Купување на мобилен (Т-Мобајл МК) - муштеријата никогаш не е во право

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Т-Мобајл има најдобра 3Г мрежа за која другиве оператори сеуште се далеку посебно ОНЕ.
тоа и мене ме кочи да одам кај другите. инаку стварно се ѓубриња, да не употребам полош збор. патем, на истекот на првата година можете да го обновте договорот за уште 2 години (за телефон, ова-она). ама, не се „ресетиса“ „тајмерот“ туку на останатата година се додаваат двете нови. 3 пати така и ќерка ми (сега 6 год) ќе треба да го отплаќа мојот долг :confused:!? :facepalm:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ебате мрежата кога ќе те изгорат со сметките!

Златен ВИП!
Вип 2Г има ако не се лажам? Ти кажав зависи што користиш. Без барем просечна 3Г брзина не ми вршат работа само за јавување и пораки,како што знам уште немаат пуштено
Аха.
Кога сме кај мрежата да ти кажам нешто. Од коа ја испукаа онаа понудана неограничен дневен интернет за само 29 денари буквално им го ебав мајката.
Имам едно човече што се занимава со продажба на игри, порничи филмови и такви ствари, му реков дека ја ќе ги симињам ти само ги продавај. Мене ќе ми даваш по 150 денари на гигабајт (го излажав демек иам неограничен ја плаќам месечно). Океј бидна пазарот, си иде чоекот со хард диск си ги зима и чао пријатно. Веќе еден месец кај шо симињам и според сликава


можеш да видиш колкава е брзината(tethering преку мобилен). Имам симнато добри 300 гигабајти до сеа, епа пресметано по 150 денари за 1 гига тоа му иде добри два месеци плаќање интернет :icon_lol:
Сума сумарум, на некој начин вештачка фонтана, они ми го плаќаат нетот :icon_mrgr:
Е така и јас слично правам само со поголем ограничен пакет ама за дневни потреби префрлам на пц нетот. Разликата во брзини е страшна споредено со Оне, кај овие ми оди и до 10mpbs во реон СК
Ако кога ВИП ќе пушти асален 3Г сигнал овие ќе тргнат 2Г предавателите. И што ќе ми е смартфон ако нема добра 3Г мрежа од оператор кога новиве веќе се адаптирани и за 4Г...

.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
мојот другар одамна, одамна сервисираше, декодираше и работеше со мобилни, и знае, упатен е во тие работи.голем дел од фирмите добиваат класа ц,д,е апарати за БЕЗ ПАРИ, буквално, ги кошта колку пакетче мастики, за да им ги тупне на своите потрошувачи по цени кои немаат благе везе со реалноста.ќе направат лавиринт од систем за сервисирање или за враќање на апаратот и во старт 90% ќе се откажат сите од тие перипетии, секоја чест за упорноста на членот погоре.
резултатот е милионски суми во европски поени на сметка на тие фирми, а потрошувачите со опроштение, кој ги е*е.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Т-Мобиле се тапа .. Ај, тоа шо веќе 10год. сме со нив, ок, али у последно време ептен се заникаде ..

Решивме да земеме BoomTV; TotalTV, или MaxTV ..гледавме понуди, и испадна дека Т-Мобиле имаше најсолиден број на програми, и цена ( се е комплет кај нас, MaxFamily+ пакет: тв+интернет+мобилни+домашен тел. ) зашо да се малтретираме со сметки де овамо, де онамо, кога може се на една .. :) Ок, биде ..Ојдевме до Т-Мобиле Кочани исто, и го порачавме ( тоа беше 1-2недели пред нова год.) речеа да поминат празниците, ќе ни се јават ( за недела - две највеќе ) ..минаа 2 месеца, ништо од нив ..ојдевме па до Т.М, речеа уште нема ништо, ќе ви се јавеме кога ќе стигнат ресиверите .. истиот ден, само шо се врнавме дома, они ни се јавуват дојдете да ги земете ..lolz ..

Земавме ги, чекавме 1 недела да пуштат линијата за телевизијата :X ..Откако ја пуштија, првите 2-3 дена се беше тамн, после некое време ту програмата се стопира, ту ја однема, ту почне мрежава да е ..викавме сервис 2-3 пати, и секогаш рутеро на PC`то го менеа само со оправдување: ауу, како сте го поврзале ..среќа имате шо ви е и работило вака .. - LOL, они го поврзаа уште на почетоко ( плативме +1.200-1.800 ли ден. така нешто за нивната служба да го наместе ) .. :)

И ден денеска, уште не е*е Т.М..
Истото искуство и кај мене дома.После 2 години договор најдобар поклон за Нова Година ми беше раскинот на договорот со Т.Сега скоро 8 месеци користиме двојно побрз интернет со скоро двојно поголем сообраќај и два пати поефтино.Инфел КТВ rules!
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Вип 2Г има ако не се лажам? Ти кажав зависи што користиш. Без барем просечна 3Г брзина не ми вршат работа само за јавување и пораки,како што знам уште немаат пуштено

Е така и јас слично правам само со поголем ограничен пакет ама за дневни потреби префрлам на пц нетот. Разликата во брзини е страшна споредено со Оне, кај овие ми оди и до 10mpbs во реон СК
Ако кога ВИП ќе пушти асален 3Г сигнал овие ќе тргнат 2Г предавателите. И што ќе ми е смартфон ако нема добра 3Г мрежа од оператор кога новиве веќе се адаптирани и за 4Г...

.
За кој оператор се работи ова со 29ден неограничен нет?
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
Дечково си ја искажал нетранспарентноста од вердостојниот Т-Мобајл, вреди да потрошете време за двата текстови.

Пријатно читање...

Купување на телефон

Како сите деца и јас сакам нов телефон. Ми истекува договорот со Т-Мобиле за 2 години доверба/лојалност и си велам како пред 2 години ќе ми пристигне писмо со екстра цени на телефони ама такво писмо нема. Попустот и не е кој знае колкав ама си велам колкав толкав зошто да не го добијам. За некои ова може и ќе е нејасно, работите во Т-Мобиле често се нејасни, попуст на телефон добивате ако потпишете договор за лојалност на 24 месеци и/или ако добиете директна понуда во плик (пред 2 години добив таква) која нормално поради тоа што ни одговара никој не ја коментираме.
Колку НеТранспарентни цени имаат сега сфатив. Се обидов на неколку начини да дознаам дали ќе добијам ваква понуда, а одговор добив откалко кренав колку можам галама на твитер и по емаил. Во моментов немало да добијам понуда, а за понатаму не знаеле, браос.
(понатаму ќе набројувам колку пати сум бил во салон, малку на долго)

Прво одење во салон
Разгледав модели по интернет, добив некоја претстава што се нуди и дојде време да ѕирнам од поблизу што се нуди. Од вонреден попуст се откажав, но задоволството да си изберам лично модел од ниско/средна класа никој не може да ми го одземе. Се осетив малку глупо кога сфатив дека голем дел од моделите кои ги рекламираат на сајтот на интернет всушност ги немаат изложено во ниеден или во ретки рандом салони. Се изнагледав и изнаслушав човечки приказни шетајќи и барајќи ги (моделите). Ако побарав да биде вклучен во струја редовно напреку ме гледаа. Немаше да биде така доколку со монополската позиција нивната фирма не ги потиснеше мобиљарите од пазарот ама тоа е, си стиснал ви џебот 2-300 евра, одиш од врата на врата и бараш милост да видиш за што ќе ги дадеш. НеТранспарентно зарем не? Некои од моделите успеав да ги видам во конкурентски провајдери, подоцна сватив дека Xperia Ray го имаат истакнато кај Алмако Банка ама тоа е, фала ВИП.

Купување, второ влегување во салон
Се одлучив за HTC ONE V. Изложениот модел во Лептокарија работеше одлично па со резверва ги зедов коментарите по интернет дека има жолти дамки по екранот, дека губи мрежа, дека не се полни после 2-3 недели. Не е ефтин, од сериозен бренд е (HTC), од сериозен локален трговец (T-Mobile Makedonija) така да нема да имам проблем и да е точно нешто од наведеното. Во секој случај и законот е на моја страна, ако и ми продадат по било кој основ неисправен производ очекувам да ми го заменат или во најлош случај како во целиот нормален свет: во едноставна предвидена процедура да ми ги рефундираат средствата.
Нормално во краткиот период во кој можев да го видам (со испразнета батерија која моравме да ја полниме во редица нервозни клиенти) не успеав да забележам дека апаратот кој ми е даден има големи жолти дамки на 3 ќоша. А не сум ни можел, далките се гледаат малку во специфични услови за кои не сум свесен (во темен амбиент, на бела позадина). Рака на срце операторката беше коректна и рече подобро сега да видиме (неретко и не се, но за тоа во друга прилика) отколку после да има проблеми.
Дека телефонот грее кога се полни и кога се користи е прилично документиран проблем со поголемиот дел од смартфоните, за среќа Т-Мобиле имаат солидна мрежа па проблемот со губење на мрежа не е баш видлив и преку тоа се поминува (инаку по тие основи телефонот е критикуван), ама дамките се очигледни уште кај нов, не би сакал никој да знае како би се однесувал откога ќе му помине гаранцијата, нели?


(примерот од сликата е од сосема друг модел – HTC ONE X, но со исти проблем)

Трето влегување во салон, прво во Кочани на 10 км возење
Знаејќи дека може да заглавам по шалтери во убедувања со разни оператори од кои некои зрачат со нељубезност малку истражував. Ги прашав директно HTC Support како реагираат на жолтите дамки, наведов и оператор и IMEI ми одговорија јасно:
“With regards to your enquiry, We’re sorry to hear that and will be happy to swap your phone at the store where you purchased it.​
Please refer back to your retailer with the original box and the Prove of Purchase and if the device is bought in period less that 30 days, it will be swapped.”​
Ова еден од операторите во Кочани не го знае. Процедурата кај Т-Мобиле била следна. Ако нивен сервис одлучи дека не може да го одстрани кварот апаратот ќе ми биде заменет што многу се разликува од тоа што HTC Support мене ми го одговори по маил. Не го оставив апаратот, немав друг за да сум достапен.

Четврто влегување во салон, второ во Кочани на 10 км возење
Ден – два истражував и откако сватив дека сепак телефонот ќе ми биде заменет, се вратив. Го оставив како телефон за сервис. Беше друг оператор, спремен да помогне за разлика од претходниот. Ме следува апарат за замена за време на сервисот, ниту ми нудат, ниту прашувам. Сакам да убрзаме, нормално.
Забележав една интересна работа при оваа пријава за сервис. Во Кочани има неколку оператори, а ниеден сервисер. Кочани на Т-Мобиле им држи не така мал пазар, тука се Виница, а верувам немаат салони и во Делчево, Пехчево, Берово, многу околни села. Во Кочани сервис на мобилни на Т-Мобиле не се врши. Процедурата има банални чекори и непотребно усложнета се со цел да се демотивира клиентот да ја бара услугата која нормално овој пат е бесплатна. Т-Мобиле обезбедува страшни услови за наплата и продажба на телефони и сметки, но ако има некаква обврска ги комплицира, реков со цел демотивација на клиентот истата да ја бара, максимално.
Кружат возила, собираат апарати за сервис, се пополнуваат и потпишуваат огромни формулари, договори, анекси, изјави само да се нормално демотивира клиентот да ја бара услугата.
Еднаш дури нивен оператор од контакт центарот ми рече дека требало да гледам што купувам и дека тие не заменуваат апарати, што подоцна се испостави како неточно.
Освен проблем со слободно време, оддалеченост до салон главен проблем ми е и времето во кое ми се гарантира замена на апаратот, знаејќи дека лесно ќе ми биде кажано дека поминало, максимално форсирам. Телефонот го оставам во четврток и го очекувам во понеделник. Да не повторувам дека ако сакам да го купам или нешто да платам услугата ќе ми биде завршена за неколку минути ова и не е така малку време. Во понеделник го нема, во вторник крекам по твитер и емаил и за чудо за пола саат!? телефонот е во салон во Кочани (оператор ми призна дека пристигнал доцна претходниот ден и немал време да реагира, ама знам дека имаше едно убаво, цело вторничко претпладне). Не сум суетен, не се возбудувам само сакам да си ги остварам правата. Топло е во колата немам клима.

Петто влегување во салон, трето во Кочани на 10 км возење
Ми стигнува порака после многу крекање по социјални мрежи дека телефонот е сервисиран, одам во Кочани и што да видам нов апарат, ама со поголеми дамки по екранот. Ладно му ги покажувам на операторот, сакам да не го подигнам ама тактичен е и ме предомислува. Процедурата била таа, а бидејќи ќе сум одел за Скопје да сум го однел лично во сервис и да сме се разбрале. Се испостави дека во сервис имале строга забрана да примаат клиенти.
Го земам телефонот. Немам замерки убаво работи, ама дамките се очигледни. Стари пријатели кога го видоа до еден без исклучок ми рекоа дека би го вратиле со такви дамки.
Т-Мобиле добиле лоша серија од ХТЦ јас тоа го сфаќам, забележав дека и Т-Мобиле веќе тоа го сфаќаат, и штом даваат замени и ХТЦ истото го признале. Работев трговии со техника и гаџети и знам дека таа рекламација е лесна посебно ако постои веќе документиран баг, но: зошто јас трошам толку време за нешто што уредно, дебело си го плаќам? Т-Мобиле (во одредена мерка и другите мобилни оператори) со манополската позиција ги испозатвори мобиљарите, а сега со однесувањето сака да каже дека не сака да продава/одржува апарати? Тоа дека тие како локален дилер добиле лоша серија треба да си го решат со производителот зошто јас овде изигрувам хардверски дебагер?
Спрема телефонскиот апарат од средна класа се однесуваат како пиљар спрема свената последна количина патлиџан: “избери си за 10 ден.”, ама оваа играчка чини 15.750 денари и тоа така не може. Зошто не направија кампања фалш телефони од ХТЦ за 500 ден. парче?
Секој обид да разговарам со нивен оператор завршува во ќорсокак. Нивните оператори се обучени само да земаат пари и за ништо друго. Ако тие имаат добиено лоша цела серија од ХТЦ тоа не постои начин јас да го коментирам. Ќе ми направат замена колку што имаат апарати или додека да ми помине некој разумен рок за тоа да го барам? Зошто ова стана само мој проблем, а не и нивни и на ХТЦ?
Впрочем тие сите се однесуваат како да не знаат што се случува.

Шесто влегување во салон
Пристигнав во Скопје во недела, следниот ден одам во салон. Некако најсимпатичен ми се виде тој во нивната матична зграда, верувам и го форсираат бидејќи се блиски. Потрошивме време со операторката, многу. Луѓе влегуваа се лутеа, еден пријател ми пресмета дека ме немало еден саат. Прашав за опција рефундација на пари и раскинување на договор на што таа стварно се изненади. Тоа така не можело таа дури ни пари немала за тоа. Да потпишува договори е овластена. За тоа има и скапа апликација, високо столче, лакирани нокти, насмевка од уво до уво, но рефундација на средства и раскинување на договор јас не сум знаел колку тешка работа било.
Добро ќе се обидам уште еднаш со сервис. Каде се наоѓа сервисот да идам да разговарам со сервисер овластен и писмен? Е тоа не можело, процедура по старо. Иако дојдов во Скопје меѓудругото и за да скратам со арчењето на време сепак правилото “не даваш пари нема брза услуга” важи и тука. Дури за да ми го намали отпорот (настапот воопшто не ми е нервозен) ми дава и пример дека таа нејзин телефон праќала на сервис и не ја пуштиле внатре. Ме излажа. Зедов да ги читам ставките од условите за сервисирање во кои пишува (цитирам):
“6. Клиентот потврдува дека е запознаен со правото да присуствува на проверка на квалитетот на производот при дијагностицирање на дефектот во просториите на Овластениот сервис, за што е должен да го извести Овлестеното лице од Продажниот салон на Т-Мобиле МК пред потпишување на ова Известие за поправка”​
Проблемот е проблем на квадрат. Не само што смеам да присуствувам во сервис при дијагностицирање на дефектот туку операторот има обврска со тоа да ме запознае. Останав кул. Операторката вртеше пола саат телефони као не и било јасно. Сфатив дека сум го утнал салонот, освен тоа што не е привилегиран и сервисот физички не им е блиску има и многу лоша климатизација па малку се испосваривме

Останав во Скопје бидејќи (по стоти пат) во Т-Мобиле МК процедурите се така направени да се додека станува збор за некаква продажба или наплата веднаш се завршува, а се останато трае со денови. Ова е пократката верзија на тоа до сега што се случува бидејќи е напишана набрзина. Цело време се чувствувам како типчето од Тетовирање кое се кае што стопирало во вторник.
Инаку ова е само една епизода. На средина сме на сервисирање на потполно нов апарат. Без истиот останувам многу лесно. Многу лесно во меѓувреме ми стигна една убаво надувана сметка за телефон. Приговарање за сметка е слична одисеја и таа трае..
Точно е: возрасен, нормален, вработен човек не би минел низ ова, затоа тие така и се однесуваат.
Следат продолженија. Имајте милост во коментарите
а слободно дајте и ум ако мислите дека некаде грешам. Целта ми е да добијам исправен телефонски апарат, баш таков (HTC ONE V), ако не се во можност да ми го дадат тоа за што сум платил да ми ги вратат парите и да го раскинеме договорот. Се надевав дека ова е пола саат работа, но во Т-Мобиле МК за ова да го завршите треба да земете годишен одмор.
Во контекст на овој проблем имам напишано и 5-6 емаила до посочената емаил адреса од @tmobilemk на Twitter како и директни прашања до операторот на твитер акаунтот на Т-Мобиле МК кој е скоро бескорисен бидејќи и тој е полн со слични процедури за работа. Се нешто препраќа до надлежни кои одговараат само ако се притиснати инаку мудро тактизираат. Да не ги заборавам и неколкуте јавувања до контакт центарот кој како што рековме ако не те интересира нешто да купиш на моменти е бескорисен.
Ја користам приликата да ги поздравам: АЕК, Пазарната инспекција и најразличните друштва на потрошувачи, пингајте ги ако знаете кои се и како тоа тие комуницираат со рајата.
Bloody..dolg post,drama,frustracija i mnogu nekorektnosti,pa me isprvocira pa morav malce da koregiram,za da nekoi raboti stanat pojasni.Ova se fakti,ne licni viduvanja..
T-Mobile e uvoznik na Samsung,Alkatel,I-phone,i za niv go ima najprofesionalniot servis za mobilni vo RM (i-phonot ne se servisira,se praka vo Ungarija i se menuva so nov).Servis ima samo vo Skopje za Samsung i Alkatel i na bilo koj pretplatnik od cela RM,bilo koj grad,se vrshi distribucija od strana na T-Mobile i najkasno za 7-10 dena telefonot e popraven ili ako e pogolem defekt zamenet.Zakonot na RM vika do 21 den trae servisna procedura i dokolku uvoznikot go pomine toj rok ima super uslovi za tuzba i da si dobiesh drug telefon i dobra otshteta.Ako ocekuvash deka vo sekoj grad Samsung vo RM ke investira za servis,togash imash problem so intiligencijata.Eve Apple duri i na nivo na Balkan ne praat servis tuku samo vo Ungarija (si mozat taka,koj go ebe potroshuvacot).Dodeka trae servisnata procedura T-Mobile nudi mobilni za koristenje,no vo princip se tapa modeli i skoro nikoj ne gi iznajmuva,pa za toa referentite ne ja nudat taa opcija,so mislata deka sekoj doma niz fioka ima nekoj star model.No ,toa ne e obvrska na nieden operator da nudi telefon na koristenje,pa nikoj ne ni nudi (mislam na Vip i One,slobodno proveri) dodeka T-Mobile ja ima taa opcija,duri pred mesec,dva pocnaa so nekoi podobri modeli(Nokia 6500 i nekoi postari modeli na HTC).Bash me interesira dali ako kupish TV ili mikro od Neptun,ili bilo koj drug distributer,i ti se rasipe pa ti nudat na koristenje drug dodeka ne go popravat.Vo odnos na sporedbata so drugite operatori i nivnite servisni proceduri,T-Mobile e daleku poprofesionalen,nema mesto za sporedba.E sega najbitnoto,tvojata maka..za HTC uvoznik i serviser e Promo,za Soni i LG e Mobiko,za Nokia mislam Radionet(ne daj boze da ti se rasipe Nokia,stalno se na granica na 20 dena,a i samo baraat pricina da ne ti go servisiraat,samo baraat tragi od vlaga,da ti e strav magla da go fati telefonot).Si imala ksmet da ti se rasipe HTC-to...T-Mobile ekspresno go ima distribuirano vo PROMO i ceka da go popravat ili zamenat za da go vrati nazad do salonot kaj shto e ostaven(isto e i so Nokia,LG,Sony)...znaci se zavisi od ovlasteniot serviser,ne prodavac..istiot princip e i za One i za Vip,end of story,a toa shto ti odgovorile HTC na mail korespondencija,na garantniot list gi imash generaliite za nivniot ovlasten servis vo RM,pa prijavi gi,cisto da vidish i proverish kolku se profesionalni,deklarativno ili realno.Za demo telefonite niz salonite,dali gi ima site modeli izlozeno i dali im bile polni bateriite i ste trebale da gi dopolnuvate telefonite ne znam dali da komentiram,poveke zboruva za tebe kakva licnost si,sigurno koga kupuvash leb,deset ke ispipkash i pak prviot ke go kupish,fabricki hejter si garant.Pa ako T-Mobile salonite nemaat demo telefoni ne znam koj ima.Za baterijata ne mi se komentira ama aj..pod sekoj telefon na pultot ima polnac ta i ako bil prazen stavi go polnacot i igraj si kolku sakash ebate belja ebate.Da rezimiram,za ceni na razgovori ,tarifi,mrezna pokrienost ne sakam da polemiziram,sekoj si ima svoj esap i si znae kaj mu e najdobro ili najeftino,no...ne e korektno da se napaga i vrega tamu kaj shto nema osnova i sporedba,posebno ne za T-Mobile koja postavi standard za prodazba na mobilni i kolku tolku se trudi da gi donese site noviteti vo oblasta na mobilnata tehnologija vo RM za da ne vikame ,, ej da vidish kakov dukan za mobilni vidov vo Rim,London,Solun seedno.
Bloody izvini,duri sega primetiv deka si repostirala drug...izvini pak
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Се одлучив за HTC ONE V. Изложениот модел во Лептокарија работеше одлично па со резверва ги зедов коментарите по интернет дека има жолти дамки по екранот, дека губи мрежа, дека не се полни после 2-3 недели. Не е ефтин, од сериозен бренд е (HTC), од сериозен локален трговец (T-Mobile Makedonija) така да нема да имам проблем и да е точно нешто од наведеното. Во секој случај и законот е на моја страна, ако и ми продадат по било кој основ неисправен производ очекувам да ми го заменат или во најлош случај како во целиот нормален свет: во едноставна предвидена процедура да ми ги рефундираат средствата.


Знае дека во Македонија живее дечково ?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Jас го земав HTC One V од VIP. Исто забележав жолта точка доле десно и прво ги исконтактирав HTC, во рок од 1 ден ми одговориjа дека треба да ми го заменат. И се jавив на типката од ВИП и и обjаснив како што. Рече ќе помине каj моите во фирма да го земе телефонот, да сум го спакувал комплетно со се кутиjа и се. Така и напраив, ми го задржаа 30 дена. Откако установиле дека се работи за фабричка грешка ми го замениjа со нов, сега имам нов телефон и за среќа нема грешка.
 
V

Vollstandig

Гостин
Убави спомна писателот на текстот. Маме му ебаа на мобиларите, кои можеа да работат нормално, али овие продаваат и рекламираат телефони, а после продавањето нема ниту стручен оператор што ќе ти објасни како се работи, а камо ли да се сервисирас мобилниот. И ретко сервисираат некои поголеми дефекти. Мобилен или од мобилара квалитетна или од по странство...
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Златен Космофон на времето :) Сега ОНЕ, никогаш нема да ги променам :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Златен Космофон на времето :) Сега ОНЕ, никогаш нема да ги променам :)
Космофон први почнаа да воведуваат поефтини телефони, полесно приклучување договор на претплата, поефтини претплати, поефтина минута, пораката им беше 6 денари, али разговорите беа поефтини. Во првото “мобилизирање“ на македонија минута беше па и до 15 денари на друг оператор, али незнам дали помниш коа пуштија во викенд од космофон: 100 бесплатни смс пораки, е тоа беше МИРЦ преку мобилен, незнам колку пати мрежа блокираше со тие пораките...
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Космофон први почнаа да воведуваат поефтини телефони, полесно приклучување договор на претплата, поефтини претплати, поефтина минута, пораката им беше 6 денари, али разговорите беа поефтини. Во првото “мобилизирање“ на македонија минута беше па и до 15 денари на друг оператор, али незнам дали помниш коа пуштија во викенд од космофон: 100 бесплатни смс пораки, е тоа беше МИРЦ преку мобилен, незнам колку пати мрежа блокираше со тие пораките...
Да :) Петок идеше 12 навечер и сите дома на телефон, па паѓаше мрежа, па се бараа телефони од чупиња за да се запознаеш, па блокирала мрежата па нерви :D , се беше на телефон, кога ќе ми текни сеа се смеам колку време имам останато на телефон :), сега ми се супер неделниот пакет од 500 мин со 80 денари, го користам секогаш, едноставно не ми дале причина да ги менам, кога имам проблем дали со телефон или совет за нешто, одам во главното на Космофон(сеуште така го викам и кога купувам кредит му велам дај те ми од Космофон :) ) едноставно услугата им е супер, секогаш ми се наоѓале, не ги менувам, немам потреба, напротив, во план сум да си купам телефон и секако ке го земам од нив, за мене се најдобри... :D
 
B

BooBojan

Гостин
Зошто двата текста на БлодиЏисус не ги објавите на страната на кајгана???
Малку подобро да се запознае јавноста со Т-Мобиле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom