоа ти е подобра варијанта, а ако ти е битно да биде побрзо и посигурно без разлика на цената барај си експрес достава.
 
Гледам имаш искуство со интернет купувањево па да те прашам нешто?

Сакам да порачам телефон за мене од кина односно од dx.com во вредност околу 100 - 120 долари.
Бидејќи ќе биде прв пат ме интересира прво дали стигаат пратките од Кина?
После дали ако им напишам да назначат на пакетот дека е пример 50 долари ќе го направат тоа и дали тоа ќе помогне на царина?
 
Пратките од Кина стасуваат, овој сајт јас лично не сум го користел, но мислам дека не би требало да има проблем, освен ако си ептен баксуз па да ти се загине пратката, али тоа нема врска од каде доаѓа, и не се случува пречесто, башка и самиот продавач треба да ја сноси одговорноста во таков случај. За цената ти препорачувам да ги замолиш така, иако и они самите веројатно ќе го направат истото, Кинезите ги знаат тие финти. На царина не би требало да имаш проблем, јас земав скоро телефон од 250 долари, означена вредност на пакетот беше 50 долари, не платив ништо. Всушност никогаш не ми побарале да платам царина ако пакетот е означен со вредност под 45 евра.
 
прашвам на ebay продавачи да сменат цената на мобилен да купам, никој неќи да се нафати, со напрај педерчиња си реков
 
Дали во вредноста на пратката влегува и сумата за шипинг? Имам нарачка од 19усд +7усд за шипинг, ке ме царинат ли?
 
Во вредноста на пратката влегува и доставата, но за оваа сума нема да те царинат, пратки со вредност до 45 евра се ослободени од царина.
 
Тие што прашувате за dx.com. Значи кинески сајт со одлична услуга преку кој трансакцијата за плаќање ви е сигурна, голема понуда на се и сешто по смешни цени посебно аксесорис, подароци и сл. Најбитно од се ви е што шипинг не плаќате и што за релативно кратко време пратките стигаат за мк. Тие што нарачувале од странава знаат дека е најдобро да доплатите долар ипол за тракинг број не само за пратењето туку бидејќи пратката оди преку друга рута и може за неколку дена да стигне побргу до мк, односно лета авион преку редовна линија додека без тракинг број чартери кои се менуваат зависно од други околности. Е сега јас имам нарачано и пратката има стигнато за отприлика 18-20тина дена заедно со викенди што е релативно брзо, нешто поспоро од англискиот амазон со оглед на оддалеченоста. Исто со тој тракинг број можете на сајтот на македонски пошти да си ја пратите нарачката (секкао и на официјалната страна на хонк конг пост) и ќе знаете точно кгоа е тргната од Кина, каде и кога е пристигната во Европа и на крајот нашите ја чекираат кога ќе влезе во мк па после ден два ви ја препраќаат до дома ако е со во ред со царина и други околности. Има мал милион кинески страни другите функционираат на скоро ист принцип, овие може да ви препратат и нова ако има некој проблем со нарачката или да ви ги вратат парите.
 
Јас порачав пред еден месец од дх.ком и уште ми нема стигнато пратката... На 23ти ноември ја направив порачката. А не беше којзнае што, маска обична...
 
A ти пишува коа била испорачана пратката? Така некогаш од коа ќе направиш нарачка поминуваат уште 4-5 дена дур да ја испорачаат.
 
Јас порачав пред еден месец од дх.ком и уште ми нема стигнато пратката... На 23ти ноември ја направив порачката. А не беше којзнае што, маска обична...

Имаш тракинг број? Ако имаш ќе знаеш каде е со сигурност како што пишав во постот.
 
е тоа се зафркнав, неам тракинг број... ај ваљда неделава ќе стигне :icon_mrgr:
Ја ке стигне ја не:).
Не дека тие не го пратиле туку којзнае во која пошта можи да заглави.
Јас конкретно последните пратки ги прежалив. Ги нема веќе два месеци така да создравје нека си ги користи некој, тоа е.
 
ме утеши сега :icon_lol:
 
ме утеши сега :icon_lol:
Таква е реалноста. Се случва и поштарите се луѓе.
Лани една пратка од тајван дури до бразил стигна па ја враќавме со тешки маки. Арно што имаше тракинг број инаку ке одеше јабана.
Затоа ако е нешто ситно до кај неколку долари во ред не мора тракинг, ама ако е нешто поскапо доплатете си уште некој долар, колку толку посигурно е.
 
Со Виза Електрон од Тутунска може да се порачува од амазон? И дали треба да се стават долари, или нема везе?
И прв пат ке ставам пари на картичка, како иде процедура? Само им ја давам картичката на шалтер и пари или?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom