Факт е дека вештини како Мај тај,кик бокс,бокс или мма се нешто што повеќе би ви користело за денешната ситуација.
(по)Старите стилови имаат ефективни техники,но проблемот е што се направени за друго време и со друга цел.Како некој што тренира Аикидо речиси 7 години,тоа го сфатив многу добро,но и го прифатив.
Секој човек што барем малце знае за Аикидо ќе ви каже дека целиот принцип на Аикидото е базиран врз мечот,ова е поради фактот дека Аикидото потекнува од Даито рју Аикиџитсу(кое се со аикидото 99% исти) и самите техники се базираат врз 2 принципа.Фрлање-(бидејки самурај во оклоп ако го фрлиш е многу поефикасно него да го маваш) и полуги(бидејки ако на самурајот му ја скршиш раката,,тешко да ке фати меч долго време).
Така да,јас го вежбам уште Аикидото поради тоа што сум фан на Јапонија/Самураи и тие работи.
Дали има ефективни техники?Има.Не за џабе е вежбано во многу делови од безбедносните сили.Особено е погодно за полиција,дека има техники за контрола.
Дали би го одбрал за "научам да се тепам" или за да влезам во ММА ринг? -НЕ.