Купување на мобилен (Т-Мобајл МК) - муштеријата никогаш не е во право

Член од
13 септември 2012
Мислења
1
Поени од реакции
2
BloodyJesus,
Се регистрирав на форумов затоа што исто ми се случи и на мене. Купив HTC One V (на мојата тарифа чинеше 10.990 денари) којшто татко ми го подигна од салон (на негово име е претплатата), а јас успеав следниот ден да си дојдам дома и да го отворам телефонот од кутијата за да му се израдувам. При првото вклучување забележав две големи жолти дамки на десната страна на екранот и како секој нормален човек го спакував телефонот и тргнав накај салонот за да им објаснам дека ми дале неисправен апарат, оптимистичен дека веднаш ќе ми го сменат. Им го покажав телефонот и побарав да ми биде сменет затоа што е неисправен, а тие почнаа да се вадат дека тие ми дале исправен апарат (го вклучиле пред татко ми и работел телефонот) и поради тоа што поминал еден ден од продажбата не можела да се сторнира трансакцијата и ми го дале последниот телефон од салонот. Ми објаснија дека единственото решение е да се сервисира телефонот, којшто, нормално, треба да се остави во друг салон овластен да прима телефони за сервис. Иако изненаден од односот на вработените на салонот, сепак како добар корисник го оставив телефонот. Кога се вратив дома се сетив да проверам по нетов да видам дали има слични случаеви и така го најдов thread-ов и ми се крена коса на глава коа видов низ што се си поминала. Им кажав на моиве што направив и пошто се правници и двајцата ми рекоа дека не сум требал да го подигнам телефонот и дека веднаш требало да го известам Државниот пазарен инспекторат кој постапува по Законот за заштита на потрошувачите. Нејсе. Сепак го погледнав законот и во еден од ставовите од член 43 стои дека (парафразирам) потрошувачот има право да бара замена на неисправен производ. Решив да ги побарам одговорните во центарот за корисници до кои секако нема шанси да се допре туку само да се контактира официјално преку kontakt@t-mobile.mk. Напишав маил објаснувајќи што ми се случило како и напомена дека го прекршуваат Законот за заштита на корисници поради што ќе бидат пријавени во Државен пазарен инспекторат. На маилот ми одговрија после еден ден со следново "Dozvolete da ve informiram deka spored procedurite, telefonskiot aparat mozhe da bide zamenet so nov, samo dokolku tri pati se servisira za istagreshka, po odluka na ovlasteniot serviser."
Револтиран по ваков одговор ги ископав whistleblowing маилите на Deutsche Telekom (tell.me@telekom.de) и на Magyar Telekom (mondd.el@telekom.hu) каде им кажав дека нивната ќерка фирма во Македонија ги крши законските прописи и ќе биде пријавена за истото. Знам дека имаше мала шанса да преземат нешто во врска со тоа (сепак случајов и не припаѓа директно под whistleblowing). Претпоставив дека и нашиве мора да имаат сличен портал којшто го најдов на www.telekom.mk во одделот за усогласеност (tell.me@telekom.mk). Маилот е на Извршниот Директор за compliance. Неколку часа откако го пратив маилот на Германците, добив одговор дека веднаш ќе го испитаат случајот. После праќањето на писмата отидов на сајтот на Државниот пазарен инспекторат (www.dpi.gov.mk). На сајтот има алатка каде може електронски да се поднесе пријава, па убаво си ја пополнив и кликнав submit. Следниот ден ми се јавија од Т-Mobile и се извинија за настанатиот проблем и објаснија дека вработените во салоните немаат овластување да утврдат дали продадените телефони се неисправни, туку дека само овластениот сервис може да го констатира тоа. Исто така, ми кажаа дека телефонот ќе ми биде заменет во најбрз можен рок. За два дена (т.е. вчера) добив sms дека можам да си го подигнам телефонот во салон. Пошто не им е за верување на вработените кога отидов проверив да видам дали телефонот има жолти дамки и немаше, а исто така го проверив и IMEI-то да видам да не ми вратиле сервисиран телефон. Каква разлика имаше во односот не можете да поверувате!Сервилност, љубезност итн. Си го земав телефонот на кој што сега конечно можам да му се израдувам :)
Го напишав ова надевајќи се дека можеби ќе помогне некому со сличен проблем.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Каква разлика имаше во односот не можете да поверувате!
Ама само со вакви постапки може колку толку да се научат операториве дека не се богови. Истото му зборев на еден дечко да го направи во една друга тема, ама он вика јас не сум таков човек. Епа ако не си таков човек, не се жали на форумов и седи си со расипан апарат по дома. Ова што си го направил, и јас сум го правел и сум си поминувал многу поубаво отколку само да си ќутиш ко мутле у салон. И АЕК истотака се многу моќни во поглед на заштита на корисници, исто со поднесување приговор ако си во право ќе ти го усвојат и ги обврзуваат операториве да реагираат.
 
Член од
31 август 2012
Мислења
320
Поени од реакции
184
Sum imal telefon na pretplata od site operatori kaj NAS najprvo od kosmofon togasno bese dobro togas AMA resiv da se prefrlam na t mobile e od niv ne beg zadovolen nimalku mi idea nerealni smetki nekoi meseci duri I ne sum go cepnal telefonot namerno poveke go koristev drugiot broj sto go imav da vidam kolkava smetka ke mi dojde I ke dojde smetka pogolema za 200-300 denari od onaa fiksnata sto ja plakav 600 denari. Posle dve godini koga mi istekuvase dogovorot resiv pak da zemam od tamu si vikam imam popust Sega ako go prodolzwm dogovorot ke si zemam nekoj poubag telefon zq poeftino I se resiv za Sony Ericsson arc s go prasav kolku e za da go prodolzqm dogovorot mi rekoja 13500. Cisto za sporedba otidov vo gip I prasav da sklucam dogovor po prv pat na 2 godini na pretplata pomala za 100 denari od tmobile odnosno 500 den kolku treba da doplatam za istiot telefon I mi rekoja 11500 znaci 2000 denari pomalku od tmobile. Odma izvadiv licna karta iplatena smetka od struja nosev somene I za 15 minuti si staviv vo dzepot Sony Ericsson arc s koj gi e*e tmobile kriminalci.: -P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom