Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
„Власта од 2001 година знае кој го уби син ми!“

Објавено: 24 јули 2012 - 17:45

Син ми знаеше многу работи, затоа беше ликвидиран. Марјан беше во обезбедувањето на Борис Трајковски пред да стане претседател. Дозна многу валкани работи за тогашните политичари. Потоа, во 2001 година дозна многу и за тогашната власт и затоа беше ликвидиран.

Вака пред шест години зборуваше Димитрие Тушевски, таткото на Марјан Тушевски, кој со години бара да дознае кои беа убијците на неговиот син.
Денешното приведување на деветмина поранешни полицајци само ги актуелизира уште еднаш сите шпекулации околу убиството на Тушевски.
Марјан Тушевски (37), според пишувањата на весниците во јули 2001 година, беше познат скопски рекетар со богато полициско и судско досие. Тој на 10 јули 2001 година беше убиен во вооружена пресметка пред платото меѓу зградите на улица Атинска во населбата Тафталиџе. Убиството, според изјави на сведоци се одвивало со секавична брзина и професионално од неколку непознати лица.

Веста многу брзо се прошири низ речиси сите кафеани и кафулиња низ Скопје каде што Тушевски често навраќал и, според зборовите на газдите, собирал рекет... Во отсуство на официјални информации, низ Скопје почнаа да се шират разни шпекулации за убиството на Тушевски и Јанев, кое по многу нешта потсетува на убиството од пред неколку години, кога во центарот на Скопје, Аце Боцевски алијас Циганот, пред очите на многубројните минувачи, го уби својот ривал, бизнисменот Сеад Ибраими... Убиството на Марјан Тушевски е поврзано со неодамнешната пресметката на паркиралиштето пред хотелот „Панорама“ која подоцна завршила во подземните гаражи од Владата. Во оваа тепачка учествувале и обезбедувачите на висок политичар.... Еден ден пред да се случи убиството, според извори од скопското подземје, Тушевски претепал еден газда на кафуле во ТЦ „Беверли хилс“ во Капиштец, зашто одбил да му „позајми“ 15 илјади марки. Дента, пак, кога Тушевски беше ладнокрвно застрелан, според полициски извор, тој киднапирал роднина на висок државен функционер и неколку часа во затворен багажник го возел низ Скопје, пред да го ослободи“.

Вака пишуваа дел од тогашните весници за убиството.

Таткото на Марјан Тушевски, седумдесет и седумгодишниот Димитрие Тушевски неколку години по ред одеше пред кабинетите на сите владини и државни функционери за да им достави докази за тоа кои се убијците на неговиот син.

Јас повеќе пати стојам пред кабинетот на Бошкоски, пред кабинетот на Георгиевски, кај Трајковски... Сакам да им кажам дека тие продуцираат криминалци меѓу младите... Зошто, ако бил криминалец, Бошкоски го канеше на неговиот роденден и со него се сликаше нарекувајќи го - брат. Јас за тоа имам и фотоалбум. Власта добро знае кој го убил син ми. Го обвинуваат син ми дека зел пет милиони марки во времето кога бил ангажиран од Бошкоски да собира пари за партијата на министерот...Нека ми дадат таква потврда со потписот на син ми, тогаш и јас ќе го наречам криминалец и убиец. Ако бил најбезобѕирен криминалец, зошто Бошкоски беше во друштво со него кога се формираа елитните полициски единици. Ако Марјан бил криминалец, зошто Бошкоски му ветувал пред сведоци, кои се подготвени тоа да го потврдат, дека ќе биде началник на полициска станица во Скопје? Додека му требаше, се му ветуваше“, изјавуваше тогаш Димитрие Тушевски.

Тој пет години по убиството излезе во јавноста со тврдење дека во убиството на неговиот син била вмешана и неговата љубовница, извесната Исмета од Сараево.

Еден час по убиството на мојот син таа под итно, по наводното распрашување во МВР и откако и бил вратен пасошот, со полн шлепер стока и многу пари се иселила од Скопје. Еден ден ќе ја донесам како една од учесничките во убиството на Марјан. Тоа сакам да и го кажам на полицијата. Таа знае се за смртта на син ми... Веднаш по убиството ми се закануваа да престанам да зборувам кој е убиецот, затоа што и мене ќе ме убиеле. Ги знам заканувачите. Се подготвувам да ангажирам адвокат и да поднесам приватна тужба против три лица, меѓу кои е и некогашниот министер на полицијата Љубе Бошкоски“.

Димитрија е убеден дека власта во 2001 година му го ликвидирала синот.

На 11 јуни Виолета Бошковска, сопругата на Љубе Бошковски во писмо до медиумите напиша дека „власта на големо подготвува уште една монтажа за Љубе Бошкоски слична на таа што ја направи со дел од снимката од испитувањето во Пула, а со цел Љубе повторно да се претстави како предавник“.


ЦРНА ХРОНИКА
Семејството на Тушевски бара 5,4 милиони денари отштета

Објавено пред 9 години - 19 јуни, 2013 Од Макфакс++




За овој расплет не сакам да создавам теорија, но мислам дека семејството на Марјан Тушевски искористи прилика за добивање пари тука а тогашната власт прилика за дополнително обвинение, изјавите во случајот Ровер на Нинџа, Азманов и Љубе некако делуваат како префрлање топка а всушност Буревесник највеќе вистина изнесе во јавност, тоа се наназад објавени вести веќе, додека текстот сега објавен со изјавите од неговото семејство даваат поширок приказ на нештата.
 
Последно уредено:

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
368
Поени од реакции
688
Интересен извештај од 2004та година, кога ОБСЕ почна со операции низ државите на Балканот(Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Црна Гора) на следење разни криминалци, во кој територии најмногу се продаваат наркотици, колку количини дрога проаѓаат низ границите итн.
Извештај кој покажува дека и Јане Павловски Тица е следен:
5F5B8B95-BD55-4360-A0F8-2FB880B5E624.jpeg
 
Член од
13 јуни 2022
Мислења
58
Поени од реакции
105
Интересен извештај од 2004та година, кога ОБСЕ почна со операции низ државите на Балканот(Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Црна Гора) на следење разни криминалци, во кој територии најмногу се продаваат наркотици, колку количини дрога проаѓаат низ границите итн.
Извештај кој покажува дека и Јане Павловски Тица е следен:
Прегледај го приврзокот 340267
Вулнет Макелара беше во време на војната вмешан во трговијата со органи , потоа од 2005та често си ги менуваше имињата тука како Дарко Станков или Дарко Стефановски.
Кога идеше у Италија се претставуваше како Рамадан Циу па после од некој филм си извади име Карлито Бриганди и го следеа поради тоа што планираше терористички напад да изведе во МК
Во Рома го фатија 2015 кога со еден негов другар и еден терорист од Тунис кој беше поврзан со исис и беа вмешани за да му помогнат на терористот да направи самоубиствен напад во Рома
 
Член од
6 јуни 2022
Мислења
34
Поени од реакции
114
Вулнет Макелара беше во време на војната вмешан во трговијата со органи , потоа од 2005та често си ги менуваше имињата тука како Дарко Станков или Дарко Стефановски.
Кога идеше у Италија се претставуваше како Рамадан Циу па после од некој филм си извади име Карлито Бриганди и го следеа поради тоа што планираше терористички напад да изведе во МК
Во Рома го фатија 2015 кога со еден негов другар и еден терорист од Тунис кој беше поврзан со исис и беа вмешани за да му помогнат на терористот да направи самоубиствен напад во Рома
Da bil vmesan vo podgotovka na teroristicka napad vo Roma ke go osudea na dozivoten zatvor. Zatvoren za naoga je I prakanje luge vo Isis max kazna 7 godini. Inaku fizicki I psihicki spremen uste vo vremeto koga lezese vo IDRIZOVO. Karlito ne e terorist.
Komandant Baruti e covek na DUI, a Jane Tica na SDSM. Zatoa stignale kritiki od Megunarodna zaednica.
 
Член од
13 јуни 2022
Мислења
58
Поени од реакции
105
Da bil vmesan vo podgotovka na teroristicka napad vo Roma ke go osudea na dozivoten zatvor. Zatvoren za naoga je I prakanje luge vo Isis max kazna 7 godini. Inaku fizicki I psihicki spremen uste vo vremeto koga lezese vo IDRIZOVO. Karlito ne e terorist.
Komandant Baruti e covek na DUI, a Jane Tica na SDSM. Zatoa stignale kritiki od Megunarodna zaednica.
Имаше поврзување меѓу он и тој терористот бидејки имаа пораки и преку телеграм гласовни пораки и слично
 
Член од
13 јуни 2022
Мислења
58
Поени од реакции
105
Во Италија беше со 15годишна казна од 2004та година па после избега во Скопје и потоа нападна еден полицаец и кога му направија претрес му пронајдоа оружје и експлозивен материјал и потоа избега пак за Италија и пред да се изврши нападот го уапсија во Рома 2015та и остана тајна што се случило понатаму со него
 
Член од
6 јуни 2022
Мислења
34
Поени од реакции
114
Во Италија беше со 15годишна казна од 2004та година па после избега во Скопје и потоа нападна еден полицаец и кога му направија претрес му пронајдоа оружје и експлозивен материјал и потоа избега пак за Италија и пред да се изврши нападот го уапсија во Рома 2015та и остана тајна што се случило понатаму со него
Lezi zatvor tamu za vrbuvanje luge za vo Sirija. Kaznata mu e 6 godini mislam.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Официјални информации и детали за Сафедин Мустафа Сефо и луѓето околу него.

Како што е познато Сафедин Мустафа Сефо долги години бил главен човек на авто мафијата во Македонија поточно најбитен фактор за крадење возила кај нас и исто така долг период веројатно најмоќен човек во Сарај, негов ученик и насекаде соучесник е Шеваљ Муареми а во крадењето возила во Грција со нив учествувал и Адем Имери Белаја во тоа време, исто така блиски луѓе на Сефо биле Иљаз Муареми и Исмаил Бајрами луѓето кои биле киднапирани од Биштите во познатиот случај од 2010 година и најверојатно по грешка биле медиумски назначени како братучеди, иначе Иљаз е роднина на Шеваљ Муареми а Исмаил роднина на Орхан Бајрами Оки па меѓудругото битен факт е дека токму Иљаз ги запознал Шеваљ и Оки во 2011 или 2012 година, се зборува дека како мине време Шеваљ се повеќе дејствува на начин како Сефо и малку е познато дека Мирослав Деспотоски Мики Тетово преку блиски луѓе на Сефо го запознал Шеваљ пред неколку години, иначе релацијата на крадењето и препродавањето возила била од Македонија кон Албанија а имале и развиено јака шема со мрежа од доста луѓе во Грција која функционирала исто така се до крајот на животот на Сефо, убиството на Сефо се случило на автопатот кај Гостивар некаде 2006 или 2007 година а убиен е од страна на Агим Красничи поради легендарната закачка која вклучува повеќе луѓе и случки за што веќе опширно е пишувано на темата, муабетите за убиството се разноразни а сигурно е дека било изведено најпрофесионално што може, па како што ми е пренесено се одвивало плански по следниве точки.
Следење на луѓето на Сефо,
Следење во кои градови крадат возила во Албанија и Грција,
Забелешка со кои возила Сефо најчесто патувал во Албанија,
Чекање во Дебар со 2 возила од екипата на Агим,
Пукање кон него во движење со калашникови при влез во Гостивар,
Покрај останатото имале и точна информација дека Сефо не сакал да носи панцир со себе кога патувал, и дека си идел по ист правец од Грција кон Македонија секогаш.

Украдените скопски “мерцедеси” завршуваат во Албанија

Vecer | 09.10.2006

Скопјенецот Дејан Трајковски, кој што самиот бил принуден да спроведе истрага откако станал жртва на автомафијата, за “Вечер” ексклузивно ја објаснува шемата на транзит на украдените автомобили.
– Откога возилото ќе биде украдено со резервен клуч, нему му се лепи украдена регистарска табличка. Автомафијата им плаќа по пет евра на обични крадци за чифт регистарски таблички. Потоа автомобилот му се предава на сообраќаен полицаец од селото Грчец, кој за одреден износ го носи во Дебар. Таму, возилото го презема извесен Алберт Алајбегу. Тој ги прима сите украдени возила. Потоа дебарчанецот преку преминот “Блато”, организира префрлување на автомобилите во Албанија. На самиот граничен премин, во соработка со корумпирани гранични полицајци без никаков проблем украдените “мерцедеси” влегуваат во Албанија. Таму, украдената стока ја прифаќа извесен Нарди од Подградец – раскажува Трајковски.
Тој вели дека албанскиот државјанин честопати доаѓал во Македонија и се состанувал со Шеваљ Муареми. Според Трајковски се среќавал низ локали во Охрид, но и во кафулето “Дајмонд” во скопскиот трговски центар “Рамстор”.
Дејан Трајковски, раскажува дека, сепак откога ќе биде украден луксузен автомобил, групата од Грчец, за секој случај, возилото го чува околу една седмица во Македонија. Чекаат да изнудат откуп од сопственикот, а ако не успеат во тоа, возилото го носат во Албанија.
Во Еуропол, тврдат дека криминалот со автомобили во рамките на Европската унија со години е на исто ниво, но предупредуваат дека тој ќе се зголеми бидејќи прекуграничното движење се олеснува со проширувањето на Унијата. Експертите велат дека најчеста цел на доброорганизираните банди крадци автомобили обично најлуксузната класа на “мерцедес”, како и други луксузни возила што не се постари од десет години. Станува збор за професионалци, кои во возилата не провалуваат со кршење на бравите, туку користат дупликат клучеви.
Според полициските анализи, во минатата година во Македонија биле украдени 560 автомобили, односно речиси по два автомобила дневно. Повеќе од половина од возилата – 319 биле украдени во Скопје. Полицијата во минатата година успеала да пронајде 136 возила, кои биле украдени во Скопје, а уапсила 128 крадци.

Кои скопски бизнисмени останале без лускузни автомобили ?
Дејан Трајковски во својата истрага досега утврдил дека без своите луксузни автомобили останале видни скопски деловни лууѓе.
– На бизнисменот Орце Камчев му бил украден џип “мерцедес мл”. Тој платил 25.000 евра како октуп за возилото, но останал и без пари и без џипот. Без својот луксузен “мерцедес 320 с” останал и сопственикот на фирмата “Са и Са”. Иста судбина имал и сопственикот на кафулето “Рим-Париз” кому му бил украден “мерцедес” од класата С. Синот на сопственикот на кабелската телевизија “Телекабел” исто така бил жртва на автомафијата. Му бил украден “мерцедес цлс” вреден повеќе од 100.000 евра. Тој платил откуп и возилото му било вратено. Луксузен автомобил од марката “мерцедес” му бил украден и на сопственикот на градежната фирма “Торус”. Потоа и на скопјанецот Екрем Радончиќ, кој остана без свјот “мерцедес с 500”. Најчудно е што возилото на Радончиќ се отклучуваше и се стартуваше не со клуч туку со картичка- вели Трајковски.

Шеваљ Муареми: Немам никаква врска со автомафијата
Во дневниот весник “Вечер” на 6 октомври годинава беше објавен текст со наслов “Албанската мафија го празни Скопје од мерцедеси”. Во тој текст споменати се повеќе обвинувања од страна на скопјанецот Дејан Трајковски кој тврди дека организирана група криминалци му го украле неговиот автомобил марка “мерцедес” и уште повеќе дека тие се лицата кои се вмешани во организиран криминал на “Мерцедес бенз”, што ги извршува албанската мафија во нашата држава, а и пошироко на Балканот.
При објавувањето на гореспоменатиот натпис, како што веќе рековме, споменати се обвинувања кои се однесуваат на луѓе кои со цело име и презиме се наведени во натписот, обвинувања кои се крајно паушални, неосновани и непроверени. Така, како криминалци поврзани со огранизиран криминал на кражба на автомобили наведени се Муареми Шеваљ и Сефедин Мустафа – Сефо, додека пак браќата Енвер и Осман Демири се споменати не само како крадци, туку и како убијци. Со ова не само што е нарушен угледот на овие луѓе, туку и целото ова јавно обвинување претставува еден таков низок удар на кој нема поинаков начин да се реагира освен наведените луѓе да се најдат во ситуација да докажуваат на јавноста дека тоа се само еден куп лаги и измислици, ситуација, која е сосема неправедна. Но, како и да е ние можеме да кажеме дека ниту еден од овие луѓе не се занимава со криминал и слични недозволени и незаконити дела туку напротив, сите тие се луѓе кои имаат достојни професии и занимања. Така Сефедин Мустафа – Сефо од селото Глумово е студент на Правниот факултет. Шеваљ Муареми од селото Грчец е сопственик на фабрика за алва, а Енвер Демири е приватен инвеститор во градежните дејности. При една ваква ситуација доаѓа до огромен апсурд, бидејќи доколку сето тоа што е изнесено од страна на Дејан Трајковски под претпоставка да е точно, тогаш се знае дека кривичното гонење ќе го преземеше државата, бидејќи тоа не е сторено, доаѓаме до заклучок дека сето ова е базирано на некои лични нетрпеливости од страна на Дејан Трајковски спрема споменатите.
Како што веќе напоменавме, наведените се домаќини, луѓе чиј углед е загрозен јавно и кои сега се наоѓаат во ситуација на лажно обвинување кое може да влијае негативно на нивниот понатамошен личен и професионален живот. Дотолку повеќе што, Дејан Трајковски е многу добро познат на нашата јавност, како и на органите на полициски и судски прогон, што тој воопшто не се наоѓа во ситуација да изнесува вакви невистини од причина што не може да се пофали со својата чесност и искреност.

Сефедин Мустафа – Сефо
Муарем Шеваљ
Енвер Демири

Александар СРБИНОВСКИ

За овој текст мислење немам, бидејќи одамна се знае вистината за оваа приказна, но сепак вреди неговото објавување, зошто фактите се точни.
 
Член од
1 септември 2020
Мислења
23
Поени од реакции
14
Фантом е пукан поради тоа што на своја рака наплаќаше долгови од "должници" на покојниот Џељо.Тоа е тоа.
Автоматски споено мислење:

3 метка попил,два у стомак и еден у нога.Имал среќа голема.Тој што го донел у Систина го оставил и се упатил у непознат правец,на снимките од камерите не се гледа убаво таблицата од сребрено ауди караван.
Da popies 3 metka od kalas i da kurtulis e sreka golema .... Sega neka fakja patot !!!
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Дополнителни информации и детали во врска со Петар Андовски Перо Будалата и случајот "Пронајден труп на Матка" со кој е поврзан.

Се шири информација дека Перо Будалата успешно го криеле некаде и дека Синан Незири бил авторитетот кој дејствував како главен во тоа, а закани дека ќе го убијат Перо се праќале се уште, како што изнесе негов соучесник неточно е дека е исчезнат туку се криел во Белград од 2018 година поради убиство на извесен лик во село Церово, наводно имало и луѓе кои имале проблем со Синан Незири во овој период, која екипа е во проблем со него и дали е тоа настанало поради помошта кон Перо немам детални информации само претпоставка дека се работи за Грчец Дуќанџиќ екипата кои беа и посочени за случајот "Пронајден труп на Матка" во 2020 година, меѓудругото јасно е и дека екипата на Агим Красничи била во добри односи со екипата на Бушат Хасани, во Косово оној Фадил Точи се имал сретнато со некој од екипата на Бушат Хасани пред неколку месеци, мое мислење е дека пак некој ги разгорува ривалствата помеѓу криминалците на Дуи и Дпа пак после толку време, од Дпмне и Сдсм никој нема спомнато ништо за тоа, што значи чим нема медиумска политичка војна со тие податоци е сериозна работа.

Ќе ја искористам приликата за информации и детали за Берат Шабани лик кој е поврзан со случајот "Пронајден труп на Матка" од пред неколку години.

Берат Шабани дејствувал искусно и често ги менувал своите локации на престој, тој променил 8 локации само во 2009 година, имал криминална група од 6 лица кои работеле со марихуана и кокаин, групата за брзо дошла до милионски цифри во долари, во главно се бавеле со превезување кокаин во количини од 10 до 50 килограми и достигнале до тоа да превезуваат кокаин на секои 10 дена во Калифорнија, за да ги спроведуваат тие операции присилиле полицаец да им помага во тоа кој иначе бил во криминални игри, наводно познат како Марк Спирс кој подоцна дал докази за нив и изјавувал како бил уценуван од екипата, за спроведување на операциите добивал од 30 илјади долари до 200 илјади долари и кога му спомнале дека ако им помага кокаинот да се превезува секои 10 дена во Калифорнија би можел да заработува и големи пари до 2 милиони долари за три месеци тој се нафатил, за пренесувањето им помагал 6 месеци и кога имале разговори преку телефон и кога се сретнувале тогаш он снимал се, па така групата била фатена во 2009 година и биле обвинети за перење пари, поткуп и за криминални активности, но секој од нив за имал опција за ослободување ако плати кауција од милион евра и повеќе, Берат имал опција да плати 4 милиони но не сакал и одбил, точно не се знаело, но претпоставуваат дека полицаецот Марк успешно одиграл андеркавер мисија во тој случај.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Надополнувње за почетоците на Грчец Дуќнџиќ екипата и поконкретни информации и детали во врска со нив.

IMG_20220801_023010.jpg

На сликата е Иљаз Муареми лик обвинет во случајот "Планина" поради што моментално се бара со меѓународна потерница во Македонија, и официјално човекот кој ги запознал Шеваљ Муареми и Орхан Бајрами Оки некаде во 2011 или 2012 година, иначе тоа што Иљаз ги поврзал Шеваљ и Оки било последица на старо пријателство и роднинска врска, имено Иљаз Муареми е роднина на Шеваљ а Исмаил Бајрами бил роднина на Оки и другар на Иљаз па како што веќе спомнав Иљаз и Исмаил биле другари и со Сафедин Мустафа Сефо главниот на авто мафијата кај нас, во случајот каде Биштите киднапираат луѓе во 2010 година токму Иљаз и Исмаил се киднапираните поради претходна закачка, за тоа не сакам да пишувам пак зошто нема смисла повторување на веќе добро објаснети работи.

ЦРНА ХРОНИКА
Приведени киднаперите на братучедите Бајрами- од нив се уште нема трага

Објавено пред 11 година - 11 март, 2011 Од Макфакс++



Полицијата по 13 месеци ги приведе киднаперите на двајцата братучеди Иљаз и Исмаил Бајрами, кои беа киднапирани пред слаткарницата „Берн“ во трговскиот центар „Чаирчанка“во април минатата година.

Приведена е седумчлена група од кои четворица се од исто семејство. Според полицијата, во април, киднаперите со удари од кундаци на огнено оружје и закани, ги ставиле братучедите, во автомобил „Фолксваген туарег“ со скопски регистерски таблички и во автомобил „шевролет – каптива“ и ги однесле во непознат правец. Досега нема ни трага ни глас од киднапираните братучеди. Се започнало кога киднаперите околу 21:30 часот на 1 април дошле пред слаткарницата „Берн“ со „фолксваген – туарег“, “шевролет-каптива“ и “голф 3“ со темна боја. Излегле од автомобилите и се сретнале со двајцата братучеди кои таму стигнале со „БМВ-520“.Пред слаткарницата започнале расправија која прераснала во напад. Осомничените извадиле од возилата автоматски пушки и метални прачки и ги нападнале двајцата братучеди, удирајќи ги по телото и главата. Ги ставиле двајцата братучеди во автомобилите и заминале кон скопската населба Бутел. Нивното возило го зел еден од осомничените. Другиот ден случајот го пријавиле родителите на двајцата киднапирани. На 4-ти, истиот месец полицијата го пронајде возилото на киднапираните и е предадено на вештачење. Овој месец биле извршени претреси во домовите на осомничените. За едниот од осомничените потврдено е дека во Австрија е фатен при крадење во банка каде моментално ја издржува казната„Од извршениот претрес пронајдени се и одземени следниве предмети: шест разни моторни возила, моторцикл „кавасаки“, 20 телефонски апарати, 20 сим картички, три метални палки на расклопување, два двогледа, УСБ, компјутери, нож, прашкаста материја, печати, службена легитимација од царина, ловна пушка и други предмети кои ќе бидат предадени во Одделението за крим-техника на Министерството за внатрешни работи за вештачење“ се вели во соопштението на МВР.Сите осомничени претходно биле пријавувани за повеќе кривични дела, разбојништва, убиство, грабнување


Пријава, за киднапирање на дете од Моране ги однесе браќата Таири во полициска станица. Наводно нивен џип бил на местото во скопското село кога се случил обидот за грабнување.

Дали детето било украдено или не официјално не потврдуваат од полицијата, но Таири се во полициска станица на распит, па МВР не сака да шпекулира со информации додека не обезбеди докази велат од таму.

Ни потврдија, дека ќе ги распрашаат повторно браќата Таири и за киднапирањето на скопските бизнисмени Исмаил и Иљаз Бајрами за чие грабнување многупати беа токму тие спомнати како грабнувачи.

Пред полицијата денеска уште тројца сведоци го потврдиле идентитетот на киднаперите, им ја раскажале истата приказна која за А1 ја откри еден од очевидците на грабнувањето на Иљаз и Исмаил Бајрами.

„Браќата Сабид, Риат, Седат и Кенан го тепаа човекот со калашњикови и пиштоли, беа вооружани. И беше Мусли, други лица, Салие, тие што ги препознав, меѓутоа ги знам и Иљаз и Исмаил, ги тепаа многу, од земја, вооружени, ги ставија во кола, Исмаил избега од кола два пати, третиот пат го удрија со шипка, со пиштол, го качија во кола, Риат ја зема колата и отиде накај Гази Баба“, изјави очевидецот за А1 на 07.04.2010.

Иљаз и Исмаил Бајрами ги нема веќе дваесет дена, до сега од семејството никој не побарал пари за откуп. Според извори на А1 истрагата за грабнувањето на Иљаз и Исмаил е доведена во ќорсокак, полицијата нема докази дали тие се живи или не.

Балканска мафија го празни Скопје од луксузни “мерцедеси”

Vecer | 05.10.2006

Централата на германската фирма “Мерцедес Бенз” и застапникот на оваа фирма во Албанија, АСА “Ауто стар”, се вмешани во кражби на луксузни автомобили од овој бренд во Македонија”, обвинува скопјанецот Дејан Трајковски на кого пред околу една година му бил украден луксузниот автомобил “мерцедес ц 320 тди”.
– Два екстремно луксузни модели, мојот автомобил и автомобилот на еден мој пријател се украдени на иста несекојдневна очигледно добро разработена шема. Шеснаесетгодишно момче од Албанија со име Адриан Спахиу, влегол во АСА “Ауто стар” и приложил рачно напишана сообраќајна дозвола за моето возило. Таа гласела на негово име и тој побарал да му биде даден четврт резервен клуч за автомобилот. Апсурдот да биде поголем, Спахиу ја немал ниту потребната возраст ниту пак законското право за такво нешто. Но И покрај тоа албанскиот застапник за “мерцедес” потоа барањето го проследил до фабриката во Германија, која пак не знам како но му дала клуч – раскажува Трајковски.
Тој вели дека потоа со тој клуч му е украден неговиот автомобил во Скопје. Кражбата се случила на 14 јануари минатата година.
Трајковски вели дека е многу чудно како германската компанија без воопшто да провери дали станува збор за вистинскиот сопственик на возилото, по куса постапка го пратила клучот во Албанија. Тој вели дека е запознаен со ист ваков случај, на негов пријател на Екрем Радончиќ на кого пак му бил е украден “мерцедес ц 500”. И во овој случај исто била искористена истата сообраќајна дозвола со ист регистарски број, како во неговиот случај само што бил сменет бројот на шасијата за да може да се земе клуч од другиот автомобил.
Скопјанецот вели дека на идентичен начи биле украдени повеќе “мерцедеси” низ Скопје, меѓу кои и на неколку видни македонски бизнисмени.
Поднесов и тужба против “Мерцедес Бенз” во Германија и албанската АСА во Основниот суд во Скопје преку адвокатот Антонио Апостолски. Ова е приказна за организираниот криминал на “Мерцедес Бенз”, кој што го извршува албанската мафија претпоставувам низ повеќе балкански земји.
По извршената кражба на луксузниот автомобил, вели Трајковски, со него контактирале некои лица. Тој вели дека тоа биле групи од скопските села Грчец и Глумово, познати по кражби на автомобили.
Трајковски вели дека тие криминалци биле предводени од извесни Муареми Шеваљ и Сефедин Мустафа – Шефо.

Вработени од МВР вмешани во организираниот криминал
Скопјанецот си повел сопствена истрага, бидејќи вели дека дури и луѓе од МВР се вмешани во овој скандал. Наводно, според зборовите на нашиот соговорник, полицајците активно соработувале со овие групи и ги заштитувале.
– Истата криминална група, која ми го украде автомобилот, стои зад сите кражби на луксузни возила во Македонија. Тие крадат “мерцедеси”, “БМВ-а”, “ауди”, “голфови”, а потоа од сопствениците бараат откуп за да им ги вратат автмобилите – вели Трајковски. Тој утврдил дека оваа криминална група досега однела околу 3.000 луксузни автомобили од земјава.
Трајковски го објаснува принципот на работа на криминалците
“Откако ќе биде продаден релативно нов автомобил, веднаш потоа тие добиваат информации и истиот го крадат и тоа со оригинален резервен клуч. Можност за пријава на случајот во полиција немате, бидејќи истите го контактираат сопственикот, и бараат откуп за да им биде вратено возилото. За 100 евра позајмуваат лични карти на разни луѓе, ги препишуваат нивните податоци, кои потоа ги користат во докуметацијата за подигнување на клучот и истите ги злоупотребуваат”.

Автокрадците од Скопје го тресат градот со криминал
Дејан Трајковски вели дека зад крадците на автомобили стојат браќата Енвер и Осман Османи братучеди на Муареми Шеваљ.
– Овие браќа го убија во своето село својот сограѓанин кој соработуваше со Спиро Коцурелос. Тие беа осудени по дванаесет години затвор за време на воената криза, бидејќи беа логистика на ОНА, а потоа казната им беше намалена на четири години. Случајот се заташка и истите, ви се верува или не, поседуваат дозволи за носење на лично оружје, тврдеше нашиот соговорник.
Овие луѓе се инвеститори на зградите кај кафулето “Бастион”. Канцелариите им се лепенка до јапонскиот суши ресторан “Нобел”. Зградата зад Универзална сала. Овие згради се изградени со парите од откупот на возилата и другите црни бизниси. Стојам зад сите информации дадени во текстот, вели Дејан Трајковски. И апелирам, сите луѓе будно да внимаваат на својот мерцедес и да си проверат дали за нивното возило е изготвен четврти клуч.

ВО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2
Поднесена е тужба против Мерцедес

Антонио Апостолски, адвокат на Дејан Трајковски, во скопскиот Основен суд 2 деновиве поднел тужба против фирмата “Мерцедес бенз” од Германија и против застапникот во Албанија. Тужбата е по основ за надомест од криминална штета. Оштетената Јулија Трајковска, сопруга на Дејан, од германскиот гигант во автомобилската индуструја побарува 110.550 илјади евра отштета бидејќи смета дека не требал да испорача резервен клуч за возилото без да ги провери приложените податоци на барателот Адријан Спахиу.
Александар СРБИНОВСКИ


Со ова се вклопуваат уште повеќе информации и детали кои ретко кој ги знае, а случајно покрај сите податоци за Грчец Дуќанџиќ екипата излегоа и доста факти за Биштите во овој текст, иначе ова (Во дневниот весник “Вечер” на 6 октомври годинава беше објавен текст со наслов “Албанската мафија го празни Скопје од мерцедеси”.) е превземен дел од текстот од Вечер објавен пред брзо "Украдените скопски "мерцедеси" завршуваат во Албанија" каде е спомнат текстот кој сега го објавив само преименуван, линк од текстот од А1 за случајот со киднапирање не можев да најдам и веројатно таму се копирани неколку текстови од повеќе вести а текстот од Макфакс дава поопширна слика како дополнување на следниот каде не се крие изјавата на очевидец од случајот.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2022
Мислења
30
Поени од реакции
94
okolu tie godini 2005-2008 Vojnici i pajtaši na avtomafijata na grcec bea :
kume od grcec , Leku gnasata od saraj, mervan od glumovo, vedat brat na sevalj, Sami od saraj , Moni i zeko brakjata od grcec i uste nekoj , sekoja nok kradea koli od pred tobaca , opstina karpos i opstina gorce pretezno toj sto ke zastane i ja ostavi kolata da raboti i iskoci da kupi nesto , odma vlaga eden od ovie spomenatite vo kola i gas puna preku nerezi krušopek i u grcec ,na taa fora ovie lopovi zemaa preku 300 koli za 2-3 godini !
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
okolu tie godini 2005-2008 Vojnici i pajtaši na avtomafijata na grcec bea :
kume od grcec , Leku gnasata od saraj, mervan od glumovo, vedat brat na sevalj, Sami od saraj , Moni i zeko brakjata od grcec i uste nekoj , sekoja nok kradea koli od pred tobaca , opstina karpos i opstina gorce pretezno toj sto ke zastane i ja ostavi kolata da raboti i iskoci da kupi nesto , odma vlaga eden od ovie spomenatite vo kola i gas puna preku nerezi krušopek i u grcec ,na taa fora ovie lopovi zemaa preku 300 koli za 2-3 godini !
Ова е точно и беше возможно само со помош на прогледување низ прсти на Албанците, нешто што нашата власт го прави од кај 2001-ва па навака.
Живеам во Карпош и знам точно пред која трафика ова го правеа и никому ништо. Со години.

Ќе идеш у полиција, ќе им кажеш - ми украдоа кола, ми бараат откуп и под маса ќе добиеш одговор - па плати им, тоа е најлесно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom