со Strenght се согласувам најкорисна Б.В е боксот а оваа бразилската боречка вештина ЏИУ-ЏИЏА ли се викаше или како никој не ја спомна колку е добра за самоодбрана?
Џиуџутцу ти е варијација на Кано џудо(или традиционално џудо ако сакаш)
јапонска вештина која била во изумирање по појавата на џудото во Јапонија од Кано Сенсеи.
Јапонски имигрант пребегал во Бразил и ја запознал Грејси Фамилијата и ги тренирал Џиуџитсу, потоа тие самите си го развивале џиуџитсуто и го нарекле Грејси Џиуџитсу или пак Бразилско Џиуџитсу, слично е на Џудо само таму многу повеќе се обрнува внимание на Ne-waza (борба на партер) отколку на самите техники на соборување или фрлање во џудото. Тренираш Guard Defence, Top control,Guard, Passing,Sweeps,Submissions. повеќе е како спорт бидејќи според моја логика единствено што можеш да го искористиш на улица е тоа штоако некој те собори на земја ти да можеш да се браниш од удари а истовремено да го совладаш противникот со лежење на грб. Помодерниве џиуџитсу школи имаат имплементирале и борачки техники од слободен стил најчесто. сега Џудото е зафркнато поради тоа што сите школи тренираат олимписко Џудо што значи дека најголем дел од тренингот ти е Tachi-waza (борба од стоење) и тренираат само фрлања и сoпки по нашки да речам.
или џудо или Џиуџитсу да одбериш пак нема да згрешиш

уствари одбери тоа што најмногу ти одговара