Криминалци и криминални групи во МК

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Насилници што барем 60-70% треба да бидат во затвор ако имаме ние добро судство и полиција, ама и власта е криминална и им требаат вакви луѓе да им завршуваат ситни работи или со други зборови Ни ми требаме на нив, и они ни требаат на нас.
Чисто ме интересира дали вака би раширен криминалот и во време на комунизамот, кога ако те видел полицаец на тревата да газиш, си јадело ќотек како магаре.
Сепак, многу криминалци се ова, а малку луѓе во државата, па и мали градови.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Како успеваат тоа лихварите да ги исперат парите?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Насилници што барем 60-70% треба да бидат во затвор ако имаме ние добро судство и полиција, ама и власта е криминална и им требаат вакви луѓе да им завршуваат ситни работи или со други зборови Ни ми требаме на нив, и они ни требаат на нас.
Чисто ме интересира дали вака би раширен криминалот и во време на комунизамот, кога ако те видел полицаец на тревата да газиш, си јадело ќотек како магаре.
Сепак, многу криминалци се ова, а малку луѓе во државата, па и мали градови.
Од кога е век и свет си имало вакви криминалци и нивниот однос со власта бил мање више исти , комунизмот не беше никаков исклучок .
Па и денеска мож да изедеш ќутек од полиција за без везе работа и да попиеш казна за поминување на улица надвор од пешачки ама тоа не значи дека во државата има ред и поредок.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.903
Со што се замарате и на што оддавате важност кој што бил кој што работел па после ни е крив Грујо Бранко Милчин Миленко Јанко ако е малце ни е ударете повише данок качете 35 посто струја 1000 посто качете дрва 200 евра направете баграта македонска нека се занимава со криминалци(успешни луѓе) нека се дичи нека им биде углед место некоја херојска битка добиена со владата и судовите вие ова.После дрн дрн лошо ни е малце ни е ја викам уште посилно браво влада перете мозоци гранд пинк ѕвезди удри
Пред се овие луѓе на улица ги среќаваме во ноќен клуб, во јавна установа можда на некој му е комшија па појма нема кој е и што тип е. Информација фазла никогаш не штети. Мислам дека по моево пишување се препознава јас ниту ги величам ниту ги фалам криминалциве само пишувам се што знам и можам да најдам за нив.[DOUBLEPOST=1434917925][/DOUBLEPOST]
Насилници што барем 60-70% треба да бидат во затвор ако имаме ние добро судство и полиција, ама и власта е криминална и им требаат вакви луѓе да им завршуваат ситни работи или со други зборови Ни ми требаме на нив, и они ни требаат на нас.
Чисто ме интересира дали вака би раширен криминалот и во време на комунизамот, кога ако те видел полицаец на тревата да газиш, си јадело ќотек како магаре.
Сепак, многу криминалци се ова, а малку луѓе во државата, па и мали градови.
Тогаш било најинтересно мислам во времето на комунизмот се до осамосталување на Македонија. Тоа се хард кор генерации со мафијаш од тоа време да разговараш ке видиш што е истриен човек и улична психологија... Само тоа биле други времиња тие криминалци тогаш не ги бранела власта тоа е тоа вистинското односно бранети и заштитени биле само тие што имале војни лица со висок чин родители али пак на тие децата кај нас ретко биле бараби... Старите генерации криминалци биле и многу гонети и убивани од полицијата во тоа време иначе се занимавале главно со шверц со каков незнам ваљда цигари и алкохол и многу многу комар и тепачки.
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
1.786
За Пинда 70 % од текстот нема си блага веза со вистината.Демек цела Струмица се плашела од Пинда, па го напуштил Глобал (го напушти оваа година дури а текстот е пишуван 2012) и.т.н. А тоа за Затката имаше низа на настани кои кулмнираа со тоа што Пинда го јадеше подебелиот стап заедно со неговото обезбедување.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.903
Како успеваат тоа лихварите да ги исперат парите?
Земаш пари од лихвар тоа може да биде и легално и нелегално. Легално се одвива така што со двајца сведоци на нотар потпишуеш дека си земал од тој и тој толку пари и после со извршител ти зема ако неможеш да ги вратиш. А нелегален рекет се одвива така што ти позајмува он пари, но незаконски и камата ти лупнува колку што сака најчесто максимум... Ако неможеш да ги вратиш парите ти иде дома со тепачи и те тепаат со закана да се вратени до наредниот рок ако и тогаш не вратиш ти иде дома и ти зема што сака и го вреднува колку сака и така да остануваш засекогаш должен. Сакав да ти кажам дека често им ги земаат и куќите на должниците. Али најчесто тие што позајмуваат од вакви лихвари се дно на општеството социјални случаи итн. Во девеесетите цветаше лихварството и рекетарството низ цела Македонија. Гревна пара со солзи и крв затоа кармата преку животот не останува должна.[DOUBLEPOST=1434918569][/DOUBLEPOST]
Иначе за Пинда ... ништо од горе наброеното не е во негова лична сопственост. Типот е обична марионета на Урко и Славето Гошев пратеник на Дпмне. Зима дебел процент , али на негово име има еден Пасат само , ништо друго.

Интересно беше пред 5-6 год , кога Урко сеуште беше во полна сила успеа да организира "бокс меч" :pos: со Лазо длгио и Пинда , го провоцираа многу по струмичките медиуми и во јавноста , го правеа од куче понадолу. Иначе Лазо длгио беше тежок газолизач и близок до Зоран Заев тогаш , па од тука беше и ривалството со Пинда. Се сеќавам цела сала ја напунија , и Лазо го избриша подот на рингот со Пинда во 3 рунди. :pos: .. Момакот на крајот неможеше да даде изјава од шо беше шокиран и посрамотен. Мислам дека и на јутуб ги има снимките од борбата. И Урко беше присутен.

Ма човекот е карикатура апсолутна смешка од борец и спортист и по лицето и по однесувањето зе гледа колку е зелен и колку криминалец и колку уствари муда носи. Но ете нашол пат да направи пари и пред се име на таков ум тоа му е најбитно... Не гарантирам ништо од напишаново апсолутно ништо го обработив малку текстот од Зоран и додадов нешто што сум слушнал од луѓе.[DOUBLEPOST=1434918646][/DOUBLEPOST]
За Пинда 70 % од текстот нема си блага веза со вистината.Демек цела Струмица се плашела од Пинда, па го напуштил Глобал (го напушти оваа година дури а текстот е пишуван 2012) и.т.н. А тоа за Затката имаше низа на настани кои кулмнираа со тоа што Пинда го јадеше подебелиот стап заедно со неговото обезбедување.
Ништо не гарантирам за текстот се е тоа од Зоран 95% од текстот само по нешто додадов. Иначе се гледа колку е саатот само кога ке го видиш Славчо. :)
 
Последно уредено:

Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Темава веќе напредува,па да напишеме малку повеќе за овдешниот организиран криминал.
Не знам дали се сеќавате на кумановската фамилија што ги уапсија 13 души (сите роднини ) пред околу една година.
Таа група ми остави впечаток и дефинитивно ја вбројувам во една од нај хардкор организации на нашево поднебје во последно време.Ај ако сака некој кумановец нека пиши нешто што го немаме слушнато од медиумиве за фамилијава.

Во Македонија има доста организиран криминал,но повеќето од тие организации се мали и не се толку опасни за обичното население во смисол: сеење страв и спроведување терор врз населението,правење големи финансиски штети врз државниот буџет...Тоа можеме да го заклучиме и од медиумите каде што барем 2 пати во месецот ќе не известат за некоја уапсена организирана група што шверцувала дрога,оружје,вршела криминал со нафта,со артефакти,финансиски криминал...
Имало поедини групи кои навистина влијаеле дури и врз обичното население,но воглавно не сме сеуште вистински засегнати од организираниот криминал.
Треба да бидеме среќни што сеуште нема голем број на убиства во државава извршувани од ваквите организации.Уште тоа ни фали на оваа немаштија.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Не знам дали сте слушнале и го паметите Имер Шерифот од Дижонска... главниот лик во книгата на Боки Бургија „Од Осака до Дижонска“.

Извадок од книгата:

...Не смеам да дозволем да се повтори минатата ноќ, си реков. Станав и реков на сопругата дека ќе одам кај Имер. Ако не се вратам до утрото, појди во полициската станица, побарај го инспекторот Владо и кажи му дека сум пошол таму и не сум се вратил. Таа заплака, а по неа и ќерка ми. Ја прегрнав и ги замолив да престанат со плачењето, да не се грижат, затоа што ако вистински тие сакале да сторат нешто со мене, досега тоа и ќе го направеа. Им ветив дека ќе се вратам жив и здрав.

***

Знаев точно каде ќе го најдам. Сите го знаеја Шерифот од Дижонска. Таа е една дива населба во атарот на општината Чаир, во која живеат исклучиво Албанци, т.н. дојденци. Имаа и струја и вода, но таму тешко влегуваа инкасатори. Полицијата во Дижонска влегуваше само дење. Сега таму има повеќе од седум илјади жители. Живеат во тотално неурбанизирана средина, скриени зад своите зидови со капии и капиџици - шверцери, нарко-дилери, комарџии, убијци, рекетари, и се разбира чесни луѓе, како сечачи на дрва и други. Законите за однесувањето во Дижонска беа напишани само во главата на Имер Шерифот. Да прошетате на полноќ низ Дижонска, да не знаете албански или да не го познавате Шерифот, тогаш, во најмала рака сте ментално пореметени...

http://www.archive-tv.com/page/2856994/2013-09-14/http://vodenica.macedonians.tv/knigi/od_osaka_do_dizhonska.asp
Интервју од 2013 г. во кое Боки Бургија за неделникот Фокус открива детали за убиството на Имер Красничи - Шерифот.

ФОКУС Како една од главните личности во книгата е Имер Красниќи со прекар Шерифот од Дижонска. Нему и на друштвото, во една чајилџилница во јуни 2002-та им раскажуваш како всушност падна на тоа дереџе да те бркаат сите за долгови. Сепак, книгата завршува со „ин меморијам“ Всушност го даваш извештајот од „Дневник“ за убиството на Шерифот?!

ТРАЈКОВСКИ Тоа е главниот јунак на мојата животна приказна. Да не беше тој, немаше да се случи оваа книга. Тој и Перо Милошевски беа убиени на 3 јануари 2003 година на бензиската пумпа на „Макпетрол“ во Ченто. Тоа е речиси 7 месеци после тој разговор што го имав со него. Неговото убиство не верувам дека ќе биде разјаснето. Од она што успеав да го видам на ТВ, да го прочитам по весниците, во него се пукало од заседа од неколку страни со калашникови.
Шерифот беше човек кој сакаше да им помага на луѓето. Колку и да беше ужасно незгоден човек, на пример не дај боже да имате проблем со него, навистина некогаш сум се плашел до смрт, но се завршувало пак на некој добар начин бидејќи Шерифот знаеше да изброи до 3, да закочи, знаеше да ја изрезонира целата ситуација. И во овој случај со Перо Милошевски, сигурен сум дека отиде да помогне. И да заглави во заседа.

ФОКУС Меѓутоа бидејќи тој ти признава дека некои инспектори од ‘де-бе-ка’ барале од него да те утепа бидејќи си голем ајдук, коцкар, преварант’. Но дека тој не сака да биде кодош и нема да работи за џандарите. Како да алудираш дека зад убиството во Ченто стои полицијата?

ТРАЈКОВСКИ Што е причината за неговото убиство не знам или немам опипливи докази. Јас само сакав да ја потсетам јавноста, и јасно да им дадам до знаење дека Шерифот навистина ги мразаше полицајците И сигурно не бил нивни кодош. Ако му се случило такво нешто, со таква понуда од човек од дбк, како што тој самиот кажа, тогаш може се да се претпостави во врска со неговот убиство. Сепак Имер Красниќи-Шерифот сакаше и им помагаше на вистинските карактери, а ужасно ги мразаше превртливците. Кога разбрав за неговата смрт, верувајте искрено заплакав. Оваа книга на некој начин му ја посветувам нему.

Целото интервју на линкот - http://fokus.mk/na-tajna-vechera-vo-vladinata-vila-vo-ohrid-avgust-1994-tsrvenkovski-ja-osnovashe-familijata/
Статијата од весникот Дневник за убиството на Шерифот... (Дневник, 4. јануари, 2003 г.)

ЗЛОСТОРСТВО ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ЧЕНТО

Убиени две лица во улична престрелка

Членови на семејството на едниот од убиените тврдат дека зад убиството стојат луѓе од скопското подземје, познати како "компирџии од кванташки пазар", кои претходно барале 290.000 евра рекет

Двајца скопјани биле убиени вчераутро во оружена улична престрелка во скопската населба Ченто. Според првичните информации, Перо Милошевски (52) од населбата Бутел и Имер Красниќи (49), жител на улицата Дижонска, биле застрелани два часа по полноќ, од засега непознати напаѓачи кај бензинската пумпа на "Макпетрол" на улицата Антон Попов во населбата Ченто. МВР тврди дека мотивот за злосторот биле нерасчистени долгови. Роднини на убиениот Милошовски велат дека група луѓе од скопското подземје познати како "компирџии од кванташкиот пазар" барале 290.000 евра рекет.

Неофицијално, Милошевски и Красниќи телефонски ги повикале да дојдат на последната станица на 45-та. Не се знае кој ги повикал, но откако дошле, увиделе дека се во замка. Милошевски телефонски се јавил од бензинската пумпа, но не се знае со кого разговарал. Се шпекулира дека му се јавил на некој инспектор во МВР. Кога го завршил разговорот, тој на двајцата вработени на пумпата им рекол дека ситуацијата е сериозна и оти можеби ќе има пукање. Тие се исплашиле и се скриле во тоалетот. Само што излегол од бензинската пумпа и почнал да бега Милошевски бил убиен. На неколку метри од него бил застрелан и Красниќи.

Од испуканите куршуми биле оштетени еден "мерцедес", паркиран на бензинската пумпа, и една "шкода". Неколку куршуми завршиле во киосците што се наоѓаат наспроти бензинската пумпа. Се претпоставува дека напаѓачите пукале од пиштоли и од "калашникови".

Милошевски работел како шеф на бензинската пумпа на "Макпетрол" на булеварот Партизански одреди, до поликлиниката "Букурешт".

Роднини на Милошовски велат дека во критичната ноќ тој неколкупати телефонски разговарал со луѓето што барале пари од него.

- Полицијата ја обезбедуваше куќата на Перо Милошевски бидејќи тој секојдневно добиваше закани. Тие што му се јавуваа му велеа дека дале пари на некој човек што му ги дал нему и оти сега дошло време долгот да се врати. Но, Перо не зел пари од никого ниту пак имаше 290.000 евра, колку што му бараа. Тој сакаше целата работа да ја реши мирно. Имер Красниќи, кој беше убиен во инцидентот, се обидуваше да му помогне бидејќи му беше пријател. Тој, наводно, познавал некој од тие луѓе, па тој и Перо се обидуваа мирно да ја решат работата - раскажува роднина на убиениот.

На критичната ноќ тие заедно биле во домот на Перо. Неколкупати изнудувачите им се јавувале на телефон. Не се знае зошто заминале, кога самите претпоставувале дека ќе се случи нешто лошо.

- Не ми е јасен ставот на МВР оти мотив за убиството биле долгови. Перо не зел пари од никого ниту некому позајмувал. Тоа е чиста изнуда и полицијата многу добро го знае тоа - тврди роднината на Милошевски

Луѓето што живеат во околните згради велат дека пукотниците траеле околу пет минути, а во нив учествувале десетици луѓе. Во престрелката била фрлена и рачна бомба "кашикара", која експлодирала пред една зграда. Од детонацијата биле оштетени три автомобили.

- Околу два часот се враќав дома. Само што влегов во влезот од зградата, слушнав како некој репетира пушка. Се завртев и видов еден човек, клекнат до автомобил на паркингот, кој во рацете држеше "калашников". Се уплашив и веднаш се стрчав по скалите нагоре. Додека ги искачував скалите, почна рафална стрелба. Не знам кој и зошто пукаше - раскажува момче-очевидец на настанот.

И другите станари не виделе ништо бидејќи им било страв да се појават на прозорците.

- Полицијата дојде околу 15 минути по престрелката и ја блокира улицата - вели станар на зградата, кој не сака да се претстави од безбедносни причини.

МВР вчера испрати соопштение до јавноста. Во полициската информација се вели дека Перо Милошевски (51) и Имер Красниќи (46) биле убиени во оружена престрелка меѓу две групи. Според МВР, сторители за полицијата се непознати, а мотивот е најверојатно нерасчистени должничко-доверителски односи.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2042&stID=12344
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Од кога е век и свет си имало вакви криминалци и нивниот однос со власта бил мање више исти , комунизмот не беше никаков исклучок .
Па и денеска мож да изедеш ќутек од полиција за без везе работа и да попиеш казна за поминување на улица надвор од пешачки ама тоа не значи дека во државата има ред и поредок.
Знам дека имало, ама денес на ниво на Македонија сигурно бројот на криминалци го надминува бројот на вработени во најголемата фирма во мк, што не е добро или со други зборови криминалот е поим за успех, за разлика од тогаш
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Не знам дали сте слушнале и го паметите Имер Шерифот од Дижонска... главниот лик во книгата на Боки Бургија „Од Осака до Дижонска“.

Има некој линк од книгат да се симне од дамна ја барам ама никако да ја најдам ?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.590
Поени од реакции
5.188
Темава веќе напредува,па да напишеме малку повеќе за овдешниот организиран криминал.
Не знам дали се сеќавате на кумановската фамилија што ги уапсија 13 души (сите роднини ) пред околу една година.
Таа група ми остави впечаток и дефинитивно ја вбројувам во една од нај хардкор организации на нашево поднебје во последно време.Ај ако сака некој кумановец нека пиши нешто што го немаме слушнато од медиумиве за фамилијава.

Во Македонија има доста организиран криминал,но повеќето од тие организации се мали и не се толку опасни за обичното население во смисол: сеење страв и спроведување терор врз населението,правење големи финансиски штети врз државниот буџет...Тоа можеме да го заклучиме и од медиумите каде што барем 2 пати во месецот ќе не известат за некоја уапсена организирана група што шверцувала дрога,оружје,вршела криминал со нафта,со артефакти,финансиски криминал...
Имало поедини групи кои навистина влијаеле дури и врз обичното население,но воглавно не сме сеуште вистински засегнати од организираниот криминал.
Треба да бидеме среќни што сеуште нема голем број на убиства во државава извршувани од ваквите организации.Уште тоа ни фали на оваа немаштија.
Тој што се качил накров ли?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.491
Знам дека имало, ама денес на ниво на Македонија сигурно бројот на криминалци го надминува бројот на вработени во најголемата фирма во мк, што не е добро или со други зборови криминалот е поим за успех, за разлика од тогаш
Многу е нејасна границата која ги разделува криминалците со политичарите и нивното бизнис лоби, денес во Македонија. Објективниот набљудувач би рекол - непостоечка.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
@Казаки не ми се верува дека си барал, јас ја најдов за 1,4 секунди - http://www.scribd.com/doc/73775527/Од-Осака-до-Дижонска-Борче-Трајковски#scribd
Абе го најдов ова линкче и јас, ама сакам да ја симнам за да ја испринтам вака неможам да ја читам од пц, а download-от од странава не е безпари.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.270
Поени од реакции
18.243
Знам дека имало, ама денес на ниво на Македонија сигурно бројот на криминалци го надминува бројот на вработени во најголемата фирма во мк, што не е добро или со други зборови криминалот е поим за успех, за разлика од тогаш
Баш денес бројот на опасни криминалци е намален,пола од овие фациве се смешки што нити имаат срце да убијат некој ниту па некој би се замарал да ги убие нив. Набилдани клошари што опстојуваат како обезбедување на политичари.
Во моја околина оперираше Тица до пред 10тина години и знам како изглеа криминална банда што не е под контрола на политичари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom