Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Значи чудо на природата сте....очите ви се отворија ,не се веќе полузатворени татарски ама видот си останал...
1.Фуере - му заврши мандатот
2.Талер дипломираше кај Б.Ц и го фатија
Него пушти телевизија има пренос од плоштадот во Скопје скоро 1 милион слават затоа што бугар ке не внесе во ЕУ....во негова чест има гости од Ттарстан.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31711840522&id=9&setIzdanie=22233Со 49 гласа за, седум против и три воздржани Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент вчера доцна попладне ја усвои резолуцијата за напредокот на Македонија во 2010 година. Во извештајот, подготвен од словенечкиот пратеник и известувач за Македонија Зоран Талер, се препорачува земјава да ги почне преговорите за членство во Европската Унија што поскоро.
Од поднесените 152 амандмани, изгласани се 14 компромисни и уште околу 50 други амандмани, јави известувачот на МИА, но прецизирајќи ја точно содржината на изгласаната резолуција.
- Наша цел е Македонија да и се приклучи на ЕУ во блиска иднина. Затоа Европскиот парламент препорачува пристапните преговори да почнат веднаш, што двапати беше потврдено и побарано и од европската комисија - изјави Талер, според кој сé уште постојат нерешени прашања како недостигот на политички дијалог, меѓуетничките односи и независноста на медиумите и судството.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E249E0140B4C09468569C2BDEE0AF65AАтина - Расправа за нацрт-резолуцијата на европратеникот Зоран Талер за Македонија доведе до жестоко противење од страна на грчките европарламентaрци од Нова демократија. По завршувањето на расправата, која личеше на гладијаторска борба на само четири дена пред почетокот на усната расправа за процесот меѓу Македонија и Грција во Хаг, претседателката на групата европратеници од Нова демократија, Мариета Јанаку, истакна дека оние европратеници кои на различни начини го поддржуваат и помагаат непроменливиот став на македонската Влада само и' прават мечкина услуга на државата.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/22753-EP-Makedonija-da-gi-zapocne-pregovorite-so-EUЗа предложената резолуцијата гласаа 49 европратеници, 7 беа против, а 3 воздржани. Водечките политички групи успеаја да постигнат 14 компромисни амандмани за новиот текст на резолуцијата, усвојувајќи уште околу 50 други амандмани од вкупно поднесените 152.
Клучната препорака во резолуцијата е Македонија што побргу да почне преговори за членство во ЕУ. Конечниот текст на документот ќе биде објавен наскоро од службите на Европскиот парламент, откако ќе бидат проверени резултатите од денешното гласање.
- Наша цел е Македонија да и се приклучи на ЕУ во блиска иднина. Затоа Европскиот парламент препорачува пристапните преговори да почнат веднаш, што двапати беше потврдено и побарано и од Европската комисија, изјави Талер по дебатата за резолуцијата на која учествуваше и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски.
ИЗбери си извор, Талер наголемо туркаше позитивни извештаи, препораки резолуции во името на Македонија .
Дали тоа значи дека ова е дело на Б.Ц. ?