Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.727
Поени од реакции
19.890
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
Сега писмото дојде од кога малото девојче си замина :(. Ненормална работа ма кај беше овај и овие околу него да помогнат,... туку чекај овие ветиле т.е. манипулирале со животот на девојчето и истото го прават со други 500-600 деца за кои никој не го слуша нивниот глас. Арам да им е...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ова е од фејсбук страната на Софијанова, одвоив само неколку мислења кои содржеа во себе некакво лично искуство.
Од лево се позитивните, од десно сега-за сега единствениот негативен коментар.

Мене искрено ме плаши целава хајка против неа, затоа што повеќе мислам дека сакаат да ја жртвуваат за да се спасат оние кои НАВИСТИНА се најодговорни.
Тоа е веќе видено кај нас, а ми е страв дека и ние, не можејќи по магарето, ќе удриме по самарот :(

софффф.jpg
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Се надевам дека ова со писмото е ненамерна грешка, пошо страшно е ако те водат луѓе што се способни за вакво нешто....луѓе нелуѓе...

Јаникарата црна да ги удри, прао по срце и да ги искомати парче по парче.

Клетва во случај да е намерно.:pipi:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Се надевам дека ова со писмото е ненамерна грешка, пошо страшно е ако те водат луѓе што се способни за вакво нешто....луѓе нелуѓе...

Јаникарата црна да ги удри, прао по срце и да ги искомати парче по парче.

Клетва во случај да е намерно.:pipi:
Па се тие прават ненамерно, од што немаат намера еднаш да си ги заработат платите, крвта им е* лешинарска.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.681
Поени од реакции
11.911
Ова е од фејсбук страната на Софијанова, одвоив само неколку мислења кои содржеа во себе некакво лично искуство.
Од лево се позитивните, од десно сега-за сега единствениот негативен коментар.

Мене искрено ме плаши целава хајка против неа, затоа што повеќе мислам дека сакаат да ја жртвуваат за да се спасат оние кои НАВИСТИНА се најодговорни.
Тоа е веќе видено кај нас, а ми е страв дека и ние, не можејќи по магарето, ќе удриме по самарот :(

Прегледај го приврзокот 114209
Потребно е жртвено јагне за да можат ѓубрињата од луѓе наречени политичари и бирократи да си ги измијат своите раце извалкани со крвта на невини човечки суштества.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ова е од фејсбук страната на Софијанова, одвоив само неколку мислења кои содржеа во себе некакво лично искуство.
Од лево се позитивните, од десно сега-за сега единствениот негативен коментар.

Мене искрено ме плаши целава хајка против неа, затоа што повеќе мислам дека сакаат да ја жртвуваат за да се спасат оние кои НАВИСТИНА се најодговорни.
Тоа е веќе видено кај нас, а ми е страв дека и ние, не можејќи по магарето, ќе удриме по самарот :(

Прегледај го приврзокот 114209
Имавме случај во поширокото семејство со болно дете и можам да кажам само пофални зборови за докторкава.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Потребно е жртвено јагне за да можат ѓубрињата од луѓе наречени политичари и бирократи да си ги измијат своите раце извалкани со крвта на невини човечки суштества.
Ех, тоа е јасно, ама ако овој пат Софијанова ја жртвуваат, нема да биде тоа , ајт уште еден.
Затоа што таа иако не е совршена (а кој е?), се има изборено за доста работи на детска, меѓу другото (и барем за мене една од најважните работи) - детскиот ургентен центар.

Што значи, во случајов, ќе загубат дечињата - а страв ми е дека на нејзино место ќе дојде некој лика и прилика на Тодоров.
Е тогаш ќе се чудиме КАДЕ со децата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.681
Поени од реакции
11.911
https://blogmiedvormie.wordpress.com/2015/02/11/извини-тамара/

Извини Тамара

Feb 11

Извини Детуле

И тогаш беше 11 февруари. Помина речиси деценија, ама секоја година одново и одново можам да го видам сивилото и да ги слушнам врисоците на тој февруарски ден. Се обидувам (а не успевам) да ја гледам оддалеку приказната на Тамара затоа што не можам да да разберам. Ни тогаш на 11 февруари, ни денес, ни вчера… не сакам, не можам, не смеам да кажам „знам, разбирам…“. Ниту себеси ниту некому посакувам да разбере како е да си во кожата на мајката на Тамара и во кожата на онаа мајка што го изгуби детето пред многу години на овој ден. Не се исти приказните. Ниту една приказна, особено оние тажните, не се исти. Но се поврзани со најтешките нишки што може да ги исплете животот. Приказната на Д (како секое Детуле кое не успеа да стане човек) почна среќно. Првото дете од новата генерација во семејството. Среќата траеше околу една година. Д се обиде да оди, но никогаш не протрча. Д се обиде да зборува, но никогаш не кажа „ме боли“. По една година болеста се надвисна над семејството. На почетокот, надежта постоеше. М (како која било Мајка што загубила чедо) стана пола човек. Поцрне, буквално. Така поцрнета, преполовена, М секој ден на раце го носеше Д од ординација во ординација, од шалтер до шалтер. Ѝ велеа „има надеж, мајка, ќе биде тешко до петнаесетата година, а потоа Д ќе живее нормален живот“. Прва операција – М помина 240 часа на столица затоа што болницата немаше да ѝ даде кревет, а на детското креветче над кое бдееше не можеше ни глава да потпре. Едните рекоа „неуспешна операција, толку можевме, носете го детулево во странство“. Другите рекоа „не може да го носите во странство кога ние имаме лекари за тоа“. Втора операција, пак неуспешна и пак истите приказни. По третата неуспешна операција лекарите кренаа раце. Институциите кренаа раце. Само М остана да бдее како сенка, борејќи се за секој здив на Д. Во четвртата година речиси сите се откажаа од надежта. Само М веруваше во милоста на Бога (оти, зарем е можно да не му помогне на тоа невино мало детуле). Јас, пак, верував во здравствениот системот (оти, нели, рекоа се лекува се до „нормалност“). Одамна ми е криво што ја поттикнував надежта на М. Во еден момент престанавме да зборуваме за проблемот. Ѝ рекоа да се подготви, да ги брои деновите. Знам дека М ниту еден ден од единаесетте години на Д не броеше, само се бореше. На 11 февруари Д реши дека веќе не може да се бори со своето кревко телце. Не го спомнувајте напразно зборот „ужас“. Само ужас е доволно близок опис до несфатливиот чин – смрт на дете. Засекогаш ми се врежани в глава морничавите врисоци, лелекот на М. Трчаше како споулавена низ собите, ги собираше алиштата на Д и ги пакуваше „да не ѝ е ладно… ова за секој ден… ова за свечени прилики… ова фустанче ти ѝ го купи за третиот роденден… ова за осмиот…“. Повторуваше како хипнотизирана „нема чизми… купете ѝ чизми… секогаш ѝ студи на нозете… купете ѝ чизми“. Со часови лутавме со маж ми низ градот барајќи чизми за Д. Беше недела, пусто. Најдовме чизми, одвај ѝ ги облековме на Д. Ужас! Д никогаш не доби шанса да порасне. М никогаш не се врати во човечки облик, остана да постои како човек-сенка. Ние обичните луѓе ги влечеме и не ги забележуваме сенките. Луѓето-сенки постојат само поради сенката. Сенката некогаш е бледа, некогаш е изразена, некогаш издолжена, деформирана, некогаш незабележлива. Тивко го влечка човекот оти ако го остави телото ќе се згрчи и ќе престане да постои. Ако воопшто и вака постои. М со години ја подготвуваа за ужасниот ден. Не постои ниту една подготовка која овозможува полесно прифаќање на смртта на чедото. Кога ќе помислам дека почнала да живее, М ќе ме стаписа со коментар од типот „Дојдете да пиеме кафе, денес Д ќе беше матурантка“.
Мајка ѝ на Тамара никој не ја подготвуваше за ужасниот ден. Напротив, сите ја подготвуваа да се соочи со најсреќниот ден кога ќе престане голготата, кога нејзиното дете ќе се исправи пред неа со сета своја детска прекраснотија. Мајка ѝ на Тамара се подготвуваше за деновите кога нејзиното чедо конечно по сите години болка ќе почне да живее обичен, нормален, посакуван, мирен живот. Мајка ѝ на Тамара се подготвуваше за бескрајна среќа, а се соочи со бескрајниот ужас. Немојте ни да се обидете да замислите како изгледа да се биде мајка без чедото. Мајка со празнина под срцето. Празнина во која секој ден ќе се собираат спомени кои не постојат и ќе создаваат илузија дека светот не се променил, дека чедото е тука, расте, среќно е… Ниту една мајка никогаш нема да успее да ја пополни таа празнина. Сите наши зборови, утехи… не можат да ја зацелат празнината. Во неа живее единствено ужасот.

„Извини“ Тодоров

…Ама не доаѓај веќе на работа. Јас, ние илјадници ти дадовме отказ пред три дена затоа што не беше доволно доблесен сам да си дадеш отказ, сам да излезеш од ужасот. Не знам кој збор да го употребам освен дека сум бескрајно разочарана од човекот Тодоров. Замисли, јас сум една од ретката која не е од твоите полтрони, а која мислеше дека си еден од ретките интелигентни кои владеат со државава. Замисли, јас не ти се потсмевав за реформите затоа што здравството е огромна рана на која прво треба време да ѝ се исчисти мртвото месо, а потоа и време да зарасне и зацели. Замисли, јас не ти се потсмевав за „мој термин“ затоа што решив да ти дадам време да станеме сите посовесни. Замисли, јас не ти се потсмевав што ги ловиш докторите со цигара в уста во ноќна смена затоа што мислев дека ако јас не треба да пушам во кафана, не треба ни тие да пушат во болница. Замисли, сето тоа го припишував на твојата интелигенција и темперамент, на невештите обиди да внесеш ред во едно чудовиште разјадено и од внатре и од надвор. Добро, признавам, не можев да не се насмем на твојот обид да симулираш операција, ама и за тоа ти наоѓав оправдување – љубопитен е. Замисли, не ти се потсмевав што како министер за здравство одиш на преговори со наставниците затоа што мислев дека немаш избор покрај целата збирштина глуперди околу тебе. Замисли, мислев дека си паметно, градско, културно дете. Затоа и не очекував да се однесуваш како она сељачиштено од твојата партија кое мува не го полази кога му се удавија десетици луѓе. Затоа очекував да бидеш човек. Еве, сѐ уште очекувам. Излези пред јавноста и дај си оставка, без трошка премислување, ако имаш трошка совест и морал. Не треба многу да објаснуваш. „Си давам неотповиклива оставка на функцијата министер. Направив сѐ што беше во моја моќ, но смртта на едно дете никогаш нема да ми даде мир. Нема да им го вратам детето на родителите, но ним и на сите други сакам да им дадам трошка надеж во човекот и во системот што го градиме ние, луѓето.“. Толку треба да кажеш. Можеш истово да го кажеш, ти ги пренесувам авторските права на изјавава. Замисли да можеш ова да го направиш. Замисли да не си политичар, функционер, министер туку да си Човек. Замисли да можеш да нѐ треснеш сите по глава со ваквата изјава и да станеш херој во нашите очи. Замисли да си толку силен и да излезеш од тињата која ја создавате со години. Замисли колку полесно ќе заспиваш ноќе. Замисли да не учествуваш повеќе во убиството на мали деца. Замисли да ги сакаш барем малку сите други деца како што ги сакаш сопствените. Замисли твоите деца да се горди на тебе. Замисли да ти простат родителите на Тамара. Замисли сите да ти простиме.

Извини Тамара

Извини Тамара, што твојата несреќа беше повод да го напишам текстов.
Извини Тамара, што не бевме доволно луѓе да ти дозволиме да пораснеш.
Извини Тамара, што не создадовме систем кој нема да го проголта твојот живот.
Извини Тамара, што не бевме доволно силни да ги ја излечиме болеста што веќе девет години го јаде организмот на оваа државичка.
Извини Тамара, што ги потрошивме парите на билборди за штитење на неродените деца наместо за лекови за родените деца.
Извини Тамара, што не излеговме заедно со твоите родители на улиците да врескаме силно додека не побегнат вошките размножени низ системот.
Извини Тамара, што дозволивме да градат рингишпил, а да нема деца што ќе се возат на него.
Извини Тамара, што наместо на лекување и операции за живите деца, парите ги потрошивме за бронза за мртви идоли.
Извини Тамара, што не успеавме од твојата прекрасна насмевка и сјајни очиња да научиме како да бидеме луѓе.
Извини Тамара, што направивме вест од тебе кога си замина од овој свет наместо кога дојде на овој свет.
Извини Тамара, што не бевме доволно силни родители со раце да им ги искорнеме срцата од градите на социопатите што ги избравме да не водат.
Извини Тамара, што дозволивме твоите родители до крајот на животот да палат свеќи и да живеат со грди, празни спомени.
Извини Тамара, што ти кажавме приказни за страшните змејови, но не те научивме како да се бориш со нив.
Извини Тамара, што сме ѓубриња затворени во сопствените школки за да се заштитиме од туѓата болка.
Извини Тамара… Се надевам сега твоите прекрасни очиња се капки во некое море што весело си поигруваат со делфините. Знам дека веќе ништо не те боли затоа што тие прекрасни делфини имаат повеќе ум, повеќе љубов и повеќе емпатија од нас, цицачите на туѓата среќа.​
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Koe crno reshenije, za da im ja dupliraat bolkata im go pratile?
Shto se ovie bre sadisti, mazohisti?
:(
Канта бензин и министерот за рака право во Фонд, полиј ги и запали ги сите да горат и замини си. Ете дотаму е дојдена работата со овие. Значи нема дно.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.113
Поени од реакции
85.234
Ова писмово што го пратиле као демек да им ја намалат болката на фамилијата...?

Боже сачувај :facepalm:
 
M

Moon Child

Гостин
Ова писмо е пратено чисто колку народот да помисли дека ете они се труделе, знаете, они секогас се трудат, 10 години на власт они се трудат, ама не е до нив.
Мрш, багро една криминална, убијци и крвопијци, како не ви е срам. Не треба оставка, рушење комплетно треба, и неприфаќање на уште едно слично вакво 10 годишно ебење во здрав мозок и играње со човечките судбини. Ова треба да гори туто комплето, од премиер до министер, до полтрон. Сите заедно на плоштад да горат и да молат да ги изгасиш. Каква ли мајка ги роди вакви расипани!!!
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ова со писмото ме потсеќа на случајот со тројното убиство во Кавадарци лани кога Центарот за социјални работи неколку дена по убиството донесе мерка за заштита, кога веќе беше доцна за се, чисто да се испере одговорноста и да се каже дека направиле нешто.

Лешинари, безрбетни лешинари, без грам совест.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.945
Поени од реакции
15.961
ги прифаќам сите дискусии, но сакам да додадам некој работи. Луѓето во фондот се од поодамна, а фондот работи по нормативи и методи кој многу бавно се менуваат, но сепак се менуваат. На времето пред 20 години и стент беше скапа работа, сега се оперира срце. А има и друг аспект, приоритет мегу случаите (диагнозите), а тоа е внатрешна лекарска работа, проценка на итноста, знаење и искуство. Гледам луѓе од маало, со години со големи искривувања на рбетот
( не е сколиоза, спрема напред), никој не се нафатил ништо да направи, но тие одат се, движат ; тука е поентата, не е секоја диагноза иста, лекарот е тој што е меродавен да ќе каже што треба и може да се оперира и што е итно бидејќи е опасно по животот на пациентот. А да не се залажуваме дека пари има премногу, здравството е вечно во була, тоа треба тековно да се покрива од придонеси, а еве денес пак се бунат хонорарците, држава сме со 50% хонорарци, многумина со дебели хонорари, а сака да не плаќа и да се лекува шверц... е после нема пари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom