Купи куќа-купи стан (v.2 - Купи куќа за млади)

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Што мислите за овој проект?
Према симулациите кои денес ги прочитав се заштедува некаде околу 15 илјади евра во споредба со сегашните услови за купување на стан.


Колку ќе заштедите со субвенции од Купи куќа – купи стан

20.12.2011 - 19:07 |
Според она што го кажуваат од градежните компании и банките интересот за проектот купи куќа купи стан е значителен. Затоа направивме пресметки колкава ќе биде заштеда во апсолутен износ доколку се решите инвестицијата во стан или куќа да ја направите со државни субвенции.
Во примерот земавме износ на кредит од 50 илјади евра со рок на отплата од 20 години. Најпрво да видиме колку ќе ве чини каматата за тоа во првите пет години од отплатата. Со постојните пазарни камати од 6,5 проценти за првите три години и 7,7 проценти за останатите две, во овој период ќе платите вкупна камата од 16,300 евра.
Да го видиме сега истиот кредит и рок на отплата во моделот на субвенции во кој владата плаќа половина рата во првите пет години. Законот предвидува каматите да бидат 4,99 проценти во првите три години и 5,5 проценти во следните две или вкупно каматата за првите пет години ќе ве чини 11,995 евра. Со тоа правите заштеда од 4345 евра заради пониски каматни трошоци и заедно со субвенција од 9900 евра за периодот од пет години вкупно ќе заштедите околу 14 илјади евра.
Вториот модел на субвенции предвидува државата да плати половина од учеството во кредитот. Да видиме колку вкупно ќе чини кредитот од 50 илјади евра на 20 годишна отплата без субвенциите. Износот на каматата за целиот период на отплата, под постојните пазарни услови, ќе биде 46,548 евра.
Доколку аплицирате за субвенциите, износот за камата за целиот период ќе биде 37,140 евра или со камата која во моментов би изнесувала 6,17 отсто ќе направите заштеда од 9109 евра. Оваа камата владата ја формира според движенењето на ЕУРИБОР каматата на светксиот финансиски пазар плус 4,5 отсто. На оваа заштеда се додаваат и 6250 евра субвенција, односно половина од учеството за кредитот од 50 илјади евра. Да сумираме, вкупно трошоците ќе ви се намалат за околу 15 илјади евра.
Тоа се пресметктите кои покажуваат дека со овој проект може со значително помалку пари купите стан или куќа. Да потсетиме, право да аплицираат за овие субвенции имаат граѓаните чии приходи не надминуваат 900 евра. Барањата ќе се поднесуваат од следната година, а владата очекува првите средства да ги исплати најдоцна до мај.
Филип Момировски

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kolku-ke-zashtedite-so-subvencii-od-kupi-kuka-–-kupi-stan
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.031
Ова не е за нас бе.Ова е за тие што имаат 2 - 3 стана.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Кој се условите за проектов ? каде може да се види кој има право да аплицира ?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Купи куќа, купи стан



Владата на Република Македонија преку Министерството за финансии со цел да им помогне на оние на кои не им е решено станбеното прашање и немаат сопствен дом и живеалиште започна со реализација на два проекти. Двата проекти се Пола-пола рата за првите пет години и 50% учество за купување стан односно изградба на куќа.

Со првиот проект ќе се субвенционира половина од месечната рата за период од пет години, за кредити со максимален износ до 50.000 евра кои ќе бидат наменети за изградба на куќа или купување на стан. Доколку кредитот е поголем од 50.000 евра, субвенционирањето нема да се однесува за износот што ја надминува оваа сума. Притоа, ако се купува стан, продажната цена со пресметан ДДВ не смее да надминува 900 евра за квадратен метар корисна нето-површина. Каматата на кредитот во првите три години не смее да биде поголема од 4,99 отсто годишно.
Средствата за субвенционирање на пола-пола рата се неповратни, што значи, по завршувањето на периодот во кој државата плаќа половина од ратата на станбениот кредит, корисникот нема обврска истите да ги врати. Средствата ќе може да се користат како за нов стан или куќа, така и за купување или изградба на поголем стан/куќа преку продажба на постојниот стан/куќа.
По завршување на периодот од три години, во следните две години каматната стапка нема да може да се зголеми за повеќе од 10 проценти, и ќе изнесува до 5,5 отсто годишно. Средствата за субвенционирање на месечните рати на банките ќе им се исплаќаат за цела година однапред. Рокот за враќање на кредитите не смее да биде пократок од 20 години.
Законот за субвенционирање на станбени кредити со вториот проект овозможува државата да плати 50% од учеството во кредитот за купување стан односно изградба на куќа. Останатите 50 отсто од учеството ќе ги обезбеди купувачот. Учеството не смее да надминува 25 отсто од кредитот за целиот стан/куќа, при што кредитот не може да надминува 50.000 евра. Доколку кредитот е поголем од 50.000 евра, субвенционирањето нема да се однесува за износот што ја надминува оваа сума. Ако се работи за кредит за купување стан, продажната цена со пресметан ДДВ не смее да надминува 900 евра за квадратен метар корисна нето-површина. Рокот на отплата не може да е пократок од 20 години, а каматната стапка треба да е пониска од ЕУРОЛИБОР + 4,5 отсто.
Средствата обезбедени од Буџетот на Република Македонија корисниците ќе почнат да ги враќаат по 20 години, без камата, на пет еднакви годишни рати.
Условите за користење кредити од оваа програма ќе бидат, станот што се купува/куќата која се гради да е новоградба со сета потребна документација (имотен лист, дозволи и одобренија за градба), да се купи директно од инвеститорот или од изведувачот на станбениот објект, корисникот на кредитот, односно неговиот брачен другар да не поседува во сопственост станбен објект за што ќе приложи изјава под полна материјална и кривична одговорност, корисникот на кредитот да може да продаде сопствен станбен објект за да изгради куќа, корисникот на станбен кредит и неговиот брачен другар да не бидат оптоварени со друг станбен кредит, заедничката заработувачка на корисникот на станбениот кредит и неговиот брачен другар да не надминува 900 евра месечно.
Проектите ќе се реализираат во соработка со банките, а при склучувањето на договор ќе се предвиди забрана за давање на недвижноста под закуп (кирија), забрана за дополнително оптоварување на недвижноста со хипотека и обврска за пријавување на местото на живеење на адреса на новиот стан/куќа во рок од 15 месеци од денот на склучување на купопродажниот договор.
Во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните Владата со овие два проекта, сака да им помогне на граѓаните кои за првпат го решаваат станбеното прашање, посебно на младите луѓе и брачните парови.
http://vlada.mk/proekti/kupi-kukja-kupi-stan
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Каматата на кредитот во првите три години не смее да биде поголема од 4,99 отсто годишно.По завршување на периодот од три години, во следните две години каматната стапка нема да може да се зголеми за повеќе од 10 проценти, и ќе изнесува до 5,5 отсто годишно. Средствата за субвенционирање на месечните рати на банките ќе им се исплаќаат за цела година однапред. Рокот за враќање на кредитите не смее да биде пократок од 20 години

Фала ви дечки за информацијата.(y)

Ова ми беше потребно околу каматата на кој начин е уредена.Е сега што се однесува во однос на оној лимит до 900 евра за квадрат мислам дека тоа е малку грешна проценка.Ако збориме за Скопје 900евра квадрат може да се најде само на периферија на градот.Пример: Потенцијалните инвеститори не верувам дека во централното градско подрачје би граделе и би продавале за таа цена до900евра која е под минималната цена на квадратот во тој дел од градот.Тоа малку ме буни не верувам дека со овој проект ќе се смали толку цената на квадратот тоа некако не би одело во прилог на градежните фирми.А што се однесува до тоа дека ова важи за оние кои имаат 2-3 стана не е баш така еден од условот е и корисникот на кредитот, односно неговиот брачен другар да не поседува во сопственост станбен објект за што ќе приложи изјава под полна материјална и кривична одговорност.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
заедно со субвенција од 9900 евра за периодот од пет години вкупно ќе заштедите околу 14 илјади евра.

На оваа заштеда се додаваат и 6250 евра субвенција, односно половина од учеството за кредитот од 50 илјади евра.
кај ги пишува овие субвенции, не ги најдов на веб страната ...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Моди ова мерка е предвидена за луѓе кои не се доволно моќни сами да го финансират стамбеното прашање. Па така не би требало да има луксузирање , на крај на краевите добро е Скопје малку да се прошири по периферијата и да се растерети центарот.
Што се однесува до злоупотребување на овој проект, убеден сум дека ќе има обиди а можеби и успех зошто тоа едностно ни е во крвта и колку да има правила на игра секогаш ќе има „паметњаковиќи„ шо ќе го префрлуваат имотот на други лица за да конкурират за овој проект а ќе има и такви што нема да ја прикажат реалната сосотојба на примањата со цел да не ја надминат границата од 900 евра. Но и 50 % од проектот да заврши кај оние за кој е наменет според мене би било успех.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Колкава би била месечната рата за оние што ќе го земат кредитот?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Моди ова мерка е предвидена за луѓе кои не се доволно моќни сами да го финансират стамбеното прашање. Па така не би требало да има луксузирање , на крај на краевите добро е Скопје малку да се прошири по периферијата и да се растерети центарот.
Што се однесува до злоупотребување на овој проект, убеден сум дека ќе има обиди а можеби и успех зошто тоа едностно ни е во крвта и колку да има правила на игра секогаш ќе има „паметњаковиќи„ шо ќе го префрлуваат имотот на други лица за да конкурират за овој проект а ќе има и такви што нема да ја прикажат реалната сосотојба на примањата со цел да не ја надминат границата од 900 евра. Но и 50 % од проектот да заврши кај оние за кој е наменет според мене би било успех.
Апсолутно си во право.Да се обезбедат оние категории кои немаат решено стамбено прашање ова е супер проект за нив.
Што се однесува до периферијата и јас сум за тоа градот да се шири натаму,но прашање е колку инвеститорот е спремен таму да гради.Центарот како пример го дадов само.
Реалната состојба на примањата лесно се утврдува ,затоа постои УЈП.
Секогаш има некој кој ќе сака си игра со државата ама таа на крајот победува.
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
кај ги пишува овие субвенции, не ги најдов на веб страната ...
Ова е само пример за максимален кредит од 50000 еврулиња.. така да помали се бројкиве ако се снајдеш и најдеш стан за поефтино или едноставно земеш помал кредит..
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Што се однесува до инвеститорите, нив побарувачката и лимитот ќе ги тера да градат станови до 900 евра метар квадратен.
Инаку заборавав да кажам овој проект се однесува на цела Македонија не само на Скопје а становите во Струмица, Битола, Прилеп или Тетово се многу поевтини од 900 евра квадрат.
Како и да е ако успее проектот ќе има раздвижување во Градежниот Сектор.
Мене единстнвено ме плаши нашата алчност почнувајки од оние кои ќе конкурират , преку Банките па се до инвеститорите, кои исто така веројатно ќе се обидат да ќарат во цела ситуација. А тоа најчесто го прават со слаб квалитет на градбите и несоодветна инфраструктура.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Ова е само пример за максимален кредит од 50000 еврулиња.. така да помали се бројкиве ако се снајдеш и најдеш стан за поефтино или едноставно земеш помал кредит..
не најдов дека има и дополнителни субвенции покрај тоа што државата плаќа пола во двете опции, како што пишува во текстот ...
--- надополнето: 20 декември 2011 во 22:38 ---
  • Се субвенционира половина од учеството за кредитот, кое не смее да надминува 25% од кредитот за целиот стан односно куќа. Останатите 50% од учеството ќе ги обезбеди корисникот на кредитот. Така, доколку кредитот изнесува 50.000 евра, во денарска противвредност, максималното учество за него би изнесувало околу 12.500 евра, од кои половината или 6.250 евра, ќе ги обезбеди државата.
еве што пишува на официјалната страна ... ја ова го сватив дека 6250 ќе обезбеди државата, а не околу 15 000 како во текстот ... ако неубаво го сватив ова, се извинувам, нека ми појасни некој ...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Јас мислам дека до 15 илјади се доаѓа со тоа што банките се обврзуват на пониска каматна стапка:.......Со постојните пазарни камати од 6,5 проценти за првите три години и 7,7 ...............Законот предвидува каматите да бидат 4,99 проценти во првите три години и 5,5 проценти во следните две ..................Доколку аплицирате за субвенциите, износот за камата за целиот период ќе биде 37,140 евра или со камата која во моментов би изнесувала 6,17 отсто ќе направите заштеда од 9109 евра........+ 6259 се доаѓа до 15.368 евра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom