Куфер за алат предизвика тревога за можна бомба во Куманово
23.06.2006 Црн куфер за алат поставен на плоштадот кај градската галерија ја преплаши кумановската полиција. Утрово околу 9 часот и 30 минути полицаец кој патролирал низ реонот забележал црн пластичен куфер со средна големина оставен на едно од најпрометните места во градот.
Јавил на надлежните во СВР Куманово. За неколку минути просторот од зградата на општината, полицијата, Основниот суд, па се до крајот на една од најпрометните улици во градот беше затворен.
Кумановската полиција повикала екипа за антитероризам од Скопје. И додека екипите за увид го снимаа куферот, се појави сопственикот видно збунет.
Го заборавил куферот со електрични дупчалки и штрафови. Напнатоста кај полицијата, но и кај кумановци набргу исчезна.
:pos2: :pos2:
:poss: