Купувам - продавам

Член од
13 август 2012
Мислења
14
Поени од реакции
1
Купувам кола до 5000еур над 2001 година ,по можност дизел ,а можи и бензинец со помала потрошувачка.Давајте понуди :)
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Што маана имаат овие Фиат Браво? И колку троши?
Имав кратко време Браво со 1.2 16v мотор. Е сеа за тоа кратко време 4 месеци немаше баш никаков пеx. Се си функционираше клима, Абс, електрика на стакла серво немаше никаква мана. Со потрошња беше добар за бензинец 8 литир во град на отворено не го возев мада би трбало да падне околу 6.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Што маана имаат овие Фиат Браво? И колку троши?
Некоја посебна маана и нема. Во Македонија заедно со Брава-та, како верзија со 5 врати, се доста застапени. Одржавање евтино. Троши 7 литра на отворено и 9-10 литра во град. Тоа ти зборам за овој мотор, 1.6. Тој шо ќе ти каже дека во Скопје бензинец му троши 6 или 7 литра низ град, те лаже.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Некоја посебна маана и нема. Во Македонија заедно со Брава-та, како верзија со 5 врати, се доста застапени. Одржавање евтино. Троши 7 литра на отворено и 9-10 литра во град. Тој шо ќе ти каже дека во Скопје бензинец му троши 6 или 7 литра низ град, те лаже.
Скап е бензинот за 10 потрошња :)
 

Yan Gillan

Iron Maiden - my religion
Член од
12 мај 2006
Мислења
642
Поени од реакции
19
Продавам половни, добро сочувани Сатурнус фарови за голф 2.
Цена: 800 денари комплет.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Некоја посебна маана и нема. Во Македонија заедно со Брава-та, како верзија со 5 врати, се доста застапени. Одржавање евтино. Троши 7 литра на отворено и 9-10 литра во град. Тоа ти зборам за овој мотор, 1.6. Тој шо ќе ти каже дека во Скопје бензинец му троши 6 или 7 литра низ град, те лаже.
Мене ми троши 8, а 8,3 со клима.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Мене ми троши 8, а 8,3 со клима.
Град? Отворено? Град тешко, ако е 1.6, а ако е 1.2 може. На отворено кај мене иде до 7.5 ама културна вожња. Него да те прашам, од кај ги извади тие 0.3 литра прецизност? :)
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Град? Отворено? Град тешко, ако е 1.6, а ако е 1.2 може. На отворено кај мене иде до 7.5 ама културна вожња. Него да те прашам, од кај ги извади тие 0.3 литра прецизност? :)
Од бордот ги извадив, можда станале 0.4 сега ;) И да за во град зборам.
1.6 Меган 2000 год.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Што маана имаат овие Фиат Браво? И колку троши?
Фиат е... само по себе си кажва.

За илустрација: ново пунто е 9.000 евра, нова корса е 9000 евра.
по 5 години: истото пунто вреди едвај 3500 евра, корсата вреди најмалку 6.000

доволно?
 
B

BooBojan

Гостин
А ти од градинка ме знаеш па заклучи дека барам некој стакло очуван голф и да се циганчам за 2000 евра да сакам да го земам?

Ало, ми носат крнтии некои до пред врата дома, ми вика 4200 евра, слупан од позади, излуштена боја кај крилата, клима што не постига температура, рачна кочница што не работи, задни два прозора што не се отвораат, мотор што е пред распаѓање. За ова ли да дадам 4200 евра кажи ми? И 7 ќе дадам ама да вреди за парите, ама не сум ретардирана да ме прави некој будала за крнтија да му давам 4200.
Имам 4ка веке 5-6 години ама 1.4 бензин.
1999година прозиведен,го зедов 6-7години стар,увезен од Германија,имаше тогаш 175К КМ,со сервисна книшка во одлична состојба,не гребнан,комплет сервисиран у Германија без ама баш никаква маана едноставно колата беше(и уште е стакло).
Рачунај кај мене на бензин у Германија првиот газда и има возено по 30К км годишно.Дизелите сигурно ги возат повеке,оти никој не купува кола за да му стои у двор.Пресметај колку минимум би имам заминато просечна 4ка ТДИ од 99година.Минимум 350К(а вратен на 200К).Плус рачунај колку сол се става по европските улици(ја мојот голф уште го немам возено одкако го купив кога има фрлено сол,не викам дека претходниот газда го нема возено).Прагови,крила,маска,каросерија од оздола се е здраво.Пред некое време ауспухот заден му го сменив грнето пошо почна да гние.
Аутото ми е одржувано,гаражирано,сервисирано максимално без нималку штедење пари за него.
И на зафрканција еден пред некое време ми вика дека би му зел 3К евра.За толку пари не го давам ако сака у двор уште 20години нека ми стое.
Пола од овие голфови пред година шо ги увезија имаат минимум по 300К км,добар дел од нив се во многу полоша состојба од мојов,моторите им се растропани,на некои и маската дури им се тресе,крцаат кога ги возат,добар дел од нив веке газдите си ги ремонтираа,крпија прагови,крила.
И ги вреднуваат повеке од мојот,кој е измислен за нивните.
Во последно време секој втор стана трговец со коли,и гледа да заебе некој,е така не бидува.
Сакат на една кола да заработат и по 1000евра.Е тоа никако.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Средив другар, се стокмив веќе фала :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom