Купување на мобилен (Т-Мобајл МК) - муштеријата никогаш не е во право

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Дечково си ја искажал нетранспарентноста од вердостојниот Т-Мобајл, вреди да потрошете време за двата текстови.

Пријатно читање...

Купување на телефон

Како сите деца и јас сакам нов телефон. Ми истекува договорот со Т-Мобиле за 2 години доверба/лојалност и си велам како пред 2 години ќе ми пристигне писмо со екстра цени на телефони ама такво писмо нема. Попустот и не е кој знае колкав ама си велам колкав толкав зошто да не го добијам. За некои ова може и ќе е нејасно, работите во Т-Мобиле често се нејасни, попуст на телефон добивате ако потпишете договор за лојалност на 24 месеци и/или ако добиете директна понуда во плик (пред 2 години добив таква) која нормално поради тоа што ни одговара никој не ја коментираме.
Колку НеТранспарентни цени имаат сега сфатив. Се обидов на неколку начини да дознаам дали ќе добијам ваква понуда, а одговор добив откалко кренав колку можам галама на твитер и по емаил. Во моментов немало да добијам понуда, а за понатаму не знаеле, браос.
(понатаму ќе набројувам колку пати сум бил во салон, малку на долго)

Прво одење во салон
Разгледав модели по интернет, добив некоја претстава што се нуди и дојде време да ѕирнам од поблизу што се нуди. Од вонреден попуст се откажав, но задоволството да си изберам лично модел од ниско/средна класа никој не може да ми го одземе. Се осетив малку глупо кога сфатив дека голем дел од моделите кои ги рекламираат на сајтот на интернет всушност ги немаат изложено во ниеден или во ретки рандом салони. Се изнагледав и изнаслушав човечки приказни шетајќи и барајќи ги (моделите). Ако побарав да биде вклучен во струја редовно напреку ме гледаа. Немаше да биде така доколку со монополската позиција нивната фирма не ги потиснеше мобиљарите од пазарот ама тоа е, си стиснал ви џебот 2-300 евра, одиш од врата на врата и бараш милост да видиш за што ќе ги дадеш. НеТранспарентно зарем не? Некои од моделите успеав да ги видам во конкурентски провајдери, подоцна сватив дека Xperia Ray го имаат истакнато кај Алмако Банка ама тоа е, фала ВИП.

Купување, второ влегување во салон
Се одлучив за HTC ONE V. Изложениот модел во Лептокарија работеше одлично па со резверва ги зедов коментарите по интернет дека има жолти дамки по екранот, дека губи мрежа, дека не се полни после 2-3 недели. Не е ефтин, од сериозен бренд е (HTC), од сериозен локален трговец (T-Mobile Makedonija) така да нема да имам проблем и да е точно нешто од наведеното. Во секој случај и законот е на моја страна, ако и ми продадат по било кој основ неисправен производ очекувам да ми го заменат или во најлош случај како во целиот нормален свет: во едноставна предвидена процедура да ми ги рефундираат средствата.
Нормално во краткиот период во кој можев да го видам (со испразнета батерија која моравме да ја полниме во редица нервозни клиенти) не успеав да забележам дека апаратот кој ми е даден има големи жолти дамки на 3 ќоша. А не сум ни можел, далките се гледаат малку во специфични услови за кои не сум свесен (во темен амбиент, на бела позадина). Рака на срце операторката беше коректна и рече подобро сега да видиме (неретко и не се, но за тоа во друга прилика) отколку после да има проблеми.
Дека телефонот грее кога се полни и кога се користи е прилично документиран проблем со поголемиот дел од смартфоните, за среќа Т-Мобиле имаат солидна мрежа па проблемот со губење на мрежа не е баш видлив и преку тоа се поминува (инаку по тие основи телефонот е критикуван), ама дамките се очигледни уште кај нов, не би сакал никој да знае како би се однесувал откога ќе му помине гаранцијата, нели?


(примерот од сликата е од сосема друг модел – HTC ONE X, но со исти проблем)

Трето влегување во салон, прво во Кочани на 10 км возење
Знаејќи дека може да заглавам по шалтери во убедувања со разни оператори од кои некои зрачат со нељубезност малку истражував. Ги прашав директно HTC Support како реагираат на жолтите дамки, наведов и оператор и IMEI ми одговорија јасно:
“With regards to your enquiry, We’re sorry to hear that and will be happy to swap your phone at the store where you purchased it.
Please refer back to your retailer with the original box and the Prove of Purchase and if the device is bought in period less that 30 days, it will be swapped.”​
Ова еден од операторите во Кочани не го знае. Процедурата кај Т-Мобиле била следна. Ако нивен сервис одлучи дека не може да го одстрани кварот апаратот ќе ми биде заменет што многу се разликува од тоа што HTC Support мене ми го одговори по маил. Не го оставив апаратот, немав друг за да сум достапен.

Четврто влегување во салон, второ во Кочани на 10 км возење
Ден – два истражував и откако сватив дека сепак телефонот ќе ми биде заменет, се вратив. Го оставив како телефон за сервис. Беше друг оператор, спремен да помогне за разлика од претходниот. Ме следува апарат за замена за време на сервисот, ниту ми нудат, ниту прашувам. Сакам да убрзаме, нормално.
Забележав една интересна работа при оваа пријава за сервис. Во Кочани има неколку оператори, а ниеден сервисер. Кочани на Т-Мобиле им држи не така мал пазар, тука се Виница, а верувам немаат салони и во Делчево, Пехчево, Берово, многу околни села. Во Кочани сервис на мобилни на Т-Мобиле не се врши. Процедурата има банални чекори и непотребно усложнета се со цел да се демотивира клиентот да ја бара услугата која нормално овој пат е бесплатна. Т-Мобиле обезбедува страшни услови за наплата и продажба на телефони и сметки, но ако има некаква обврска ги комплицира, реков со цел демотивација на клиентот истата да ја бара, максимално.
Кружат возила, собираат апарати за сервис, се пополнуваат и потпишуваат огромни формулари, договори, анекси, изјави само да се нормално демотивира клиентот да ја бара услугата.
Еднаш дури нивен оператор од контакт центарот ми рече дека требало да гледам што купувам и дека тие не заменуваат апарати, што подоцна се испостави како неточно.
Освен проблем со слободно време, оддалеченост до салон главен проблем ми е и времето во кое ми се гарантира замена на апаратот, знаејќи дека лесно ќе ми биде кажано дека поминало, максимално форсирам. Телефонот го оставам во четврток и го очекувам во понеделник. Да не повторувам дека ако сакам да го купам или нешто да платам услугата ќе ми биде завршена за неколку минути ова и не е така малку време. Во понеделник го нема, во вторник крекам по твитер и емаил и за чудо за пола саат!? телефонот е во салон во Кочани (оператор ми призна дека пристигнал доцна претходниот ден и немал време да реагира, ама знам дека имаше едно убаво, цело вторничко претпладне). Не сум суетен, не се возбудувам само сакам да си ги остварам правата. Топло е во колата немам клима.

Петто влегување во салон, трето во Кочани на 10 км возење
Ми стигнува порака после многу крекање по социјални мрежи дека телефонот е сервисиран, одам во Кочани и што да видам нов апарат, ама со поголеми дамки по екранот. Ладно му ги покажувам на операторот, сакам да не го подигнам ама тактичен е и ме предомислува. Процедурата била таа, а бидејќи ќе сум одел за Скопје да сум го однел лично во сервис и да сме се разбрале. Се испостави дека во сервис имале строга забрана да примаат клиенти.
Го земам телефонот. Немам замерки убаво работи, ама дамките се очигледни. Стари пријатели кога го видоа до еден без исклучок ми рекоа дека би го вратиле со такви дамки.
Т-Мобиле добиле лоша серија од ХТЦ јас тоа го сфаќам, забележав дека и Т-Мобиле веќе тоа го сфаќаат, и штом даваат замени и ХТЦ истото го признале. Работев трговии со техника и гаџети и знам дека таа рекламација е лесна посебно ако постои веќе документиран баг, но: зошто јас трошам толку време за нешто што уредно, дебело си го плаќам? Т-Мобиле (во одредена мерка и другите мобилни оператори) со манополската позиција ги испозатвори мобиљарите, а сега со однесувањето сака да каже дека не сака да продава/одржува апарати? Тоа дека тие како локален дилер добиле лоша серија треба да си го решат со производителот зошто јас овде изигрувам хардверски дебагер?
Спрема телефонскиот апарат од средна класа се однесуваат како пиљар спрема свената последна количина патлиџан: “избери си за 10 ден.”, ама оваа играчка чини 15.750 денари и тоа така не може. Зошто не направија кампања фалш телефони од ХТЦ за 500 ден. парче?
Секој обид да разговарам со нивен оператор завршува во ќорсокак. Нивните оператори се обучени само да земаат пари и за ништо друго. Ако тие имаат добиено лоша цела серија од ХТЦ тоа не постои начин јас да го коментирам. Ќе ми направат замена колку што имаат апарати или додека да ми помине некој разумен рок за тоа да го барам? Зошто ова стана само мој проблем, а не и нивни и на ХТЦ?
Впрочем тие сите се однесуваат како да не знаат што се случува.

Шесто влегување во салон
Пристигнав во Скопје во недела, следниот ден одам во салон. Некако најсимпатичен ми се виде тој во нивната матична зграда, верувам и го форсираат бидејќи се блиски. Потрошивме време со операторката, многу. Луѓе влегуваа се лутеа, еден пријател ми пресмета дека ме немало еден саат. Прашав за опција рефундација на пари и раскинување на договор на што таа стварно се изненади. Тоа така не можело таа дури ни пари немала за тоа. Да потпишува договори е овластена. За тоа има и скапа апликација, високо столче, лакирани нокти, насмевка од уво до уво, но рефундација на средства и раскинување на договор јас не сум знаел колку тешка работа било.
Добро ќе се обидам уште еднаш со сервис. Каде се наоѓа сервисот да идам да разговарам со сервисер овластен и писмен? Е тоа не можело, процедура по старо. Иако дојдов во Скопје меѓудругото и за да скратам со арчењето на време сепак правилото “не даваш пари нема брза услуга” важи и тука. Дури за да ми го намали отпорот (настапот воопшто не ми е нервозен) ми дава и пример дека таа нејзин телефон праќала на сервис и не ја пуштиле внатре. Ме излажа. Зедов да ги читам ставките од условите за сервисирање во кои пишува (цитирам):
“6. Клиентот потврдува дека е запознаен со правото да присуствува на проверка на квалитетот на производот при дијагностицирање на дефектот во просториите на Овластениот сервис, за што е должен да го извести Овлестеното лице од Продажниот салон на Т-Мобиле МК пред потпишување на ова Известие за поправка”​
Проблемот е проблем на квадрат. Не само што смеам да присуствувам во сервис при дијагностицирање на дефектот туку операторот има обврска со тоа да ме запознае. Останав кул. Операторката вртеше пола саат телефони као не и било јасно. Сфатив дека сум го утнал салонот, освен тоа што не е привилегиран и сервисот физички не им е блиску има и многу лоша климатизација па малку се испосваривме

Останав во Скопје бидејќи (по стоти пат) во Т-Мобиле МК процедурите се така направени да се додека станува збор за некаква продажба или наплата веднаш се завршува, а се останато трае со денови. Ова е пократката верзија на тоа до сега што се случува бидејќи е напишана набрзина. Цело време се чувствувам како типчето од Тетовирање кое се кае што стопирало во вторник.
Инаку ова е само една епизода. На средина сме на сервисирање на потполно нов апарат. Без истиот останувам многу лесно. Многу лесно во меѓувреме ми стигна една убаво надувана сметка за телефон. Приговарање за сметка е слична одисеја и таа трае..
Точно е: возрасен, нормален, вработен човек не би минел низ ова, затоа тие така и се однесуваат.
Следат продолженија. Имајте милост во коментарите
а слободно дајте и ум ако мислите дека некаде грешам. Целта ми е да добијам исправен телефонски апарат, баш таков (HTC ONE V), ако не се во можност да ми го дадат тоа за што сум платил да ми ги вратат парите и да го раскинеме договорот. Се надевав дека ова е пола саат работа, но во Т-Мобиле МК за ова да го завршите треба да земете годишен одмор.
Во контекст на овој проблем имам напишано и 5-6 емаила до посочената емаил адреса од @tmobilemk на Twitter како и директни прашања до операторот на твитер акаунтот на Т-Мобиле МК кој е скоро бескорисен бидејќи и тој е полн со слични процедури за работа. Се нешто препраќа до надлежни кои одговараат само ако се притиснати инаку мудро тактизираат. Да не ги заборавам и неколкуте јавувања до контакт центарот кој како што рековме ако не те интересира нешто да купиш на моменти е бескорисен.
Ја користам приликата да ги поздравам: АЕК, Пазарната инспекција и најразличните друштва на потрошувачи, пингајте ги ако знаете кои се и како тоа тие комуницираат со рајата.
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Може линк од блогот на кој е постирано ова?

Личноста не е ни прва, ни последна кое е „жртва“ на тоа така наречено владеење на операторите. За жал.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Не рефундација, оштета треба да ти платат што те шетаат навака натака... бензинот не се купува за само 1 денар како нивните телефони.

А и најпаметно ти е да си земеш нокиа 3310 и да не се замараш со дамки и глупости.
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Т-Мобиле се тапа .. Ај, тоа шо веќе 10год. сме со нив, ок, али у последно време ептен се заникаде ..

Решивме да земеме BoomTV; TotalTV, или MaxTV ..гледавме понуди, и испадна дека Т-Мобиле имаше најсолиден број на програми, и цена ( се е комплет кај нас, MaxFamily+ пакет: тв+интернет+мобилни+домашен тел. ) зашо да се малтретираме со сметки де овамо, де онамо, кога може се на една .. :) Ок, биде ..Ојдевме до Т-Мобиле Кочани исто, и го порачавме ( тоа беше 1-2недели пред нова год.) речеа да поминат празниците, ќе ни се јават ( за недела - две највеќе ) ..минаа 2 месеца, ништо од нив ..ојдевме па до Т.М, речеа уште нема ништо, ќе ви се јавеме кога ќе стигнат ресиверите .. истиот ден, само шо се врнавме дома, они ни се јавуват дојдете да ги земете ..lolz ..

Земавме ги, чекавме 1 недела да пуштат линијата за телевизијата :X ..Откако ја пуштија, првите 2-3 дена се беше тамн, после некое време ту програмата се стопира, ту ја однема, ту почне мрежава да е ..викавме сервис 2-3 пати, и секогаш рутеро на PC`то го менеа само со оправдување: ауу, како сте го поврзале ..среќа имате шо ви е и работило вака .. - LOL, они го поврзаа уште на почетоко ( плативме +1.200-1.800 ли ден. така нешто за нивната служба да го наместе ) .. :)

И ден денеска, уште не е*е Т.М..
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Еден другар зема HTC One V и му кажале дека дамките ќе ги снема за одредено време. Ваљда кај сите е така.:)
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
  • Купување на мобилен 2
Седмо одење во салон (сервис)
Да речете па ладнечко беше нема да погрешите. 12 км со точак во еден правец не е проблем да се помине на вакво време, нема ни 35 степени. Ми се јавија дека ќе ме примат во сервис и дека ќе ми дадат да си бирам телефон. Побарав еден саат време за да имам време да отидам, зошто Ново Лисиче и Карпош 4 се баш на различни краеви од градот.
Пристигнав. На вратата обезбедувањето баш се изненади кога сфатија дека очекувам да влезам бидејќи сервисот бил од затворен тип. Ова мене ме изненади бидејќи ова ми кажува за тоа дека никој не ја користи никогаш точката 6. од документот кој клиентот го потпишува при оставање на телефон на сервис:
“6. Клиентот потврдува дека е запознаен со правото да присуствува на проверка на квалитетот на производот при дијагностицирање на дефектот во просториите на Овластениот сервис, за што е должен да го извести Овлестеното лице од Продажниот салон на Т-Мобиле МК пред потпишување на ова Известие за поправка”​
Побаравме, излезе човек од сервисот, ме внесе. Му беше жал за настанатата ситуација. На сите ни беше, мене најмногу. Нема да одам во детали бидеќи малку се и досадни, а и сметам дека би сакал да го избегнам ризикот некој лично да страда поради некоја постапка зошто дечките од сервис се петка! Беа коректни и дадоа се да ми се помогне, посебно еден. Избрав телефон после околу 1 саат.
Готовиот/новиот телефон нормално не можев да го подигнам. Таква е процедурата. Може да се подигне само од салон каде што е оставен, наредниот ден (+9 км со точак).

Осмо одење во салон
Ми стигна наредниот ден СМС порака дека телефонот ми е сервисиран и дека можам да го подигнам во салонот каде што го имам оставено. Се стегнав до Центар си го зедов. Толку.
Телефонот нема дамки (барем за сега) и за сега се има само еднаш рестартирано неочекувано, инаку е добар. Мерак ич не ми прави поради одисејата при купувањето, а и не смејам ич да бидам позитивен не дај боже да ме опне некој нов малер.

Епилог
Се надевам дека нема да има повеќе што да се каже.
За да си купам не баш бесплатен телефон бев осум пати со салон/сервис на Т-Мобиле МК. Сите ме персираа и викаа господине, поради протоколот, ретко поради почит.
Поминав во кола 50тина километри, пеш 20тина, со точак над 50тина. Потрошив само директно во салони чекајќи ред или објаснувајќи се на шалтер повеќе од 10 часа, а ако се земе предвид и времето за патување, преговарање по телефон, подготовки, (брзање за се’ за да не истече гаранцијата),.. – 100тина часа. Знаеше да биде претопло ама за тоа ретки ги беше гајле, процедурите така налагале.
Во случајот на Т-Мобиле МК капиталот е заштитен како белоглав орел. Имаат процедури кои како целина создаваат една груба институција која воопшто немате шанси да ја коментирате, а не па да сугерирате да се промени. Јас бев жртва (и сум, и сите ние сме, цело време) на една ситуација која мене не смееше да ме засегне и наместо ХТЦ и Т-Мобиле МК да си расчистат околу пратките на неисправни телефони улогата на дебагер ја имаше клиентот/јас. Т-Мобиле МК знае да се вади на милион процедури создадени за намерно да те успоруваат и демотивираат да си ги оствариш правата, а од друга страна немаат процедура да му ги вратат на ХТЦ сите телефони и да побараат да им бидат испорачани исправни. Да потенцирам дури 5тиот понуден телефон визуелно изгледаше исправно.
На шалтерите не ни сфаќаа дека ме прават мајмун. Па тие ми го менувале телефонот секој пат кога ќе сум побарал, дури ми дале и да изберам.
Т-Мобиле МК, од вас барам/в исправен телефон уредно, солено наплатен од ваша страна, а не да бирам, а не да ми давате замени. Сакам да дојдам и на прва да ми дадете исправен телефон. Ако тоа не можете да го обезбедите кажете, а не ги терајте продавачките насила да се прават глупи. Јас за да си купам телефон од кај вас потрошив време на еден пристоен годишен одмор, а не се најде ни кој да ми се извини (исклучок беа дечките од сервис, ама тие неофицијално). Никаде не видов дека можам да се пожалам или пофалам продавач/ка, никаде немате одговорни за да слушнат пофалба/жалба на вработен (продавач/ка) или не дај боже пофалба/поплака од некоја ваша процедура. Некои од нив ме и лажеа.
Поради досегашното искуство не сум сигурен дека и тековниот апарат е во ред, и акл немам ако нешто слично исктсне во иднина како би го решил. Вие имате само процедури за земање на пари, салоните ви се обезбедени како банки што е врвна дрскост и од се срце се надевам дека еден ден тоа ќе се промени.
Шансата и овој апарат да се расипе е евидентна. Серијата која ви ја испратиле од ХТЦ е лоша. Ми останува да седам мирен и да се молам со овој апарат да е се во ред.
АЕК и http://www.opm.org.mk/ ќе бидат известени, иако не верувам дека со око ќе трепнат. Во исто време за нив ќе документирам еден случај за НеТранспарентниот начин на пресметување на потрошеното купено време за разговор кој е противзаконски, на ниво на однесувањето на таксистите во Благоевград во ’90, но затоа малку потоа.
Натписов не ми е со никаква специјална намена. Некој рече дека ако Достоевски не ја напишал браќа Карамазови сам ќе си го убиел таткото, па еве и јас се олеснив

Секое и позитивно искуство ќе го напишам овде, јавно. Но освен со дечките во сервисот со вас како институција друго такво немам. Ниту комуникацијата по маил, ниту комуникацијата во салони, ниту воопшто мрежата од бесмислени процедури за да демотивирате не ми/ни се допаѓаат. Се надевам дека постов ќе мотивира и други да си кажат како поминале кај вас.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
муштеријата е да плати и да молчи

од првиот ден на влегување на Т во Македонија е истата приказна,се прашувам што треба да се случи да разберат луѓето со кого си имаат работа ?! :facepalm:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Затоа се откажав од т-ебале уште пред едно 4-5 години
Најголемите гомнари се кај нас со највисоки цени.
Немале мрежа убава ВИП? Ебаве принцезите ако неможете да поминете преку некое сецкање.
Со цените Т-Мобиле се далеку најскапи, не само за мобилни туку за сите услуги што ги нудат
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.693
Поени од реакции
21.183
Хах ... на времето и јас така се заебав со Т-Мобиле, земав некоја нокиа ( не ми текнува моделот ) , ама да испадне цела серија да ти е дефектна. Конкретно на моделот што јас го зедов камерата имаше мртви пиксели и сликите кога ги вадеше беа цели со точки. Уште другиот ден го однесов на сервис и ми го задржаа телефонот за да го сервисираат, а меѓудругото решив да го проверам истиот модел на нокиа што јас го зедов а беше изложен во салонот ... и пази ејј исто срање . Свртев муабвет и со менаџерот и му кажав дека цела серија им е таква и дечкото нешто почна да се смее ... па едно копиле од обезбедувањето на салонот исто така почна да се смее... Ни две ни три отидов во пазарна инспекција пријавив и за некој ден отидов и си ги земав парите назад !!!

Во превод Т-Мобиле се сељачаана што продаваат репарирана и ш категорија роба !!!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Т-Мобајл има најдобра 3Г мрежа за која другиве оператори сеуште се далеку посебно ОНЕ.
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Т-Мобајл има најдобра 3Г мрежа за која другиве оператори сеуште се далеку посебно ОНЕ.
Многу сум љубопитен на тоа како ќе ја „вкусиш“ најдобрата 3Г мрежа со дефектен телефон?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Многу сум љубопитен на тоа како ќе ја „вкусиш“ најдобрата 3Г мрежа со дефектен телефон?
Зборам за мрежата. Кој за што користи за мене Вип и Оне се најголемо тиње кога станува збор за сурфање... Ова со сериите е вистина и имам слушнато ама не верувам дека се однесува на сите модели.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Т-Мобајл има најдобра 3Г мрежа за која другиве оператори сеуште се далеку посебно ОНЕ.
Ебате мрежата кога ќе те изгорат со сметките!

Златен ВИП!
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Зборам за мрежата. Кој за што користи за мене Вип и Оне се најголемо тиње кога станува збор за сурфање... Ова со сериите е вистина и имам слушнато ама не верувам дека се однесува на сите модели.
Аха.
Кога сме кај мрежата да ти кажам нешто. Од коа ја испукаа онаа понудана неограничен дневен интернет за само 29 денари буквално им го ебав мајката.
Имам едно човече што се занимава со продажба на игри, порничи филмови и такви ствари, му реков дека ја ќе ги симињам ти само ги продавај. Мене ќе ми даваш по 150 денари на гигабајт (го излажав демек иам неограничен ја плаќам месечно). Океј бидна пазарот, си иде чоекот со хард диск си ги зима и чао пријатно. Веќе еден месец кај шо симињам и според сликава

можеш да видиш колкава е брзината(tethering преку мобилен). Имам симнато добри 300 гигабајти до сеа, епа пресметано по 150 денари за 1 гига тоа му иде добри два месеци плаќање интернет :icon_lol:
Сума сумарум, на некој начин вештачка фонтана, они ми го плаќаат нетот :icon_mrgr:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Еден другар зема HTC One V и му кажале дека дамките ќе ги снема за одредено време. Ваљда кај сите е така.:)
да,да, ќе ги снема дамките тамам кога ќе помине гаранцијата и кога ќе може другар ти да вика и да се дери во оџак:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom