Кунг-Фу vs Аикидо vs Таеквондо vs Кик-бокс vs Karate

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Да Прашам нешто која е подобра боречка вештина ?
Карате или Борење
Како самоодбрана?
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Да Прашам нешто која е подобра боречка вештина ?
Карате или Борење
Како самоодбрана?
искрено ни двете, ако сакаш да тренираш вештина за самоодбрана пробај нешто што нема многу комплексни движења,удари и зафати, незнам сега колку години си али ти препорачувам Муи Таи или Таи бокс по нашки, особено ако најдеш клуб каде што се тренира традиционално(со лакта и таи клинч соборувања) тоа ти е едноставен систем и можеш да развиеш и тело а и имаш техники со зафати и удирање.
Каратето е потешко да го имплементираш на улица особено ако не си некој добар каратист(црн појас) самите движења за да се одбраниш од тупаница или клоца се сложени и нема да ти користат многу ако противникот има тренирани раце или нозе. Борењето мислам дека и не е баш едноставно да се клинчаш и да се влечиш по земја за да го собориш на земја.
ако ис од скопје мислам дека имаше муи таи клуб во градот али ако сакаш да ме послушаш да си одбериш поедноставна вештина.
Позз
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Да Прашам нешто која е подобра боречка вештина ?
Карате или Борење
Како самоодбрана?
Бокс без многу мислење... Или кик бокс како што ти пиша членот над мене.. Сум испробал многу вештини ниедна не е реална како овие 2..
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Да Прашам нешто која е подобра боречка вештина ?
Карате или Борење
Како самоодбрана?
Се слагам и со Hurin и Strenght и ќе ти додадам мое мислење.

Јас би правел комбинација од западен бокс со ниски ножни удари од кик или таи бокс плус џудо. Тоа е системот кој јас го практикувам и ми се покажал крајно ефикасен.

Ако најдеш кик бокс или таи клуб да те научи на рачни техники како западен бокс можеш да идеш директ таму ама од мое искуство повеќе ставаат акцент на ножните удари него на рачните боксерски техники. Западниот бокс е крајно ефикасен ако го научиш и тренираш како што треба.

Џудо ќе те направи ефикасен и за борба на партер како и за фрлања и полуги така да сѐ заедно е заокружен систем.

Одбери едно од ова што ти препорачавме и нема да згрешиш.
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
со Strenght се согласувам најкорисна Б.В е боксот а оваа бразилската боречка вештина ЏИУ-ЏИЏА ли се викаше или како никој не ја спомна колку е добра за самоодбрана?
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
со Strenght се согласувам најкорисна Б.В е боксот а оваа бразилската боречка вештина ЏИУ-ЏИЏА ли се викаше или како никој не ја спомна колку е добра за самоодбрана?
Џиуџутцу ти е варијација на Кано џудо(или традиционално џудо ако сакаш)
јапонска вештина која била во изумирање по појавата на џудото во Јапонија од Кано Сенсеи.
Јапонски имигрант пребегал во Бразил и ја запознал Грејси Фамилијата и ги тренирал Џиуџитсу, потоа тие самите си го развивале џиуџитсуто и го нарекле Грејси Џиуџитсу или пак Бразилско Џиуџитсу, слично е на Џудо само таму многу повеќе се обрнува внимание на Ne-waza (борба на партер) отколку на самите техники на соборување или фрлање во џудото. Тренираш Guard Defence, Top control,Guard, Passing,Sweeps,Submissions. повеќе е како спорт бидејќи според моја логика единствено што можеш да го искористиш на улица е тоа штоако некој те собори на земја ти да можеш да се браниш од удари а истовремено да го совладаш противникот со лежење на грб. Помодерниве џиуџитсу школи имаат имплементирале и борачки техники од слободен стил најчесто. сега Џудото е зафркнато поради тоа што сите школи тренираат олимписко Џудо што значи дека најголем дел од тренингот ти е Tachi-waza (борба од стоење) и тренираат само фрлања и сoпки по нашки да речам.
или џудо или Џиуџитсу да одбериш пак нема да згрешиш :)
уствари одбери тоа што најмногу ти одговара
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
За самоодбрана најдобар избор ти е Аикидото..
Еве ти демонстрација..
Ми се свиѓа се кај аикидото.. Филозофијата.. тренинзите.. техниките.. Само многу е тешко да се примени.. Секоја индивидуа треба да се учи да применува техники инстиктивно и според моментот на борбата,а не научено на памет што треба да направи..Сепак збориме за борба,тепање.. Тоа е сериозна работа..
--- надополнето: 24 декември 2011 во 11:44 ---
со Strenght се согласувам најкорисна Б.В е боксот а оваа бразилската боречка вештина ЏИУ-ЏИЏА ли се викаше или како никој не ја спомна колку е добра за самоодбрана?
како што ти пиша Hurin.. Џиу џитсу е борба на партер или борба на земја.. во реални ситуации нема да можат да ти се најдат од корист такви техники еднино ако си вежбаш за себе и релаксација.. Подобра варијанта со бокс ти е џудо.. Ова зборам доколку мислиш да примениш надвор од сала..
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Оригиналното ЏиуЏитсу од кое на некој начин а настанато спортското Џудо на Кано имало удари само што во денешново Џудо не се учат. Повеќето денешни Џудо техники можеш да ги модифицираш (вратиш на старо) да добијат удирачка форма ама треба да ги знаеш многу добро и да имаш смисол и знаење за бокс.

Џудото во оригинал е комплетно, има техники на партер, фрлања, полуги а и ударите можеш лесно да ги вратиш ако имаш добар тренер да ти покаже и ако самиот имаш познавања од некоја удирачка вештина.

Што и да се земе, западниот бокс ми е база и на него ги калемам сите други техники.
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
Мое мислење би било да одиш на бокс или кик бокс во комбинација со џиуџитсу, а исто така добра комбинација би ти била бокс или кик бокс со теретанче со што ке се зацврстиш многу и ке зголемиш сила на удар.. сепак твој избор:)
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
Би сакал да почнам да тренирам нешто со што би си ја подобрил самоодбраната, како и да стекнам одредена техника. Може ли некој да ми даде насока, а и по можност да ми даде сугестија за некој клуб по Скопје?
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Би сакал да почнам да тренирам нешто со што би си ја подобрил самоодбраната, како и да стекнам одредена техника. Може ли некој да ми даде насока, а и по можност да ми даде сугестија за некој клуб по Скопје?
Тука водевме ист муабет:

http://forum.kajgana.com/threads/Кунг-Фу-vs-Аикидо-vs-Таеквондо-vs-Кик-бокс-vs-karate.44856/page-5http://forum.kajgana.com/threads/Кунг-Фу-vs-Аикидо-vs-Таеквондо-vs-Кик-бокс-vs-karate.44856/page-5
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
Што е разликата меѓу Таи Бокс и Кик-Бокс? Може некој да ми предложи што е подобро за самоодбрана и ако може да ми препорача некои клубови во Скопје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom