Не знам дали е сумата премногу за враќање како што велиш, тоа е за секого релативно, особено на долг рок како 20 години. Но, ако мислиш дека е премногу и ако веруваш во денарот, тогаш орочи 1300 евра во денари денеска, со преорочување за цело време и претпоставена просечна стапка од 7% и на крајот од 20 години ќе имаш доволно да отплаќање на ануитетите. Или ако сакаш орочување во евра, треба 2500 евра денес, орочени за истиот период со претпоставка од 4%. Што ќе рече fire and forget стратегија.
Енивеј, се знае што влијае на цената на кредитот (т.е. исплатената камата). Рокот, сумата на кредит и каматна стапка. Да претпоставиме дека рокот е еднаков за двете опции, тогаш поголемо учество ја намалува сумата на кредит, а со тоа и исплатената камата. Што значи, она што јас го имам како down payment е подобро да го зголемам со уште 6250 евра и на тој начин да ја намалам вкупната главница за враќање. Во секој аспект е подобро некој да ми позајми 6250 бескаматно на 20 години, отколку таа иста сума да ми влезе во главница за отплаќање и на истата да се смета камата.
Околу каматната стапка. По 5 години кога ќе заврши субвенцијата, каматата ја определува самата банка согласно нејзината политика. Нема максимум на кој е обврзана. Додека, ако ја земеш историјата на 6-мес еурибор, во просек последните 10 години е околу 2-3%, заедно со фиксната маргина се добива 6,5-7,5%, што воедно е најниската каматна стапка на стамбени кредити, воошто постигната во МК од нејзиното осамостојување. Еурибор одела и до нецели 5%, но тоа е периодот пред кризата 2006-07 кога пазарот беше жежок како сончевата орбита. Со моменталната криза на еврото која најверојатно ќе потрае бајаги подолго од мисленото, се сомневам дека ќе оди до тие нивоа во наредните неколку години, барем 5 минимум. А во моментов е 1,4, плус маргина се добива 5,9% што е пак подолу од моментално најниските камати за стамбени кредити. И уште нешто, при оваа опција максимумот на каматната стапка е диктиран од пазарот во Европа, а не локално.
Како плус. Тие 6250 евра се враќаат по 20 години. Но, интересно е што не рекламираат (а Законот си пишува) дека враќање на субвенцијата е потребна и кога се оди на опција за пола субвенционирана рата, во случај на предвремена отплата на кредитот. Е сега, тие 6250 евра е максимум што се добива при максимален кредит од 50.000 евра. Ако на кредит од 50.000 пресметаш добиена субвенција за опција "пола рата", тогаш се добива сума од 10.000 евра што треба да се вратат на Министерство ако се реши некој предвреме да го врати кредитот.