Криминалци и криминални групи во МК

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
542
Поени од реакции
281
Еве кој е Никола Мојсоски Кољо иначе близок пријател и соборец на Горан Мујо. Сликата доволно објаснува. Како што кажа погоре Шака зулу убиен е на Пиво Фест во Прилеп не знам датум и околности.

Прегледај го приврзокот 123112
Слика од Горан Ѓорѓиевски Мујо
Прегледај го приврзокот 123113
И слика од Ромео Живиќ Роки
Прегледај го приврзокот 123114
Наскоро нови текстчиња и за криминалци и екипи што сеуште дејствуваат и слики се разбира.
Мене куршум не ме дупи. Не беше овој чаламџијата? Мал бев ама го памтам
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Орце Коруновски, мислам така му беше името, во Бугарија што го скинаа. И за него многу муабети се вртеа.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Орце Коруновски, мислам така му беше името, во Бугарија што го скинаа. И за него многу муабети се вртеа.
Го пребарав имево на Google и еве што најдов за овој лик и неговото убиство:

Инаку лицето кое се товареше за извршител на убиството на Тушевски, еден од најмистериозните личности на македонското транзициско поднебје - Орце Коруновски беше убиен во октомври 2002 година, значи пред 12 години! Беше ли тоа одмазда на круговите околу Тушевски или нарачателите го тргнале незгодниот сведок?

Македонскиот граѓанин Орце Коруновски кога беше убиен имаше 38 години а бил застрелан во центарот на црноморскиот град Варна, соопшти тогаш бугарското Министерство за внатрешни работи. Коруновски бил убиен во моментот додека заедно со уште две лица ручал во ресторан за брза храна во една од најпрометните улици на градот. Како што пишуваат бугарските весници, во ресторанот влегол помлад маж и директно пред присутните стрелал двапати во неговата глава, по што побегнал кон главната улица крај брегот на Црно Море. Очевидците го опишуваат убиецот како висок крупен маж со светла коса, облечен во црна кожена јакна. Се претпоставува дека по националност бил Русин.

Тогаш главниот секретар на бугарското МВР, идниот премиер (!) Бојко Борисов, соопштил дека убиството на Коруновски немало никаква врска со едно друго убиство извршено на 1 септември во истиот град. Имено, тогаш на истиот начин, јавно, на очиглед на присутни луѓе, бил убиен грузискиот граѓанин Бездина Арошидзе. Во почетокот се сметаше дека убиството во најпрометниот дел на Варна е одмазда за ова убиството на Грузиецот, но подоцна по утврдувањето на идентитетот на Коруновски таа верзија е отфрлена. Полицијата во Варна со кучиња започна специјализирана операција на местото каде што се претпоставува дека се криел убиецот. Според последните информации од Варна, полицијата го нашла оружјето со кое било извршено злосторството. Станувало збор за автоматски пиштол "аркус".

Според тогашните информации објавени во "Утрински" двајца високи полициски функционери, блиски на министерот Љубе Бошкоски, неофицијално, изјавија дека во МВР се очекувало Коруновски да биде убиен, бидејќи, наводно, тој знаел многу за нечистите зделки на македонското политичко подземје, како и за испраните пари што некои личности од власта ги поседувале во странски банки. Еден од нашите соговорници ни рече: "Не се знаеше само денот кога ќе биде ликвидиран. Во Варна, каде што Коруновски се криеше од некои наши структури, отпатува и еден "ликвидатор" од Скопје. Постоеја две варијанти: според првата, ако на парламентарните избори во Македонија победеше ВМРО-ДПМНЕ, Коруновски ќе беше "киднапиран" во Бугарија и донесен дома за да му се суди за што било. Според втората варијанта, ако на изборите изгуби ВМРО-ДПМНЕ, тој, како што се случи, требаше да биде убиен. Ова убиство е идентично на убиството на Марјан Тушевски во Скопје, пред повеќе од една година. И Тушевски беше застрелан откако се проширија гласови дека од бизнисмени блиски на ВМРО-ДПМНЕ собрал за потребите на "лавовите" пет милиони долари за кои не дал потврда.

Вчера во Скопје разговаравме и со блиски на убиениот Коруновски. Тие ни ја потврдија информацијата и нў информираа дека двајца членови од семејството веќе отпатувале во Варна. Еден од соговорниците ни рече дека убиството на нивниот близок роднина е класичен атентат од страна на структури блиски на МВР.

За мотивите за убиството на младиот скопски бизнисмен Коруновски има повеќе верзии. Најприсутна е таа дека Коруновски на трети април годинава на автопатот кај Куманово избегнал обид да биде убиен од структури на "лавовите". Наводно, му била направена заседа по наплатната рампа кај Куманово во насока кон СРЈ. Коруновски бил во автомобил и во последен момент скокнал од задната врата на возилото и исчезнал во нивите крај автопатот. Зошто требало да биде ликвидиран, не се знае? По обидот да биде убиен, за да го спаси животот Коруновски ја напуштил Македонија и се криел во соседните држави. Едно време бил и во Турција, но кога дознал дека атентаторите му влегле во трагата, ја сменил државата. Во Скопје се зборува дека Коруновски е убиен поради некои нерасчистени сметки со министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Тој имал своја фирма, а бил косопственик на неделното списание " Сведок".

Подоцна убиецот беше најден - Малин Крумов (тогаш 36 години) и беше осуен на казна доживотен затвор.
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.904
Таа во средина, не е Гуте Фрухте?
Незнам дали е она неможам да препознаам али има шанси да е пошто Чонгур е пријател со цела естрада наскоро пишувам за него на долго и широко.
Добра тема Црноризец. Може да те прашам од каде ги знаеш овие детали? Имаш лично истражувано на темата или ги позајмуваш текстовите од негде?
Хаха знаев дека ке има и вакво прашање. Доста од работите се од профилот на Зоран Буревесник секоја чест за човекот, доста од деталите се од разговори мои со луѓе што ги знаат подолго овие кругови а за истражување би истражувал да можам оти да не позадината на случувањата и цената на вистината се нешто највредно башка порано ме интересираа многу овие криминалци и нивните случувања и бизниси. П.С. Не сум новинар...[DOUBLEPOST=1434827269][/DOUBLEPOST]
Мене куршум не ме дупи. Не беше овој чаламџијата? Мал бев ама го памтам
Не знам за кој конкретно прашуваш и што сакаш да прашаш... Мене куршум не ме дупи викал некој од овие ?
 

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Преку нашиве мафијаши највеќе се изразува македонскиот менталитет,а и општо-Човековиот егоизам кога ќе се стаса до пари и власт.

Јас како велешанец највеќе ќе коментирам за Франкфурт-мафијата.
Франкфурт-мафијата кога тогаш се знаеше дека ќе се распадне.
Имајќи во предвид дека дел од луѓето што се регрутираа за улична продажба немаа никакво познавање за дрогата(ниту беа конзументи,ниту пак дилери во Велес),плус и самата егоцентричност кај оние што успеаа(коли,мотори,луксузи)...
Сето овоа укажуваше на распаѓање на оваа организација.
Првично,беа многу успешни.
Со текот на времето почнале да се појавуваат несогласувања,поделби,љубомора,алчност...
Последните години имаше висок процент на неуспех кај уличните дилери,но и кај повлијателните,дел поради меѓусебни местенки,дел поради алчност и аматеризам.
Еден период имаше и муабети дека некои од поголемите ѕверки што испраќале луѓе за улична продажба-ќе прати човек во Франкфурт за да продава,а истовремено ќе прати и друг за да го следи овој првиот,за да му го украде штекот со хероин за да го заборчат да работи безплатно.
Р'кулот и јас не верувам дека беше убиен поради тој наводен долг што го имал Тони Денковски спрема него.

Како и да е.
Во Велес после овој период значително опадна криминалот.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Преку нашиве мафијаши највеќе се изразува македонскиот менталитет,а и општо-Човековиот егоизам кога ќе се стаса до пари и власт.

Јас како велешанец највеќе ќе коментирам за Франкфурт-мафијата.
Франкфурт-мафијата кога тогаш се знаеше дека ќе се распадне.
Имајќи во предвид дека дел од луѓето што се регрутираа за улична продажба немаа никакво познавање за дрогата(ниту беа конзументи,ниту пак дилери во Велес),плус и самата егоцентричност кај оние што успеаа(коли,мотори,луксузи)...
Сето овоа укажуваше на распаѓање на оваа организација.
Првично,беа многу успешни.
Со текот на времето почнале да се појавуваат несогласувања,поделби,љубомора,алчност...
Последните години имаше висок процент на неуспех кај уличните дилери,но и кај повлијателните,дел поради меѓусебни местенки,дел поради алчност и аматеризам.
Еден период имаше и муабети дека некои од поголемите ѕверки што испраќале луѓе за улична продажба-ќе прати човек во Франкфурт за да продава,а истовремено ќе прати и друг за да го следи овој првиот,за да му го украде штекот со хероин за да го заборчат да работи безплатно.
Р'кулот и јас не верувам дека беше убиен поради тој наводен долг што го имал Тони Денковски спрема него.

Како и да е.
Во Велес после овој период значително опадна криминалот.
Сепак долго се одржаа,односно издржаа добри 20-25 години
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Да да Тушевски бил голем играч и професионално ликвидиран по нарачка на големи политичари.

Иначе за вториот лик што пиша се работи за Сашо Димитровски Боксер од Куманово кој бил навистина боксер иначе сопственик на кафаната Европа во Куманово. Многу пати Сашо Боксер бил нападнат со обид да биде ликвидиран, но неуспешно. Убиен е во Септември 2005 во сопствената кафана.
Сашо боксуваше за Бк Куманово еднаш има настапено и на Златен гонг , во финале изгуби од Петрониевиќ мислам. Сашо беше силно момче ама оној лизгарот лесковачки беше репрезентативец на Југославија и го уништи со тактичка борба.
Инаку од она што знам за Боксера , додека беше Југа бија е ОК .
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.904
Сепак долго се одржаа,односно издржаа добри 20-25 години
Да да и прави момци значи почнати од нула без политичка заштита итн. Во тие некој 10, 15 илјадници велешани заминаа за Франкфурт и Виена некој и уште оделе се зборува... Иначе германциве ги сметаа за една од најголемите криминални групи во југоисточна европа. Пошто имаа соработка германската и австриската полиција со нашиве од МВР викале германциве колкав е тој Велес... Еве едно линкче од европски журнал за франкфурт мафија направено е 2009 при првото нивно групно апсење. https://www.youtube.com/watch?v=RdQrZ1SPlmk[DOUBLEPOST=1434838078][/DOUBLEPOST]Влатко Чонгур

Влатко Чонгур ретко кој скопјанец не го знае. Човекот е еден од најголемите лихвари во Скопје па и пошироко. Личен пријател на речиси цела естрада и има давано лихва на многу познати личности и бизнисмени. Личен пријател со Тоше Проески иначе шоверот со кој загина Тоше беше наместен преку Чонгур. Лиљана Петровиќ менаџерот на Тоше земала лихва од Чонгур. Има направено многу многу криминал, но не е тип што е насилен или пак имал тепачки и престрелки. Пријател е покрај со сите естрадни ѕвезди и со сите елитни криминалци па и политичари. Човекот е многу богат пре богат како за лихвар љубител на спортски автомобили и самиот негов возен парк кажува колку уствари е богат. Значи прв во МК има донесено Lamborghini Murcielago... Во колекцијата има и многу други скапи коли а и покрај тоа голем број тјунирани спремани за трки со најскапа опрема. Пред неколку години беше во бегство којзнае можеби поради дизбаланс со орото на власта, но набргу се вради веројатно го средиле договорот за колку пари ке има мир и ке може да се врати. Пара врти где бургија неќе таква ни е државата... Таков е балканот.

Еве го Чонгур.
16315_10202920799766633_7375370759627543091_n.jpg
414643_2401050231292_2111576464_o.jpg

Еве го неговото Murcielago вредно сторици илјади евра. https://www.youtube.com/watch?v=spfF3JMYN3M

Еве го речиси целиот негов возен парк пред неговата куќа во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=ACLhn1my8nA
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Орце Коруновски, мислам така му беше името, во Бугарија што го скинаа. И за него многу муабети се вртеа.
Епа кога пишував наназад на темата и барав боксер, Марјан Тушевски и Орце Коруновски имаа судир на интереси и се имаа салам спукано и со огнено оружје, па се помирија, и на крај секој појде јабана башка од други.

Ме потсети сега со името, кое го барав на првата страна.

Еве и дел од Блиц.
Nezvanična saznanja ukazuju da su Boškovski i Orce Korunovski, jedan od bosova skopskog podzemlja, zbog para bili u sukobu sa Tuševskim. Pretpostavlja se da je upravo zato, uz znanje Boškovskog, Korunovski „namenski pozvao” trojicu Srba. Boškovski je egzekutorima garantovao bezbednost, a telohranitelju Trajkovskom je naložio da podrže Srbe.

извор
 

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Сепак долго се одржаа,односно издржаа добри 20-25 години
Мене реално дури и ми било чудно како успеаа да опстојат толку години,со оглед на големата конкуренција и професионалноста на германската полиција.
Франкфурт мафијата не беше една организација.
Имаше многу индивидуални "фирми" што работеа самостојно и што не беа поврзани меѓусебно.
Најверојатно овоа е една од причините за подолго временото опстојување на сцената.

А за распадот (заборавив да пишам прееска ),мислам дека проширувањето на бизнисот во Виена беше главна причина.
Многу повисоки затворски казни и нормално-повеќе соработка со полицијата,побрутална полиција,поопасен град...
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
@Erich Zann Братот на Орце Коруновски е професор на машински факултет, колку што знам.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.904
Boris_201359164628.jpg
Слика од второто апсење односно апсењето кога им дадоа пресуди. Ова е некаде 2011 година апсење односно скинување на главата на последните поголеми дилери на Франкфурт мафијата. И во 2009 година беа собрани во полиција при големо апсење сите дилери од Франкфурт мафијата, но со големо мито успеаа да го купат и јавниот обвинител и судијата и началникот на полицијата во Велес тогаш екипата беше посилна и по поврзана меѓусебе.
1039997_10151587251336682_756607787_o.jpg
Операција-Диригент-Франкфурт-мафија-15.jpg
Операција-Диригент-Франкфурт-мафија-13.jpg
Ова е едно од последните апсења на помала група дел од Франкфуртската мафија уапсени некаде 2012 година.[DOUBLEPOST=1434884495][/DOUBLEPOST]Одличен текст за нарко транзицијата во Македонија воедно тоа е и насловот на текстот и фото албумот на Зоран Божиновски прочитајте обавезно... Детална слика кој е сега главен на нарко бизнисот во МК благодарение на власта. https://www.facebook.com/zoran.bozinovski/media_set?set=a.1836067282039.78622.1851189577&type=3[DOUBLEPOST=1434888843][/DOUBLEPOST]Струмичко подземје

Струмица е навистина лита во игрите на подземјето наспрема другите градови, но сепак си има своја каква таква историја.

Славчо Васков Пинда

Е најголем играч во криминалите во Струмица како финансиски така и криминали од типод упади, рекет и насилства. Човекот е од просечно работничко семејство, но и покрај тоа што направи нешто од нешто финансиски благодарение на криминал се грепчи безнадежно да стане бизнисмен и јавна фаца меѓу струмичани. Пинда е пропали ракометар, потоа и пропали билдер и кик боксер во обид. Поради пријателството со Дејан Митровски Урко испадна на неколку мечеви на кои се посрамоти со својот аматеризам. Тоа и не е така битно споственик е на ноќен клуб, теретана, кик бокс клуб и од скоро на фудбалскиот клуб Беласица. Во обид беше да изгради и свој шопинг мол на дивоградба во Струмица, но до каде стасал и колку успеал да изгради не знам. Пинда е под тотална заштита на власта и долгата рака на власта во Струмица која му одложува затворски казни за тешки телесни повреди и ред други криминали, заштитава му овозможува да рекетари по Струмица и исто така да прави финансиски криминали во обид да стане бизнисмен и газда. Пријател е (читај газолижач) со Дејан Митровски Урко, Ален Зекиров и други заштитници кои му се чести гости во Струмица.

Еве го Пинда манекенот.
1936701_1036315766571_5772587_n.jpg

Комплетен текст благодарение на Зоран Божиновски за сите криминали и детали во врска Славчо Пинда. https://www.facebook.com/notes/435787093122849/

Реклама на Пинда за својата теретана и кик бокс клуб воедно и спот и песна посветена за него од еден токму рапер. https://www.youtube.com/watch?v=K80sU0QJ3Wc

Репортажа на Пинда поради купување на ф.к. Беласица. https://www.youtube.com/watch?v=cn3Wv30Pi6E[DOUBLEPOST=1434891153][/DOUBLEPOST]Еве текст за еден од најголемите конфликти помеѓу играчите на подземјето во Струмица. Пресметка во која се користело моторна пила и имало еден тешко повреден од моторна пила. Настанот е од есента 2012 година. Во една ноќен клуб во Струмица (Студио ин) дошло до пресметка помеѓу две кримининални групи. Значи на еднатастрана биле Дени Мешев (син на поранешен пратеник и сопственик на ноќен клуб Платинум), Лазо Котуровиќ (Длгио), Ален Зекиров (личен телохранител на Мијалков) и уште двајца скопјани дојдени со него и Златко Затка со своја екипа. А на другата страна од тепачката биле Марјан Стојменов Русин (главен на Никоб обезбедување во Струмица и син на началник на полицијата во Струмица) и негова голема екипа. Иначе екипа блиска на Славчо Пинда.

Настанот се одвивал така што Дени Мешев во неговиот ноќен клуб Платинум насилно избркал дечко со прекар Рабро на Марјан Стојменов Русин дечкото испровоцирано од протерувањето оди до дома и зема моторна пила. Потоа му се јавува на Дени Мешев да си закаже пресметка. Дени Мешев во тој период (околу 3 часот ноќе) бил во ноќниот клуб Студио Ин по што го виканл Рабро да дојде таму. Рабро со уште тројца со него меѓу кои и Марјан Стојменов Русин се вооружале со палки и моторна пила тргнале на пресметка. Дени Мешев како што кажав бил во придружба на Ален, Лазо и Златко и уште неколку други. Веднаш избила масовна тепачка во која обидувајки се да му ја земат пилата на Рабро бил повреден еден од екипата на Златко Затка викан Коки. Ален Зекиров го репетирал и пиштолот пред сите а подебелиот крај го извлекла екипата на Рабро и Марјан Стојменов Русин.

Иначе Златко Затка иако одсекогаш познат на струмичани како цврст дечко се прославивил низ Струмица со тоа што пред 4, 5 години има извршено упад во домот на Славчо Пинда и го има претепано заедно со припадници на обезбедувањето (Гепард).[DOUBLEPOST=1434898732][/DOUBLEPOST]Александар Василевски Нинџа

Нинџа ретко кој од скопјани не го знаат. Интересна малку позната работа е дека братот на Нинџа, Игор Василевски е возач на Мијалков. Александар Нинџа е тотална будала и бараба без два грама памет и има огромно досие пополнето со многу престрелки, пресметки, упади, насилства и се по ред. Во изминативе неколку години слабо му идат на површина му идат пресудите нормално ради брат му.

Неговиот последен јавен голем инцидент беше кога во Декември 2012 Нинџа го испука во колено Драган Стоименов Дацо пред зградата во која живее во Скопје (Дацо е голем рекетар пишував претходно...) Не се знае дали пукањето е последица на тоа што Дацо беше заштитен сведок на судењата за кочанската група рекетари уапсена во акцијата Детонатор иначе противничка и конкурентска страна на Дацо. Интересно е што и двајцата се луѓе на власта односно криминалци што работат за власта а имаа конфликт дури и престрелка меѓу себе. Нинџа за пукањето во Дацо беше осуден на 10 месеци затвор под обвинение (обид за убиство) што иначе за тоа се суди и до 10 години затвор, набрзо имаше повторно ново судење и обвинението гласеше (нанесување тешки телесни повреди) по што Нинџа доби 6 месеци затвор. Во инцидентот не бил сам, но другиот соучесник е потрчко само колку да го осудат.

Официјална снимка од МВР за неговото апсење од куќа во кој тој се криел 2, 3 недели по престрелката. https://www.youtube.com/watch?v=5yZgGAB27P8

Линкови за апсењето и пресудата на Нинџа. http://www.akademik.mk/uapsen-e-aleksandar-vasilevski-nindha-navodniot-pukach-kon-kluchniot-svedok-vo-detonator-dragancho-stoimenov , http://mkd-news.com/nindha-osuden-na-10-mesetsi-zatvor/

Еве кој е Александар Василевски Нинџа.
87d8b9d4-32fd-4986-b527-a2598614c2aa.jpg
ninja[1].jpg
 
Последно уредено:

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Со што се замарате и на што оддавате важност кој што бил кој што работел па после ни е крив Грујо Бранко Милчин Миленко Јанко ако е малце ни е ударете повише данок качете 35 посто струја 1000 посто качете дрва 200 евра направете баграта македонска нека се занимава со криминалци(успешни луѓе) нека се дичи нека им биде углед место некоја херојска битка добиена со владата и судовите вие ова.После дрн дрн лошо ни е малце ни е ја викам уште посилно браво влада перете мозоци гранд пинк ѕвезди удри
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.363
Поени од реакции
38.668
Иначе за Пинда ... ништо од горе наброеното не е во негова лична сопственост. Типот е обична марионета на Урко и Славето Гошев пратеник на Дпмне. Зима дебел процент , али на негово име има еден Пасат само , ништо друго.

Интересно беше пред 5-6 год , кога Урко сеуште беше во полна сила успеа да организира "бокс меч" :pos: со Лазо длгио и Пинда , го провоцираа многу по струмичките медиуми и во јавноста , го правеа од куче понадолу. Иначе Лазо длгио беше тежок газолизач и близок до Зоран Заев тогаш , па од тука беше и ривалството со Пинда. Се сеќавам цела сала ја напунија , и Лазо го избриша подот на рингот со Пинда во 3 рунди. :pos: .. Момакот на крајот неможеше да даде изјава од шо беше шокиран и посрамотен. Мислам дека и на јутуб ги има снимките од борбата. И Урко беше присутен.

 
Последно уредено:

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
О
Со што се замарате и на што оддавате важност кој што бил кој што работел па после ни е крив Грујо Бранко Милчин Миленко Јанко ако е малце ни е ударете повише данок качете 35 посто струја 1000 посто качете дрва 200 евра направете баграта македонска нека се занимава со криминалци(успешни луѓе) нека се дичи нека им биде углед место некоја херојска битка добиена со владата и судовите вие ова.После дрн дрн лошо ни е малце ни е ја викам уште посилно браво влада перете мозоци гранд пинк ѕвезди удри
Од една страна имаш право друже.
Ама да се разбереме:
Секој што пишал на темава не значи дека се замара со македонскиве криминалци.
На крај краева,убаво е да се знае каков тип на мафијаши и организиран криминал имаме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom