Криминалци и криминални групи во МК

Член од
25 јуни 2022
Мислења
26
Поени од реакции
24
Човекот си е чисто бизнисмен и си го тера своето и не сакаат да го вознемируваат. ;)
Znam ja deka e mafia sve znam ama muhabetot e agim krasniqi izlagase Sam so kalas i pukase sakam da znam da li e nekoj lik sto prae Bela znam deka ima ekipa sto puka za on
 
Ф

Флеш

Гостин
Znam ja deka e mafia sve znam ama muhabetot e agim krasniqi izlagase Sam so kalas i pukase sakam da znam da li e nekoj lik sto prae Bela znam deka ima ekipa sto puka za on
Нормално сега дека има свои јатаци.Шеваљ е финансиски моќен човек,има врски и со подземјето и со политиката. Агим е друга прича,поагресивен лик е и подиректен,ама и потрадиционален е,не сака Грчец да му влегува у Кондово.
 

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
375
Поени од реакции
695
Nekoj poveke za sheval muaremi Dali e nekoj lik sto e psikopat kako agim krasniqi ili e sposoben samo za biznisiovi?
Сигурно повеке знаеш од нас за Шеки, не те разбирам зошто поставуваш вакви прашања, можеби гледаш филмови на “Fox Crime” па добиваш адреналин за да поставуваш инспекциски прашања? ;)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Работата на медиумите во Македонија и оригиналноста на информациите за криминал кај нас.

На една Твитер објава беше образложено дека весниците Фокус и Плус биле следени од 1992 до 1996 година од српската служба, затоа што имале јаки детали, но играле паметно и внимавале кога ставале имиња и презимиња на текстовите за да немаат проблеми, меѓу останатите со добри детали биле и Радио Слободна Европа особено од 1998 година па натаму, они први го имале спомнато Фљамур Аме во 2001 година кај нас, напоменале дека во Дебар имал тотална контрола и дека се водел како исчезнат од септември 2000 година, покрај овие медиуми со одлични информации и детали се и Вечер, Инфомакс и Доказ, а кој од овие медиуми политички како е настроен немам интерес за навлегување, на медиумската сцена највеќе и фали Крими Ревија Сведок кој бил весник сосема посветен на приказни од криминалниот свет, па текстовите како и интервјуата се пишувале и објавувале без цензура од почетокот до крајот на неговото постоење.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Информација за Врањански Клан поточно за Сораја Вучелиќ како дел од нив.

Се зборува дека Сораја Вучелиќ, која била девојка на водачот на Врањанскиот Клан веќе медиумски познатиот Давор Трајковиќ, често е во Скопје поради тоа што за него работи и носи кокаин за Грција во некои поскромни количини, но поради чистината на робата и разгазениот пазар со муштерии таму веројатно им е исплатлива рутата што ја работат, за дружбата на целиот тој клан со скопските криминалци и екипи во познати локали, како и тоа дека нивниот водач бил клучен играч во грабежот на роба во Валенсија од кој започна војната на которските кланови, веќе сме пишувале поопширно кога започна објаснувањето за нив.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
IMG_20220726_195238.jpg
Овде во некогашното Диско Турист чест гостин бил Орце Коруновски Пикадили, сликата е превземена од Твитер а била направена во мај 1989 година како што ми е пренесено.
 
Член од
6 јуни 2022
Мислења
34
Поени од реакции
114
Некој за Јупи и Африка?
Автоматски споено мислење:

Некој за Јупи и Африка?
Автоматски споено мислење:

Некој за Јупи и Африка?
Screenshot_20220728_185822.jpg
Некој за Јупи и Африка?
Tezok covek Ace Afrika od Skopje koj nikogas ne sorabotuvas so policija, obvinitelstvo I politika. Ovie mangupcinja sorabotnici na policija I obvinitelstvo go nemaat negoviot karakter. Pomina dolgo vreme I vo zatvor I zivee tajno ne vo Javnost.
Jupi poranesen kum na Ace Afrika koj e Golema lisica, znae da igra so policija I da mesti luge. Momentalno Rade Stekli raboti za Jupi koj isto taka ne e vo dobri odnosi so Ace Afrika, bidejki Afrika mrazi kodosi. Edno vreme se druzi so niv I Skender Sabani Skendo koj Sega e vo EKIPA so Oki I Sevalj. Znae Skendo koj kolkava struja drzi Jupi, a kolku Afrika.
Na ovoj covek Ace Afrika ako mu se dade vlast kako sto mu se dade na NInja, toa bi bilo strasno veruvajte mi! Takov Makedonec jas ne poznavam. Sum sedel so niv vo caidzilnica Afrika I imase prestrelka I so 6ca Albanci vo Gazi. Baba 2002 godina, kade od drugata strana bea raneti vo glava Metali I vo stomak Hamza Fejzi. Koga ke se zbori za Afrika moze nekoj od inat da vrega, ama kade stapnal rucna ne dignal. Go poznavaa mnogu dobro Ace Ninja od Avtokomanda I site kriminalci. Na toj covek nesmee da mu se dade vlast bidejki ke ke bide katastrofa.
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
55d5a30f-130b-4a65-a675-c02f6c467fa5_dam-urlzkuzne.jpg

На сликата е Горан Стефанов, лик кој бил обвинет за платено убиство на контроверзен бизнисмен во 2010 година во Словачка, па долго време била пуштена потерница по него и потоа беше уапсен во 2020 година во Ѓорче, се сеќавам дека Словачка барала негова екстрадиција, но како заврши приказната немам детални информации, за ова формално пишувавме кога излезе веста на нашите медиуми тогаш.
Пред убиството по кое побегнал малку се знае дека, во Словачка бил поврзан со дрога и проституција, со убиството во кое имал клучна улога на пукач во екипата го озваничија како платен убиец, а многумина велат ако опстанал таму во бизнисот со марихуана, ќе отворел и тука некоја фирма за производство.

V prípade vraždy Mišenku sa objavili nové skutočnosti. Bol strelcom tento muž?

5. FEBRUÁR 2013 1:00


 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
IMAGE_1712354_40_0.jpg

На оваа досега необјавена слика е телото на убиениот Орце Коруновски Пикадили после ликвидацијата во Варна во 2002 година, била превземена од некој бугарски весник па мене ми беше пратена.

Бугарската полиција го открила убиецот на Орце Коруновски
Време / 18.10.2005


ПО ДВЕГОДИШНА ИСТРАГА Рекетар, убиец и тројца нарачатели се осомничени за убиството на скопјанецот Орце Коруновски, во Варна, Бугарија, пред две години, соопшти вчера бугарското МВР. Коруновски на македонската јавност и беше познат како сопственик на крим-ревијата „Сведок“. Според бугарската полиција, нарачатели на убиството биле Димитар Благоев Бенишев (41) и Венко Николов Агонцев (38) од Софија, кој бил на слобода со кауција. Во Софија не соопштуваат дали платената кауција на Агонцев е за убиството на Коруновски. Како соучесник на овие двајца бил осомничен Карамфил Божидаров Карамфилов (33), исто така од Софија, по кого била распишана потерница. Малин Бориславов Крумов - Маце (36) од селото Дивотино кај градот Перник бил осомничен како извршител на убиството на Коруновски. Тој веќе бил уапсен годинава и се наоѓал во истражен затвор во Варна, а тамошното обвинителство веќе покренало обвинение за него поради убиство. Орце Коруновски (37) бил убиен со два куршума во слепоочницата во ресторанот за брза храна „Тропска куќа“ во Варна на 22 септември 2002 година. Коруновски бил убиен околу 14.15 часот додека јадел. Во моментот на убиството во локалот се наоѓале триесетина гости. Убиецот на Коруновски му се приближил од зад грб и ладнокрвно му пукал во главата. По злосторството тој го напуштил ресторанот, а пиштолот со кој го извршил убиството подоцна е пронајден од полицијата. Очевидците тогаш изјавиле дека во Коруновски пукал млад маж. Во потрагата по убиецот, варненската полиција употребила и кучиња-трагачи. Во бугарските медиуми се шпекулираше со името Митко Бемишев - Бугаринот како убиец на Коруновски. Овој човек бил приведен, но потоа ослободен од полицијата поради недостиг од докази. На 20 јули 2003 година, Бемишев бил пронајден мртов во стан во Софија. Орце Коруновски тогаш привремено престојувал во Бугарија, бидејќи имал регистрирано фирма во Ќустендил. Тој имал регистрирано и фирма за увоз- извоз со седиште во Белград, сопственик бил на крим-ревијата „Сведок“, а ја поседувал и агенцијата за обезбедување „777“. Според полициски сознанија, Коруновски бил вмешан и во бизнисот со хазардните игри. Името на Коруновски се споменуваше со повеќе афери и матни зделки од скопското подземје. Тој беше испрашуван во врска со обидот за атентат врз Киро Глигоров, потоа и за убиството на неговиот ривал Марјан Тушевски - Боксерот. Орце Коруновски неколкупати бил цел на оружени напади, како онаа пред шест години пред кафеаната „Златна виљушка“ во населбата Јане Сандански. Тогаш Тушевски во него испукал еден пиштолски шаржер, но не успеал да го убие. Коруновски учествувал и во тепачката за неколку бугарски проститутки, пролетта 2002 година, пред хотелот „Панорама“, со обезбедувањето на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски. А.Б. ФАТЕН УБИЕЦОТ И НА ВЕЛЕШКИТЕ БИЗНИСМЕНИ Покрај убијците на Коруновски, бугарската полиција соопшти дека ги расветлила и убиствата на велешаните Трајко Пренџов и Панче Бобевски. Извршител на ова двојно убиство бил Атанас Костадинов Божинов (38) години од Софија. Тој од август годинава бил во домашен притвор. Бобевски и Пренџов биле убиени во стан во градот Сандански на 21 јануари 2003 година. Двајцата велешани биле сопственици на фирмата „М6-91“ и на 75 отсто од капиталот на бугарското претпријатие „Илинденци Мермер“, кое експлоатирало рудник за мермер во реонот на Сандански. Мнозинскиот пакет акции од бугарската компанија го откупиле во јули 2001 година. Заедно работеле повеќе години, во почетокот како сопственици на фабрика за хартиени ќеси во Велес. Пренџов на велешката јавност и е познат како претседател на Собранието на Велес од 1990 до 1996 година, а претходните две години, како претседател на Извршниот совет на Велес.

Откриени убијците на македонските бизнисмени
Дневник / 18.10.2005


БУГАРИЈА По тригодишна истрага бугарската полиција конечно собрала доволно докази за да ги расветли трите убиства на македонските бизнисмени во Бугарија, кои беа дел од војната на подземјето во 2002 година и во 2003 година, соопшти бугарското МВР. Бугарската полиција ја комплетирала документацијата за убиството на Орце Коруновски, кое се случи на 22 септември 2002 година, во Варна. За таа егзекуција се осомничени четири лица. Убиството го нарачале Димитар Благоев Бенишев (41) и Венко Николов Агонцев (38) од Софија. Нивен соучесник бил Карамфил Божидаров Карамфилов (33) од Софија, по кого е распишана потерница. Физичкиот ликвидатор на Коруновски е Малин Бориславов Крумов- Маце (36) од селото Дивотино кај Перник. Тој е уапсен годинава и е во истражен затвор во Варна. Орце Коруновски беше убиен во ресторанот "Тропска куќа" во центарот на Варна. Неговиот убиец од непосредна близина пукал двапати во главата со пиштол "црвена застава" во калибар 9 мм и побегнал. Еден ден по убиството полицајци го пронашле оружјето во близина на местото на настанот. Убиството било извршено ладнокрвно пред триесетина сведоци. Коруновски, додека престојувал во градот, контактирал со познати бугарски бизнисмени и со луѓе од бугарското подземје. Осомничените Венко Агончев, Димитар Бенишев и Димитар Викентиев беа приведени уште во 2002 година, но по деветмесечен притвор беа пуштени од притвор со кауција за да се бранат од слобода. Бугарската полиција го расветлила и убиството на велешаните Панче Бобевски (51) и Трајко Пренџов (52). Двајцата беа пронајдени застрелани во стан во Сандански на 21 јануари 2003 година. Нивниот ликвидатор е Атанас Костадинов Божинов (38) од Софија. Пренџов, поранешен градоначалник на Велес, и Бобевски биле најдени убиени во стан, застрелани со по еден куршум во главата. Двајцата велешани биле сопственици на фирмата "М6-91" и на 75 отсто од капиталот на бугарското претпријатие "Илинденци Мермер", кое експлоатирало рудник за мермер во реонот на Сандански. Бугарските полицајци претпоставуваат дека убиството било "професионално извршено" и е дело на некој што добро ги познавал Пренџов и Бобевски. Пренџов на велешката јавност и е познат како претседател на Собранието на Велес од 1990 до 1996 година, а во претходните две години, како претседател на Извршниот совет на Велес. Бугарските медиуми пишуваа дека со убиствата на Пренџов и на Бобевски продолжува расчистувањето на политички и на економски сметки, кои од Македонија одамна се префрлиле во Бугарија. Гангстерска војна ги вознемируваше бугарските граѓани неколку години, а полицијата тешко се справуваше со нив. Според бугарските медиуми, се почнало со апсењето на еден од најголемите мафијаши на Балканот, Србинот Сретен Јосиќ. Битката за прераспределба на силите во подземјето е продолжение на промените во политичката и во економската сфера во Бугарија. Војните се воделе за туризмот, за приватизација во енергетиката, која во тоа време била во тек, во областа на банките и на финансиите. По завршувањето на мафијашките пресметки, се префрлиле на легални бизниси, но задржале многу пари. Апсењата почнале со Србинот Јосиќ, на 20 јуни 2002 година, кому му се припишуваат еден куп убиства и терористички акции, трговија со дрога, а се барал и во неколку земји во Европа поради шверц во кој биле замешани и бугарски бизнисмени, кои потоа го предале. На 25 јули истата година судот одлучил да биде екстрадиран во Бугарија. Оттогаш за само неколку дена биле убиени четворица крупни бизнисмени. За сите тие убиства бугарското МВР осомничила повеќе мафијашки групи, но немало реализација поради недостиг од докази. По таа серија мафијашки пресметки следува нова чистка во подземјето во која среде Варна е убиен и Македонецот Орце Коруновски, заедно со Грузиецот Бедзина Арошидзе. Во таа чистка, која траела до крајот на 2002 година, биле убиени уште четворица странски бизнисмени. Гангстерската војна продолжи во 2003 година со убиствата на Бобевски и на Пренџив. Во пресметките на подземјето се убиени осумнаесет бизнисмени, познати дилери на дрога, убијци барани од Интерпол и најголемиот шверцер во Бугарија Констатин Димитров-Самоковец, кој бил убиен во Амстердам.

Расветлени убиствата на Орце Коруновски и двајцата велешани
А1 / 17.10.2005


Убиствата на Орце Коруновски и двајцата Велешани Панче Бобевски и Трајко Пренџов, спаѓаат во 25 најголеми гангстерски убиства извршени во Бугарија последните 5 години. Убиствата на македонските државјани биле ставени во извештајот на бугарското МВР за мафијашките престрелки, пренесува агенцијата „Бгнес“. Орце Коруновски беше убиен во кафеана во Варна септември 2002-ра, според бугарската полиција станувало збор за гангстерска престрелка. Убиството го нарачале Бугарите Димитар Бенишев, Венко Агонцев и Каранфил Карнфилов, а директен извршител бил Малин Бориславов кој оваа година е уапсен во Варна. Коруновски бил дел од македонското подземје и имал врски со повеќе бугарски мафијашки кланови, изјавуваа во македонската полиција по неговото убиство. Инаку еден од нарачателите на убиството на Коруновски - Димитар Бенишев, по убиството бил уапсен па пуштен со кауција, но половина година подоцна бил најден убиен во стан во Софија. Велешаните Бобевски и Пренџов се убиени во стан во Сандански во јануари 2003-та. Убиецот Атанас Божинов е уапсен брзо по убиството, а сега е во домашен притвор. Во бугарската полиција велат, дека сега збирно го објавуваат својот извештај по големите јавни критики дека не можат да ги решат мафијашките убиства.

Веќе познати текстови за случајот, но вреди да се објавата затоа што поврзуваат многу имиња и се вклопуваат добри информации и детали со нив, штета што е избришан и не се отвора текстот каде пишува дека убиецот на Орце Коруновски се криел во Струмица и Берово после убиството, текстовите за убиените велешки бизнисмени се пропратни затоа што и тој случај е веќе спомнат на темата.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.801
Поени од реакции
8.391

  • Во магацинот во ГТЦ во Скопје, изнајмен од фирма на Габриел Бајрам, имало најмалку 100 ригови (графички станици) за копање на биткоини кои таму работеле најмалку три години.
  • „Можам слободно да ви кажам дека само за тој период додека јас бев ангажиран таму биле заработени милиони евра“, вели соговорник на Мкд.мк
  • Во магацинот на сите им било јасно дека има класична кражба на струја, затоа што имало човек кој бил одговорен за преврзувањето на жиците за влез на електричната енергија. Само за риговите месечната сметка за струја би требало да биде околу 4 до 5 илјади евра месечно, а уште толку и за накнадно инсталираната климатизација.
  • Човекот двапати пријавил во МВР кражба на струја меѓутоа немало никаква реакција.

Ова може и во Блам Држава да иде...
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
D7CE3E23-94E8-41F6-9317-0274CB036400.jpeg

На оваа слика се Агим Красничи и Фадил Точи кои се бараат со меѓународна потерница во Македонија, останатите биле поранешни војници од војната во 1999 година, некој од нив бил близок со Екрем Лука поточно човекот кој го вовел познатиот Насер Кељменди во криминалните бизниси, иначе сликата била направена во Косово на почетокот на јули годинава и тек се шири периодов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom