Четвртина плата даваме на придонеси, и тоа е малку? Нема пари?!ги прифаќам сите дискусии, но сакам да додадам некој работи. Луѓето во фондот се од поодамна, а фондот работи по нормативи и методи кој многу бавно се менуваат, но сепак се менуваат. На времето пред 20 години и стент беше скапа работа, сега се оперира срце. А има и друг аспект, приоритет мегу случаите (диагнозите), а тоа е внатрешна лекарска работа, проценка на итноста, знаење и искуство. Гледам луѓе од маало, со години со големи искривувања на рбетот
( не е сколиоза, спрема напред), никој не се нафатил ништо да направи, но тие одат се, движат ; тука е поентата, не е секоја диагноза иста, лекарот е тој што е меродавен да ќе каже што треба и може да се оперира и што е итно бидејќи е опасно по животот на пациентот. А да не се залажуваме дека пари има премногу, здравството е вечно во була, тоа треба тековно да се покрива од придонеси, а еве денес пак се бунат хонорарците, држава сме со 50% хонорарци, многумина со дебели хонорари, а сака да не плаќа и да се лекува шверц... е после нема пари.
Самата лекарка што нели била меродавна и што ставила потпис, призна дека и тие се под притисок, ако не и под директива ОД ГОРЕ.лекарот е тој што е меродавен да ќе каже што треба и може да се оперира и што е итно бидејќи е опасно по животот на пациентот
Дали мислиш дека одговорноста е и кај врвот на фондот и кај министерот?Значи каква способност имаат некои да се оградат тоа чудо едно. Од фондот им сугерирале. И што со тоа? Демек од фондот ни рекоа и толку. Не сме ние криви, така ни рекоа. Ами зошто формирале комисија . Каква улога има таа комисија кога некој друг им ги носи одлуките. Ако била таква работата што барале да членуваат во таа комисија. Имаат тие свое јас или немаат. Доктори се или што? Чувствувала морална одговорност. Ај таа чувствувала, другите специјалисти каде се. И тие се чувствуваат морално одговорни. Абе ако сметале дека треба да оди на лекување во странство и самиот премиер да им се јавеше требало да речат Не, пошто тоа им е работа во комисијата. Да одлучат и нивното да биди последно и да стојат позади тоа. Е сега нека си стојат за одлуката на која стои нивниот потпис. Имале време неколку пати да си ја сменат одлуката и не ја смениле. Имале време ако не се согласуваат а биле принудувани да си дадат оставка од таа комисија. Имале време да си дадат оставка и ако не се согласувале со процедурата. Е тоа е морално однесување, се друго е чукање празна слама.
Доктори сега е малце касно за морална одговорност и оставка. Сега е време за кривична одговорност и откази. Следните што ке дојдат во таа комисија ( и во било која друга) да подразмислат два пати дали се таму колку да се потпишат и да тепаат време додека некој друг одлучува во нивно име и да се оградуваат од секаква одговорност или нивната погрешна одлука и потпис може итоа како да им го згорчи животот како што и тие им го загорчуваат на невините пациенти кои во нив гледаат последна надеж.
И ќе го префрлат на некоја друга министерска позиција, за да продолжи со своите детинести изјави и прошетки низ државата глумејќи инспектор.Јас мислам дека ќе го менат на министерот, секако ако продолжат притисоците.
А да ти кажам дека пред 20 години требаше да одам итно на КТ на медиастинум кај Врчаковски. ..расипан беше, па ми дадоа нов упат на неврологија. Но докторката таму не дозволи, иако пред тоа кога одев таму на прегледи, па и ми направиа без потреба КТ на мозок, ме услови ако сакам да снимам на нивниот КТ медиастинум да ми направи прво пункција на рбетот (потполно непотребна и многу опасна работа !!)... разбрав после дека таа си правела некој труд или докторат па требало што повеќе пункции.. и ми напиша во резултат од специалист пациентот не соработува !! Чекав 20-30 дена, го поправија КТ-то на Рентгенологија и се снимив кај Врчаковски и итно ме оперираа...Четвртина плата даваме на придонеси, и тоа е малку? Нема пари?!
Пак ќе кажам, не е можно секој на светот да се спаси, има деца кои се болни и кои имаат прениски шанси да преживеат општо - ама не правењето ништо е полошо и од самиот обид, пукање во празно.
Ова нивното е не правење ништо, а ако ние молчиме, тогаш значи се согласуваме.
Извини, ама за мене не постои изговор да не се помогне на човек, а не па на дете - бирократски, морални, етички и остали срања не ме интересираат.
Болничката администрација ја знам од А до Ш, затоа што ја работам, и одговорно ти тврдам дека сето ова се случи од МРЗА. Од нечовечност и од апатија.
Не е еден пациент на кој е ,,промижено,, нешто - ако му е потребна помош.
Најмногу ми е криво што тие што немаат проблем што не може да чека, први се секаде и за се им е решено - а оние кои навистина имаат потреба од помош, кои едвај преживуваат во сопствената кожа, се оставени на милост и немилост и на совеста на административците измеѓу.
Не постои правило кое не би го скршила ако е човечки живот во прашање - па ме коштало тоа и затворска казна. Достоинството и човечноста се одлики кои денес малку луѓе ги поседуваат.
Искрено да ти кажам, да ми се случеше ова мене, скраја да е, ќе и напраев пункција во мозокот со штрафцигер., ме услови ако сакам да снимам на нивниот КТ медиастинум да ми направи прво пункција на рбетот (потполно непотребна и многу опасна работа !!)... разбрав после дека таа си правела некој труд или докторат па требало што повеќе пункции.. и ми напиша во резултат од специалист пациентот не соработува !!
..
јас не прифатив, но многумина пациенти прифаќаа пункции, а мислам дека на 50% може воопшто не требало за случаите....Искрено да ти кажам, да ми се случеше ова мене, скраја да е, ќе и напраев пункција во мозокот со штрафцигер.
Ајде и парламентот нека се распушти и нека закажат нови избори оти некои доктори или некоја комисија која е формирана баш за таа намена да служи како филтер за кој е за лечење во странство а кој тука донесла одлука од незнам какви причини, па макар биле и под принуда или сугестија со што довело до смрт на невино девојче. Што мене како обичен граѓанин ме интересира под каков притисок била комисијата, дали била воопшто под притисок или едноставно донела погрешна одлука. Комисијата е составена од лица со име и презиме кои се таму на доброволна основа и за тоа земаат плата. Нивниот потпис стои на одлуката и тоа е тоа. Дали биле членови на таа комисија со врски, со пријатели, биле роднини на таму едикојси, биле партиски поставени или биле врвни стручњаци мене воопшто не ме интересира. Ако истрагата покаже или докажи дека нивната одлука била погрешна очекувам најмалце отказни решенија и понекоја казна затвор за да служи за пример за идните комисии дека треба совесно да си ја работат работата за која се платени. За сите потписници на документот кои се изјасниле негативно на барањето без исклучок. А за да не се помисли дека имам двојни аршини или пробувам наводно да штитам некого само ке те посочам на оваа тема. И таму се работи за еден обичен потпис, па уверисе сам како се реагира кога потписник на документ е обичен смртник. Значи тоа не се мои мислења и совети туку мислења и совети на членови на форумот. Ако потписот важи за таму, мојот потпис важи за мене , за твојот си сносиш одговорност ти, тогаш искрено не гледам зошто не би важело и за овој случај. Барем јас така гледам на работите и покушав да ти објаснам зошто така мислам и имам таков став.Дали мислиш дека одговорноста е и кај врвот на фондот и кај министерот?
Дали мислиш дека истите требаа да дадат оставка одма?
И јас тука се сложувам со тебе, ама да бидеме прави, рибата смрди секогаш кај главата, и за мене е тоа еден од најважните моменти.За Софијанова стварно многумина изглеа сведочат дека е добар човек (грубо кажано) кој помогнал колку можел. Несомнено, за тоа би требало да биде пофалена и можда наградена. Но, го глеам документон со смртна пресуда и на него потпис од неа. Тоа бара повикување одговорност и казна. Дури и најпростиот субјект би се сложил.
Можеби министерот и премиерот легално не се одговорни за епилогов, пошто не може они све да знаат и за секој случај да интервенираат, али што знае прост човек ко мене, за тие вертикали на одговорност... Она што го знам со сигурност е, дека и двајцата биле лично и директно запознати со административните препреки и одолговлекувања и дека и на двајцата им било предочено, зошто може овие бирократски кочници да бидат опасни и фатални (затоа и впрочем и им пришла несреќната мајка, ин д фрст плејс - затоа што е хитно, а пречките можат да бидат фатални).
Оттука, би бил сосема неворед и најверојатно побуден од необјективни причини, секој обид од вината да се амнестира било кој од овие субјекти (вклучувајќи ги и некои неспомнати). Секако, се си има градација, но суштината е таа.
Има, и јас го кажав истото.А да ти кажам дека пред 20 години требаше да одам итно на КТ на медиастинум кај Врчаковски. ..расипан беше, па ми дадоа нов упат на неврологија. Но докторката таму не дозволи, иако пред тоа кога одев таму на прегледи, па и ми направиа без потреба КТ на мозок, ме услови ако сакам да снимам на нивниот КТ медиастинум да ми направи прво пункција на рбетот (потполно непотребна и многу опасна работа !!)... разбрав после дека таа си правела некој труд или докторат па требало што повеќе пункции.. и ми напиша во резултат од специалист пациентот не соработува !! Чекав 20-30 дена, го поправија КТ-то на Рентгенологија и се снимив кај Врчаковски и итно ме оперираа...
Значи имало ситуации тука да не може да оствариш здравствена заштита, не зборувам за иностранство.. И мислам дека и сега, ако немаш некој да те бутка или заинтересиран новинар може да скапеш и од најпроста болест... море и пари да имаш не помага ако немаш доктори, не вреди...што , ќе одиш во некоја приватна болница, реклами до небо а шупелки...
..